Денеска е светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина — ден посветен на хуманоста, солидарноста и помошта за оние на кои им е најпотребна. Датумот е избран во чест на Хенри Дунант, човекот кој ја постави идејата дека секој човечки живот вреди подеднакво. Постарите велат – порано луѓето повеќе си помагале, соседот бил сосед, маалото било семејство. Денес, како секој да си го гледа само својот двор. Во време на брз живот, социјални ...

Фондот за здравство располага со буџет од 900 милиони евра од кои најголемиот дел одат на здравствени услуги. За осигурениците системот е сè уште ранлив и слаб за квалитетна и навремена услуга. Дигитализација, модернизација, медицински кадар, менаџирање, контроли, корупција остануваат предизвици за итно адресирање. Како да се сопре ерозијата и да се придвижиме кон одржлив здравствен систем? Во „Вин-Вин“ интервју со Сашо Клековски, директор ...

Новиот систем за влез и излез на ЕУ ги затна граничните премини пред летната сезона. Има ли македонскиот туризам можности и капацитети да понуди алтернативни решенија? Сè уште се чека на државна стратегија за развој на туризмот, но ќе биде ли потребен и кризен менаџмент? Во „Топ тема“ вечерва дебатираа Аркан Керим од туристичко-угостителската комора при ССК, Мимоза Конеска, сопственичка на „Војажер туристик сервис” и проф. д-р Татјана ...

Актерот Дамјан Цветановски е наш следен гостин во новата епизода на Умен поткаст. До минатата година во Драмски, од 2025-та е дел од ансамблот на Македонскиот народен театар. Тој е еден од најангажираните актери во нашиот театар во последните години, со посебна страст и желба е посветен на своите улоги. „Страв и надеж“ му е последната премиера во МНТ, а на репертоарот на најголемиот национален театар игра и во: Ангели во Америка, Бели ноќи, ...

За три месеци потрошени две третини од буџетскиот дефицит. Какви се можностите на државата да преземе мерки за помош на граѓаните и стопанството ако кризата потрае? Во Топ тема со Наташа Стојановска дебатираат универзитетските професори Борче Треновски и Владимир Филиповски. Топ Тема со Наташа Стојановска на Телма За три месеци потрошени две третини од буџетскиот дефицит. Какви се можностите на државата да преземе мерки за помош на ...

Денеска, на Светскиот ден на пожарникарите, Европа, по едно од најтоплите лета во историјата испраќа сериозно предупредување, за уште пожешко лето со повеќе пожари, повеќе ризици и поголем притисок врз системите за заштита. Дали доволно се грижиме и ги штитиме оние што нè штитат од пожари? Имаме ли ресурси за најавената пеколна сезона или повторно ќе реагираме во последен момент со стратегија – помош од ЕУ? Може ли еднаш да превенираме ...

Владата доцни со реформската агенда и ризикува да загуби европски пари. Што e вистинскиот проблем на владата, слабите капацитети, погрешниот фокус или отсуството на политичка волја? Во „Вин-Вин“ дебатираа Андреја Стојковски, извршен директор на институтот „Преспа“, новинарката Соња Крамарска и аналитичарот на БИРС, Џелал Незири. Владата доцни со реформската агенда и ризикува да загуби европски пари. Што e вистинскиот проблем на владата, ...

🌳Во новата епизода на поткастот ХоризонТелма гостинка ни е Ивана Дракулевска, екоактивистка и дел од Зелената народна стража. 🌎Со неа зборувавме за загаден воздух, вода, почва, диви депонии, отпад што го создаваме, но и увезуваме како и системот кој во суштина не функционира. ♻️ Дали проблемот е во институциите, но исто така и во нас? Дали рециклирањето е реалност или само илузија? И што всушност значи да бидеш екоактивист денес? ...

Саемите за кариера завршија, доаѓа нова сезона на селидба на младите. Има ли Македонија политики за млади? Зoшто сè е само на хартија? Дали младинскиот активизам е форма или суштина. Со „ДА“ и „НЕ“ аргументи, да се остане или да се замине. Дебата во Топ Тема дебата со Бленди Ходаи – Форум за образовни промени, Теодора Милеска – Мрежа Стела и Гоше Николов – основач и уредник на информативната студентска платформа „Студентарија“. Топ Тема со ...

Зошто охридските полуматуранти сè почесто го заобиколуваат гимназиското образование и дали сме сведоци на создавање генерации со „полупразни клупи“? За стратегијата на општината и иднината на средношколците, работата на Советот денеска во емисијата „Напладне“, наш соговорник е претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски. OhridNews Зошто охридските полуматуранти сè почесто го заобиколуваат гимназиското образование и дали ...

По трагичниот смртен случај на градилиште, фокусот повторно се насочува кон безбедноста на работните места, особено во високоризичниот градежен сектор. Дали на градилиштата се почитуваат основните мерки за заштита – користење сигурносна опрема, соодветна обука и континуиран надзор? Зградите никнуваат се поблиску една до друга, отворајќи прашања не само за урбанистичкото планирање, туку и за безбедноста – и на работниците кои ги градат, и на ...

Во овој КОД опфаќаме неколку теми: Најактуелната апсењето на некогашниот прв човек на ФФМ Мухамед Мети Сејдини за кого се тврди дека проневерил 700.000 евра. Ви ја пренесуваме и истрагата која се одвива во Милано каде се одвива истрага за вмешаност во скандал со проституција на фудбалери од серија А, но и возачи на Формула 1. А од Македонија- Скандалозно и морничаво е родителите да си ги втурнат своте малолетни ќерки во брак. Полицијата во ...

Фалсификувани препарати, лекари под истрага и пациенти сведени на експеримент — акцијата „Чисто лице“ го разголе системот. Како нерегистрирани ботокс и филери завршуваат во телата на граѓаните — пропуст или целосно отсуство на контрола? Здравството очигледно функционира по други правила: профитот во центар, безбедноста на маргина. Кој ќе понесе одговорност кога здравјето станува ризик? АНКЕТА: Дали им верувате на здравствените институции дека ...

🎸Во најновото издание на ХоризонТелма зборуваме со Игор Атанасоски-Харе за моќта на добрата музика, рокенролот како бунт кон подобар свет и импактот на новото време врз душата на човекот. 🎧Премиерата на 22-та епизода од третата сезона на поткастот ХоризонТелма гледајте ја овој петок во 20 часот 🎙️Сите епизоди се достапни на Youtube поткаст каналот на Телма и на Spotify 🎸Во најновото издание на ХоризонТелма зборуваме со Игор ...

„Сејф сити“ го потсреди сообраќајното лудило во Скопје, кој и кога ќе го заузда урбаниот хаос? Градоначалниците тераат мандат на континуитет, но ќе го пресечат ли јазолот на комунално безредие, узурпација на јавниот простор и деградација на квалитетот на живот? Во „Топ Тема“ вечерва дебатираа Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар, и Александар Стојкоски, градоначалник на Општина Ѓорче Петров. „Сејф сити“ го потсреди ...

600 семејства, 600 различни судбини, но со иста мака – како да се преживее денот? Во нашиот Охрид, зад затворените врати на многу домови, гладот и немаштијата се секојдневие. Благодарение на неуморните волонтери на Црвениот крст Охрид, овие луѓе не се заборавени. Во новото издание на емисијата „Напладне“ разговараме за социјално ранливите категории на граѓани, за порастот на сиромаштијата, но и за останатите активности на ОО Црвен Крст Охрид ...

Во летото 1939 година, на прагот на Втората светска војна, животите на обични луѓе од различни земји се преплетуваат во време на хаос и неизвесност. Хари, млад преведувач од британската амбасада во Варшава, се вљубува во полската келнерка Каша, но нивната љубов е разнишана од германската инвазија и почетокот на војната. Во исто време, во Манчестер останува Лоис – девојката која тој ја оставил зад себе, додека и таа, заедно со своето ...

Колкави количини од рудата Антимон има во Македонија-ќе истражуваат странски фирми. Рудникот кој не работи половина век отвори дебата и треба ли на Општина Крива Паланка ваков ископ. Референдум или не за сега е неизвесно. Неизвесно е и дали воопшто и кога би имало екплоатација. Во Топ Тема со Снежана Лупевска Созен дебатираат Каја Шукова и Тони Јаревски. Интервју со Филип Петровски советник за рударство во Министерство за Енергетика и Сашо ...

„Не требаат екстремна сила, ни мускули за да се управува брод. Се работи за техника која се учи како онаа за да се вози авион“, вели Елена Лотеска-Наумовска, првата жена капетан на брод во Македонија, во подкастот „За секого по нешто“ на САКАМДАКАЖАМ.МК. Таа го положи капетанскиот испит инатиот месец, но од најмала возраст е на брод. Ќерка е на капетан, во присуство на татко ѝ уште на 8-годишна возраст го управувала бродот „Македонија“ од ...

Кога ја напишал првата книга за археологијата, за некрополота „Требеништа“ му ја однел на професорот во Белград, познатиот археолог на овие простори, Драгослав Срејовиќ за да му докаже дека „не отишол по ѓаволите и направил нешто за археологијата“. Гостин во 22 епизода на „Умен поткаст“ е археологот Паско Кузман. Серијалот посветен на нашето културно наследство е поддржан од Министерството за култура и туризам, во рамките на проектите од ...

Инфлацијата повеќе не е само економски термин – таа станува секојдневна реалност за граѓаните. Со драстичен раст на цените, особено на енергенсите, експертите предупредуваат на опасност од т.н. инфлаторна спирала – процес во кој поскапувањата се прелеваат од еден сектор во друг. Најпогодени, како и секогаш, се најранливите категории. Надлежните велат дека движењата се под контрола, а кај трговците дури е забележано и намалување на профитните ...

Нов колективен договор во културата – за појасни правила или да се избегнат обврските од постојниот? Која е целта на власта, а што бараат вработените и синдикатите? Зошто министерството за култура игнорира судски пресуди за погрешно пресметани плати? Имаме ли држава над законите и министерства – феудалци? Во Топ Тема вечерва дебата со: Вера Атанасовска, претседателка на СКРМ и Јаким Неделков, претседател на СОНК. Топ Тема со Боби Христов на ...

💰 Зошто студентите кои работеле во странство, одеднаш треба да се даночат во државата, нешто што во минатото не било пракса. Во новата епизода на поткастот ХоризонТелма гостин ни е Бленди Ходаи, коосновач на Форумот за образовни промени со кој зборуваме конкретно на оваа тема. Ходаи нагласи дека неажурноста на институциите предизвикува револт кај младите кои секојдневно се разочаруваат, и губат доверба. 📖Освен за темата поврзана со ...

Падот на Орбан во ЕУ е дочекан со одушевување, во балканските држави тесно поврзани со Орбан со загриженост. Што е вистинската главоболка за македонската влада, финансиските аранжмани, бизнис договорите или чистењето на азилантската депонија во Будимпешта што би го вратила Груевски во Скопје? Во Вин-Вин дебатираат Ивица Боцевски и Ненад Марковиќ. Вин-Вин со Оливера Трајковска на Телма Падот на Орбан во ЕУ е дочекан со одушевување, во ...

Женски рај (Il paradiso delle signore) е италијанска драмска серија сместена во модниот свет на Милано од 50-тите години. Низ љубов, амбиции и тајни, ги следи животите на вработените во една престижна стоковна куќа и нивните лични приказни. Дејствието се одвива во Милано кон крајот на 1950-тите, каде што легендарниот бутик „Парадизо“ повторно се отвора под водство на Виторио Конти. Со помош на влијателниот банкар Умберто Гуарниери, ...

Насилството не е секогаш видливо преку модринки. Тоа често е во тишината, во стравот, во контролата и во зборовите кои ја убиваат самодовербата. Наместо да го вртиме погледот на другата страна, време е да ги препознаеме знаците и да понудиме поддршка. Физичко, психичко, економско или сексуално – ниеден облик на насилство не е оправдан. Според податоците, голем дел од жртвите со години го трпат насилството пред да го направат првиот чекор. ...

Адвокатката Фејт Хауелс по своето породилно отсуство, очекува мирно враќање во адвокатската канцеларија која ја водат заедно со нејзиниот сопруг. Животот нагло се менува кога сопругот Еван мистериозно исчезнува. Додека полицијата започнува истрага, Фејт сама тргнува во потрага по вистината, откривајќи дека човекот со кого живеела крие темни тајни и сомнителни деловни врски. Со секој нов доказ, Фејт сè повеќе се заплеткува во мрежа од лаги, ...

Светот нè гледа со восхит – CNN ја опишува Северна Македонија како скриен бисер, но реалноста покажува сериозни инфраструктурни проблеми. Од зимските центри до недостиг на паркинг и јавен превоз – сликата не го следи потенцијалот. Од Скопје и Матка до Охридско Езеро и Охрид – имаме сè. Но, имаме ли стратегија и знаење да го претвориме тоа во вистинска туристичка приказна? АНКЕТА: Дали би ја препорачале Македонија на странски пријатели? Да / ...

Во мај на локации во Грција и Монако почнува снимањето на шестата сезона на романтичната комедија „Емили во Париз“, во продукција на Дарен Стар и „Нетфликс“. Екипата на популарната серија ја објави веста преку видео на Инстаграм, со песната „Мама миа“ на групата АББА. Првите два дела од филмскиот хит „Мама миа“ се снимаа на повеќе грчки острови. Петтата сезона излезе на 18 декември и дебитираше во Топ 10 на „Нетфликс“ на второто место со 13,5 ...

Џејми Бел ќе биде ѕвездата на новата серија „Пики Блајндерс“, чие дејство ќе се одвива во 1950-тите. Следната генерација на семејството Шелби ќе ја предводи Дјук Шелби, кого ќе го глуми Бел. На актерската екипа ќе ѝ се придружат и ѕвездата на „Чудни нешта“, Чарли Хитон, Џесика Браун Финдли и Лашана Линч. Приказната за криминалното семејство од Бирмингем ќе се одвива десет години по актуелниот филм „Пики Блајндерс: Бесмртник“. Новата серија ќе ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
1.01
88%
1010
weather icon

Белград

15ᴼ / 15ᴼ
3.58
88%
1010
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
1.74
89%
1013
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
1.68
92%
1010
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
0.56
93%
1008
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 9ᴼ
0.48
97%
1014
weather icon

Атина

23ᴼ / 22ᴼ
2.24
59%
1011
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.25
95%
1011
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
0.59
90%
1011
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 16ᴼ
1.34
93%
1009
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 15ᴼ
4.02
87%
1009
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 17ᴼ
1.25
62%
1011
Currency

61.635

Currency

53.1004

Currency

71.3814

Currency

37.9778

Currency

38.3163

Currency

67.2748

Currency

7.85709

Currency

0.71855

Currency

0.33221

Currency

0.52519

Currency

1.15644

Currency

0.5548

Бакар

13.23

Кобалт

45.39

Калај

57.74

Алуминиум

3.72

Родиум

270066.27

Платина

61407.93

Сребро

2378.91

Рутениум

50573.12

Злато

143493.37

Паладиум

42953.40

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00