Во израелски воздушен напад врз трикатна зграда во Газа се убиени 10 лица, од кои половина се деца. Три жени и пет деца се меѓу загинатите во воздушните напади рано наутро во населба во западниот дел на градот Газа, соопшти болницата Шифа, која ги прими телата. Израелската армија соопшти дека нападнала скривалиште на милитанти на Хамас. Хамас денеска објави дека испратил делегација во Каиро за да се обиде да го обнови примирјето, кое беше ...

Венко Филипче: Социјалдемократскиот сојуз е единствената вистинска државотворна партија која низ историјата секогаш била на страната на интересите на државата и граѓаните. Во овие 34 години, СДСМ покажа дека со искрени и храбри одлуки секоја зацртана цел и успех се остварливи. И горди сме на секој национален успех, на секоја политика која придонела граѓаните да се чувствуваат подобро. Низ годините поминавме многу премрежја, но никогаш не ...

Русија ја врати контролата врз Курск, пограничниот регион каде Украина изврши ненадеен напад минатата година, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин. Во својот говор тој рече дека повторното заземање на Курск создава услови за понатамошни успешни операции на фронтот. Нема реакција од Кијив на тврдењата на Путин но, претходно, украинскиот Генералштаб изјави дека украинските сили сè уште дејствуваат во Курск. Украина ја започна својата ...

Администрацијата на Трамп очекува и промена на расположението во Европа поради растечкиот замор од војната и можната економска рецесија, поттикната делумно и од новите трговски царини. Американскиот претседател Доналд Трамп се заканува со напуштање на мировните преговори за Украина доколку идната недела не се постигне договор за Украина, јави денеска лондонски „Тајмс“ повикувајќи се на свои извори. Украинскиот претседател Володомир Зеленски ...

Бандар Абас: Силна експлозија одекна во пристаништето Шахид Раџаи во јужниот ирански град, јавија иранските медиуми. Претставник на локалната самоуправа изјави дека сè уште е непозната причината за експлозијата. Најмалку 195 луѓе се повредени. -Експлодираа неколку контејнери складирани на едно од пристаништето Шахид Раџаи. Моментално евакуираме луѓе и ги транспортираме повредените во медицинските установи“, изјави претставник на локалните служби ...

„Задоцнета реакција“. Ова беше мотото на денешниот протестен марш на семејствата на загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На 16 март како последица на пожарот во оваа дискотека загинаа 62 лица. Со слики во рака од своите најмили, маршот го почнаа од Паркот на револуцијата, се движеа кон трговскиот центар, потоа кон Општина Кочани. Тие го изразија својот револт кон институциите и новното неработење. Маршот продолжи кон МВР при што укажаа ...

Земјотрес со јачина од 6,3 степени го погоди брегот на Еквадор, оштетувајќи згради во градот Есмералдас и привремено затворајќи дел од нафтената инфраструктура. Земјотресот се случил на длабочина од 23 километри, според податоците на EMSC. Владата изјави во прелиминарниот извештај дека едно лице било повредено и неколку јавни згради и приватни домови биле оштетени. Во некои области, земјотресот го прекинал снабдувањето со електрична енергија. ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес јасно ја отфрли тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека „Крим ќе остане во Русија“, велејќи дека полуостровот ѝ припаѓа на Украина. Нашиот став е непроменет: само украинскиот народ има право да одлучи кои територии ѝ припаѓаат на Украина, изјави Зеленски пред новинарите во Кијив, додавајќи: Уставот на Украина вели дека сите привремено окупирани територии… ѝ припаѓаат на Украина, ...

Советот на ЕУ денеска донесе одлука за доделување на 15 милиони евра помош во рамките на Европскиот мировен инструмент (ЕПФ) за зајакнување на одбранбените капацитети и способности на Армијата на Република Македонија и нејзината оперативна подготвеност. Денеска се согласивме да и обезбедиме на Македонија дополнителна поддршка од ЕУ во вредност од 15 милиони евра за нејзината Армија, изјави во врска со одлуката високата претставничка за ...

Ќенан Алиу: Би немало оправдување премиерот да ја отстрани Алијансата од владата. Од друга страна, тоа ќе зависи и од самата партија Алијанса за Албанците во врска со тоа дали ќе им биде згодно да поднесат оставки без никаква причина. Мислам дека само со задржување на Алијанса за Албанците во владата, премиерот политички би ја оневозможил изборната кохабитација со опозициската ДУИ. Спротивно на тоа, изборната кохабитација може да ја наметне на ...

Борче Трајковски: Го повикувам јавното обвинителство да направи темелна истрага во редовите на ДПМНЕ за нивната вмешаност во разбојништвото во домот на пратеникот Фатмир Битиќи. Сомнежот за нивна директна вмешаност според мене е оправдан. Како едвај да чекаа да се случи ова, за да почнат да ги поставуваат најглупите прашања, како например: Од каде му се толку пари, од каде толкав накит, од каде скапи рачни часовници, зошто во сефот чувал и ...

Три лица загинаа, меѓу кои и едно дете, а осум беа ранети во рускиот напад врз украинскиот град Павлоград во вторникот, објави регионалниот гувернер на регионот Дњепропетровск, Сергеј Лисак. Агресорот повторно изврши масовен напад врз регионот со беспилотни летала, напиша Лисак на Телеграм, додавајќи дека 11 беспилотни летала се уништени во областа. Регионалниот гувернер, исто така, посочи дека шестмина од повредените се хоспитализирани, додека ...

Градоначалникот на Кијив, Виталиј Кличко, изјави за Би-Би-Си дека Украина можеби ќе мора да отстапи дел од територијата како дел од мировниот договор со Русија, поради зголемениот притисок од претседателот Доналд Трамп да прифати територијални отстапки. Едно од сценаријата е да се отстапи територија. Тоа не е фер. Но, за мир, привремен мир, можеби тоа може да биде решение, привремено, рече тој, според Би-Би-Си. Но, 53-годишниот поранешен шампион ...

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, повикувајќи се на извештај на Врховниот командант на украинската армија, Александар Сирски, утринава изјави дека руските сили се обидуваат да ги искористат воздушните напади како параван за засилени копнени напади, но дека овие напади биле одбиени. Русите, всушност, се обидоа да извршат копнени напади под покритие на нивните масовни воздушни напади, рече Зеленски на Телеграм. Тој додаде дека додека ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, вчера, по разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп и високи членови на американската администрација во Вашингтон, изјави дека Русија останува долгорочна закана за Алијансата, пренесе ДПА. -Сите се согласуваме во Алијансата дека Русија е долгорочна закана за територијата на НАТО – за целата евроатлантска територија, изјави Руте по состанокот во Белата куќа. Запрашан за можноста за мировен ...

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека подготвеноста на Русија да не ја освои целосно Украина претставува „многу голема отстапка“ од страна на Москва, јави ДПА. Зборувајќи на состанокот во Белата куќа со норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе, Трамп беше прашан од новинар какви отстапки понудила Русија за да се постигне мировен договор со Киев. Трамп одговори: Запирање на војната, запирање на преземањето на целата земја. ...

Зоран Иванов Не сум одамна во пристојно капацитетна редакција па не можам ревносно да проверам но … Но ако е точно ова што се врти по соцејалниве мрежи, ева де ова подолу во наводите: “Панче ли ќе го менува системот,? Во Велес му ја апси конкуренцијата на татко му Ташко кој во 2013 година е ОСУДЕН за измама на 8 лица, ветувајќи им дека за одреден паричен надомест (од 3.000-4.000 евра) ќе им обезбеди инвалидска пензија…”, тогаш, … Тогаш Панче, ...

Студентско пленумско движење утре организира мирен собир на платото на УКИМ. Собирот го најавија во 17 часот, во 17:30 часот планирано е да се упатат кон Основниот кривичен суд, а таму да одржат 62-минутен молк. Во сабота се навршуваат 40 дена од злосторството во Кочани. Огнот и отровниот чад во Пулс одземаа цела генерација младост на еден град. Пролетта во него пристигна завиена во црно. Ве повикуваме во петок, на 25.4.2025 година на мирен ...

„Донесов одлука за суспендирање на сите исплати на буџетски средства за финансирање на партиите СНСД и Обединета Српска, изјави денеска високиот претставник во Босна и Херцеговина“, Кристијан Шмит. Тој додаде дека сите буџетски средства за финансирање на овие партии на сите нивоа на власт во БиХ ќе бидат суспендирани и пренасочени на посебна сметка во Централната банка на БиХ. „Оваа одлука ги поддржува напорите на институциите на БиХ да се ...

Јавното обвинителство доставило предлог за мерки за претпазливост за претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Татјана Димитровска, во рамки на предметот „Адитив“. Како што соопштуваат од Основен Кривичен суд Скопје, во моментов Димитровска се наоѓа во Судот и треба да биде изведена пред судија на претходна постапка. Оттаму најавуваат дополнителни информации за решение по предлогот. Од обвинителството за гонење на ...

Соединетите Американски Држави планираат да побараат од Русија експлицитно да го признае правото на Украина да има свои вооружени сили и одбранбена индустрија како дел од мировниот предлог, пишува денеска Блумберг, повикувајќи се на свои извори. Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф се очекува да го покрене ова прашање на следната средба со рускиот претседател Владимир Путин, според изворите, кои зборуваа за Блумберг под услов на ...

Сабина Факиќ: Речиси и да нема кривична пријава за висок функционер, а таа да не е поврзана со јавните набавки. Со измени на Законот за јавни набавки неодамна се укина управната контрола на тендерите. ДКСК зезема крајно загрижувачки став и иницира ограничување на јавен пристап до документи за јавните набавки. Пораката е крајно негативна и потврдува отуство на намера за ефикасна борба против корупцијата. ДКСК треба да го штити јавниот интерес, а ...

Американската сојузна држава Калифорнија се искачи на четврто место на глобалната ранг-листа според номинален бруто-домашен производ (БДП) и ја надмина Јапонија, соопшти администрацијата на гувернерот Гевин Њусом. Според најновите податоци од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Бирото за економска анализа на САД, БДП на Калифорнија достигнал 4,1 трилиони долари, што е повеќе од јапонските 4,02 трилиони. Со тоа, американската сојузна држава се ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп на мрежата „Трут соушл“ (Truth Social) го повика рускиот претседател да запре со нападите врз Киев. Не сум задоволен со руските напади врз Киев. Непотребни се и се во многу лош момент. Владимир, ЗАПРИ! Неделно гинат по 5.000 војници. Да го завршиме мировниот договор!, напиша Трамп на својата социјална мрежа. Русија утрово го нападна Киев со голем број дронови и ракети. Според украинските власти Русија истрелала ...

Многу жители на Истанбул ноќта ја минаа на отворено, плашејќи се да се вратат во своите домови, по силниот земјотрес и над 180 последователни потреси, јавија американските медиуми. Во земјотресот со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала што вчера погоди област на 40 километри југозападно од Истанбул, најмалку 236 лица добија помош поради повредите што ги добиле кога се обиделе да скокнат од згради или поради напади на паника. Повеќето ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите соопшти дека кон крајот на јули или почеток на август треба да се распишат локалните избори. Информира дека е побарано да се одржи јавна расправа во Собранието околу измените на Законот за локална самоуправа кои од Министерството за локална самоуправа се најавуваат веќе одреден период. Гаши нагласи дека на следната пленарна седница која треба да се одржи на 29 април се ...

Во Белата куќа се водат внатрешни дискусии за можното укинување на санкциите за руските енергетски проекти, вклучувајќи го и гасоводот Северен тек 2, како дел од напорите за постигнување мир во Украина, дознава американски Политико од извори запознаени со ситуацијата. Американскиот специјален пратеник за Блискиот Исток Стив Виткоф ја предводи иницијативата за олеснување на санкциите, додека државниот секретар Марко Рубио и секретарот за ...

Гром вчера попладне погодил едно лице од прилепското село Мажучиште, по што било пренесено во Итна медицинска помош во Прилеп каде била констатирана неговата смрт, соопшти утрово Центарот за управување со кризи. Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Битола, информира, дека преку 112 во ЦУК во 17:39 часот, била добиена пријава за починато лице за коешто јавувачот известил дека најверојатно е погодено од гром во село Мажучиште, Општина ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека мисли дека има договор и со рускиот претседател Владимир Путин и со украинскиот претседател Володимир Зеленски за решавање на војната во Украина. Сепак, Трамп им рече на новинарите во Белата куќа дека договорот со Зеленски е „оставен да виси во воздух“, велејќи дека со Зеленски е „потежок за преговарање“ од Путин, објави Ројтерс. Американскиот претседател рече дека може да се сретне со Путин ...

Во масовниот руски напад врз Кијив во текот на ноќта загинаа девет лица, 63 беа повредени, а 42 лица беа хоспитализирани, меѓу кои шест деца, соопшти Државната служба за итни случаи на Украина. Во нападот се оштетени станбени згради, а потрагата по луѓе под урнатините е во тек, објави Укринформ. Пријавени се пожари во гаражи, административни и деловни згради, а изгорени се и автомобили и сува трева поради паѓање на запалив отпад. Противпожарните ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
7.2
41%
1019
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
1.03
61%
1021
weather icon

Загреб

27ᴼ / 23ᴼ
1.54
62%
1022
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
4.12
56%
1020
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.97
52%
1019
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 22ᴼ
1.03
74%
1023
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
10.28
54%
1011
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
2.06
34%
1015
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
32%
1017
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 21ᴼ
4.12
61%
1018
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 23ᴼ
4.12
50%
1021
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
9.77
50%
1014
Currency

61.525

Currency

52.5197

Currency

72.0328

Currency

34.2833

Currency

38.3069

Currency

65.7588

Currency

7.32673

Currency

0.6714

Currency

0.36257

Currency

0.52345

Currency

1.31598

Currency

0.61434

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15030.00

Рутениум

21637.45

Калај

34.19

Сребро

1157.12

Злато

105266.98

Бакар

10.18

Паладиум

36394.65

Платина

43046.71

Родиум

175221.57

Цинк

2.75