Инцидентот се случил по 22:00 часот, веднаш по завршувањето на кошаркарскиот натпревар меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер, и тоа на излезот од Скопје, на пат на навивачите за Битола. „Згрозени сме и го осудуваме инцидентот кој го доживеаја навивачите од Битола, од навивачката група „Чкембари“ кога по завршувањето на првиот натпревар од финалната серија од плеј-офот на кошаркарската лига во Скопје, на излезот од Скопје кон Битола, во возење е ...

Тешка сообраќајна несреќа вечерва се случи на булеварот „Мајка Тереза“, пред влезот на Клиничкиот центар. Според информациите на Курир, во несреќата учествувале неколку возила. Неофицијално, судирот се случил меѓу два автомобили, по што оштетени биле и паркирани возила. Првично и неофицијално, неколку лица се пожалиле на полесни повреди, но засега нема официјална потврда. Од МВР за Курир првично потврдија дека е пријавена сообраќајна несреќа ...

Под влијание на циклон од западна Европа, денес доцна попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон недела атмосферата во Македонија позначително ќе се дестабилизира и ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со локален пороен дожд, грмежи и силен ветер. Поради загреаната атмосфера која ќе биде исполнета со енергија, и тоа поради топлиот бран од Африка, локално ќе има појава на посилно невреме, проследено со обилен пороен дожд, бурен ...

Раперот Паф Деди (Шон Комбс) во изминатите месеци неколку пати беше обвинет за разни видови на насилство. Една од оние кои го обвини беше и неговата поранешна девојка Кеси Вентура, која го обвини за силување, насилство и принудување на односи со машки проститутки. Тој негираше сè, а во неочекуван пресврт на настаните, Кеси ја повлече својата тужба. Сега Си-Ен-Ен објави вознемирувачка снимка од видео надзор, на која може да се види како пејачката ...

Три месеци Барселона се убедуваше да го премисли Чави и да го натера да остане на тренерската позиција во тимот, откако во јануари тој на прес-конференција изјави дека си оди на крајот од сезоната. Откако успеаја во тоа, „каталонците“ се сега пред нов пресврт бидејќи членови на Управниот одбор се свртеа против 44-годишниот стручњак и побараа од Лапорта да го избрка. Причина за тоа се неговите коментари во врска со финансиската состојба во ...

Израел може да го снајде истата судбина како и Русија, поради војната против Палестина да биде исфрлен од Светскиот фудбал. Англискиот весник „Телеграф“ пренесува дека ФИФА закажала итен состанок на кој ќе се решава дали Израел да биде исфрлен од фудбалот. Барањето за исфрлање на Израел е потпишано од Фудбалските федерации на Алжир, Ирак, Јордан, Сирија и Јемен. Многумина сметаат дека ако Русија доби забрана, би било дволично тоа да не му се ...

Селекторот на француската фудбалска репрезентација, Дидие Дешам го објави списокот од 25 фудбалери за Европското првенство (ЕП) кое се игра оваа година во Германија. По долга пауза на списокот се враќаат Н’голо Канте и Ферлан Менди, кои последен пат во репрезентацијата беа во 2022 година. Франција се наоѓа во група заедно со Австрија, Полска и Холандија, а возбудувањата ги почнува на 17 јуни. ...

На 16.05.2024 во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Штип – Скопје, во близина на клучка „Коњари”, патничко возило „фолксваген голф” со кичевски регистарски ознаки, управувано од З.Ј.(39) од Кочани, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Л.Ј.(60) од Кочани, додека другиот сопатник Г.Ј.(64) од Кочани се здобил со телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза”. ...

Во домашен притвор е родителот од Битола, кој пред два дена во училница на среде настава натепа ученик и наставничка. Причината за ваквото насилство бил нетрпеливиот однос меѓу две деца, а наставничката наводно настрадала бранејќи го нападнатото дете. Официјално, инцидентот се случи во ОУ „Даме Груев“ Битола, кога според извештајот на полицијата, двајца родители физички нападнале соученик на нивното дете и наставничка додека одржувала час. Пред ...

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР и Единицата за интервентна полиција на СВР Скопје го завршија процесот на екстрадиција од Косово во Република Македонија на Бесим Красниќи (44), кој се бараше со меѓународна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување на казна затвор за сторени кривични дела разбојништво, тешки дела ...

Во следните денови времето ќе биде значително потопло, но во попладневните часови наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, јавува УХМР. Од управата прогнозираат дека локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град. Во Скопје во следните денови сончево и топло, во попладневните часови во делови од котлината нестабилно со пороен дожд и ...

Вчера во Граѓанскиот суд почина адвокат чекајќи да му започне судењето, објави адвокатот Јанаки Митровски на својот Фејсбук профил. Како што информираат од МВР, починатиот адвокат бил на седумдесет и петгодишна возраст, а телото било дадена на обдукција. – На 16. мај (четврток) во 09.25 часот во СВР Скопје од Итната медицинска помош е пријавено дека во Основен граѓански суд, во ходникот на први кат, има починато лице. Од страна полициски ...

Никола Роквиќ веќе 24 дена пешачи до Грција, до Егина, што е мисија во рамките на неговата фондација „Семејство“, а прва цел му е обнова на Одделот за детска онкологија. Пејачот ја сподели радосната вест и откри дека потребните пари за оваа институција се собрани, но не планира да застане тука. „Луѓе, успеавме! Првата цел ни е постигната, собравме средства за детска онкологија, но не смееме да застанеме. Одиме напред, продолжуваме да собираме ...

Регионалниот центар за управување со кризи – Штип денеска информира дека вчера во 12.30 часот во полициската станица во Берово било однесено неексплодирано убојно средство, за кое се претпоставува оти потекнува од Првата светска војна. Веднаш било преземено од страна на пиротехничар од ДЗС – Берово за негово уништување, појаснуваат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). – Ваквата постапка можеби изгледа правилна, но тоа е само делумно, зашто ...

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност поголема во претпладневните часови. Кон крајот на денот во западните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието краткотрајно засилен ветер од југоисточен правец. Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност поголема претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо се најде на врвот на листата на Форбс за најплатени спортисти во светот. Американскиот магазин наведува дека 39-годишниот напаѓач на фудбалскиот клуб Ал-Наср, со годишна плата од 260 милиони долари, што е рекорд за еден фудбалер, по четврти пат е најплатен спортист во светот, во неговата кариера. Роналдо доби 200 милиони долари плата од Ал-Наср, а уште 60 милиони долари од спонзорски и рекламни договори ...

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги делегира судиите за завршниот турнир во Лигата на шампиони (ЛШ), а најдобрите македонски судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов беа избрани да ја делат правдата во финалето. Во првото полуфинале на 8 јуни ќе се соочат Магдебург и Алборг од 15 часот, а правдата ќе ја делат Шарлот Бонавентура и Јулие Бонавентура, додека во второто полуфинале од 18 часот ќе судат Даниел Мартинс Акото и Роберто Мартинс Акото. ...

11 лица, сите државјани на Непал се затекнати во обид илегално да излезат од Македонија и во близина на граничниот премин Богородица да влезат во Грција. Откриени се и приведени. „ На 15.5.2024 во 22.50 часот, полициски службеници Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица при Регионалниот центар за гранични работи Југ затекнале 11 лица државјани на Непал при обид за илегално преминување на државната граница од ...

Доаѓа самата завршница на ракометната сезона во Македонија. Во недела ќе биде познат освојувачот на првиот трофеј, победникот во Купот. Две рунди остануваат и во првенството во кои актуелниот првак Еурофарм Пелистер влегува со два бода повеќе од „лутиот“ ривал Вардар. Влогот секако е голем, но и желбата на навивачите на клубовите, нивниот тим да стигне до посакуваните трофеи. Битолската навивачка група „Чкембари“ полека се „мобилизира“ за ...

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до надлежното Основно јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против Б.Б., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор Пехчево при Регионалниот центар за гранични работи Исток, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата” по член 143 од Кривичниот ...

Управта за јавни приходи (УЈП) објави листа на фирми и физички лица кои должат на државата како даноци, придонеси, акцизи и царини. На таа листа се најде и фудбалскиот клуб Вардар кој должи 48.660.207 денари, или околу 800.000 евра. ФК Вардар веќе неколку години се соочува со финансиски проблеми. Клубот играше и во Втора лига, минатата година преку бараж се врати во „елитата“, а сега повторно го очекува бараж со Детонит за опстанок во ПМФЛ. ...

Google лансираше апликација која ќе ви помогне да го пронајдете изгубениот телефон. Губењето на телефонот е како кошмар во денешниот свет, настанува паника, удирате по џебовите, се враќате по чекорите и стравот ви зазема кога ќе сфатите дека сте го изгубиле телефонот. Меѓутоа, сега на тој кошмар му дојде крајот бидејќи Google конечно претстави опција која ќе не спаси во тие критични моменти. На почетокот на април, Google ја лансираше мрежата ...

Во подземна гаража на зграда во Центар пронајдени се импровизиран кревет и кујнски нож на гражаното место на претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска. Од МВР потврдуваат дека известен е јавен обвинител, предметите се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот. – На 14.05.2024 во СВР Скопје од страна на Д.К. било пријавено дека на подрачјето на Центар во подземни гаражи, во нејзино гаражно место, биле ...

Шеесет и седумгодишниот Д. Ѓ. од кумановското село Габреш, кој е осомничен за двојно убиството сестра си и внукот и обид за убиство на другиот внук, бил пронајден мртов во притворското одделение во Казнено-поправната установ Куманово – затвор К`шање. Д. Ѓ. се обесил, откако со чаршаф се врзал за кревет на кат, додека во притворската келија имало уште еден притвореник кој спиел. Според извори од истрагата, самоубиството се случило завчера околу ...

Македонскиот репрезентативен голман, Мартин Томовски во следната сезона ќе го брани голот на Потсдам во Бундеслигата, тој потпиша едногодишен договор со германскиот клуб. Потсдам кој избори место во најсилната германска лига за следната сезона, го потврди ангажманот на македонскиот голман. „Мартин Томовски ќе го засили нашиот состав за следната сезона. 26-годишниот голман доаѓа од македонскиот рекорден шампион Вардар и потпиша едногодишен ...

Најтрофејниот македонски ракометен колектив, Вардар, излезе со понуда до својот ривал во полуфиналето во Купот на Македонија – Алкалоид. „Црвено-црните“ и вицешампионот во четврток треба да го одиграат полуфиналето од Купот на Македонија во „Борис Трајковски“, а вардарци сега испратија понуда до Алкалоид натпреварот да се одигра ден подоцна – во петок. Ова е еден вид на одговор на неколкуте соопштенија на шампионот Еурофарм Пелистер, од каде ...

Во дворот на ООУ ,,Христијан Тодоровски-Карпош” во општина Карпош се засадија првите садници во рамки на акцијата за пролетно зазеленување во Општина Карпош. Оттука, започнува пролетното садење во сите урбани заедници, во кои се предвидени да се засадат вкупно 200 листопадни и зимзелени дрвја и тоа: црвен јавор, каталпеа, зелен јавор,фотинија дрвја, туја пликата, црвена слива, цветен пепел, црвен костен, црвена гума (ликвдамбар), и јапонска ...

Брера Струмица се пофали со трансфер на Димитар Трајков во ФК Полисја од Житомир, Украина, се работи за соборување на клупскиот рекорд кога е во прашање продажбата на играчи. Од Брера не соопштија за која сума станува збор, само потенцираа дека се работи за најголемиот трансфер во историјата на клубот. „Димитар Трајков ќе стане нов играч на ФК ,,Полисја“ од Житомир Украинa, откако успешно ги заврши медицинските прегледи во овој град и го потпиша ...

Јавноста во шок по вчерашното двојно убиство во скопско Стајковци, кога 67-годишен маж ги убил братот и снаата. Според информации на Скопје Инфо убиството е извршено со метална цевка, која била фатална по животот на двете лица. Неофицијално, лицето го извршило убиството е со нарушено ментално здравје и подолго време се лекувало во здравствена установа. Тоа со тешко телесни повреди е хоспитализирано во скопската градска болница. Ина Многуфина со ...

Вчера попладне во 17.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово, во близина на надвозник Глумово, патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.А.(19) од Скопје, излетало надвор од коловозот. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката И.Ш.(18) од с.Ласкарци, скопско, а со телесни повреди се здобила Е.А., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
60%
1034
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
77%
1035
weather icon

Загреб

4ᴼ / 1ᴼ
0.0
67%
1035
weather icon

Софија

2ᴼ / 0ᴼ
2.57
72%
1036
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
6.34
67%
1038
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 2ᴼ
1.54
79%
1035
weather icon

Атина

8ᴼ / 7ᴼ
2.24
68%
1033
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
70%
1030
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
49%
1031
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
5.66
61%
1039
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
0.45
72%
1036
weather icon

Истанбул

1ᴼ / 1ᴼ
6.17
87%
1032
Currency

61.525

Currency

59.128

Currency

73.9234

Currency

37.1537

Currency

41.3151

Currency

65.5845

Currency

8.13194

Currency

0.60374

Currency

0.38753

Currency

0.52549

Currency

1.64652

Currency

0.67705

Алуминиум

2.62

Кобалт

30.86

Никел

15177.50

Рутениум

16011.07

Калај

30.42

Сребро

1026.93

Злато

91575.91

Бакар

8.98

Паладиум

3118.62

Платина

32495.62

Родиум

148697.20

Цинк

2.72