![weather icon](/images/icons/weather_04n.png)
Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
![](/img/icon_wind.png)
![](/img/icon_humidity.png)
![](/img/icon_air_pressure.png)
Рускиот тенисер Данил Медведев го победи Гаел Монфис со 2-0 во сетови, односно 6-2 и 6-4, но во еден момент направи хаос на теренот. Медведев во вториот сет имаше жестока караница со главниот арбитар, поради лошите одлуки на линиските судии. Монфис двапати испрати токпа во аут, но линискиот судија направи грешка, а тоа го изнервира Медведев кој му се развика на главниот судија. „Аут е, аут е! Како може да зборуваш за извинување? Го загубив ...
Денеска на програмата се преостанатите два четвртфинални дуели, очите ќе бидат вперени во Париз каде ПСЖ ќе биде домаќин на Барселона, а во Мадрид, Атлетико ја пречекува Борусија Дортмунд. Синоќешните мечеви од Лигата на шампионите понудија големи возбудувања, но тие се веќе минато, пред нас се два нови дуели. Поранешниот тренер на Барселона, Луис Енрике ќе излезе на мегдан против „своите“, како тренер на ПСЖ ќе се обиде да го елиминира ...
Вкупно десет гола и еден куп возбудувања понудија првите два четвртфинални дуели од Лигата на шампионите. Реал Мадрид и Манчестер Сити ја извадија на површина сета убавина на фудбалот, па можеби и најреално беше нивниот дуел да заврши без победник. Сити два пати беше во водство, Реал еднаш, а мечот на „Бернабе“ заврши 3-3. Идната недела во Манчестер ќе се одлучува кои ќе оди во полуфиналето, а Реал нема добри спомени кога станува збор за ...
Поранешниот англиски фудбалер Дени Марфи призна дека имал сериозни проблеми по завршување на кариерата и станал зависник од кокаин. Марфи кажа дека барал замена за адреналинот на теренот и на крајот „утеха“ пронашол во дрогата која му го загрозила животот. „Кога ќе престанете со фудбалот, проблемите стануваат сè поголеми. Кога играте, чувствувате голема доза на адреналин. Кога прекинав, таа магија ја чувствував со кокаинот и марихуаната. Можев ...
Натпреварите од Лигата на шампионите оваа недела ќе се играат според планираното и покрај терористичките закани од Исламска држава, соопшти денеска Европската фудбалска унија (УЕФА). Медиум поврзан со терористичката група Исламска држава лиферуваше неколку објави во кои повикува на напади на стадионите во Париз, Мадрид и Лондон на кои вечерва и утревечер треба да се одиграат првите четвртфинални натпревари во Лигата на шампионите. „УЕФА е свесна ...
Поранешниот европски шампион Вардар славеше против актуелниот македонски првак со 24-20 во ракометната Суперлига и се врати во трката за титулата, но ќе мора да чека кикс на екипата од Битола. За првиот гол беа потребни дури 120 секунди, кога Лазревски му донесе предност на Вардар, а истата „црвено-црните“ ја одржуваа во текот на целото прво полувреме, иако во финишот имаа водство и од два гола (12-10). Вардар повторно поведе со два гола разлика ...
Дека пред Вардар доаѓаат подобри времиња доказ е и денешната промоција на спонзорскиот договор со компанијата за производство на спортска опрема „Кемпа“, заедно со најавата за почеток на преговори за соработка со уште неколку други германски фирми. Црвено-црните долг период наназад, уште од времето на Сергеј Самсоненко и на двете европски титули играше во опремата на „Хумел“, а до промена ќе дојде на крајот од оваа сезона и ќе донесе големо ...
Фудбалскиот натпревар помеѓу Тиквеш 1930 и Брера Струмица во 26. коло од Првата машка фудбалска лига имал и трето полувреме во кое физички силите си ги одмериле фудбалери на домашниот и гостинскиот тим. МВР информира дека вчера попладне во 17.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле Ѓ.И. (28) од Република Србија кој по завршување на натпреварот на Градскиот стадион во Кавадарци физички го нападнал Д.К. (32) од Прилеп – играч на ...
Вардар освои три важни бодови во борбата за опстанок откако со гол на Ѓуриќ славеше над актуелниот шампион Струга со 1-0, со истиот резултат Брегалница го совлада Шкупи, киксна и Шкендија која одигра 1-1 на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров. Вардар не само што ја победи Струга на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, туку ѝ ја надигра. Црвено-црните создадоа повеќе идеални шанси за гол, а од нив влезе една, која се покажа како доволна за ...
Двократниот европски шампион Вардар во изминатите години се соочуваше со сериозни финансиски проблеми поради кои клубот доживеа многу промени, но сега се најавуваат подобри времиња за „црвено-црните“ и враќање на шампионскиот сјај на клубот. Вардар закажа прес-конференција на 9 април во 11 часот во СЦ „Јане Сандански“ на која ќе биде промовиран новиот клупски спонзор, односно познат светски бренд кој реши долгорочно да го поддржи скопскиот ...
Манчестер јунајтед синоќа на наверојатен начин ја испушти победата на Стемфорд Бриџ, момците на Тен Хаг не само што не триумфираа, туку го загубија натпреварот на досега невиден начин. Манчестер јунајтед водеше до 99:17 минута, а потоа прими голови во 100. и 101. минута и загуби со 4-3. Првпат се случува некој тим во Премиерлигата да води до 100. минута и на крајот да го загуби мечот. 99:17 – Manchester United were leading in this game at 99:17, ...
Американскиот производител на електрични возила „Тесла“ планира на 8 август да го претстави долго ветениот „Роботаксис“ за самоуправување, објави шефот на компанијата Илон Маск. Маск не даде други детали во многу кратка објава на X, социјалната мрежа што ја поседува. Според претходните изјави, автономното возило ќе се заснова на нова техничка платформа која ќе го направи производството поефикасно и попрофитабилно, пренесува Index.hr. Маск со ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен во источните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. Како што соопштија од УХМР, во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а ...
Најдобриот македонски судија, Александар Ставрев ќе го суди натпреварот од грчкото првенство меѓу Арис и Панатенаикос кој во недела се игра во Солун. Поради зголемување на регуларноста во грчкото фудбалско првенство, често натпреварите ги судат судии од странство. Овојпат Грчката фудбалска федерација реши да испрати покана до нашиот интернациоланен судија, Александар Ставрев. Македонецот ќе го суди дербито од плејофот во најдобрата грчка лига ...
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, тешко наоѓаше зборови откако неговиот тим синоќа загуби со 3:4 од Челси. „Црвените ѓаволи“ водеа со 3:2 до последните секунди, но примија два гола длабоко во судиското продолжение и заминаа поразени од „Стемфорд Бриџ“. -Почнавме лошо и не се браневме како што треба. Но, видовте дека после тоа почнавме да доминираме. Нашата игра беше блескава и заслуживме да победиме. Не можеме да дозволиме туку така ...
Според прогнозата на познатиот метеолог Славчо Поповски викендот кој доаѓа, територијата на Македонија ќе биде под влијание на нов топол бран од Африка кој ќе услови нов значителен пораст на температурите и истите ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени. Времето и понатаму ќе биде стабилно, суво и претежно сончево, со појава на мала локална облачност. Сепак во недела, особено Долж Повардарието и во источните предели повремено ќе ...
Големото хрватско дерби повторно донесе големи проблеми, овојпат по завршувањето на натпреварот. Непосредно по последниот свиреж на главниот судија, припадниците на навивачката група „Торцида“ влетаа на теренот и се стрчаа кон навивачите на Динамо, „Бед Блу Бојс“ кои беа сместени на спротивната страна од стадионот. На теренот фрлија неколку факели, а фудбалерите на двете екипи во паника се разбегаа и заминаа во соблекувалната. За да се спречи ...
Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени. Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 23 степени. Во следните денови ќе се задржи ...
Британското кралско семејство во последно време се бори со многу неволји. Имено, и кралот Чарлс и принцезата Кејт Мидлтон водат тешка битка со опасна болест. Како што претходно соопштија од палатата, кралот и принцезата привремено се повлекоа од должноста поради нивната здравствена состојба. Беше кажано дека Кејт ќе го направи своето прво појавување на Велигден, утре, но тоа нема да се случи. Кралот Чарлс и сопругата Камила ќе присуствуваат на ...
Виетнамскиот произведувач на електрични возила „VinFast“ извести речиси го дуплирал својот приход во 2023-та година и најавил дека планира за три пати да ја зголеми продажбата оваа година и да се прошири на индискиот и индонезискиот пазар. Приходот на „VinFast“ минатата година скокна за 91 процент, на 28.6 билиони виетнамски донги (1,2 милијарди долари). Компанијата ја заклучила годината со бруто загуба од 13,2 билиони донги, 7,3 проценти ...
Дали сте милијардер во потрага по следниот скап автомобил? Или само неактивен патник во „земјата на соништата“? Како и да е, можеби ќе сакате да знаете кој е најскапиот автомобил на светот. Огромното мнозинство на луѓе може само да сонуваат да поседуваат скапи суперавтомобили или луксузни модели. Ова се првите седум најскапи автомобили во светот 7. Aston Martin Valkyrie AMR Pro – 4 милиони евра 6. Pagani Huayra Roadster BC – 4,2 милиони евра 5. ...
Велика Британија оваа недела претстави ново ласерско оружје за кое нејзината војска вели дека може да испорача смртоносен истрел за околу 13 долари, што потенцијално ќе заштеди десетици милиони долари од цената на ракетните пресретнувачи кои сега ја вршат оваа работата, пишува „Си Ен Ен“. Новообјавеното видео од тестот на она што Министерството за одбрана на Обединетото Кралство го нарекува „DragonFire“, систем за ласерско насочено оружје, ја ...
Рано утрово, во 02.31 часот, во СВР Охрид било пријавено опожарено возило. – На 02.04.2024 во 02.31 часот во СВР Охрид било пријавено дека во 02.25 часот на ул.„Елпида Караманди” во Струга било опожарено патничко возило „фолксваген голф” со струшки регистарски ознаки, сопственост на А.Ш.(43) од с.Делогожда, струшко. Пожарот бил изгаснат од сопственикот, а повредени лица нема. Увид извршила екипа на ОВР Струга и се преземаат мерки за расчистување ...
76-годишна жена од село од Македонски Брод со убодни рани била донесена во болница. Според пријавата, убодите ги добила од нејзината ќерка. Од МВР велат дека работат на расчистување на случајот. „На 01.04.2024 во 19.40 часот во Пoлициската станица Македонски Брод, од Здравствен дом Македонски Брод било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет била донесена 76 – годишна жена од село од Македонски Брод. Според пријавеното, таа била ...
На 01.04.2024 во атар на с. Танушевци од страна на полициски службеници од Одделот за специјални операции при Бирото за јавна безбедност, од полициски хеликоптер, било забележано лице како се движи со крос мотор од с. Арачиново кон Косово. Полициски службеници од СВР Скопје му дале знак за запирање, но лицето не запрело, по што се преземени дополнителни мерки и активности и лицето е запрено и лишено од слобода. Утврдено е дека станува збор за ...
Матичниот лекар Ацо Трповски не бил убиен во неговиот автомобил туку на друго место коешто треба допрва да го утврдиме, изјави дополнителниот заменик министер на МВР – Митко Бојмацалиев за „Слободен печат“. „Во месец дена на територија на СВР Скопје има два немили настани, убиството на лекарот Ацо Трповски и пукањето во Арачиново. Имавме приведено три лица, но лицата се пуштени на слобода поради недоволни докази. Според наши сознанија лицето не ...
Две лица се приведени под сомнение за помагање во вчерашниот обид за атентат врз градоначалникот на Арачиново. Извори од МВР велат дека полицијата се уште е на терен и се прават напори да се идентификува и приведе напаѓачот кој вчера со автоматска пушка отвори оган врз Ридван Ибраими, кој доаѓа од редовите на ДУИ. Тој својот мандат нема да го памети по добро бидејќи откако стана градоначалник ова е трет пат полицијата да добие пријава дека бил ...
Царински инспектори од мобилен тим на Секторот за контрола и истраги спречија обид на двајца сопружници нелегално да изнесат од државата девизи во вредност од 16 илјади долари. Сопружниците, инаку македонски државјани, на излез од државата на граничен премин Богородица на прашање од страна на мобилни инспектори дали имаат нешто да пријават одговориле дека немаат ништо. При извршена детална контрола на возилото во предната касета биле пронајдени ...
Еден од најголемите режисери во Југославија Вељко Булајиќ почина во Загреб на 97-годишна возраст, потврдија за Телеграм семејството и пријателите. Роден во Црна Гора, од тригодишна возраст со семејството се преселил во Сараево, каде што завршил гимназија. Во 1943 година се приклучил на партизаните, а една година подоцна бил тешко ранет. Од 1946 година живее во Загреб, каде се школувал во вечерни училишта и работел во Одделението за култура на ...
Словенечката полиција соопшти дека на подрачјето на планината Триглав на Јулиските Алпи пронашла тела на двајца мажи кои се државјани на Србија. Нивните тела се пронајдени при претрес на теренот со полициски хеликоптери, по исчезнувањето на планинарите во саботата, пишува словенечки Дело. Како што јави словенечката агенција СТА, станува збор за 33-годишен и 42-годишен маж кои во саботата наутро тргнале на планинарење, но паднале на надморска ...