Ракометарите на Охрид тримфираа на 54-то издание на Меѓународниот турнир во Струга. Во финалето што се одигра на ракометното игралиште „Горан Попоски – Бабец“, Охрид славеше во драматичен финиш со 31:30 (15:13) и го одбрани трофејот кој го освои и минатата година. Двете екипи имаа свои моменти, но кога најмногу требаше поконцентрирани беа охриѓани и го одбранија трофејот. Охрид на две минути до крајот поведе со три гола разлика, но Вардар ...
Пред големото финале кое следи на 54-то издание на традиционалниот меѓународен турнир „Струга 2026“, Прилеп и домаќинот на турнирот го одиграа натпреварот за третото место, а на крајот поуспешни испаднаа гостите со резултат 28:30. Никола Шипинкоски беше најефикасен со шест гола во победничкиот тим, еден помалку постигна Стојановски, а играч на мечот најверојатно беше голманот Трајковски кој запиша 13 одбрани. Пред големото финале кое следи ...
Во периодот од 15 до 17 август во организација на ТК Адвантико во Охрид се одржа турнир во зелен тенис, на кој до трофеите стигнаа Меланија Митевски и Симеон Мицковски. Во финалето кај девојчињата, Митевски од ТК Адвантико беше подобра од Ема Ангеловска од ТК Битола со 1-4, 4-1, 4-2. Кај момчињата, Симеон Мицковски (МТП) по голема борба го совлада Марко Донев од ТК Адвантико со 4-0, 1-4, 4-2 и го освои првото место. Во периодот од 15 до 17 ...
Вардар загуби од Охрид во финалето на струшкиот турнир на крајот на минатата недела, а сега новата работна недела ја отвори со нов натпревар на подготвителен турнир. „Крсте Андоновски“ турнирот во Охрид ќе биде главно случување оваа недела во ракометна Македонија, па програмата денеска беше отворена со натпревар на македонскиот првак Вардар. „Црвено-црните“ за ривал го имаа грчки Олимпијакос, а во натпревар на кој доминираа од почеток до ...
Вардар со убедлива победа го започна настапот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид. „Црвено-црните“ попладнево во салата „Билјанини Извори“ славеа над Олимпијакос со 39-27, откако уште по првите 30 минути имаа огромна предност од 21-11. Избраниците на Иван Чупиќ одиграа одлично прво полувреме и уште рано ставија до знаење дека сакаат победнички старт. Олимпијакос успеваше да биде рамноправен само до 3-3, по што Вардар направи ...

