Слободното движење на стотици крави низ Крива Паланка, кои влегуваат во дворови, уништуваат земјоделски површини и ја загрозуваат безбедноста на жителите, стана тема на напис и видео на американската новинска агенција „Асошиејтед прес“ (АП). Во написот се посочува дека жителите со години се соочуваат со проблемот со стоката што неконтролирано се движи низ градот, а освен материјалните штети, постои загриженост и за безбедноста на сообраќајот ...

Кравите од Крива Паланка се топ тема и во светските медиуми. Новинската агенција Асошиејтед прес објави видео сторија од Крива Паланка за крави кои шетаат слободно низ градот и предизвикуваат хаос. Локалното население во градот се бори со стадо говеда кое се зголемило на повеќе од илјада животни, уништувајќи имот и загрозувајќи го нивниот живот – се наведува во сторијата. Како главен виновник за ситуацијата, локалните жители го истакнуваат ...