Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против три физички и едно правно лице, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела “Измама” по чл. 247 и “Фалсификување исправа” по чл. 378 од Кривичниот Законик, за сторена штета во вкупен износ од 214.411.861 денари. Првопријавеното физичко лице во својство на вработено и третопријавеното физичко лице во својство на сопственик и ...

Вкупно 1.388 парчиња огнено оружје се запленети во полициските операции во 16 европски земји. По неколкумесечно собирање разузнавачки информации, во февруари следеше акција, чии детали дури сега можеа да се објават од, како што наведува Европол, оперативни причини. Во оваа акција учествуваа Белгија, Бугарија, Германија, Грција, Латвија, Португалија, Романија, Србија, Словенија, Шведска, Албанија, Молдавија, Македонија, Норвешка, Украина и Велика ...

Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини не се откажува од обезбедување место во Серија А кое носи учество во Лигата на шампионите следната сезона, но како приоритетна цел во моментов го посочи дуелот со Марсеј во Лигата на Европа. Аталанта вчера во натпревар од 34. коло на Италијанското фудбалско првенство го совлада Емполи со 2:0. – Ако успееме да освоиме што повеќе бодови во домашното првенство нашата позиција на табелата може значително да ...

Во текот на вчерашниот ден (28.04.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 286 возачи. Од нив 30 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 118 возила ја ...

Сообраќајна несреќа се случила вчера на магистралниот пат Охрид-Ресен, во која се повредени две лица. – На 28-ми април 2024 година во 13:40 часот, на крстосница на магистралниот пат Охрид-Ресен со локалниот пат за селото Завој, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничките автомобили „Сеат Леон“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Ј.К.(31) од селото Бегниште, општина Кавадарци и „Опел Корса“ со ресенски регистарски ознаки, што го ...

Уапсен млад Турчин во скопска Кисела Вода. Денеска (29.04.2024) во 03.30 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје го привеле Т.У.(24) од РепубликаТурција, со престој во Скопје, поради сторен прекршок по член 344 став 2 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, соопштија од полицијата. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. ...

Интер синоќа го прослави јубилејното 20. Скудето, фановите на нероазурите го преплавија плоштадот во Милано каде што беше главното славје, но беше полно и на парадата. Интер вчера цел ден го прославуваше Скудетото, по мечот со Торино им беше врачен пехарот и медалите, а нешто подоцна тргна парадата низ Милно со шампионскиот автобус. Главната прослава беше на плоштадот во Милано кој беше исполнет со фанови на Интер кои направија фантастична ...

Вештачката интелигенција (ВИ) во голема мера ќе влијае на 65 отсто од работните места во Белгија, според проценката на една од најголемите банки во земјата, објавена во локалните медиуми. Во текстот се наведува дека денес 3,3 милиони белгиски вработени работат во области директно поврзани со развојот на вештачката интелигенција. Секој трет работник во Белгија има позитивни очекувања од распространувањето на вештачката интелигенција за ...

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски – Иџе сподели видео од вчерашната трка во Рехберг, Австрија. Иџе вчера го освои третото место во „група 1“ на трката во Австрија која се бодови за Европското првенство на ридски патеки. Ова беше негов прв настап со новото Ферари 488. За Иџе ова е ново искуство, го учи возилото и си поставува највисоки цели. На трката во Рехберг беа пријавени 247 возачи од 18 земји. А Иџе во својата категорија ...

Двајца македонски државјани се уапсени во Грција, а потоа и осудени на затворска казна, откако грчката полиција во петокот при претрес на граничниот премин Дојран кај нив пронашла 599 фалсификувани бланко документи, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштија дека двајцата мажи биле уапсени откако им била извршена проверка при влезот во Грција, а кај едниот, во поставата на јакната пронашле скриени вкупно 440 бланко ...

Времето ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени. Во следните два дена ќе се задржи сончево и релативно топло време со мала до умерена локална облачност. Од среда следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и ретка појава на грмежи, особено во попладневните часови. Поголема ...

Денешниот дуел меѓу Интер и Торино ќе влезе во историјата на Серија А како прв меч на кој сите три судии биле жени. Главна судијка на натпреварот е Марија Соле Фериери Капути која го суди нејзиниот 10. меч во Серија А. Но, првпат и линиските судии се девојки. Судиската тројка ја комплетираат Франческа Ди Монте и Тициана Траскиати. Овие три судијки заедно веќе имаат судено меч од Серија Б, дуелот меѓу Фросиноне и Тернана во декември 2022, како и ...

Срѓан Ѓоковиќ, таткото на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, денеска итно е пренесе во Ургентниот центар во Белград, каде што бил примен на оделот за ортопедија, а причина за побараната помош е повреда на рамото. Несреќата се случила додека Ѓоковиќ сениор ги хранел птиците и во таа прилика паднал од столот и се здобил со скршеница на коската на надлактицата. Тој веќе се лекува во оваа белградска здравствена установа, а лекарите потоа ќе ...

Тешка сообраќајка се случила вчера во Македонска Каменица. На 27.04.2024 во 21.32 часот во Полициско одделение Македонска Каменица било пријавено дека на раскрсницата од ул.„Церска“ со ул.„Тапеѓовска“ во Македонска Каменица, патничко возило „опел астра“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(19) од Крива Паланка, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетен сопатник од Македонска Каменица и ...

Претседателот на огранокот на ВМРО-ДПМНЕ од Маврово и Ростуше, Харис Ибраими ги навредувал полициските службеници на граничен премин, додека траеле проверките и бил приведен. Тој ги дал документите за провека, но почнал да се расправа со полициските службеници дека предолго траат граничните проверки, а од вербална расправија реториката прераснала во омаловажувачка реторика кон полицискиот службеник. Поради тоа, лицето било приведено со цел ...

Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера, оваа информација ја потврди за МИА, доктор Мирослав Нерков од Итна медицинска помош при Општа болница со проширена дејност Кавадарци. Лицето го бараа полицајци, блиски роднини и други луѓе, пожарникари, планинари и велосипедисти. – За среќа, лицето е пронајдено и веднаш пристапивме кон пружање прва медицинска помош, тоа е во стабилна состојба и надвор од животна опасност, ...

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 17.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Цветан Димов“, пред крстосницата со ул.„Џон Кенеди“ и бул.„Христијан Тодоровски Карпош“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шкода октавија“, сопственост на МВР, управувано од полициски службеник, патничко возило „порше кајен“, управувано од Е.С.(29) од Скопје и патничко возило „фолксваген туран“, паркирано од ...

На 26.04.2024 во 13.40 часот во СВР Скопје, С.А.(63) од Р.Србија, пријавил дека бил измамен од две лица од кои бил пресретнат околу 10.30 часот на подрачјето на Центар. Според пријавеното, едното се претставило дека е од Обединети Арапски Емирати кое разбира малку српски јазик и побарало од С.А. да им преведе од албански на српски јазик околу наводна сообраќајна незгода претходно случена помеѓу нив. Како што е пријавено, истото лице му побарало ...

Оваа година за 1 и за 2 мај, како и за Велигденските празници повторно ќе имаме нестабилно време, и тоа со попладневни локални поројни врнежи од дожд, грмежи и со засилен ветер во зоната на нестабилност, објави Славчо Попоски. -Поради загреаната Атмосфера не се исклучува можноста локално процесите да бидат и во вид на невреме, односно тие да бидат нешто поинтензивни. Ова ваши и за Скопскиот регион, каде во делови од него можна е попладневна ...

МВР информира дека вчера по преземени оперативни мерки и дејствија, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје го уапсиле 32 годишниот Б.М. од Штип. При претрес во неговиот дом во Штип извршен по насоки од надлежен обвинител, биле пронајдени и одземени прашкаста материја, поголема сума на пари и дигитална вага. „Лицето е задржано во полициска станица и во текот на денот со кривичната пријава ќе биде предаден на ...

Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски вечерва славеше со судиска одлука против Турчинот Берк Дузенли во салата „Јане Сандански“ во Скопје и стана професионален светски првак во кикбокс на ВАКА ПРО, во дисциплината К1 до 88,6 килограми. Најдобриот македонски спортист и неговиот ривал имаа динамичен почеток на борбата, при што разменија голем број на удари. Дузенли беше подобар во втората рунда и со неколку силни удари го погоди македонскиот борец, ...

Од моментот кога Јирген Клоп со видео порака го шокираше фудбалскиот свет, а пред се навивачите на Ливерпул, се шпекулира кој ќе го замени харизматичниот Германец на клупата на „црвените“, кога на крајот од сезоната тој ќе се повлече од клубот од „Енфилд“, но и од англискиот фудбал воопшто. Во последните денови се издвои името на Арне Слот. Што се однесува до Клоп, неговиот колега од Холандија би бил добро решение на клупата на повеќекратниот ...

23-годишно момче пронајдено починато во својот дом во Гази Баба. – На 25.04.2024 во 17.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба, во неговиот дом бил пронајден починат В.М.(23) од Скопје, а од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи знаци на насилство. Извршен бил увид од СВР Скопје, а по насоки на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција, информираа од ...

На 25.04.2024 во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај с.Новоселани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.М.(20) од с.Браилово-прилепско и товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Т.(43) од Скопје, информира МВР. Во несреќата на местото на настанот починал М.М., а смрт била констатирана ...

Вчеравечер во 23.55 часот на улица „Јане Сандански“ во Тетово полициски службеници од СВР-Тетово го лишиле од слобода Н.Т.(18) од Скопје. Како што соопшти СВР Тетово, околу 23.40 часот ги зел клучевите од патничко моторно возило ,,мерцедес“ со скопски регистерски ознаки, сопственост на неговата 26-годишна сестра, исто така од Скопје, и го стартувал. Таа се обидела да го спречи да го управува возилото, но не успеала, по што на улица „Илинденска“ ...

Со почит кон споменот на бранителот Бобан Трајковски, на 28 април, во центарот на Куманово, во 12 часот, ќе биде откриен мурал со неговиот лик, во пресрет на 23-годишнината од неговата херојска смрт. Бобан Трајковски, припадник на Баталјонот за специјални намени „Волци“ на Армијата на Република Македонија на 28 години го положи својот живот на олтарот на татковината против терористите од ОНА во 2001 година кај Вејце. Муралот е изработен од ...

Полицијата сомничи малолетник од струмичко село дека вчера извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко, соопштија денеска од СВР Струмица. Според соопштението, вчера во Полициската станица во Струмица во присуство на родител бил повикан малолетникот, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, по чии насоки се преземаат мерки за негово расчистување. Инаку, вчера полицијата информираше за уште еден ...

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) на 25.04.2024 до ОЈО Велес поднесе кривична пријава против М.В.(44), од Велес, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина”, согласно член 380 ст.1 од Кривичниот законик. Пријавената, на функција директор во општинска јавна установа за деца – детска градинка во Велес, прибавила меѓународно ...

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) на 25.04.2024 до ОЈО Велес поднесе кривична пријава против М.В.(44), од Велес, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“, согласно член 380 ст.1 од Кривичниот законик. Пријавената, на функција директор во општинска јавна установа за деца – детска градинка во Велес, прибавила меѓународно ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка. На 24 април, осомничениот, маскиран со „фантомка“, влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка која на граѓаните им е забранета им се заканил на вработениот во обезбедувањето и на уште едно присутно лице. Ја репетирал автоматската пушка и им ...

МВР Билтен

3 минути - МИА
weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
0.51
65%
1035
weather icon

Белград

0ᴼ / -3ᴼ
1.54
85%
1036
weather icon

Загреб

3ᴼ / 0ᴼ
2.06
71%
1036
weather icon

Софија

-1ᴼ / -3ᴼ
3.6
82%
1037
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
4.71
61%
1039
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 1ᴼ
3.09
79%
1036
weather icon

Атина

8ᴼ / 6ᴼ
3.58
67%
1033
weather icon

Тирана

1ᴼ / 1ᴼ
0.51
80%
1030
weather icon

Подгорица

2ᴼ / 2ᴼ
2.06
70%
1032
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
4.63
58%
1040
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
1.54
82%
1037
weather icon

Истанбул

0ᴼ / 0ᴼ
8.23
93%
1033
Currency

61.525

Currency

59.221

Currency

73.661

Currency

37.2117

Currency

41.393

Currency

65.4622

Currency

8.12754

Currency

0.61229

Currency

0.39158

Currency

0.52542

Currency

1.64665

Currency

0.67629

Алуминиум

2.62

Кобалт

30.86

Никел

15177.50

Рутениум

16011.07

Калај

30.42

Сребро

1026.93

Злато

91575.91

Бакар

8.98

Паладиум

3118.62

Платина

32495.62

Родиум

148697.20

Цинк

2.72