Младински образовен форум (МОФ) изразува јавен апел до државните институтции по добиените бројки дека Македонија се наоѓа на петтото место за одлив на мозоци. Истражувањето на Државниот завод за ревизија, покажува дека 40% од високообразовниот кадар ја има напуштено државава и дека државата не поседува целисходни документи и стратегии за спречување на одливот или истите не ги спроведува доследно. Податоците се поистоветуваат и со наодите од ...

Бројот на студенти во Македонија секоја година се намалува, а од 2013 наваму, секоја година се иселуваат по 2500 образувани лица. За 2,8 проценти е намален бројот на студентите во академската 2023/2024 година. Разликата е на годишно ниво, односно запишани се вкупно 52.316 студенти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, добиени врз основа на пристигнатите извештаи. Притоа, доминираат студентките – 30.704, кои претставуваат 58,7 ...

Светското првенство во е-спорт започна денес во главниот град на Саудиска Арабија – Ријад, каде што ќе има натпревари во видеоигри во следните 8 недели. Според објавата на официјалната веб-страница на Фондацијата за Светски куп на е-спорт, овој настан во гејминг-индустријата има рекорден награден фонд од 60 милиони долари и повеќе од дваесет наслови во видеоигри, покривајќи игри како Counter-Strike 2, League of Legends и Call of Duty. Вчера се ...

Инклузивното образование ќе претрпи измени низ широка дебата со вклученост на родители, наставници, практичари и стручната фела, најавува Министерството за образование и наука. Според министерката Весна Јаневска, се работи за комплексна и многу деликатна тема којашто ќе биде во фокусот на МОН. Од укажувањата на родители и наставници, рече таа, сегашниот концепт на тотална инклузија на овие деца во редовната настава кај нас е неуспешна. Има ...

Мрежите на младински организации – Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), Коалиција на младински организации СЕГА и Сојузот за младинска работа, преку допис го искажаа својот став кон Владата, со кој го поздравуваат чекорот за унапредување на положбата на младите во рамки на организацијата на државниот апарат. „Веруваме дека новоформираното Министерство за социјална политика, демографија и млади ќе биде водечката институција која ќе ...

Образованието не е такво какво што сакаат наставниците, учениците и родителите, и одредени аспекти на Концепцијата за основно 0бразование ќе претрпат промени. Тоа што не дава резултати, мора да биде променето. Одредени аспекти на Концепцијата за основно образование ќе претрпат измени, затоа што ниту наставниците, ниту учениците и родителите не се задоволни од имплементацијата и постигнатите ефекти, истакнала министерката за образование и наука ...

Вештачката интелигенција ја направи сајбер безбедноста кревка, а измамите се присутни во сите области. Од тврдењето кое не може да се побие: „Видов со свои очи“ до фактот дека ни нив веќе не може да им се верува – еве што му направи вештачката интелигенција на човештвото за година-две. Image by rawpixel.com on Freepik Злоупотребата е најизразена во медиумскиот сектор. Маркетинг реалистичните видео и аудио содржини што изгледаат автентично ...

Планинарска екипа на ПСК „Осогово“ од Кочани успешно ја заврши едонеделната експедиција за искачување на три врвови на Алпите, повисоки од четири илјади метри. Планинарите Тошо Антов, Зоран Николов, Душко Наумов и Маријан Стевановски, предводени од искусниот планински водич Александар Кирковски, се искачија на врвот Брајтхорн на 4160 метри, потоа на Пирамиде Винсент на 4250 метри и на крајот на врвот Балменхорн висок 4167 метри. -За време на ...

Познато е дека членовите на генерацијата Z сакаат да се потсмеваат на милениумците и нивниот „старомоден стил“, но сега им пречат некои сосема нови деца. По правило, Генерацијата Алфа се деца на милениумци, родени помеѓу 2010 и 2024 година и – тие доаѓаат по генерацијата Z. Имено, најстарите членови ќе бидат полнолетни за четири години и со тоа ќе станат нова работна сила, а некои веќе ги испробаа своите први работни места со скратено работно ...

Фотографија од фламинго на Мајлс Естреј беше дисквалификувана од престижниот натпревар, но познатиот фотограф испрати порака: „Природата е толку фанатична и креативна и мислам дека ниедна машина не може да ја победи“. Фотографијата од фламинго без глава изгледаше како нешто што само вештачката интелигенција може да го замисли. На крајот на краиштата, речиси совршено тркалезната, розова грутка од преријата сместена на две нозе како чепкалка за ...

Огненото оружје е голема опасност во Македонија – трети сме во Европа според стапката на смртност од огнено оружје. Со 12,25 случаи на милион жители, Северна Македонија е трета во Европа според стапката на смртност од огнено оружје, покажува анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на меѓународниот Институтот за мерење и и проценка на здравјето со седиште на Универзитетот во Сиетл. Повисока стапка на смртност од ...

Во рамките на проектот “Newaves”, претставници на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип беа во посета на студентското радио „УКЛО ФМ“, на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ во Битола. Беше презентиран проектот “Newaves”, кој е наменет токму за локалните радиостаници во земјите учеснички во проектот. „УКЛО ФМ“ е локално радио, но карактеристика за него, исто како и за Универзитетското радио „УГД ФМ“ е дека е во категоријата „непрофитни ...

Студентите и средношколците веројатно ги интересира профилот на новата министерка за образование и наука, Весна Јаневска. Со оглед дека под ова министерство се сите образовни институции во Македонија, да разгледаме која е новата министерка, која денес ја презеде функцијата. Јаневска е родена во 1958 година во Скопје, по професија е патолог и поранешен пратеник во Собранието. Таа е пензиониран професор на Медицинскиот факултет при Универзитетот ...

УХМР со соопштение преупредува на тропските температури кои ќе ја зафатат Македонија во деновите што се пред нас. Од денеска до недела, земјава ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса од југ, која ќе предизвика сончево и натпросечно топло време за овој период од годината. Дневните температури насекаде ќе бидат над 30, а наместа ќе достигнуваат 40 степени. -Според прогнозираните и пресметаните гранични вредности на екстремни ...

Убиствата во Кратово, каде 36 годишна жена ги уби сопругот и свекорот, се и пораз на системот, со оглед на тоа дека до нив довела серија на пријавувања на насилство и нереагирање на надлежните. Платформата за родова еднаквост реагира на одлуката на Основното јавно обвинителство Куманово да започне постапка против 36-годишната В.И. од Кратово, која е жртва на семејно насилство. Сметаме дека во конкретниов случај станува збор за акт на ...

Електронско пријавување започнува од четврток (20 јуни) до вторник (25 јуни до 15 часот) , на учениците за запишување во средно образование за учебната 2024/2025 година. Второто пријавување во јунскиот уписен рок ќе биде на 1 и 2 јули до 15 часот. Фото: МИА Со цел да се оптимизира процесот за запишување во средните училишта, Министерството за образование и наука и оваа година овозможи електронско пријавување. Пријавувањето е преку линк до ...

Холокаустот е на некој начин енигма за милениумците и за генерацијата З, а Нетфликс со филм ќе се обиде да го промени тоа. И покрај безбројните документарни филмови, филмови, емисии и книги за Втората светска војна, дури 63% од американските милениумци и членовите на генерацијата Z не знаат дека 6 милиони Евреи биле убиени во Холокаустот. Ова го покажува истражувањето спроведено од Конференцијата во 2020 година за еврејските материјални барања ...

Речник на поими од медиумска писменост со игровни активности за усвојување, утврдување и примена на поимите од речникот промовираа тројца автори. Една од целите на овој проект е да се апелира до медиумските работници да се користат македонските термини, наместо најчестите англиски. Автори на овој речник и игровни активности се Елена Апостолова, Гордана Анастасова и Добри Јовевски. Тие на промоцијата апелираа до медиумите и вработените во ...

Партиската книшка не треба да е најмоќното оружје за младите лекари при вработување, а политиката треба да се оддели од здравствениот систем. Ова беше заклучокот од вчерашната панел-дискусија, на која учествуваа лекари од различни специјалности, а коа беше организирана од граѓанското здружение „Замисли“. Здрaвствениот систем сè почесто потфрла, а речиси секојдневно граѓаните се соочуваат со проблеми во болниците, клиниките и во другите ...

НАУКА ЗА ДЕЦА, Фондација КАНТАРОТ и семејството на спортскиот коментатор Александар Стиков, ја распишуваат наградата „Колега Стиков“. Оваа година, под мотото „Добриот глас надалеку се слуша“ во име на славниот глас на Стиков, со оваа награда ќе се закити најдобриот млад презентер на научна содржина. Повикот е наменет за ученици од основните училишта во Македонија, кои треба да направат видеопрезентација со должина до 5 минути во која ќе се ...

Електронски дневник ќе се применува во учебната 2024/25 година, во рамките на нов интегриран систем за електронска работа на училиштата. Министерството за образование и наука (МОН) со финансиска поддршка од ИПА фондовите на Европската унија изработи нов интегриран систем за електронска работа на училиштата, кој вклучува и нов електронски дневник, што официјално ќе се примени во текот на новата учебна 2024-2025 година, откако претходно ќе го ...

Social Day по четврти пат се одржа во Македонија, како ден во кој се среќаваат младите од една, и компаниите од дуга страна. „Активно граѓанство, солидарност, волонтирање, кариерен развој, општествена одговорност, младински фонд, поддршка, соработка, одржливост. Уникатен концепт, добро познат на глобално ниво, моќна алатка за солидарност и општествена одговорност, кој на 5ти јуни 2024г. по четврти пат ги обедини младите и возрасните во нашата ...

ЗНМ и УНДП ги доделија новинарските награди за креативност и новинарска етика, првата награда отиде кај Михаил Милошевски од 360 степени. Новинарот Михаил Милошевски од 360 Степени со темата „Бугарскиот клуб на Косово што го отвори Јотова – под клуч“ е добитник на првата награда за „Креативност и новинарска етика“ што ја доделува Здружението на новинари на Македонија во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Фото: ЗНМ ...

ФРЛЗ – Фондација за развој на локалната заедница – Штип, по трет пат ја организира Конференцијата за децентрализација и граѓанско учество во креирањето на локални политики. На Конференцијата ќе бидат презентирани резултатите од новото истражување за вклученоста на граѓаните во креирањето на локалните политики, донесувањето одлуки, фискалната децентрализација, капацитетот на единиците на локалната самоуправа за управување на јавните средства и ...

Елена Андоновска , долгогодишна членка на Националниот ансамбл „Танец“ и студентка на Музичката академија на УГД, е позната по еден од најубавите вокали, како создаден за изворната македонска музика. Во последните години, токму во насока на зачувување и негување на македонската музика, култура и традиција, Андоновска во рамките на своите самостојни солистички активности, снима неколку албуми, во кои прави препев на макеоднски песни, познати, но ...

Учебната 2023/2024 година заврши за средношколците, додека учениците во основните училишта, согласно годинашната одлука за организација на наставата, до летниот распуст имаат уште една работна недела. Крај на учебната година на 17 јуни беше предвидено за сите ученици, но Министерството за образование и наука излезе во пресрет на барањето на Сојузот на средношколци. -Во Законот за основно образование се одредени точен број работни денови (180) ...

МОФ – Младинскиот образовен форум , денеска во Скопје организира конференција за образованието и младите по повод 25 години од основањето на организацијата. -Преку две панел дискусии, за време на настанот ќе направиме рефлексија за достигнувањата на организацијата и ќе дебатираме за иднината на образованието и улогата на младите во нашето општество. Говорници ќе бидат инспиративни панелисти кои биле или во моментов се дел од Младинскиот ...

Матурантите в сабота ќе го полагаат вториот, изборен екстерен испит од државната матура. Како и во минатите години, најмногу кандидати (13 198) се пријавени за тестот по Англиски јазик. Испит по Математика ќе полагаат 1356, за Германски јазик се пријавени 114, 37 за Француски јазик, 84 за Естетика и по еден кандидат за Руски јазик и за Филозофија. Минатата сабота матурантите го полагаа првиот, задолжителен екстерен испит – Мајчин јазик ...

Температурите константно растат, мај е 12-ти последователен месец во кој глобалната просечна температура достигна рекорд (за секој месец) врз основа на податоците од соодветниот месец. 12-месечната серија беше потврдена кога Светската метеоролошка организација (WMO) и Метеоролошката канцеларија на Обединетото Кралство го објавија своето годишно ажурирање на климатските прогнози, кое ги обединува годишните и децениските прогнози на институциите ...

Минатата година, ако ученик беше „фатен“ со препишан дел од есејот по мајчин јазик на државната матура, есејот единствено беше бодуван со 0 поени. Но, годинава има ново правило, согласно кое ако се утврди препис во есејот, целиот испит да биде поништен. Ова објаснување за Мета.мк го дава Билјана Михајловска, директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ), по информациите дека за време на полагањето на испитот во саботата, тестот бил фотографиран ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
3.09
67%
1012
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
3.09
79%
1015
weather icon

Загреб

15ᴼ / 11ᴼ
5.66
52%
1020
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
87%
1014
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
1.24
80%
1014
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
0.89
59%
1019
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
2.57
76%
1008
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
48%
1009
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
48%
1011
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 12ᴼ
5.14
64%
1011
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 13ᴼ
6.17
59%
1019
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
5.66
87%
1008
Currency

61.535

Currency

56.9903

Currency

73.6461

Currency

35.8915

Currency

39.8754

Currency

64.502

Currency

7.97057

Currency

0.67129

Currency

0.38121

Currency

0.52517

Currency

1.50576

Currency

0.66699

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15715.00

Рутениум

20190.67

Калај

36.07

Сребро

1079.73

Злато

99960.97

Бакар

10.10

Паладиум

3118.62

Платина

31670.15

Родиум

183259.26

Цинк

2.83