Ноќен пожар на подрачјето на скопската општина Карпош уништи патнички автомобил, а пламенот предизвикал штета и на уште три возила, како и на деловен објект. Полицијата врши увид за да ги утврди причините за избувнувањето на огнот. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 13 јули 2026 година околу 2:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Варшавска“, во населбата Тафталиџе, бил опожарен патнички автомобил ...

31-годишен маж е уапсен во Скопје откако со нож му нанел смртоносни повреди на својот татко. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 12 јули околу 23:00 часот, на подрачјето на Полициската станица Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Б.Џ. (31) од Скопје. Според пријавеното, околу 22:35 часот во семејниот дом, неговиот татко Е.Л. (52), кој бил под дејство на алкохол, физички ја нападнал својата ...

Почитувани, Успешно затвораме уште едно поглавје од оваа голема традиција која го одбележува месец јуни и јули во Мешеишта- 51вото издание на турнирот во мал фудбал Петровден Мешеишта. Со голема чест, и длабока благодарност стоиме пред вас нашата публика и учесници на овој настан кој е многу повеќе од спортска манифестација. Ниеден турнир не би бил возможен без луѓето кои стојат зад него – нашите пожртвувани организатори, спонзори, ...

Денеска, на „Галичка свадба“, најмладите галичани ме пречекаа со домашна нафора и сол, а потем проследив дел од свадбарските обичаи што со векови се пренесуваат низ мијачкиот крај, како еден од најавтентичните изрази на македонското културно наследство, напиша претседателката Гордана Сиљановска Давкова. -На овогодинешните младенци, Мартина Михајлова и Александар Пендароски им го честитав бракот и во својство на покровителка им подарив ...

Истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ од Солун кон Меминген, кој се случи вчера наутро над Македонија е во тек, изјави за МИА претседателот на Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти, Марјан Прпоски. Тој додаде дека се во постојана комуникација со Националниот одбор за безбедност во сообраќајот (НТСБ) и оти за сите дополнителни информации во врска со случајот навремено ќе ја информираат јавноста. Авион на ...

‎Денес, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерот за транспорт и врски и вицепремиер, Александар Николоски и министерката за образование, Весна Јаневска, извршивме увид во реконструкцијата на ОСУ „Св. Климент Охридски“, еден од најзначајните образовни и историски објекти во Охрид. ‎ ‎Во изминатите четири години во гимназијата инвестиравме над 100 милиони денари за целосна модернизација на објектот и создавање подобри ...

Апелациониот суд Скопје донесе правосилна пресуда со која делумно ја уважи жалбата на Зијадин Села и ја зголеми отштетата што Република Македонија треба да му ја исплати како нематеријална штета по нападот во Собранието на 27 април 2017 година. Со пресудата, државата е задолжена да му исплати вкупно 7.800.000 денари поради повреда на личните права на телесното и душевното здравје на Села, дознава „Скопје1“. Од споредбата на двете пресуди, се ...

Иако авионот на „Рајанер“ со сериозно оштетен десен мотор и скршен прозорец слета безбедно во Солун, истрагата за инцидентот ја води Македонија, бидејќи настанот се случил во македонскиот воздушен простор, пишува Aero.rs. Американскиот Национален одбор за безбедност во сообраќајот (НТСБ) соопшти дека назначил акредитиран претставник кој ќе ѝ помогне на Македонија во истрагата за сериозниот инцидент со летот на „Рајанер“. Одлуката на НТСБ ...

Четириесет и едногодишен кочанчанец, кој бил приведен откако во неговото возило била пронајдена бела прашкаста материја, синоќа успеал да избега од Полициската станица во Кочани. Полицијата е на терен и интензивно трага по бегалецот. Од Министерството за внатрешни работи за 4news.mk го потврдуваат инцидентот дека се случил на 10 јули околу 20:35 часот. Осомничениот А.Л. (41) од Кочани, кој претходно бил задржан во просториите на станицата ...

Голема трагедија ја потресе Бугарија, откако во Грција загина 36-годишниот Мартин Велев, единствениот син на претседателката на Бугарскиот олимписки комитет Весела Лечева, кој имаше партнерски бизнис во Македонија и броеше над 800 вработени само од нашата држава. Според информациите, несреќата се случила во петокот попладне во морето кај кампот Порто Елеа на полуостровот Халкидики. Велев управувал џет-ски, а според првичните сознанија, ...

100 овци вработени – „Volkswagen“ ангажира овци како замена за косилки за трева Спротивно на сите светски трендови во кои се дигитализира и автоматизира речиси се, Volkswagen направи еден необичен потег во својата фабрика во Познан, Полска. Во оваа фабрика се ангажирани 100 овци, кои во следниот период ќе ги заменат косилките на бензин. Овците се пуштени на слобода во паркот со 31.000 фотоволтаици, кој во сончеви денови е комплетно доволен ...

Персонализираниот револвер со кутија боева муниција, специфичниот подарок кој турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им го врачи на лидерите на самитот на НАТО, ќе пристигне во Северна Македонија преку дипломатска пошта. Од Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за 4NEWS.mk потврдуваат дека оружјето е примено преку државниот протокол, но шефицата на државата нема да го користи, ниту пак ќе има каков било физички контакт со ...

Кога секој гол станува нов километар Во време кога најголемиот дел од луѓето Светското првенство го следат од трибините или пред телевизиските екрани, еден млад ентузијаст одлучи секој гол да го претвори во личен предизвик. Наместо само да аплаудира за погодоците, тој ги претвора во километри – еден гол, еден истрчан километар. Овој необичен предизвик не е создаден за рекорди или внимание. Тој е симбол на дисциплина, истрајност и љубов кон ...

Двајца полицајци, според косовските медиуми, етнички Срби, маж и жена, биле суспендирани од работа во Косовска Митровица откако биле фатени како имаат интимна врска во текот на работното време. Медиумите пишуваат дека станува збор за Н.П. и Р.Т., кои, според информациите, биле затекнати голи во автомобилот од страна на припадници на друга единица на косовската полиција. Случајот бил пријавен кај надлежните органи, кои донеле одлука за ...

На 08.07.2026 година во 22.30 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, лишен од слобода е И.М.(32) од Охрид. Тој, управувајќи патнички автомобил „Ренџ Ровер“ со чешки национални ознаки, не го сопрел возилото по даден знак од полициската патрола туку избегал и по дополнително преземени активности, бил застанат. Притоа, полициските службеници во возилото го забележале С.П.(44) од Охрид кој веднаш проголтал опаковка со наркотична материја по ...

ПОЧИНА НА 44-ГОДИШНА ВОЗРАСТ ПОЛИЦИСКИОТ СТАРЕШИНА ГЕНЦ АРСЛАНИ ОД КИЧЕВО На 44-годишна возраст почина Генц Арслани, долгогодишен полициски старешина, кој повеќе од две децении им служеше на граѓаните. Генц Арслани, роден на 3 ноември 1982 година, беше дел од првата генерација полицајци примени во полициската служба во 2002 година. На 1 февруари 2002 година се вработи во Полициската станица Кичево, каде што со посветеност и професионалност ...

Инвестираме преку 165 милиони денари за нови улици во Гевгелија. Со општината ќе работиме на изградба на нов влез во градот. Завршивме повеќе големи проекти во Гевгелија со што инфрaструктурно градот доби нов лик, едно модерно место за живеење, а денес заедно со градоначалникот Андон Сарамандов извршивме увид во реконструкција на улицата Маршал Тито, инвестиција од 81 милион денари поддршка од Владата. Покрај реконструкцијата улицата Маршал ...

Адвокатот Умејр Мухамеди реагираше по информациите дека на двајца пратеници од Македонија од албанска етничка припадност им бил забранет влез во Албанија, оценувајќи дека ваквиот случај е потврда на неговите претходни ставови. Во објава на социјалните мрежи, Мухамеди тврди дека Албанија не ги смета Албанците од Македонија за поврзани со себе и упати критики кон оние кои, според него, ја омаловажуваат Македонија. Вчера на двајца пратеници од ...

Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, изјави дека ниту една земја кандидат за членство во Европската Унија (ЕУ) досега не добила, ниту пак може да добие, гаранции дека нема да се појави нов билатерален спор за време на преговарачкиот процес, објави ВЕСТИМАК.мк. Во пресрет на нејзината утрешна официјална посета на Северна Македонија, таа јасно стави до знаење дека спроведувањето на преземените обврски и вметнувањето на Бугарите во ...

Почнуваме со реализација на нов автопат Потпишан Договор за грант од 30,8 милиони евра со ЕБОР за изградба на автопатот Скопје – Блаце. Автопатот е дел од стратешката визија Македонија да стане клучна транспортна крстосница на Балканот. Автопатот Скопје – Блаце е дел од транс-европската рута 6, која Македонија ја поврзува со Косово, со пристаништата во Албанија и Црна Гора и што го прави значаен во аспект на трговија, бизнис и развој на ...

Десетина веб портали регистрирани во Македонија и еден со интернационалниот домен .tv се дел од истрагата на АНБ и на МВР поради сомневање дека се користат за организирано ширење говор на омраза и поттикнување тензии преку содржини поврзани со односите меѓу Македонија и Бугарија, особено за уставните измени, потврдија за Телма разузнавчаки извори. Викендот за истрагата која е отворена уште во март, објави веб порталот Скопје1. Со истрагата ...

Сообраќајна несреќа се случи на улицата „15 Корпус“, спроти хотелот Панорама во Охрид, каде што се судрија два мопеда. Според првичните информации, едно лице се здобило со тепки телесни повреди и е пренесено во Специјалната болница „Св. Еразмо” за укажување лекарска помош. Причините за несреќата се утврдуваат Сообраќајна несреќа се случи на улицата „15 Корпус“, спроти хотелот Панорама во Охрид, каде што се судрија два мопеда. Според ...

Очекувам да имаме зголемување од околу 2 до 2,5 денари за литар за дизел горивото и околу денар за бензините. Но, да почекаме утре Регулаторната комисија да ги каже последните бројки, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Како што рече, има зголемување на цената на нафтата од околу 5-6 проценти на светските берзи во текот на минатата седмица и благо зголемување на цената на бензините за 2 до 3 проценти. -Но, и покрај тоа што станува ...

Денес гордо кажуваме дека решаваме еден по еден од наследените проблеми, најголемиот-свелечиштата и косините. Првата галерија од вкупно 14-те е целосно завршена и асфалтирана, вистинско инженерско чудо, кое бара врвни градежни решенија, особено поради сложениот планински терен низ кој минува трасата на автопатот – објави Мицкоски на Фејсбук. Со силно темпо се работи и на тунелите, каде градежните активности се во самата завршна фаза. Денес ...

Претрес во Тетово, пронајден хероин, лишено од слобода едно лице На 03.07.2026 во 18:30 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Н.М.(47) од Тетово, затоа што при претрес во дом и простории во негова сопственост во Тетово, по добиена судска наредба, биле пронајдени околу 25 грама хероин и дигитална вага. Н.М. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава. Претрес во ...

Во петгодишните систематски истражувања на археолошкиот локалитет Градиште кај селото Црнобуки, Битолско, досега се пронајдени над 400 монети, информираат археолозите од Завод и музеј – Битола, пишува сдк.мк. Меѓу наодите има примероци од времето на Филип II Македонски, со претстава на богот Зевс, како и монети од Александар Велики, Октавијан Август и од повеќе антички градови како Пела, Тесалоника, Амфиполис и Дирахион. Дел од нив ...

Службеното возило „Ауди А6“, кое неколку години го користеше поранешниот градоначалник на Струга Рамиз Мерко, е продадено на јавна аукција за 1.350.000 денари (околу 22 илјади евра). Новиот сопственик е од битолското подрачје, дознава телевизијата Алсат. Средствата од продажбата ќе бидат наменети за отплата на дел од стариот долг на Општина Струга, го потврди актуелниот градоначалник Менди Ќира, објави 4news.mk Продажбата на возилото беше ...

Ранетата срна Бамби од Кичевско ја измами смртта! Иако беше пронајдена со речиси пресечени нозе од нелегална стапица, ова двомесечно суштество добива шанса за живот во топол селски дом. Таму веќе другарува со јаре спасено од кланица! По застрашувачкиот хорор кој неодамна се одигра во кичевскиот регион, каде што една невина и апсолутно беспомошна двомесечна срна, симболично наречена Бамби, беше пронајдена во исклучително критична здравствена ...

Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Северна Македонија, во гостување во централниот дневник во „Тема на денот“ на ТВ Сител вели дека за само две години просечната плата е зголемена за 8.000 денари, пензиите на пензионерите за 7.000 денари, растот на БДП од 1,8 проценти сега е 3,5 проценти, а во моментот се градат и шест автопатски делници, потенцирајќи дека Владата работи макотрпно и е насочена на реализација на проектите. ...

Тело за кое се сомнева дека му припаѓа на Александар Нешовиќ е пронајдено во буре во општина Инѓија. Се очекуваат обдукција и ДНК анализа. По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, телото ќе биде испратено на обдукција во Институтот за судска медицина во Белград, како и на ДНК анализа. Александар Нешовиќ е убиен на 12 мај во ресторан во Сењак, а по неговото тело се трага од 13 мај. Вишото јавно обвинителство во Белград соопшти ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
2.63
26%
1012
weather icon

Белград

29ᴼ / 28ᴼ
2.68
49%
1012
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
1.6
52%
1013
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
3.2
47%
1014
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
7.39
41%
1010
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 27ᴼ
0.45
47%
1013
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
3.13
44%
1012
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
1.76
70%
1015
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.55
78%
1015
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 28ᴼ
1.34
41%
1008
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 25ᴼ
3.58
41%
1012
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 29ᴼ
1.36
74%
1012
Currency

61.4762

Currency

54.0026

Currency

71.9957

Currency

37.7767

Currency

38.3694

Currency

66.1563

Currency

7.9902

Currency

0.69225

Currency

0.33143

Currency

0.52499

Currency

1.14296

Currency

0.56034

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.17

Бакар

12.76

Паладиум

40220.58

Сребро

1904.32

Родиум

263636.12

Злато

131467.62

Калај

54.05

Рутениум

53852.50

Платина

51987.76

Цинк

0.00

Иридиум

252383.36