
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Во 7 часот пред зградата на Министерството за образование започна собирот на просветните работници собрани околу Универзитетот Бунтовник и основните и средните училишта ПУЛС, незадоволни од изборот на новиот министер за образование Дејан Вук Станковиќ, чиј прв ден на новата функција е денеска. Направиле барикада од двете страни на влезот во министерството и чекаат да пристигне министерот. Како што изјавија, нема да го спречат да влезе во ...
Ватикан соопшти дека погребот на папата Франциск ќе се одржи в сабота, 26 април во 10:00 часот по локално време. Папата Франциск во својот последен тестамент потврдил дека сака да биде погребан во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим, а не во базиликата Свети Петар во Ватикан, каде што е последното почивалиште на многу негови претходници. Во тестаментот што синоќа го објави Ватикан, Франциск јасно ја изрази желбата да биде погребан „во земја, ...
Ватикан утрово ги објави првите фотографии од телото на папата Франциск. Папата Франциск е положен во едноставен дрвен ковчег, со бројаница меѓу рацете, митра на главата и облечен во црвена литургиска одежда, еден ден откако почина од последици од мозочен удар во неговиот апартман во Домот Света Марта. Покрај ковчегот се наоѓаат швајцарската гарда и кардиналот Пјетро Паролин. Телото на папата Франциск сè уште се наоѓа во Домот Света Марта, каде ...
Синдикатот на културата денеска ќе одржи протестен совет пред Министерството за култура поради неисплатените плати и како што соопшти, обидите за непочитување на колективните договори. Повод за овој протестен Совет во проширен состав пред Министерството за култура и туризам е ударот врз достоинството на културните работници, ненавремените и јасни насоки за пресметка на плата од Министерството за култура, постојаните обиди за непочитување на ...
Емилија Целакоска: И оваа власт им оди на рака, оти сличните наци ѓонови му даваат оправдание на вмро за анти ЕУ постапки. За возврат другите наци со помош на тие постапки нѐ извикуваат против како држава, со што вмро, како наци, си се зајакнува од тип “мие сне браникот”. И така во круг си се јакнат, но само Македонија како држава страда. Појасно од овие детали во статијата дека јако вмро е слаба Македонија – здравје. До кај стигнавме – од ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека има намера да отиде на погребот на папата Франциск, кој почина вчера на 88 -годишна возраст. „Меланија и јас ќе одиме на погребот на папата Франциск во Рим“, напиша Трамп за социјалната мрежа Social Truth. Американскиот претседател претходно вчера нареди да се спуштат знамињата на половина копје на сите јавни згради во САД во чест на папата Франциск, кого го нарече „добар човек кој вредно ...
Воздухопловството на Вооружените сили на Украина успешно погоди локација во близина на селото Тјоткино во Курската област, од каде руската војска лансира јуришни дронови, соопшти денеска Генералштабот на Вооружените сили на Украина. Според наводите на украинскиот Генералштаб на Фејсбук, руската војска го користела погодениот објект во Курск за подготовка, опремување и лансирање извидувачки и нападни дронови, вклучувајќи и беспилотни летала, ...
Денеска повторно, по четврти пат, пропадна обидот за конституирање на косовскиот парламент, бидејќи кандидатката за претседател од Самоопределување, Албуљена Хаџиу, не доби доволен број гласови. Пратеникот од Самоопределување, Глаук Коњуфца, изјави дека тие и понатаму го предлагаат истото име, Албуљена Хаџиу, и нагласи дека, со оглед на тоа што другите партии се изјаснија против нејзиниот избор, потребно е дополнително време за консултации. ...
Земјите ширум светот почнаа подготовки за одбележување на наследството на папата Франциск, кој почина денеска, јави Би-Би-Си. Ватикан одржи јавна молитвена служба во 19:30 часот по локално време. Во Аргентина, родната земја на Папата, се прогласени седум дена национална жалост. Бразил исто така прогласи еднонеделна национална жалост, за која претседателот Лула вели дека е во чест на неговото дело. Во Австрија, црковните ѕвона ќе ѕвонат низ ...
Пожар избил во стан во скопската населба Аеродром, а сопственикот се здобил со изгореници. Заедно со неговиот син поради вдишување на чад се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Вчера во 5:14 часот во СВР – Скопје било пријавено дека во зграда на подрачјето на општина Аеродром, настанал пожар во стан, сопственост на П.Д., на возраст од 74 години. Од пожарот, со изгореници се здобил сопственикот и заедно со неговиот 52-годишен син ...
Агенцијата за храна и ветеринарство пред Велигден спровела 617 вонредни контроли при што уништени се 1 740 килограми небезбедна храна. При контролите утврдено е дека 16 оператори не ги задоволуваат хигиенските барања за безбедност на храната и техничките услови во објектите, а четири оператори не ги спровеле задолжителните здравствени прегледи на вработените или тие имале санитарни книшки со истечен рок на важност. Пет од операторите не биле ...
Пентагон ги отфрли извештаите дека американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет споделил доверливи информации во врска со плановите за воени напади против јеменските бунтовници Хути на апликацијата за пораки Сигнал, јави ДПА. Портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, ја отфрли веродостојноста на извештаите на медиумите, истакнувајќи дека тие се засновани на „поплаки од незадоволни поранешни вработени“. Високиот советник на Хегсет, Ден Колдвел и уште ...
Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет споделил детали за напад на Хутите во Јемен во група за размена на пораки на платформата Сигнал, во која биле вклучени неговата сопруга, неговиот брат и адвокат, објави „Њујорк Тајмс“. Како што е наведено, Хегсет наводно ги споделил истите детали за нападот кои се објавени минатиот месец во списанието „Атлантик“. Според неименувани извори на кои се повикува њујоршкиот весник, во таа група станало збор ...
Прекинот на огнот што Русија го прогласи во зоната за специјална воена операција за Велигден истече на полноќ по московско време, при што и Русија и Украина изнесуваа различни тврдења за почитување или прекршување на примирјето. Прекинот на огнот, кој стапи на сила на 19 април во 18 часот, беше на сила за време на велигденските празници. Експлозии утринава се слушнаа во неколку украински градови, меѓу кои Николаев, Черкаси и Херсон, за време на ...
Бранко Тричковски: Американскиот индивидуализам се преведува како „хо-јен-чуи“, секој човек за себе, себичност; слобода на кинески тоа е „тцу ју“ што значи да се биде надвор од контрола, да правиш што сакаш без да ги следиш своите одговорни должности, бесконтролност. Македонскиот индивидуализам се пројавува само на нивото на расипаност, инаку тоа е безлична маса која во светот на слободата се однесува како медуза во благо разбранувано море. Ние ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на социјалните мрежи објави информации за состојбите на теренот и т.н. 30-часовен Велигденски прекин на огнот што го прогласи Путин вчера. Тој се потпира на извештајот од командантот на украинските одбранбени сили, генерал Сирски, за сосотјбата на фронтот до 6:00 часот наутро. Од извештајот се дознава дека во различни насоки на линијата на фронтот, се забележани 59 случаи на руско гранатирање и пет ...
Овогодишниот Велигден го доживуваме поразлично од досега, по страшниот пожар во Кочани во кој пострадаа шеесетина наши чеда, а повеќе од двесте беа повредени. Трагедијата за кусо време, како ретко кога, го сплоти во тага и во молитви сиот наш народ, но и сите оние коишто сочувствуваа со нас. Истовремено, кочанското страдање на најсуров начин повторно нè соочи со немилосрдната стварност на смртта. Во молитвеното испраќање на овие млади луѓе и во ...
Русија и Украина денеска на Велика сабота повторно разменија воени заробеници. Вкупно 246 руски и украински војници се разменети на неодредена локација на границата со Белорусија, соопшти Министерството за одбрана во МоскваДополнително, како гест на добра волја, разменети се 31 ранет воен затвореник за 15 ранети руски војници на кои итно им е потребна медицинска помош, се вели во соопштението. Во размената посредувале Обединетите Арапски ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази скептицизам во врска со едностраниот велигденски прекин на огнот, објавен денеска од рускиот претседател Владимир Путин. Во објава на социјалните мрежи оцени дека станува збор за нова манипулација на Путин, но не открива дали примирјето е прифатливо за Киев. -Што се однесува до новиот обид на Путин да манипулира со човечките животи – сирените за воздушен напад моментално се огласуваат во многу ...
Пред една година зборувавме за спојување, но сите инсистира дека треба да останеме четири партии. Реков ако останевме четири треба да излеземе со сопствени советнички листи. Ништо повеќе туку АА да излезе со своја советничка листа, да видиме колку тежиме, колку не вреднуваат граѓаните. Уште пред една година им кажав дека добро би било да се споиме, но немаат интерес. За градоначалници им оставив простор заедно да излеземе, но категорично бевме ...
Бранко Тричковски: Вморонската одбрана на националните и државни интереси е друго име за смртта на Македонија. Таа е, како што гледаме, насекаде. А и никаде, ако се праша излудениот и оглупавен Македонец. Кој не гледа подалеку од носот затоа што мозокот му е измиен во комитска мочка на многу висока температура. Смртта е сѐ. Нашите животи поминуваат во допир и гушкање со смртта. Во насилство и државен терор. И така ќе биде дур сме со вмро. Оти ...
На протестниот марш во Кочани сведочеше девојка која била присутна во дискотеката „Пулс“ кога избувнал пожарот во Кочани каде што загинаа 62 лица, а над 150 беа повредени. Таа вели полицајците кои биле присутни пред дискотеката „Пулс“ не мрднале со прст, само стоеле и гледале! Не можев да дишам, не можев воздух да земам. Полицаецот кој беше присутен само стоеше и гледаше. Го фатив за раката оди помогни, оди помогни извади деца помогни. Он само ...
Семејствата на загинатите и роднините на жртвите од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска по трет пат организираа протестен марш. Со ова тие ја изразија својата жалост и незадоволство од досегашната реакција на властите, барајќи правда за загинатите и побараа одговорност од надлежните институции. Маршот започна во Паркот на револуцијата и продолжи преку главните улици, минувајќи покрај Општината, Министерството за внатрешни ...
Велат ова не е само морален пад на еден функционер – ова е вистинското лице на една власт што не знае што значи одговорност. Дестан Јонузи Истрагата за кочанската трагедија е фокусирана само на минатото, а не и на моментите кога се случил кривично-правниот настан ниту на актуелни полициски функционери, обвинува опозицијата. – Кој е одговорен за пожарот во кој згаснаа 61 млади животи а околу 200 млади луѓе беа повредени? – Кој ќе одговара за ...
Нашата работа е да се погрижиме да не бидеме преоптоварени бидејќи Трамп ја поплавува зоната. Мора да се фокусираме на приказните кои ќе имаат најголемо влијание врз животите на луѓето, а истовремено ќе ги држиме на одговорност моќните. Кетрин Винер Генералниот секретар на НАТО Марк Руте го посети јужниот украински град Одеса со претседателот Володимир Зеленски и изјави „непоколеблива“ поддршка за Украина по рускиот напад врз северниот град ...
Групи студенти и граѓани продолжуваат да ги блокираат зградите на Радио телевизија на Србија (РТС) во Таковска и Кошутњак, а утринската програма денеска не се емитува. Моторџии им се придружија на студентите во блокадата пред главниот влез на РТС, а аголот на улиците Таковска и Илија Грашанина се уште е блокиран со контејнери и огради. Учениците во блокадата стојат на улица и се шетаат и покрај дождот што паѓаше во текот на ноќта и утрото, а ...
Извршен е увид на местото на сообраќајната несреќа што синоќа се случи на патот Кичево – Гостивар во која загинаа три лица, а осум беа повредени. Државното јавно обвинителство утринава соопшти дека од местото на несреќата подигнати се траги кои ќе бидат предмет на вештачење, а телата на починатите се дадени на обдукција и дадена е наредба за испитување на евентуално присуство на алхокол или други супстанции кај повредените. По насоки на јавниот ...
Во Кочани за денеска во 12:05 часот е најавен нов протестен марш на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“. Ова е трет протестен марш што го одржуваат семејствата на настраданите по последниот одржан на 12. април. Протестниот марш ќе започне од Градскиот парк во Кочани и ќе продолжи кон Општината и Министерството за внатрешни работи. Семејствата на настраданите на последниот протест искажаа незадоволството од задоцнетата ...
Повеќе измешани пораки доаѓаат од САД, а Џеј-Ди Венс сега вели дека е оптимист дека може да се постигне мир во Украина, само неколку часа откако Марко Рубио рече дека Вашингтон е подготвен да ги напушти разговорите поради недостиг на напредок, јави Скај Њуз. Американскиот потпретседател ова го изјави на средба со италијанската премиерка Џорџа Мелони во Рим. Со оглед на тоа што има преговори, нема да ги прејудицирам, но се чувствуваме оптимисти ...
Најмалку 11 Палестинци, меѓу кои две деца и една жена, се убиени во синоќешниот израелски напад со беспилотно летало врз дом во северниот дел на Газа, велат палестински извори. Палестинската новинска агенција Вафа објави дека израелските беспилотни летала испукале неколку проектили врз семејна куќа во областа Тел ал Затар, предизвикувајќи штета и повредувајќи неколку лица кои се наоѓале во домот. Израелската армија вчера уби најмалку 45 ...