Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Џон Ратклиф, вчера оствари ненадејна и строго тајна посета на Москва, потврдија американските претставници. Тоа е неговото прво јавно познато патување во руската престолнина, а се случи во време кога САД се обидуваат да ги прекинат војните во Украина и Иран, а Вашингтон собира разузнавачки информации за руските подготовки за нова мобилизација и ја тестира решителноста на НАТО, ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 37 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, во попладневните часови во делови во котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ...
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски вели дека земјава ќе продолжи да се развива во дигиталната сфера и оти ќе има нови инвестиции во високи технологии. Неговата најава доаѓа откако денеска Советот на Општина Пехчево, едногласно, со девет гласа „за”, меѓу кои пет од советници на ВМРО-ДПМНЕ, ја тргна од дневен ред точката за изградба на дата-центар во ова населено место. Андоновски, во објава на својот фејсбук-профил, ги ...
Пожари и денеска се активни во пет општини во Црна Гора – Херцег Нови, Даниловград, Колашин, Цетиње и Никшиќ, соопшти црногорското Министерство за внатрешни работи, а пренесе весникот „Вијести“. Службите за заштита и спасување во Никшиќ и Херцег Нови побараа помош од воздухоплови за гаснење на пожарите во Јасеново Поле и во Ѓеновиќи. Пожарот во Ѓеновиќи, во југозападниот дел на земјата, и натаму гори, а во општина Никшиќ огнот е активен и во ...
Сите мини во меѓународните води на Ормуска Теснина се активирани или отстранети и на Иран му е соопштено дека секој брод или чамец што ќе поставува нови мини ќе биде уништен, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп. Во објава на својата социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social), Трамп напиша дека САД преку Вселенските сили го набљудуваат секој сантиметар од Ормуска Теснина. „Ќе има политика на нулта толеранција кон ...
Украина се чини дека полека ја губи војната против Русија и има уште неколку месеци да донесе клучни одлуки за да го сврти текот на конфликтот во своја корист – изјави за Ројтерс разрешениот украински министер за одбрана Михаило Федоров, пренесуваат западни медиуми. – Мислам дека сега сме на пресвртница што ќе ја одреди нашата иднина, но изгледа дека постепено, полека губиме – изјави Федоров, значително отстапувајќи од официјалната реторика ...
Земјоделците од Струмичкиот Регион денеска одржаа протест и ја блокираа подрачната единица на Министерството за земјоделство во Струмица, изразувајќи го своето незадоволство од драстичниот пад на откупните цени на црвената пиперка ајварка. Тие обвинуваат дека откупувачите не го почитуваат договорот постигнат на 12 овој месец, кога со посредство на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски беше договорено ...
Легендарната американска пејачка и авторка Доли Партон почина на 80-годишна возраст, соопшти нејзиното семејство. Веста беше објавена денеска на социјалните мрежи, а ја потврдија повеќе американски и британски медиуми, како и Ројтерс. Засега не е објавена официјална причина за смртта. Партон во последниот период имаше здравствени проблеми поради кои откажа и одложи повеќе јавни настапи. Само неколку дена пред смртта таа зборуваше за својата ...
Жител на тетовското село Волковија пријавил во полиција дека некој пукал во неговиот бик со воздушна пушка и го повредил животното. Случајот бил пријавен на 24 август во 12:45 часот во СВР Тетово. Пријавата ја поднел 59-годишниот Б.П. од Волковија, кој информирал дека на неговото домашно животно му биле нанесени повреди од истрели од воздушна пушка. Полицајци излегла на местото и извршиле увид и собрале информации за утврдување на фактите. ...
Бројот на потврдени случаи на западнонилска треска во земјава се зголеми на 50, откако во текот на еден ден се регистрирани уште шест нови случаи. Пет од новозаболените се од Скопскиот Регион. Тројца се жители на Гази Баба, сите на возраст над 70 години; еден пациент е од Зелениково и има 26 години, додека еден е од Аеродром и има 59 години. Нов случај е регистриран и во Куманово, каде што станува збор за 65-годишен маж од приградска населба. ...
Авион за кој се претпоставува дека го превезува директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Џон Ретклиф, денеска полета од Москва, покажуваат податоците на веб-страницата за следење летови „Флајтрадар24“ (Flightradar24). Американските и руските власти засега не ја коментираа информацијата за летот и не потврдија дали Ретклиф бил во авионот. Претходно, медиумите „Си-Би-Ес њуз“ и „Аксиос“ известија за посетата на Ретклиф ...
Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност и европскиот столб на НАТО бидејќи светскиот поредок се менува – изјави денеска претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ, на конференцијата на хрватските амбасадори, конзули и воени аташеа, предупредувајќи дека соседна Србија набавува офанзивно оружје. – Србија се вооружува не само со одбранбено, туку и со офанзивно оружје, а тоа треба да им биде посочено на нашите западни ...
Турската Дирекција за комуникации утврди обид за активирање „однадвор организирана и насочена стратегија на психолошка операција, насочена против општеството, братството и мирот во земјата“, соопшти Центарот за борба против дезинформации при претседателството, а пренесе опозицискиот весник „Биргјун“. Во соопштението на центарот се наведува дека против изворите што произведуваат дезинформации и провокации со неосновани тврдења веќе се ...
Поранешниот ерменски претседател Роберт Кочарјан, остар ривал на премиерот Никол Пашинјан, денеска е уапсен под обвинение за корупција и злоупотреба на јавни средства, соопшти Обвинителството. Седумдесет и едногодишниот Кочарјан, кој беше претседател на Ерменија од 1998 до 2008 година, заедно со други негови соработници е обвинет за злоупотреба на власта со цел присвојување јавни средства, перење пари, како и стекнување имот чија цена била ...
Венко Филипче и Зоран Заев преку нивни испостави сакаат да дојдат до маркици за дата центри, како што тоа го правеа со лиценците за марихуана. Драги Ѓорѓиев, пратеник на СДС од 2002 до 2006 година е човекот кој стои зад Иницијативата за дата центар во Пехчево, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ што МИА го пренесува интегрално. Драги Ѓорѓиев е испостава на Зоран Заев и Венко Филипче. Додека Венко Филипче ја замајува јавноста со кампања ...
– Секторот Инспекторат од Општина Карпош во соработка со колективниот постапувач Green road, денеска спроведе редовна акција за подигнување на отпадните (хаварисани) возила од јавните површини на територија на локалната самоуправа. Акцијата, како што информираат од општината, се одвиваше во реонот на урбаната заедница „Владо Тасевски“ каде беа отстранети неколку отпадни возила со регистарски таблички, за кои претходно се водеше инспекциска ...
Канада од 8 септември ќе воведе царини од 15 до 50 отсто за повеќе од 700 американски производи, во обид да ги изедначи своите царини со американските – соопштија денеска канадските претставници. Канада особено ќе ги зголеми царините за американскиот челик и алуминиум од 25 на 50 отсто, изедначувајќи ги со царините од 50 отсто што САД веќе ги воведоа за канадскиот челик и алуминиум пред најновиот круг американски царини. Канадските власти ја ...
До 18:00 часот вечерва регистрирани се вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, еден е под контрола, а 14 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи. Активни пожари: Општините Студеничани и Зелениково – с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер и кракот кон с. Палиград, како и над с. Вражале – Општина Зелениково, мешана шума; Општина Гостивар – с. Трново, со ширење кон с. Битово и с. Заград, ниска ...
Србија планира да се приклучи кон Шенгенскиот простор до крајот на 2027 година, но во моментов не размислува за воведување визи за руските граѓани – изјави за српската редакција на Радио Слободна Европа, Велко Одаловиќ, раководител на новоформираното Координативно тело за влез на Србија во Шенген. За една земја да стане дел од Шенген, меѓу другото, потребно е целосно да ја усогласи својата визна политика со Европската Унија, што за Србија би ...
Владата на денешната седница донесе одлука за намалување на цените на училишниот прибор за најмалку 10 отсто кај трговците на големо и 15 отсто кај трговците на мало. Одлуката стапува во сила денеска и ќе трае заклучно до 30 септември – изјави на денешната прес-конференција владината портпаролка Марија Митева. Во мерката се опфатени производите кои се неопходни за стартот на учебната година – ранци и ташни, тетратки, блокови, колажи, моливи и ...
Во амфитеатарот во Клиничката болница Тетово денеска беше организиран свечен настан на кој 109 здравствени работници добија решенија за вработување во оваа јавна здравствена установа. За настанот објавија дел од локалните медиуми, а на Фејсбук сподели и градоначалникот на Тетово, Билал Касами, кој упати честитки до здравствените работници за добиените решенија за вработување во тетовската болница. „Ги зајакнуваме капацитетите на болницата и ...
Центарот за управување со кризи известува дека до 13:00 часот се регистрирани 11 пожари на отворен простор. Од нив, шест сè уште се активни, еден е под контрола, додека четири се изгаснати. Активни се пожарите во Студеничани, Зелениково, Гостивар, Чашка, Пробиштип, Градско и Кичево. Во Кичево, пожарот во Тајмиште е под контрола, додека четири пожари се изгаснати во Сарај, Гостивар, Куманово и Берово. ЦУК продолжува да ја следи ситуацијата на ...
Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Швајцарецот Роџер Федерер изјави денеска дека нема планови да се врати на професионалниот тенис, како што направи Американката Серена Вилијамс претходно оваа година. „Не, не, не, не. Не, воопшто не“, рече Федерер на прес-конференција во Њујорк, одговорајќи на новинарско прашање дали планира да се врати на тениските терени. „Благодарам за прашањето. Не бев сигурен дали ова прашање ќе биде ...
Москва и Ватикан успеаја да го зачуваат дијалогот заснован на заемна доверба и покрај меѓународната нестабилност – изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на почетокот на средбата со секретарот за односи со државите на Светата Столица, Пол Ричард Галагер. – И покрај сите потреси на нашата планета, успеваме да одржуваме доверлив дијалог со Ватиканот, заснован на заемна почит, кој, се надевам, ни овозможува да бараме ...
Соединетите Американски Држави подготвуваат враќање на дипломатите во амбасадите на Блискиот Исток кои беа евакуирани пред и за време на војната со Иран, што укажува на проценката на администрацијата на претседателот Доналд Трамп дека наскоро нема да има обнова на судирите во полн обем, пренесува „Њујорк тајмс“. Според интерен документ на Стејт департментот, во кој американскиот весник имал увид, враќањето на службениците би можело да почне ...
Голем пожар избувна на депонијата „Мелци“ кај Кавадарци, каде што во моментов се интервенира со ангажман на поголем број екипи од ТППЕ Кавадарци – соопшти попладнево кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев на Фејсбук. – Според првичните информации од терен, постојат индиции дека пожарот е предизвикан од човечки фактор. Надлежните служби ќе ги утврдуваат околностите за неговото настанување – информираше градоначалникот. Тој истакна дека ...
Американски судија го одби барањето на Гилејн Максвел, поранешна соработничка на Џефри Епстин, за поништување на пресудата и казната од 20 години затвор за помагање на покојниот финансиер и осуден сексуален престапник во злоупотребата на малолетни девојчиња. Во одлуката која беше објавена денеска, американскиот окружен судија Пол Енгелмајер од Менхетен оцени дека сите наводи на Максвел се неосновани, а дека „речиси сите, односно сите освен ...
Фудбалската федерација на Киргистан објави денеска дека е договорен спогодбен раскин на соработката со хрватскиот стратег Роберт Просинечки, кој ја напушта селекторската должност без да ја предводи репрезентацијата на официјален натпревар. Педесетиседумгодишниот Просинечки официјално ја презеде должноста селектор на Киргистан во декември лани и ја предводеше репрезентацијата на Киргистан на четири пријателски натпревари со ефект од два ...
Кремљ ја доведе во прашање можноста за реализација на американската идеја за создавање слободна економска зона во Донбас, оценувајќи дека тоа би било тешко остварливо бидејќи територијата официјално е дел од Русија и затоа е речиси невозможно со неа да управува трета страна. Претходно, украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека Украина гледа можност за американско посредување за ставање крај на војната со Русија до крајот на ...
Американската компанија „ОпенАИ“ (OpenAI) блокираше група акаунти на својата платформа за генеративна вештачка интелигенција „ЧетЏПТ“ (ChatGPT) со потекло од Русија, кои биле користени за поддршка на тајна онлајн кампања за ширење дезинформации. Американскиот развивач го открил случајот по истрагата на објави на социјалните мрежи генерирани со помош на вештачка интелигенција, што ја довела компанијата до „многу поголема операција за ...