На 30.06.2024/01.07.2024 од 23:50 до 01:00 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје и полициски службеници од Полициското одделение Шуто Оризари ги лишиле од слобода Е.Б.(38), Д.Б.(21) и една малолетничка, сите од Скопје. Приведени се по претходна пријава дека околу 23:30 часот заедно со неколку други членови од нивното семејство насилно влегле во дворот од домот ...

На социјалната мрежа Фејсбук објавено е видео на кое се гледа како едно лице го закачува албанското знаме на јарбол поставен на врвот Голем Кораб и потоа го отстранува македонското знаме. „Во врска со видеото објавено на социјалните мрежи каде од страна на едно лице на Кораб е симнато македонското знаме и е поставено знаме на Република Албанија, Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по преземени мерки од страна на ...

Српскиот репрезентативец, Илија Абутовиќ се враќа во македонскиот ракомет, но овојпат ќе го носи зелено-белиот дрес на Пелистер. Абутовиќ кој седум сезони го носеше дресот на Вардар со кој го крена и пехарот од Лигата на шампионите, се избори и за статус на клупска легенда, сега се сели во најголемиот ривал на црвено-црните. Дефанзивецот го напушти францускиот Шарт каде што ги помина изминатите две сезони и постигна договор со Пелистер. ...

Утре ќе преовладува променливо облачно време. Во раните утрински часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во текот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер (над 70 км/час) и град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во среда и во четврток времето ќе биде променливо облачно и посвежо со ...

Мирлинд Даку од Албанија беше еден од оние кои кренаа најголема прашина за време на ЕВРО 2024 и тоа поради скандалозната снимка на која се слуша како тој ги навредува Македонците, пеејќи на мегафон заедно со албанските фанови после мечот со Хрватска. Даку го зеде мегафонот и ги навредуваше Србите и Македонците. Моментот беше снимен, а Даку беше суспендиран од УЕФА со забрана за настап на два натпревари. Многу реакции имаше и во Русија, ...

На 28.06.2024 во 20.40 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив бил донесен С.Ш.(39) од Скопје со повреди од остар предмет. Од страна на полициски службеници од СВР Скопје излезено било на местото на настанот и со него бил извршен разговор, во кој кажал дека околу 20.00 часот на подрачјето на Бит Пазар, по претходна расправија околу должничко доверителски односи, бил нападнат со остар ...

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во текот на ноќта кон вторник и во вторник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер и град, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Потоа во среда и во четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремен пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен северен ветер.. Во Скопје, во текот на ...

Жители на населбата Ченто, видно вознемирани по инцидентот кој се случил пред нивната зграда, се загрижени за безбедноста на своите деца кои биле нападнати без никаква причина од нивни врсници кои седеле во кафуле во близина. Нападнатите успеале да дотрчааат до својата зграда и покрај тоа што биле за цело време удирани со тупаници. Сепак, едно дете успеало да ја отвори влезната врата и да ги повика на помош своите родители. Стравуваат за ...

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 36-годишен жител на прилепско за кого постои основано сомнение дека сторил продолжени кривични дела – Силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1, како и Родосквернавење од член 194 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во периодот од 2021 до 2023 година, во повеќе наврати, осомничениот во својот дом вршел полови ...

Аргентина забележа трета последователна победа во групата А на Копа Америка и заврши како првопласирана во својата група. Светскиот шампион го победи Перу со 2-0, а повторно херој за нив беше Лаутаро Мартинез, кој ги постигна двата гола во 47. и 86. минута. „Гаучосите“ играа без својата ѕвезда Лионел Меси, кој е повреден. Аргентина ја имаше иницијативата речиси во текот на целиот натпревар. Во 47. минута Анхел Ди Марија со прекрасно додавање ...

Седумнаесетгодишник се удави вчера во Дунав кај Кладово на романска страна. Момчето вчера влегло со другар да се разлади, но поради силните струи повеќе не можело да стигне до брегот. Неговото безживотно тело го пронашле нуркачите по тричасовна потрага на десетина метри од местото каде што потонал. Двајца тинејџери отишле на брегот на Дунав, во близина на градот Симиан во Романија, округот Мехединци, заедно со таткото на 17-годишно момче, коj ...

Италија одигра ужасен натпревар против Швајцарија (0-2) и беше елиминирана од осминафиналето на Европското првенство (ЕП), а селекторот Лучано Спалети по мечот ги откри причините за срамната игра. „Аѕурите“ го имаа првиот удар во рамките на голот против Швајцарија дури во завршницата од мечот, а тоа е доволно за да се заклучи колку беа очајни Италијанците на теренот. „Голот на почетокот на второто полувреме ни ја разниша самодовербата. ...

Времето утре ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ индексот ќе биде 9. Во Скопје сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 36 степени. Од УХМР информираат дека времето во понеделник кон крајот на денот, а ...

Eвропа и дефинтивно ќе има нов шампион, Швајцарија славеше победа од 2:0 во Берлин и така ја елиминираше Италија од Европското првенство.Победата на Швајцарците е апсолутно заслужена, Италија не одигра скоро ништо и во цел натпревар немаше ниту една посериозна прилика за гол. Резултатот беше отворен по 37. минута кога Фраулер на асистенција на Варгас го совлада Донарума. Италија во текот на првите 45 минути не упати ниту еден удар во рамките ...

Времето утре ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ индексот ќе биде 9. Во Скопје сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 36 степени. Од УХМР информираат дека времето во понеделник кон крајот на денот, а ...

Двајца велешани биле каснати од змија додека работеле на лозје вчераутро кај селото Војница. Откако им се влошила состојбата се префрлени на Инфективната клиника во Скопје. Мажите на возраст од 76 и 64 години денеска се во релативно подобра состојба. Двајцата најверојатно налетале на змиско гнездо, а змијата, според нивно кажување поскок, го каснала прво едниот на дланката, па потоа и другиот кој сакал да помогне. Тргнале кон Велес, и ...

Почнуваат вистинските возбудувања на Европското првенство, стартува осминафиналната фаза со два дуели, најпрво Италија ќе се соочи со Швајцарија, а потоа домаќинот Германија ќе игра против Данска. 18:00 Швајцарија – Италија Италија не покажа многу во групната фаза од Европското првенство, се чини дека Италијанците немаат капацитет да го одбранат тронот, но шанси да го направат тоа имаат уште. Тимот на Спалети во групната фаза ја победи ...

Специјалните сили ја опколија салата Абдулманап Нурмагомедов, именувана по таткото на ММА борецот Хабиб Нурмагомедов. Дваесетина вооружени офицери во камуфлажа и специјална опрема чуваат стража на влезот во салата во Махачкала, Дагестан. Според првичните информации, таму се спроведуваат оперативни акции во случај на тероризам во Дагестан. Еден од терористите, Гаџимурад Кагиров, тренирал во салата и бил член на борбениот клуб „Иглс ФЦ“, тимот ...

Денеска беше извршена ждрепката за првото коло на Вимблдон, а дел од неа беше и Новак Ѓоковиќ што е потврда дека тој е решен да настапи и на овој грен-слем турнир. Прв противник на Ѓоковиќ ќе му биде чешкиот тенисер Вит Коприва. Се работи за 27-годишен играч кој во моментов е на 123. место на АТП листата. Негово најголемо достигнување е токму ова, пласман во првата рунда на Вимблдон. Според проекцијата прв сериозен тест за Ѓоковиќ би бил во ...

Во петокот попладне во грчкиот регион Халкидики, 13-годишно девојче настрадало кога го удрил гром додека ја напуштала плажата. Трагедијата се случила околу 16:30 часот на песочната плажа Посеиди во градот Касандра, пренесуваат локалните медиуми. Тинејџерката била во морето со семејството кога започнало невремето. Тие веднаш се упатиле кон автомобилот, но не стигнале навреме. Попатно ги удрил гром, кој го усмртил девојчето на лице место. ...

23-годишно момче се здобило со изгореници опасни по живот откако се самозапалило по расправија со неговата девојка, јавија денеска италијанските медиуми. Трагедијата се случила во Рим, по што младиот човек со изгореници по целата предна страна на телото бил пренесен во болницата Сан Еуџенио, пренесе „Месаџеро“. Според првите резултати од истрагата, тој по расправија со својата девојка се заклучил во бањата и се полил со канистер бензин. ...

Во деновите од викендот и во понеделник времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Дневните температури, како што соопшти УХМР, насекаде ќе бидат над 30 степени. Во вторник се очекува повторно дестабилизирање на времето со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме. Времето утре ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната ...

Максималните температури денеска беа 24 Берово, 26 Крива Паланка, 27 Штип, 28 Охрид, Претор, 29 Тетово, 31 Скопје-Петровец, Битола, 32 Струмица, 34 Демир Капија. Наврнат воден талог за изминатите 9 часа до 17 часот (во l/m 2 ) 9 Штип, 4 Струмица, 1 Крива Паланка. Забелешка:Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на ...

Вчера во 17.15 часот полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода А.Р. (36) од прилепско село. Полицијата постапила по претходна пријава од малолетничка од прилепско село, која во присуство на социјален работник и нејзината мајка пријавила дека во временскиот период од 2021 година до вчера нејзиниот татко А.Р. неколку пати извршил обљуба врз неа и нејзината сестра. МВР соопшти дека е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за ...

Повторно за денес се предвидува повремен пороен дожд и грмежи особено во источните делови од земјава. Според УХМР се очекува да дува умерен ветер од северен правец, а локално ќе има услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. Во Скопје времето ќе биде како во изминатите денови. Ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи. Температурата ...

Синот на Леброн Џејмс, Брони е избран како 55. пик на НБА драфтот, но целата ситуација околу него ја следеа низа контроверзи. Неговиот агент Рич Пол на сите клубови, освен Лејкерс и Феникс, им испрати порака да не го бираат Брони и ги предупреди дека ако го направат тоа, идната сезона тој ќе замине да игра во Австралија. Познато беше дека Лејкерс ќе бираат како 55. и тоа место беше резервирано за најславниот син-кошаркар во моментов. Со ова, ...

Се зголемува македонската колонија во шкотското првенство, по Бојан Миовски и Давор Здравковски уште еден наш фудбалер ќе игра во оваа земја, Кристијан Трапановски стави потпис на договор со Данди јунајтед. Тоа што беше најавувано подолго време, сега и официјално се оствари, Трапановски се пресели во Шкотска. „Данди јунајтед со задоволство може да го соопшти потпишувањето со Кристијан Трапановски на двегодишен договор со опција за ...

Во следните неколку дена се очекува конечно да „пукне“ долго најавуваната бомба поврзана со најголемиот македонски спортски бренд, фудбалскиот клуб Вардар, откако сѐ погласни се шпекулациите дека австриската компанија за игри на среќа „Новоматик“ ќе биде новиот сопственик и спонзор на црвено-црната чета. Речиси се околу овој дил веќе е ставено на хартија и се чека само прецизирање на последните детали околу повеќегодишниот договор по што ...

На 26.06.2024 во 13.10 часот во СВР Скопје од КПУ Затвор Идризово било пријавено дека околу 10.30 часот во затвореното амбулантно одделение во установата бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу повеќе осудени лица, при што со повреди се здобил Е.М.(26), додека С.Д.(43) и С.М.(29) се здобиле со повреди од остар предмет, по што биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Се преземаат ...

Нестабилна воздушна маса од запад и северозапад е навлезена во Скопската котлина, а во моментов подрачјето на Тетово е зафатено од интензивен пороен дожд и грмежи. Правецот на движење на нестабилната маса е кон исток и североисток. Поголема нестабилност има во источниот дел на Пелагонија и делови од Мариово. Правецот на движење е кон североисток, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
81%
1021
weather icon

Белград

11ᴼ / 9ᴼ
1.03
62%
1023
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
54%
1025
weather icon

Софија

12ᴼ / 7ᴼ
2.06
60%
1021
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
3.53
79%
1020
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 9ᴼ
2.06
69%
1024
weather icon

Атина

16ᴼ / 12ᴼ
0.89
67%
1021
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
82%
1023
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
82%
1023
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 11ᴼ
8.23
70%
1018
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
2.68
46%
1024
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
70%
1019
Currency

61.635

Currency

53.3446

Currency

70.6519

Currency

36.9247

Currency

38.3555

Currency

66.8703

Currency

7.75106

Currency

0.66557

Currency

0.33426

Currency

0.52487

Currency

1.19616

Currency

0.57385

Иридиум

253540.09

Сребро

2357.98

Алуминиум

3.47

Родиум

324722.54

Кобалт

45.39

Бакар

11.35

Паладиум

48001.06

Платина

64269.34

Цинк

0.00

Калај

45.44

Рутениум

56199.51

Злато

150927.43