Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 10.11.2025 година и со тоа малопродажната цена на малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,50 ден/лит. Малопродажната ...

На 16.11.2025 во 21:00 часот во близина на струшкото село Радолишта, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Франгово го приведоа О.Ц. (20) од Република Албанија. Тој претходно нелегално ја преминал македонско-албанската државна граница и бил затекнат како со патничко возило „сузуки“ без регистарски ознаки врши нелегален транспорт на огревно дрво без жиг и без да поседува соодветна документација. По целосно ...

Во периодот од 01.11.2025-16.11.2025 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 10.210 издадени платни налози, 2.983 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 55 лица, од кои 37 за ...

Pinterest ја претстави новата функција Pinterest Assistant – дигитален асистент со вештачка интелигенција кој им помага на корисниците полесно да откријат идеи за облека, мебел и други инспиративни стилови преку апликацијата. Овој асистент ги користи податоците од активноста на корисниците – зачувани пинови, табли и пребарувања – за да понуди персонализирани препораки што одговараат на нивниот вкус и естетика. Асистент што го разбира вкусот ...

Компанијата Samsung планира да инвестира 310 милијарди долари во технологија за развој на вештачка интелигенција во следните пет години, со цел да ја задоволи растечката глобална побарувачка. Јужнокорејскиот конгломерат објави дека најголем дел од инвестициите ќе бидат насочени кон технологијата што ја напојува вештачката интелигенција, вклучувајќи ја и напредната полупроводничка инфраструктура. Samsung Electronics, како водечки производител ...

Во вторник и во среда (18 и 19 ноември) нашата Македонија ќе биде зафатена од голем влажен воздушен бран од запад и истиот ќе биде поврзан со циклонски систем со центар над Џенова. Во ваква ситуација кај нас ќе дојде до голема промена на времето која ќе предизвика од запад во нашата Македонија да се прошируваат обилни врнежи од дожд. Локално овие врнежи ќе бидат обилни и поројни и проследени со појава на грмежи. Сето ова ќе биде проследено ...

ОВЕН Ако денес планирате патување или треба да се справите со авторитети, внимавајте да не ги прекршите правилата. Некој ќе промени нешто што не сте го очекувале, па на крајот сето тоа може да ве збуни. Концентрирајте се на истражување на ситуацијата, особено ако тоа е работа и ако мислите дека нешто треба да биде поинаку. БИК Треба да избегнувате какви било групни финансиски потфати и би било идеално да се држите настрана од какви било ...

Витаминот Ц е еден од најважните сојузници на организмот во борбата против настинки, вируси и замор. Освен што го зајакнува имунолошкиот систем, овој витамин придонесува и за здрава кожа, побрзо заздравување на ткивата и подобра апсорпција на железо. Наместо да се потпирате само на суплементи, можете лесно да го подготвите дома целосно природно и без додадени шеќери. Како да направите природен витамин Ц во прав Постапката е едноставна и не ...

На 11.11.2025 во 14:01 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосницата од ул. „4 Ноември“, ул. „Влатко Миленковски“ и ул. „Димитар Илиевски-Мурато“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Х.О. (20) од Битола и електричен тротинет „шаоми“, управуван од 20-годишната А.Р. од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Р., констатирани во ...

ОВЕН Ве очекува поволен период за работа. Може да се надевате на многу значајно подобрување. Можеби конечно наоѓате компромис и со партнерот некои работи се подобруваат. Намалете го внесувањето на јаглехидрати. БИК Не очекувајте да имате големи пресврти на деловно поле денес. Можеби не се сложувате најдобро со саканата личност и вашиот однос постојано се влошува. Проблеми со варењето. БЛИЗНАЦИ Може да очекувате позитивни околности. Денешниот ...

На 30.10.2025 околу 19:30 часот, по преземени оперативни мерки, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Б.Р. (59) од Скопје. Тој на 28.10.2025 околу 20:30 часот на ул.„Перо Наков“ во Скопје, со патничко возило „фиат сеиченто“ удрил во 11-годишна малолетничка од Скопје, по што со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, ...

Уште од самиот почеток на следната седмица судејќи според понатамошните нови излези на прогностичките модели ни следува нова голема промена на времето. Ќе бидеме под влијание на нов циклон со центар над Џенова и истиот ќе условува следната седмица да имаме чести и обилни врнежи од дожд проследени со повремено силен јужен ветер. Од она што во моментов можам да го кажам за јавноста е тоа дека ќе наврне големо количество на дожд во текот на ...

ОВЕН Оние од вас кои планираат пократко патување денес можеби ќе бидат задоволни, особено ако се работи за семејна посета. Не дозволувајте парите премногу брзо да излезат од контрола, обидете се максимално да ги контролирате вашите трошоци, како и вашите навики поврзани со секојдневниот шопинг. Нема да ја спасите ситуацијата ако понудите пари, наместо тоа да понудите време. БИК Разговарајте со оние луѓе кои имаат искуство во нешто поврзано ...

Компанијата Амазон соопшти дека ќе отпушти приближно 14.000 вработени од својата корпоративна работна сила. Претходните извештаи укажуваа дека бројката би можела да достигне и до 30.000 лица, но компанијата официјално потврди дека станува збор за 14.000 отпуштања. Од компанијата не беше прецизирано кои оддели се најмногу погодени од намалувањето на персоналот. Сепак, според достапните информации, отпуштањата ги зафатија тимовите задолжени за ...

ОВЕН Ова може да биде интересен ден на работа, бидејќи ќе имате голема помош и некој кој може да делува како посредник помеѓу вас и важен колега. Добри моменти во емотивниот сегмент, фокусирани сте на партнерот, а тој на вас. БИК Денеска сте во променливо расположение и тешко ќе се фокусирате на обврските. Во моментов повеќе сте фокусирани на емотивниот сегмент бидејќи сакате да му посветите време на вашиот емотивен партнер. Исчистете некои ...

Црвена Ѕвезда синоќа во Белград извојува убедлива победа над Панатинаикос со резултат 86:68, во рамките на 9. коло од кошаркарската Евролига. Најистакнати поединци кај домаќините беа Милер-Мекинтајр и Монеке, кои постигнаа по 14 поени, додека кај гостинскиот состав најдобар беше Слукас со 16 поени. Со овој триумф, „црвено-белите“ ја продолжија својата победничка серија на седум натпревари и се искачија на првото место на табелата со учинок 7 ...

Затнатиот одвод е чест проблем во секое домаќинство — водата престанува да се исцедува, а мијалникот почнува да испушта непријатни звуци и мириси. Наместо повторно да се потпирате на неефикасни мешавини од сода бикарбона и оцет, постои многу поедноставно и поефикасно решение. Зошто одводите се затнуваат Причината е секојдневното наталожување на маснотии, остатоци од храна и детергенти во цевките. Со текот на времето, тие формираат слој што ...

Добрата правосмукалка е клучна за чист и уреден дом, но многу луѓе несвесно ја оштетуваат или ја намалуваат нејзината ефикасност. Со неколку едноставни навики, можете да го продолжите нејзиниот век и да ја задржите во одлична форма. 1. Проверете ја цевката по секое користење Мали предмети често се заглавуваат внатре и го ослабуваат вшмукувањето. Проверувајте ја редовно — ако не можете да го извадите заглавениот предмет со рака, искористете ...

WhatsApp воведува нова безбедносна функција што им овозможува на корисниците целосна заштита од спам и потенцијални измами. Новата опција, наречена „Strict Account Settings“, е моментално во тест фаза за Android и iOS, а наскоро ќе биде достапна за сите. Функцијата делува како „екстремна заштита“, овозможувајќи целосно блокирање на линкови, фотографии, видеа и повици од непознати контакти. Со тоа, се ограничува пристапот до чувствителни ...

Длабок циклонски систем со центар над централна и над северозападна Европа и истиот од северозапад ќе се преместува кон северните и североисточните предели на Европа кај нас ќе услови да имаме многу ветровито време и да бидеме во топлиот дел од овој длабок циклонски систем кој ќе придонесе за натпросечно високи температури на воздухот. Сето ова ќе услови во следните денови кај нас да дува засилен, повремено силен ветер од јужен и од ...

Под влијание на циклонска активност со центар над Џенова, денот (недела 26 октомври) ни носи променливо време со локални врнежи од дожд и со засилен, повремено силен ветер од јужен и од југозападен правец. Особено обилни врнежи ќе има во западните предели и тоа особено во текот на ноќта кон понеделник кога ветерот повремено и локално ќе достигнува брзина дури до 90 км/час. Овие процеси особено во западните предели ќе бидат застапени во форма ...

Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна и сува воздушна маса од утре (среда 12 ноември) па се до крајот на оваа недела во Македонија времето ќе биде стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе биде претежно тивко а наутро ќе биде и значително поладно поради разведрувањето со температури кои на повеќе места ќе се спуштаат до околу или за неколку степени под нулата па така на повеќе ...

Овен Пристапете се чекор по чекор денес, бидејќи тоа е како да се движите низ минско поле! Ситуацијата на работа се заканува да експлодира, а со партнерот треба да бидете внимателни бидејќи имате преголеми очекувања и може да се разочарате. Пазете се од повреди ако планирате да спортувате барем рекреативно. Бик Дневниот хороскоп предвидува дека сте преокупирани со некој проблем во куќата за чие решавање ќе бидат потребни финансиски ...

Ивица Попоски од Охрид се бори со тешка хронична болест на бубрезите „стадиум 5“ и оди на хемодијализа од 2016 год. Поради итна операција и лекување во Турција, потребна му е финансиска помош за да може да ја извојува најважната битка за здравствена состојба. Ивица е посветен сопруг и татко на две деца, и секоја донација, без разлика на износот, значи многу за него и неговото семејство. Сега сме најважни за нашиот другар кој често доаѓаше и ...

ouTube воведе нова интерактивна функција – копчето „Ми се допаѓа“ сега може да ве награди со кратка, забавна анимација секогаш кога ќе лајкувате одредено видео. Оваа функција беше најавена уште во средината на октомври како дел од серија ажурирања на интерфејсот на платформата, чија цел е подобро и поинтерактивно корисничко искуство. 20 различни анимации според жанрот на видеото Моментално се достапни околу 20 различни анимации, прилагодени ...

Јапонскиот технолошки конгломерат SoftBank објави дека целосно го продал својот удел во Nvidia за 5,83 милијарди долари, со што ја заокружи една од најпрофитабилните инвестиции во своето портфолио. Во својот најнов финансиски извештај, компанијата потврди дека во октомври продала вкупно 32,1 милион акции на Nvidia. Покрај тоа, SoftBank продал и дел од својот удел во T-Mobile за 9,17 милијарди долари, продолжувајќи со стратегијата за ...

Почитувани кичевчани, драги сограѓани. Со голема радост преку нашиот медиум како главен медиумски покровител, вашиот кичевски крик кој од 2017-та ја зрачи позитивната енергија во онлајн етерот и како дел од организацијата ја имаме таа чест премиерно да Ве известиме дека и оваа господова година 2026 традиционално ќе се реализира кичевскиот хуманитарен „Божиќен Базар“ позициониран на градскиот плоштад – Кичево, почнувајќи од 2-ри јануари ...

Бубрезите се еден од најважните органи во човечкото тело, а нивната здравствена состојба е клучна за целокупното функционирање на организмот. Болките предизвикани од бубрежни камења се меѓу најинтензивните што човек може да ги почувствува, а проблемите со бубрезите можат да се појават од различни причини. Бубрежниот каменец е чест здравствен проблем што ги погодува милиони луѓе ширум светот. За оние кои сакаат природен начин да ги поддржат ...

ОВЕН Работа – Пред вас е малку потежок месец, полно со искушение што се однесува до работата и работната атмосфера. Бидете внимателни во комуникацијата со колегите и партнерите, бидејќи во вашето опкружување постојат луѓе кои само чекаат на некоја ваша грешка, или било што, што би можело да се нарече грешка. Не дозволувајте никој да ве изманипулира, измами и натера да направите нешто што не би требало да го направите бидејќи би можело да се ...

На 10.11.2025 на стадионот во Кратово, за време на одигрување на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Силекс“ од Кратово и ФК „Шкупи“ од Скопје, полициски службеници од ОВР Кратово констатирале прекршоци од Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортските натпревари. Имено, за време и по завршување на натпреварот, констатирано е дека С.Ч.(31), С.Д.(28), Д.И. (29), М.Т.(28), С.П.(27) и Т.К.(45), сите од Кратово, недолично ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
0.51
93%
1013
weather icon

Белград

9ᴼ / 6ᴼ
5.66
63%
1008
weather icon

Загреб

6ᴼ / 2ᴼ
0.51
76%
1005
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1012
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
2.12
91%
1013
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
0.51
95%
1005
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
2.06
72%
1013
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
62%
1010
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
93%
1011
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1013
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
2.57
91%
1008
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
3.6
93%
1014
Currency

61.63

Currency

52.5

Currency

70.9922

Currency

36.204

Currency

38.25

Currency

67.2401

Currency

7.52839

Currency

0.69597

Currency

0.3372

Currency

0.52872

Currency

1.21051

Currency

0.57289

Бакар

11.75

Рутениум

45750.51

Паладиум

57453.38

Родиум

324722.54

Платина

74080.83

Злато

147776.72

Сребро

2897.70

Алуминиум

3.13

Иридиум

198077.91

Кобалт

62.83

Калај

49.66

Цинк

3.20