Жителите на општина Дебрца добија обновена патна врска меѓу селата Мешеишта и Волино, откако заврши реконструкцијата на локалниот пат што се реализираше преку Министерството за транспорт како дел од програмата за унапредување на локалната патна инфраструктура. При посетата на локацијата, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека, покрај овој проект, во тек се активности и за изградба на нови пристапни патишта ...

Скопје, 18 јули 2026 (МИА) - Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески во седиштето на Асоцијацијата на европски комори во Брисел оствари средба со Ваутер ван Хилк, потпретседател на Eurochambres и генерален менаџер на Федерацијата на белгиски комори и со генералниот секретар на EUROCHAMBRES Бен Бутерс. На средбата е разговарано за натамошното унапредување на соработката меѓу Стопанската комора и EUROCHAMBRES, како и за поактивно ...

Центарот за податоци на „Мајкрософт“ во холандската покраина Северна Холандија потрошил 1,17 терават-часови електрична енергија во 2025 година, што претставува околу еден процент од вкупната потрошувачка на електрична енергија во земјата, покажуваат податоците на Холандската агенција за претприемништво. Првпат се објавуваат податоци за потрошувачката на електрична енергија на конкретен голем центар за податоци во Холандија. Според ...

Македонските производители на челик и челични производи се пред огромен предизвик, откако од почетокот на овој месец Европската унија ги заостри условите за увоз воведувајќи ограничени квоти и зголемени царини по искористување на одобрените количини. Проблемот не е само македонски туку многу поширок, бидејќи ограничувањата важат и за други земји надвор од ЕУ. Сепак, како држава која што претендира да биде дел од европското семејство и која ...

Градскиот совет на Париз одобри двојно зголемување на данокот за празни станови, што ќе стапи во сила на 1 јануари 2027 година, со цел да се поттикне понудата на станови за изнајмување и да се ублажи недостигот од домување во француската престолнина. Според податоците на градските власти, во Париз има околу 150.000 ненаселени станови, што претставува девет проценти од вкупниот станбен фонд. Од нив, околу 80.000 се долгорочно празни и подлежат ...

Мнозинството Американци сметаат дека изгледите за економијата се влошуваат, а претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, го сметаат за одговорен за ваквиот развој на настаните, покажа најновото истражување „CNBC All-America Economic Survey“. Според анкетата спроведена во период на раст на цените на горивата и обновени конфликти на Блискиот Исток, 61 отсто од испитаниците имаат песимистички поглед на состојбата на ...

Кандидатите чекаат термин, автошколите бараат луѓе, а инструкторите сè почесто ја напуштаат професијата. Теоретски, интерес за возачка дозвола има постојано. Во пракса, часовите се растегнуваат, обуките траат подолго, а некои школи едвај ги покриваат смените. Проблемот што со години тивко се туркаше под тепих, сега веќе се гледа на улица. Во дел од автошколите велат дека најтешко е да се најде искусен инструктор кој ќе остане. Не некој што ќе ...

Да имате еден милион евра на банкарска сметка за најголем дел од граѓаните звучи како крајна финансиска сигурност. Нема долг, нема грижа за следната плата, а само каматата теоретски би можела да покрива значителен дел од трошоците за живот. Но, банкарската сметка со седумцифрен износ отвора и прашања за кои ретко се зборува. Колкава камата навистина може да се добие? Колкав дел од депозитот е законски осигурен? Што се случува со вредноста на ...

Граѓаните апелираа до властите да преземат мерки против нереално високата цена на сладоледот. По жалбите, Министерството за трговија објави дека е преземена административна мерка против објектот во марината Јаликавак. Турското Министерство за трговија казни слаткарница во ексклузивното турско одморалиште Јаликавак во близина на Бодрум, откако на социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа топка сладолед што чини 400 лири (околу 7,5 ...

Во изминатата година требаше да се покаже дека работите се движат во корист на биткоинот. Конгресот расправаше за нови законски прописи што требаше да им обезбедат поцврста правна основа на криптовалутите, а индустријата успеа да избегне скандали и принудни ликвидации што во минатото периодично ги уриваа цените на дигиталните токени. Сепак, вредноста на најпознатата криптовалута се преполови од октомври, кога достигна 126.000 долари. Со тој ...

Ирак потпиша 48 договори, меморандуми за разбирање, декларации за партнерство и други документи со американски компании, главно во енергетскиот сектор, за време на посетата на премиерот Али ал-Заиди на САД, соопшти денеска неговата канцеларија. Меѓу потпишаните договори се партнерствата меѓу ирачките министерства за електрична енергија и нафта и компаниите „ЕксонМобил“, „КБР“, „ГЕ Вернова“, „Шел“ и „Халибартон“. Ирак, исто така, потпиша ...

Слушај ја веста Илјадници тони храна секојдневно поминуваат низ границите, но не добива зелено светло сè што пристигнува. Само во една година инспекторите провериле повеќе од 626 милиони килограми храна, запреле небезбедни пратки и спречиле производи со сомнителен квалитет да стигнат до потрошувачите. Извештајот за лани на Агенцијата за храна вели дека надлежните инспекциски служби при контролите на увозот провериле 45.777 пратки со храна со ...

Глобалните трошоци за здрава исхрана се зголемија за 25% во последните пет години, надминувајќи ја линијата на екстремна сиромаштија што се живее со помалку од 3 долари (2,62 евра) дневно, предупредија ОН. „Како резултат на тоа, 2,69 милијарди луѓе, речиси еден од тројца луѓе во светот, сè уште не можат да си дозволат здрава исхрана“, рече Максимо Тореро Кален, главен економист во Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО), пред ...

Европската комисија презентираше предлози за забрзување на електрификацијата и промена на пазарот на емисии на јаглерод диоксид. Зависноста на Европа од увезени фосилни горива постојано доведува до геополитички превирања, се вели во соопштението на комисијата по повод оваа пригода. Европската комисија признава дека оваа зависност ја ограничува европската конкурентност и инсистира на забрзана електрификација на производството и транспортот. ...

Економскиот истражувач во Виенскиот институт за меѓународни економски студии Бранимир Јовановиќ во изјава за „Фокус“ вели дека со најавените измени во пензискиот систем, можно е власта да ги укинува приватните пензиски фондови за да ги преземе нивните средства и да пополнува дупки во буџетот, направени со, како што вели, неодговорното трошење. Суштинските проблеми, според професорот, доаѓаат од реформата од пред 20-тина години со која се ...

Тензиите меѓу САД и Иран дополнително ескалираа на почетокот на неделава откако двете страни извршија нова серија меѓусебни напади, а истовремено продолжија спротивставените тврдења околу безбедноста на пловидбата низ Ормускиот Теснец - еден од најважните светски енергетски коридори. Акциите и државните обврзници паднаа во понеделникот откако новите американски напади врз Иран ги зголемија цените на нафтата и ги поттикнаа облозите за ...

Неодамнешна вест за Биткоин стана вирална во заедницата: еден рудар на биткоини по име Марко од Северна Македонија заработува приближно 2.000 долари награди за блокови на биткоини дневно преку рударење во облакот EiCrypto. Веста привлече големо внимание, а сите се прашуваат како Марко ги заработува овие награди за рударење. Следната статија ќе ве запознае со тоа како да заработите 2.000 долари пасивен приход дневно преку рударење во облак на ...

Цените на електричната енергија во Европа во текот на денот се менуваат толку брзо што создаваат впечаток како возење на ролеркостер, пишува „Bloomberg“. Главната причина е масовното поставување соларни панели, што создава големи предизвици за електроенергетските мрежи – од негативни цени во сончевите попладневни часови до нагли скокови навечер, кога сонцето заоѓа, а потрошувачката расте. На крајот на мај во Германија, во рок од само неколку ...

Економскиот аналитичар Абил Бауш објаснува дека според економските показатели, економијата има извесен простор за умерено зголемување на платите. -Во првиот квартал од 2026 година реалниот раст на БДП изнесувал 3,1%, невработеноста 11,3%, а просечната нето-плата во април достигнала 48.779 денари. Тоа значи дека економската активност и платите растат, но зголемувањето мора да биде внимателно калибрирано, особено затоа што малите и средните ...

Добивај вести на Viber Нелагодните односи меѓу Австралија и Кина се влошија уште повеќе откако австралискиот министер за финансии Џим Чалмерс вчера им гo одзеде правoто на глас на тројца кинески инвеститори во австралиска компанија за рударство на ретки метали. Овој невиден потег претставува најагресивен чекор на Чалмерс во тригодишниот обид да ги убеди кинеските инвеститори да го продадат својот удел во „Нортерн Минералс“, наведувајќи ги ...

Акциите на Нетфликс паднаа за повеќе од осум проценти во тргувањето по затворањето на берзата. Падот дојде откако најголемата светска платформа за стриминг објави прогноза за приходи и заработка за третиот квартал од 2026 година, која не ги исполни очекувањата на аналитичарите. Netflix очекува да генерира приходи од 12,86 милијарди долари и заработка по акција од 82 центи во периодот од јули до септември. Сепак, аналитичарите во LSEG очекуваа ...

Од Министерството за енергетика, на обвинувањето на граѓанските организации дека со огласот за проспекциските геолошки истражувања се даваат концесии за површини на кои претходно имало истражувања, велат дека важно е да се направи разлика помеѓу постоење на историски геолошки активности и постоење на валидно утврдени, верификувани, современи и употребливи податоци за минералниот потенцијал на тој простор. -Министерството го почитува правото ...

Добивај вести на Viber Според податоците на Евростат, просечниот работен век на ниво на Европската Унија(ЕУ) е 37,5 години. Србија е под овој просек со просечен работен век е 35,5 години. Работниот век е сличен во Хрватска – 35,1 години, додека во Македонија е 31,8 години, а податоци нема за БиХ и Црна Гора. Словенија е веќе поблиску до европскиот просек со 37,2 години работен век на нејзините граѓани. Меѓу државите чии граѓани имаат ...

Германската министерка за здравство, Нине Варкен (ЦДУ), соопшти дека Германија очекува оти преку планираниот данок на шеќер следната година ќе генерира околу 650 милиони евра. „Овој приход ќе се користи за зајакнување на фондовите за задолжително здравствено осигурување и со тоа ќе им се олесни на осигурениците“, изјави Варкен за германската уредничка мрежа RND. Од нашата мрежа Apple повторно е највредната компанија во светот 52 минути ...

Граѓаните сѐ погласно реагираат дека годинава доцни доставувањето на решенијата за данок на имот од Град Скопје. На социјалните мрежи се отворија бројни дискусии, при што дел од граѓаните прашуваат дали станува збор за технички или за административен проблем, додека други шпекулираат дека доцнењето е поврзано со подготовка на нови решенија со повисок данок на имот. Ваквите реакции следуваат откако Град Скопје претходно најави промени во ...

Добивај вести на Viber Додека земјоделците се борат со климатските промени, сушите и нестабилните приноси на традиционалните култури, во Славонија се развива профитабилна алтернатива. Одгледувањето на горчлив анасон, лековито и индустриско растение за кое побарувачката на европскиот пазар постојано расте, привлекува сè поголем интерес кај земјоделците. Семето и есенцијалните масла од горчлив анасон (Foeniculum vulgare), познат и како див ...

Добивај вести на Viber Пазарот на трудот во Србија во првата половина од оваа година покажува први знаци на закрепнување по падот во текот на претходната година, а на веб-страницата „Послови Инфостуд“ од јануари до крајот на јуни се објавени 32.713 огласи за работа, што е за околу три проценти повеќе отколку во истиот период минатата година, пренесува Каматица. Кои професии се најбарани? Најбараните индивидуални позиции останаа претежно ...

Последните три години беа најтоплите од почетокот на мерењата, а зголемувањето на температурите и сè почестите топлотни бранови силно ја зголемуваат потребата од климатизација, пишува Euronews. Потрошувачката на енергија за ладење во домаќинствата во Европската Унија се дуплираше за само шест години. Според програмата Коперник, јуни 2026 година беше најтоплиот јуни досега во Западна Европа и вториот најтопол глобално. Трите најжешки години ...

Кремљ смета дека проблемите со кои се соочува руската економија не се критични и порачува дека севкупната макроекономска состојба останува стабилна, изјави портпаролот Дмитриј Песков. „Тешкотиите им се познати на сите, но не се такви што би ја загрозиле стабилноста. Владата и претседателот редовно ја анализираат состојбата и преземаат мерки за нејзино подобрување“, рече Песков. Од нашата мрежа Чурлиновска (20) се пензионираше: Верував дека ...

Европската централна банка (ЕЦБ) веројатно нема да ги промени каматните стапки следната недела, а зголемувањето се очекува во септември, според анкетата на Блумберг меѓу економистите. Сите учесници во анкетата очекуваат ЕЦБ да ги задржи трошоците за позајмување непроменети на состанокот следниот четврток, при што повеќето предвидуваат зголемување од 25 базични поени на депозитната стапка на 2,5 проценти во септември. Централната банка потоа ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
4.29
33%
1013
weather icon

Белград

26ᴼ / 26ᴼ
1.44
52%
1015
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
3.67
47%
1017
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
8.5
38%
1014
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
1.69
13%
1012
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
1.34
76%
1018
weather icon

Атина

35ᴼ / 32ᴼ
3.58
56%
1012
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
3.73
29%
1013
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
4.52
29%
1012
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
3.13
51%
1014
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
1.79
33%
1017
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 28ᴼ
3.84
86%
1013
Currency

61.6317

Currency

53.9512

Currency

72.4604

Currency

37.8462

Currency

38.2535

Currency

66.3497

Currency

7.95976

Currency

0.68551

Currency

0.33139

Currency

0.52362

Currency

1.14158

Currency

0.55849

Калај

52.26

Цинк

0.00

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Алуминиум

3.14

Родиум

265243.66

Злато

128914.85

Платина

51151.84

Паладиум

40124.13

Бакар

12.77

Сребро

1825.76

Кобалт

56.29