Во јануари оваа година, МВР соопшти дека жената која беше пронајдена почината од ќерката била убиена, а полицијата го уапси нејзиниот партнер. Министерството за внатрешни работи тогаш информираше дека расчистено е убиство во Кавадарци, а осомничениот е приведен. Полициски службеници од ОВР Кавадарци тогаш го лишиле од слобода 42- годишникот Илија Панов. „Тој се сомничи дека на 22.01.2025 во нејзиниот дом со гушење ја убил неговата партнерка ...
Доктор од американската сојузна Калифорнија беше осуден во средата на две ипол години затвор за нелегално снабдување на Метју Пери, ѕвездата од популарната ситком „Пријатели“, со кетамин, моќен седатив што ја предизвика смртта на актерот од предозирање во 2023 година. Салвадор Пласенсија, кој водел клиника на периферијата на Лос Анџелес, беше прогласен за виновен на федералниот суд во јули по четири точки од обвинението за нелегална дистрибуција ...
Лекарот на американскиот актер Метју Пери, кој почина од предозирање со дрога во 2023 година, е осуден на две и пол години затвор за нелегално снабдување на актерот со анестетици, објавија денес американските медиуми. Ѕвездата на серијата „Пријатели“, Метју Пери, се предозира со кетамин, моќен седатив што му го препишал д-р Салвадор Пласенсија, објави „Ројтерс“. Д-р Пласенсија, кој водел клиника за итна медицинска помош во областа на Лос ...
Поранешниот премиер на Украина, Микола Азаров, е осуден во отсуство на 15 години затвор, вклучувајќи и конфискација на имот, за велепредавство, објави денес Безбедносната служба на Украина (СБУ). Според соопштението, истрагата утврди дека додека се криеше надвор од Украина, Азаров активно соработуваше со руските специјални служби со цел да извршува субверзивни активности во интерес на Кремљ, пренесува Укринформ. Меѓу другото, тој редовно ...

