Скопје
31ᴼ /
31ᴼ
Сериозен инцидент се случил во Зоолошката градина во Скопје, откако белите волци наводно избегале од своето живеалиште и усмртиле неколку животни и птици, објави порталот Петс.мк. Според информациите објавени од медиумот, инцидентот се случил во саботата, кога белите волци наводно успеале да ископаат дупка под оградениот простор и да излезат од живеалиштето. Како што наведува Петс.мк, при бегството волците нападнале и усмртиле четири кенгури ...
Белата куќа беше домаќин на настан УФЦ Фридом 250 на јужниот тревник претходно овој месец во чест на 250-годишнината од Соединетите Американски Држави. Поткастерот Џо Роган, кој го следеше настанот со седум борби, го нарече најневеројатното искуство во неговите 20 години како коментатор за боречки спортови. Во неделата, претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, одржа јавно обраќање во Мекензи, Пенсилванија, а Бо Никел, ...
На пејачот Аца Лукас му беше откажан концертот на Јахорина откако исплива една фотографија на која седи со Насер Ориќ. Како што пренесуваат странските медиуми, станува збор за поранешен воен командант од регионот Сребреница кој во Србија се бара со потерница за извршени воени злосторства над Србите. На Инстаграм профилот на Олимпискиот центар Јахорина веднаш се појави соопштение дека на пејачот му е откажан концертот. На пејачот Аца Лукас ...
Екстрадирано лице од Србија барано по меѓународна потерница Денеска (24.06.2026) од Република Србија во нашата земја екстрадиран е Саит Саитов (19) од Скопје, кој беше баран со меѓународна потерница поради основано сомнение за сторени кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, како и „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“ за кривично правен настан кој се случил во Скопје на 09.01.2026 година. ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ги информирал партнерите во НАТО дека Бугарија ја загрозила безбедноста на неговото семејство зашто протекол документот за престојот на неговата сопруга и помалиот син во бугарското зимувалиште Пампорово во јануари и е објавен на социјалните мрежи. Станува збор за дипломатската нота односно документот кој македонската амбасада во Софија го испраќа до бугарското Министерство за внатрешни работи на 6 ...
Свесна сум дека има реакции за оптимизацијата, но да повторам – никој нема да биде отпуштен од работа, иако во претходните 7 години имаме 17 илјади ученици помалку и се намалува соодносот наставници спрема ученици, истакна министерката за образование и наука, Весна Јаневска, на денешната прес-конференција во Владата, на која презентираше отчет за двегодишната работа на Министерството за образование и наука. Од поважните тековни процеси, ...
Драги екипи, редовни гости на 51-от турнир во мал фудбал „Петровден“ – Мешеишта! Сакаме накратко да ве известиме дека екипата на „Компанија Атанасовски“, поради свои непланирани обврски, пријателски се повлече од понатамошниот дел од турнирот. На момците им посакуваме сè најдобро и се надеваме дека дека следното лето ќе истрчаат на теренот во Мешеишта. Бидејќи оваа екипа требаше да ги изигра сите три натпревари закажани за денес, истите, ...
-Мојот сопруг никогаш не погледнал друга жена, ни како млад, ниту пак сега, кога сме заедно 20 години. Го поддржувам до смрт, тој е невин и ова е заговор против него, тврди сопругата на скопјанецот Миско Л. (43), обвинет за убиството на Гркинката Ставрула Левендаки (45) на Крит. Нејзиното тврдење го објави грчката телевизија Мега. Но, и покрај тоа што таа е уверена дека Миско бил невин, тој веќе го признал делото и детално опишал како се ...
Бојан Јовановски – Боки 13 објави дека бил жртва на тешка кражба и провала во неговиот дом во Скопје, која, како што наведе, се случила во раните утрински часови. Во објава на социјалните мрежи, Јовановски потврди дека во моментот на настанот не бил во државата. „Точно е дека бев жртва на тешка кражба и провала во мојот дом во Скопје, која се случила во раните утрински часови денеска. Точно е и дека во моментот на настанот се наоѓав во ...
Само неколку дена по промоцијата на својот дебитантски студиски албум „2000 и некоја“, Христијан Настески, во јавноста препознатлив како Пајак, гостуваше во најновото издание на „Лазаров подкаст“. Во текот на двочасовниот разговор со Стефан, талентираниот музичар се осврна на широк спектар теми кои го обликувале неговиот креативен и животен пат. Сепак, најдлабоките емоции испливаа на површина кога ова скромно момче од Охрид започна да ...
Охрид повторно беше домаќин на еден од најзначајните ИТФ таеквон-до настани во регионот. На 20 јуни 2026 година, во спортската сала „Билјанини Извори“, во организација на Македонската Традиционална Таеквон-До Федерација и Таеквон-до клубот”ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец Охрид, успешно се одржа меѓународниот турнир Охрид Опен 2026, на кој учествуваа 317 натпреварувачи од девет европски држави. На турнирот учествуваа клубови и натпреварувачи од ...
Со длабока тага ја примив веста за ненадејната смрт на Јовица Илиевски, градоначалникот на општина Брвеница. Јовица беше работлив, чесен и скромен човек, целосно посветен на луѓето и на општината што ја водеше. Функцијата ја разбираше како обврска кон граѓаните, а довербата што ја доби ја оправдуваше со работа, со присуство и со резултати. Беше секогаш меѓу луѓето. Ги слушаше, им помагаше и се бореше за нивните потреби. Затоа граѓаните му ја ...
Роботот, наречен WLTR, може изѕида до 10 квадратни метри на час и до висина од 3,5 метри без употреба на скелиња, објавува порталот „Пословни дневник“. Роботот се користи за ѕидае од вториот ред тули, бидејќи првиот ред сè уште го поставува искусен ѕидар, но потоа, WLTR, со помош на сензори, ја проверува положбата на секоја тула, ги корегира отстапувањата доколку е потребно и постигнува максимална прецизност во понатамошната работа. Работата ...
МАЕИ децидно бара општина Пустец да остане посебна единица на локалната самоуправа и во рамките на новата реформа да не претрпи никакви територијални измени, односно да не се спојува со други административни единици. Ова барање партијата го темели на Уставот на Албанија, меѓународните обврски (Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и Европската повелба за локална самоуправа), како и на членот 16 од албанскиот Закон за ...
Над 160 здравствени работници ќе се обучуваат за препознавање и спречување на корупција во здравството Повеќе од 160 лекари, акушери и медицински работници од цела Македонија ќе бидат вклучени во обуки за борба против корупцијата во јавното здравство. Целта е унапредување на знаењата за препознавање, спречување и пријавување на коруптивни практики. Обуките се дел од проектот „Посилен систем за поправедна заштита: Намалување на корупцијата во ...
Бугарија го обновува производството на автомобили, станувајќи единствениот европски производител на новиот GWM Ora 5. Автомобилот ќе се произведува во селото Баховица во Ловеч, каде што кинескиот Great Wall претходно ги склопуваше Steed и Haval H6. Планот на GWM (Great Wall Motors, како што сега се нарекува компанијата) е да ја понуди Ora 5 со избор од неколку различни стилови на каросерија: хечбек, SUV и караван. А, според специјализираната ...
Стево Станковиќ од скопски Хиподром од вчера има непоканет гостин во неговиот дом. Змија влегла во неговата дневна соба и не може да ја најде. Од вчера змијата седи внатре, а Стево надвор. На помош дошле неговите роднини и соседи, но никој не можел ништо да најде. Тој се јавил на 112, но оттаму му рекле дека треба да бара човек кој се разбира од змии и да ја најде. Целиот тест и видеото може да го погледнете на канал 5 Стево Станковиќ од ...
Во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани вечер ќе биде отворена изложба на 50 автентични фудбалски дресови на успешни деца во светот од Тиквешијата и пошироко, кои се дел од приватната колекција на Николчо Делов. Колекцијата е сведоштво за упорноста, успехот и припадноста, приказни испишани преку спортот, пријателството и заедничката меморија. Изложбата е посветена на Андреј Лазаров и жртвите од пожарот во Кочани. Отварањето на ...
Почина охридскиот текстописец Роберт Сошански – Рокан Охрид остана без уште едно препознатливо име од музичката и културната сцена. Почина Роберт Сошански – Рокан, охридски текстописец и автор кој остави свој белег преку творештвото и љубовта кон музиката. Неговото име е поврзано со бројни музички проекти, а зад себе остава дела кои ќе продолжат да живеат преку песните и спомените на оние што го познаваа и почитуваа. Пријателите и ...
Монах легна пред возило на Парадата на гордоста во Солун, полицијата интервенираше Необичен инцидент ја одбележа овогодишната Парада на гордоста во Солун, кога православен монах се обиде да го запре движењето на поворката легнувајќи на коловозот пред едно од возилата што учествуваа во настанот. Според грчките медиуми, на улицата „Павлос Мелас“ двајца монаси извикувале „Покајте се“, изразувајќи го своето противење на одржувањето на Парадата ...
Денес го славиме нашиот најголем природен бисер, изворот на живот, убавина и вечна инспирација. Охридското Езеро е дом на уникатен свет кој никаде на друго место го нема и гордост впишана на светската мапа на УНЕСКО. Благодетот да се ужива во неговите убавини е привилегија, но тоа носи и огромна обврска. Наша заедничка должност е да го чуваме, штитиме и негуваме за генерациите што доаѓаат. Нека биде вечно синилото на езерската вода и ...
✈️ Од денес „Austrian Airlines“ лета Виена – Охрид, голем чекор за развој на Охридскиот аеродром 🛬 На Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид утрово слета првиот авион на „Austrian Airlines“, со што и официјално започна да функционира новата редовна авиолинија Виена – Охрид. Линијата ќе се реализира двапати неделно, секој четврток и недела, со што Охрид и охридското крајбрежје добиваат директна воздушна поврзаност со уште една значајна ...
Одличен напредок во изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани (заобиколување на популарната Стража). Трасата се пробива со силно темпо, а истовремено се работи на поставување на столбовите за виадуктите. Се работи на 4 моста и еден натпатник, еден мост е целосно завршен. Пишува Александар Николоски Одличен напредок во изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани (заобиколување на популарната Стража). Трасата се пробива со силно темпо, ...
Штипски пензионер сакал да бакне 16 годишно девојче Приведен е 67-годишен штипјанец кој сакал да бакне 16-годишно девојче на кејот на реката Брегалница во Штип. На 19.06.2026 година во 16:00 часот, во СВР Штип, по наредба на јавен обвинител, било задржано лицето С.М.(67) од Штип. Претходно, 48-годишна жена пријавила дека на 18.06.2026 година додека нејзината 16-годишна ќерка се движела покрај реката Брегалница во Штип, била пресретната од ...
Премиерот Христијан Мицкоски очекува сериозно поевтинување на нафтените деривати во земјава веќе од следната недела. Според неговите проценки, во понеделник, кога Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) треба да ја донесе новата одлука, бензините би требало да поевтинат за околу 4 денари, додека цената на дизелот се очекува да падне за околу 7 денари по литар. „Ние правевме наши калкулации, малку е зголемена и вредноста на доларот. ...
Уште едно лице опфатено со обвинението за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ почина, потврдуваат извори од одбраната за 4NEWS.mk. Станува збор за Љупчо Грнчиштанов, кој имаше 54 години и беше еден од обвинетите во предметот поврзан со пожарот во кој на 16 март загинаа 62 лица, а околу 200 беа повредени. Грнчиштанов во периодот од 15 јануари 2013 година до 16 март 2025 година ја извршувал функцијата генерален инспектор, односно ...
Полициските службеници во земјава ќе имаат поголема слобода во однос на личниот изглед, откако Министерството за внатрешни работи направи измени во правилникот што ги регулира однесувањето и меѓусебните односи на вработените. Со измените, на униформираните полициски службеници им се дозволува носење брада и одредени тетоважи, но под строго определени услови поврзани со професионалниот изглед и угледот на службата, објави 4news.mk ...
Скопје ќе добие јавни тоалети. Иако не се знае кога, градоналникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, откри дека подготовките се во тек. – Во подготовка се три современи јавни тоалети. Еден ќе биде поставен во Градскиот парк, еден на плоштадот „Филип Втори“, а еден во близина на Градскиот плоштад, сподели тој во коментар на социјалните мрежи откако граѓаните побараа решение на овој проблем. Скопје ќе добие јавни тоалети. Иако не се знае кога, ...
Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Никола Васев, и организацискиот директор Нехад Нухи излегуваат од притвор откако Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, по предлог на одбраната и позитивно мислење од Обвинителството, донесе одлука со која се прифаќа понудената гаранција со хипотека на имот и им определи мерки на претпазливост. Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје информира дека донесе решение ...
Во моментот кога ќе бидат усвоени новите законски измени и дигиталниот систем ќе биде целосно подготвен, јас лично ќе бидам првиот граѓанин во државата кој ќе го пополни формуларот кај матичниот лекар за донирање органи по смртта. Вака министерот за здравство, Азир Алиу, јавно го објави својот личен завет во интервју за емисијата „Ноќно студио“ на „4ТВ“, испраќајќи силна порака за будење на јавната свест за органодарителството во Македонија. ...