Уапсен 35-годишен скопјанец кој извршил насилна кржба на бензинска во Чаир. Денеска (10.07.2024) во 05.20 часот на подрачјето на Чаир полициски службеници од Полициската станица Чаир го лишиле од слобода В.В.(35) од Скопје, поради тоа што околу 03.00 часот на бензинска пумпа со закана со остар предмет кон вработениот одзел пари и мобилен телефон. Со него бил извршен службен разговор и кај него биле пронајдени и одземени предмети кои ...

Кривично ќе се гони млад кумановец кој физички ја нападнал својата партнерка која била малолетна, но и таткото на малолетничката бидејќи дозволил таа да живее во вонбрачна заедница. – СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Р.(25) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „вонбрачен живот со дете“, додека против Е.А.(45) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за кривично дело ...

На 10.07.2024 во 12.30 часот полициски службеници од ОВР Гостивар на улица „Панче Попоски” во Гостивар го лишиле од слобода Т.М.(43) од Гостивар, поради основано сомнение дека претходната ноќ извршил три кражби, во кои биле одземени половни делови од возила и алат. Кај него биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривичните дела, кои ќе бидат вратени на сопствениците, а тој е задржан во полициска станица и по комплетно ...

Ламин Јамал имаше само 15 години и 290 дена кога истрча на теренот и стана вториот најмлад дебитант во историјата на клубот. Од неколку факти може да се види астрономскиот развој на талентот Јамин Ламал: – На 20 август за првпат заигра како стартер на мечот со Кадиз – На 28 август стана најмладиот асистент во Ла Лига во ХХI век – На 8 септември стана најмладиот играч во историјата на репрезентацијата на Шпанија на возраст од смо 16 години и ...

Килјан Мбапе е разочаран и самокритичен по елиминацијата на Франција во полуфиналето на ЕП. Во мечот меѓу најголемите фаворити Шпанија ги победи (2:1), а капитенот на Франција не беше на своето највисоко ниво за време на ЕП. Една асистенција за гол и еден автогол и еден гол од пенал се малку за еден од најдобрите играчи во светот. Факт е дека за ова има оправдување поради скршениот нос, поради што до полуфиналето играше со маска, но Мбапе тоа ...

Во земјите од регионот денеска се активирани црвени или портокалови метео аларми кои предупредуваат на многу високи температури, а метеоролозите повикуваат на почитување на правилата во дадените временски услови. Температурата синоќа беше 30 степени во Дубровник, 29 степени во Сплит, а 28 степени во Риека. Врвот на топлотниот бран во Хрватска е најавен за денеска. Во поголем дел од земјата ќе биде многу топло, а само три хрватски региони ...

Секторот за компјутерски криминал при МВР до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против 12 лица, од кои 10 лица државјани на Република Македонија и две лица државјани на Р.Косово за сторено кривично дело „издавање чек без покритие и злоупотреба на платежна картичка”, предвидено и казниво по член 274 ст.2 од КЗ и кривично дело „соизвршителство”, предвидено и казниво по член 22 од КЗ, а во врска со член 274 ст.2 ...

Ламин Јамал, фудбалскиот препрезентативец на Шпанија, стана најмладиот стрелец на еден голем фудбалски турнир, кој вечерва постигна гол против француската репрезентација во полуфиналниот натпревар на Европското првенство. Тој вчера имаше точно 16 години и 362 дена. Претходниот рекорд на големите натпреварувања го држеше славниот Пеле, кој на Светското првенство против Велс постигна гол за Бразил на 17 години и 239 дена. На Европското ...

Најдобриот светски тенисер во моментов, Јан Синер, неочекувано го заврши настапот на Вимблдон уште во четврт-финалето, откако попладнево по четири часовен маратон загуби од Данил Медведев (7-6, 4-6, 6-7, 6-2, 3-6) во меч во кој имаше големи здравствени проблеми. Италијанецот во третиот сет речиси колабираше на теренот, поради што веднаш реагираа лекарите, кои откако му ја измерија сатурацијата го испратија во соблекувалната каде што му укажаа ...

Вардар од денеска и официјално има генерален спонзор, потпишан е договорот со Новоматик кој за црвено-црните во новата сезона ќе одвои еден милион евра. „Ова е посебен момент за нас кој предивикува многу емоции, ова го чекавме долго време. Целиот труд кој го имавме во изминатиот период наиде на препознавање, горд сум, бидејќи Вардар има светла иднина. Ваквите моменти немавме навика да ги гледаме досега, потпишуваме договор за главно ...

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, продолжува периодот на сончево и многу топло време, освен во недела кога во попладневните часови ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи, соопшти УХМР. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C. Особено топло ќе биде од четврток до средината на следната седмица кога на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од ...

Полициските службеници на Граничниот премин Богородица синоќа го уапсиле 32-годишниот А.Р. од струмичкото село Баница кој со фалификувана бугарска лична карта на туѓо име се обидел за излезе од Македонија. При дополнителните проверки било утврдено дека А.Р. издржувал затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Штип, од каде бил пуштен на викенд и отсуството се обидел да го искористи за бекство од државата. Тој бил предаден на ...

Во велешко е регистриран уште еден случај на каснување од змија. Се работи за маж од селото Бањица кој бил каснат од змија додека ги миел рацете на чешмата во дворот од семејната куќа. Мажот, по настанот кој се случил во понеделникот околу 20.50 часот е пренесен во велешката болница и е надвор од животна опасност. Според неговото кажување бил казнат од поскок. Инаку ова е трет случај на каснување од змија за десет дена во велешкиот крај. На ...

Сончево и многу топло. Попладне претежно во западните и јужните делови ќе има појава на локален пороен дожд со грмежи и услови за краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 40 степени. УВ=9 Сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. T= 39 °C, P= 980 hPa, U= 35 %, V= 2 m/s. (Т- температура, P- ...

Единицата за корупција во Секторот за криминалистички истраги при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во соработка со Одделот за криминалистичка полиција на 5. јули годинава до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против: Д.Д.(55), М.Г.(32), М.М.(64), К.В. (58) и А.Д.(29), сите од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, како и З.И.(60) и ...

На 08.07.2024 во 15.48 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Битола, на излез од Прилеп, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „волво“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од К.И.(58) од Кавадарци, патничко возило „рено 5“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.С.(21) од Прилеп и патничко возило „рено меган“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од Г.И.(39) од ...

Новак Ѓоковиќ се пласираше во 15. четвртфинале на Грен слем турнирите, оставајќи го зад себе Џими Конорс, познатиот американски тенисер. Остануваат сè помалку рекорди за Новак Ѓоковиќ, кој на 37 години ги поместува границите и продолжува да докажува колку е неуништлив. Повредата на коленото не го дели од Вимблдон и не само што не се предаде, туку српскиот ас меле се пред себе. Тој без проблем стигна до четвртфиналето на лондонската трева, а ...

На железничката пруга кај булеварот „Србија“, синоќа воз удрил човек на возраст од околу педесет години. Од ударот, тој починал на местото на несреќата. Смртта била констатирана од лекар од Итната медицинска помош во Скопје. Од МВР за МИА информираат дека во 20:20 часот вчера во СВР Скопје било пријавено дека пред надвозникот на бул. „Србија“ воз, кој сообраќал од Скопје кон Битола, удрил во машко лице кое починало на местото на несреќата. ...

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност поголема во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 39 степени. УВ=9 Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. T= 39 °C, P= 977 hPa, U= 32 %, V= 3 m/s. (Т- ...

РЦУК Штип известува, дека во период од 13.00 часот во кругот на фабриката за акумулатори во Пробиштип, при косење трева е пронајдена стара рачна бомба. Од ЦУК за итниот потенцијално опасен случај се известени во Полициска станица Пробиштип и во ДЗС Пробиштип, по што од страна на овластено лице на ДЗС, бомбата е успешно и безбедно отстранета во 15.30 часот. Инаку, ЦУК упатува превентивната препорака до граѓаните што ќе најдат неексплодирани ...

Македонскиот репрезентативец Марио Танкоски, паузата меѓу двете сезони ја искористи на убав начин. Новиот член на Вардар направи свадбена веселба и се заколна на вечна љубов со Ана Станикевска. Гостите на свадбата во Струга ги забавуваше легендарниот Наум Петрески, а денот започна со адетот – бричење на младоженецот. Танкоски славеше титула со Еурофарм Пелистер, реализираше трансфер во Вардар, но покрај ова годинава ќе ја памети и по ...

Потврда за светлата иднина која е пред најголемиот македонски спортски бренд, фудбалскиот клуб Вардар, е најавата за утрешната прес-конференција (12 часот) на која и официјално ќе биде потпишан најавениот договор со австриската компанија за игри на среќа, „Новоматик“, која ќе ја преземе улогата на генерален спонзор на клубот. „Со големо задоволство Новоматик Македонија Ве поканува на настанот по повод потпишување на Договорот со кој што ...

Кристијано Роналдо на 39-годишна возраст се наближува на крајот на својата блескава кариера, но и покрај тоа што зад своето име има 1231 настап и 895 постигнати голови се уште е непознато кога ќе замине во пензија. Неговиот договор со саудискиот Ал Наср важи до крајот на следната сезона, а некогашниот познат романски репрезентативен напаѓач Адриан Муту тврди дека знае која е целта на Роналдо. Според неговото мислење тој сака да тргне по ...

Вчера во охридската полиција било пријавено дека Д.М. од селото Лешани, Општина Дебрца, додека возел автомобил по булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, удрил во мотоцикл што го управувал 47-годишниот Љ.Ѓ. од Охрид, соопштија од СВР Охрид. Веднаш по сообраќајната несреќа, Д.М. заедно со уште две лица од селата Косел и Лешани, физички го нападнале мотоциклистот и му нанеле тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид. ...

Во вторник од 21.00 часот ќе се игра првото полуфинале на Европското првенство во Германија меѓу фудбалските репрезентации на Шпанија и Франција на „Алијанц арена“ во Минхен. Втората полуфинална пресметка е закажана за в среда (21.00 ч.) помеѓу селекциите на Холандија и Англија на стадионот „Вестфален“ во Дортмунд. Финалето ќе се игра на 14 јули во истиот термин на Олимпискиот стадион во Берлин. Наместо досегашната „Фусбаллибе“ (превод, ...

На 07.07.2024 во 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Александар Урдаревски“ во Скопје, патничко возило „фиат стило“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.П.(27) од с.Кучевиште, скопско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата М.П. се здобила со тешки телесни повреди, а сопатничката Б.П.(49) и еден малолетен сопатник, двајцата од с.Кучевиште се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница ...

43-годишен скоппјанец со „кавасаки“ е тешко повреден откако излетал од патот кај „Стража“. – На 07.07.2024 во 12.55 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на мaгистралниот пат Кичево-Гостивар, кај превој Стража, мотоцикл „кавасаки“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од С.В.(43) од Скопје, излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка ...

Почина 24-годишниот Б.А. во четвртокот вечерта бил најден запален на скопскиот аеродром. Веста за Прес24 ја потврдија роднини на момчето. Во четвртокот нешто по полноќ, пожарникарите на скопскиот аеродром пријавиле пожар во индустриската зона Ќојлија, а малку подоцна полицаец пријавил дека со повреди од изгореници на аеродромот дошол 24-годинишникот кој кажал дека од неколку лица бил насилно пренесен со возило од Ченто до селото Ќојлоја. ...

Вчера во 18.45 часот во Тетово, на патот за тетовска Брвеница, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода С.А.(49) и С.Л.(19) од тетовска Мала Речица, Г.В.(52) од Тетово и М.А.(28) и Ф.М.(44), двајцата од Република Косово, а во 19.40 часот во Клиничка болница Тетово и С.Р.(29) од Мала Речица, кои околу 18.30 часот пред маркет на улица „Брвенечка кривина“, по вербална расправија, започнале физичка пресметка во која користеле и ...

Шестмина обвинети, меѓу кои и осомничениот за организирање на злосторничко здружување за даночно затајување и перење пари, Сашо Вучков, признаа вина на првото рочиште во случајот Синџир. За останатите 11 обвинети судењето продолжува. Тие се сомничат дека со издавање фиктивни фактури избегнувале да платат данок и го оштетиле буџетот за 490 милиони денари односно 8 милиони евра. Истражната постапка против 26 сопственици и управители на 28 ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
4.63
81%
1007
weather icon

Белград

9ᴼ / 5ᴼ
4.12
70%
1001
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
92%
996
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
4.63
75%
1007
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
1.79
85%
1007
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
97%
996
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
1.34
72%
1010
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
4.12
58%
1005
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
1005
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
2.68
92%
1006
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 2ᴼ
4.63
92%
998
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1010
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Паладиум

54688.42

Сребро

2586.53

Алуминиум

3.13

Родиум

334367.76

Иридиум

213919.04

Злато

161412.82

Калај

48.33

Кобалт

64.04

Бакар

11.89

Платина

67130.76

Цинк

3.32

Рутениум

45750.51