Меѓународното признавање на Палестина претставува награда за Израел. Израел треба да им се заблагодари на сите тие држави, бидејќи признавањето е замена за вистинскиот потег што треба да се преземе сега – воведување санкции. Признавањето е лажна замена за санкции и казна што ѝ следува на земја која врши геноцид. Тоа е неискрен и празен гест преку кој неодлучните и слаби влади на европските земји сакаат да им покажат на своите незадоволни граѓани ...

Израел размислува да ја прекине безбедносната соработка со Обединетото Кралство доколку таа признае палестинска држава во септември, јавуваат израелските медиуми. Обединетото Кралство претходно објави дека ќе ја признае Палестина доколку Израел не се согласи на прекин на огнот што би ја завршил тековната војна против Хамас во Појасот Газа. „Лондон треба да биде внимателен бидејќи премиерот Бенјамин Нетанјаху и неговите министри имаат карти што ...