Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун во септември 2026 година бележи номинален пораст од 24,1 процент и реален пораст од 19,4 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Зголемување е забележано и кај трговијата на мало со автомобилски горива, каде што номиналната стапка на прометот е зголемена за 38,7 проценти, а реалната за 12 проценти. Од друга страна, трговијата ...
Да купам сега или да почекам уште малку? Веројатно секој што купувал лаптоп, монитор или друга технологија барем еднаш си го поставил ова прашање. Цените се менуваат, понудите се менуваат, а со нив доаѓа и она добро познато чувство дека можеби требало да се почека уште некој ден. Но, вистината е дека најдобриот момент за купување не е секогаш кога цената е „на попуст“, туку тогаш кога производот навистина ти треба. Водечкиот ланец за ...
Добивај вести на Viber Недостатокот на вода го загрозува растот на светската економија во следните пет години. Недостатокот на вода би можел да го загрози економскиот раст во светот во следните пет години, според извештајот „The Water Crunch Report“. Истражувањата покажуваат дека ризиците поврзани со водата стануваат една од најголемите закани за континуитетот на индустриските операции во Обединетото Кралство и Европа, објави „Шиндлер ...
Најпрво би сакал да го честитам денот на градот Валандово. Денеска некако се поклопија настаните и почнувањето на проектот Страиште, но и денот на градот Валандово и да посакам уште многу вака успешни проекти да се реализираат, не само во Валандово туку и низ цела Македонија што всушност претставува и главна цел на оваа Влада е да испорача она што им е потребно на граѓаните. Не секогаш успеваме во таа намера имајќи в предвид со каква ...
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,55 отсто. Од полноќ бензините поскапуваат по два, а дизелот еден денар. Според одлуката, цената на моторниот бензин „Еуросупер БС-95“ се зголемува за два денари по литар и ќе изнесува 93 денари, додека „Еуросупер БС-98“ исто така поскапува за два денари и ќе се продава по 95 денари за литар. Цената на дизел ...
Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА, денеска потпиша договор со реномираната компанија European Innovation Solutions S.A. за изработка на физибилити студија, подготовка и дизајнирање на оперативна рамка и бизнис-план за основање на Научно-технолошки парк (НТП). Ова е конкретен чекор во реализацијата на една од стратешките иницијативи на Владата, која Министерството за образование и наука и ИНОВА ...
Бројот на работниците во индустријата во септември 2026 година е намален за 2,9 проценти во споредба со истиот месец минатата година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според секторите, бројот на работниците во рударството и вадењето камен бележи намалување од 7,6 проценти, а во преработувачката индустрија за 2,9 проценти. Наспроти тоа, во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација е ...
Добивај вести на Viber Хрватска продолжи да бележи голем интерес за вработување странски работници во 2026 година, а најголем број дозволи за престој и работа се издадени во сектори кои со години се соочуваат со недостиг на работници. Водечки се туризмот, угостителството и градежништвото, сектори во кои потребата од работници е особено изразена, особено пред и за време на туристичката сезона. Меѓу најзастапените странски работници сè уште се ...
Цените на угостителските услуги во октомври 2026 година се зголемени за 1,6 отсто во однос на истиот месец минатата година, додека во споредба со септември годинава се намалени за 1,8 отсто. Во периодот јануари – октомври 2026 година, цените на угостителските услуги бележат зголемување од 2,9 отсто во однос на истиот период од минатата година, додека во споредба со декември 2025 година зголемувањето изнесува 1,5 отсто. Анализирано по групи, ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на свеченоста по повод 80-годишниот јубилеј на централнобанкарското работење на Народната банка, којашто се одржа во Музејот на Народната банка. Таа говореше за Народната банка, за нејзината трансформација во зависност од економските и општествените промени, како и за нејзиниот важен придонес, потенцирајќи дека во 1991 дојде до историска промена на централнобанкарското работење, односно до ...
Остра распродажба на акции го одбележа вчерашното тргување на светските берзи, при што најголем удар претрпеа компаниите поврзани со изградбата на центри за податоци за вештачка интелигенција. Со тоа целосно беше избришана добивката што американскиот пазар на акции ја оствари претходниот ден, кога го забележа најголемиот раст во последните три месеци. Индексот „S&P 500“ на „Волстрит“ падна за 4,4 отсто, што е негов најлош резултат од ...
Добивај вести на Viber Одлуката на Катар да потпише долгорочни договори за снабдување од САД сугерира дека вториот најголем извозник на течен природен гас (LNG) во светот е сè повеќе загрижен дека нестабилноста во Заливот би можела да ги загрози неговите амбициозни планови за експанзија. „Катар енерџи“ неодамна потпиша дваесетгодишен договор за купување на 3 милиони метрички тони течен природен гас годишно од објектот на „Вудсајд енерџи“ во ...
Македонската банкарска асоцијација соопшти дека во текот на претстојниот викенд сите банки ќе спроведуваат планирани технички прилагодувања на своите системи, во рамки на подготовките за примена на новите стандарди во денарскиот платен промет, кои почнуваат да се применуваат понеделник, 9 ноември. За време на спроведувањето на активностите, банките најавуваат можни привремени прекини или ограничена достапност на одредени услуги, посебно во ...
Добивај вести на Viber Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС, со цел обезбедување точни, транспарентни и разбирливи информации за јавноста, укажува на значењето, начинот на функционирање и механизмите за заштита на средствата во капитално финансираното пензиско осигурување, како важен дел од пензискиот систем на Република Северна Македонија. Капитално финансираното пензиско осигурување, односно ...
Северна Македонија со изградбата на гасниот интерконектор со Грција треба да добие дополнителен влез за природен гас и поголем избор на правци за снабдување. Европската инвестициска банка ја наведува токму диверзификацијата на изворите и пристапните рути како главна цел на проектот. Во извештајот за спроведување на обврските за 2025 година, Енергетската заедница забележува дека македонската гасна мрежа е поврзана само со бугарскиот систем. ...
Најдобрата опција е ова што го правиме – заштита на имотот и штедните влогови на граѓаните и продажба на Алта банка АД Битола. Ние размислуваме и во алтернативи за оние екстремни сценарија. Премиерот објасни што во такво сценарио што никој од нас не го посакува, истакна денеска гувернерот на Народната банка, Трајко Славески. Тој посочи дека бараат купувач за банката. Нормално има некои што сами се јавуваат, со кои се остваруваат контакти, а ...
text size На изборите во САД се решава кој ќе го контролира Конгресот во последните две години од мандатот на Доналд Трамп. До петокот, на предвременото гласање беа предадени рекордни 47,9 милиони гласачки ливчиња. Според повеќето прогнози, демократите имаат предност во трката за Претставничкиот дом, но исходот во Сенатот е неизвесен. Последните гласачки места ќе се затворат во 7 часот наутро по македонско време, а во сојузните држави со ...
Добивај вести на Viber Русија го ограничува извозот на вештачки ѓубрива. Државата ги намали извозните квоти за ѓубрива за периодот од декември оваа година до мај следната година. Ова е наведено во владината уредба објавена денеска, со цел да се обезбеди доволно количество за домашниот пазар. Владата го утврди лимитот за извоз на странските пазари на 18,8 милиони тони ѓубрива за наведениот период. Оваа бројка опфаќа 11,3 милиони тони ѓубрива ...
Тутунарите и 10-те откупувачи во земјава ги прават последните подготовки за стартот на откупот на тутунот од годинашнава реколта која се проценува на околу 26 000 тони квалитетен род. Се очекува од 17 ноември, со вонредниот откуп пунктовите да ги отворат дел од компаниите. На прагот сме на откупот на тутунот за годинашнава реколта. Во овие денови се врши нострификација на мострите, без што не може да почне откупот. Од 16 ноември е вонредниот ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,87% во однос на одлуката од 5.10.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 1,561%, кај дизелот за ...
Добивај вести на Viber Бројот на вработени во САД се зголеми за 165.000 во октомври, а невработеноста се намали на 4,1 проценти. Бројот на вработени во Соединетите Американски Држави надвор од земјоделскиот сектор се зголеми за 165.000 во октомври, што е далеку над очекувањата, додека стапката на невработеност неочекувано се намали на 4,1 процент, според податоците кои денеска ги објави Бирото за статистика на трудот (BLS). Резултатите ...
Во рамки на Годишните средби на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд кои оваа година се одржуваат во Бангкок, Тајланд, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари средби со регионалната потпретседателка на Светската банка за Европа и Централна Азија, Антонела Басани, потпретседателот на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) за Европа, Латинска Америка и Карибите, Алфонсо Гарсија Мора, и извршниот директор на ...
Официјалните девизни резерви на Република Северна Македонија бележат раст во октомври 2026 година, покажуваат најновите податоци објавени од Народната банка. На крајот на октомври, бруто девизните резерви достигнаа ниво од 5.201 милион евра, што претставува зголемување за 177,6 милиони евра во споредба со претходниот месец (септември 2026 година), кога тие изнесуваа над 5,02 милијарди евра. Според структурата на девизните резерви што ги ...
Цените на нафтата денеска пораснаа поради новите напади на јеменските бунтовници Хути врз Саудиска Арабија, која ја поддржува јеменската влада во граѓанската војна, и поради стравот дека војните на Блискиот Исток би можеле да се прошират и да ги загрозат испораките на нафта. Цената на нафтата „Брент“, која се користи како глобален стандард за цената на нафтата, порасна за 1,8 отсто, на 110,75 долари за барел, додека американската нафта ВТИ ...
Добивај вести на Viber Продажбата во малопродажниот сектор во Европската Унија бележи значително намалување, а најголем пад е регистриран во Германија, покажуваат најновите податоци што вчера ги објави европската статистичка служба Евростат. Во септември годинава, обемот на малопродажбата во еврозоната се намалил за 0,7 проценти во однос на август, додека на ниво на целата Европска Унија падот изнесувал 0,6 проценти. Ова претставува пресврт ...
text size Фокусот на инвеститорите вчера беше насочен кон резултатите од меѓуизборите во САД на кои демократите постигнаа огромна победа над републиканците. Тие оценуваа какво ќе биде влијанието врз пазарите поради построгата контрола врз политиките на претседателот Доналд Трамп и ограничувањата со кои би се соочиле пратениците при преобликувањето на неговата агенда. Азиските технолошки акции и доларот првично беа под притисок, додека ...
Просечната месечна исплатена нето-плата во земјава во август 2026 година изнесувала 48.733 денари, што е зголемување за 7,6 проценти во споредба со истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика. Растот на просечната нето-плата на годишно ниво, пред сè, се должи на зголемувањето на платите во секторите Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 11,9 проценти, ...
На денешната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС), социјалните партнери дискутираа за повеќе прашања од значење за работниците, работодавачите и животниот стандард на граѓаните, со посебен акцент на просечната потрошувачка кошница изготвена од Министерството за економија и труд. Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, истакна дека целта на новата методологија за пресметка на потрошувачката кошница е да се обезбеди објективен, ...
Добивај вести на Viber Шпанија, најголемиот производител на маслиново масло во светот, донесе необична одлука со која производителите задолжително ќе мора да повлечат дел од своето производство од пазарот. Целта е да се спречи понатамошен пад на цените поради очекуваното рекордно високо производство. Според одлуката на шпанското Министерство за земјоделство, објавена во петокот, производителите ќе мора да складираат 12 проценти од ...
Економскиот раст на Западен Балкан се очекува да забрза во 2026 година и дополнително да зајакне во 2027 година, поттикнат од потрошувачката и инвестициите. Регионалната економија покажа отпорност на шокови и продолжува да се приближува до Европската унија. За да се поддржи создавањето подобри работни места, бизнисите имаат потреба од поефикасни регулативи поврзани со трговијата кои ќе им помогнат да се натпреваруваат на меѓународните пазари, ...