Една од таквите приказни е онаа за Словените „од зад Карпатите“: претставата дека во VI и VII век големи популации од источна и североисточна Европа се придвижиле кон Дунав и кон Балканот и постепено го промениле етно-јазичниот состав на регионот, ги поминале Карпатите и за неколку децении ја населиле и асимилирале практично цела Југоисточна Европа. А што се случило со оние што биле таму? Каде се некогашните Германци, Илири, Траки, Македонци, ...
Пред сериозно да се занимавам со проучување на наведеното во ЗАБРАНЕТА ИСТОРИЈА (1), напишав колумна со наслов „Сага за народот во бестрага“. За читателите на таа колумна, ова ќе биде едно покусо резиме… Најголемиот проблем со класичната задкарпатска хипотеза не е само географскиот. Тој е и логистички. Замислете го процесот што се бара да го прифатиме. Цели популации – со жени, деца, старци, добиток, храна, алати и целиот материјален свет ...

