
Скопје
9ᴼ /
9ᴼ



Според најновиот финансиски извештај, Nintendo Switch е чекор поблиску до PlayStation 2 во однос на продажбата, со повеќе од 150 милиони продадени единици. Како што забележа Gematsu, до 31 декември 2024 година, Nintendo Switch има продадено 150,86 милиони единици, што е само 10 милиони помалку од најпродаваната гејминг конзола на сите времиња – PlayStation 2. Конзолата од 2017 година во истиот период продаде 4,82 милиони хардверски единици и ...
Кон крајот на минатата година, се појавија гласини за развој на конзола базирана на Steam системот, која ја создава Valve. Се тврдеше дека уредот се дизајнира заедно со нови верзии на Steam контролер и нов VR уред. На социјалните мрежи, технолошки инсajдери дебатираа за можните спецификации на Steam конзолата, но Valve не ги коментираше овие тврдења, пренесува медиумот Инсајдер Гејминг. Денес, се појавија нови шпекулации, при што корисникот на ...
Неодамна, актерот Симу Лиу сподели на социјалните мрежи дека работи на играна адаптација на „Sleeping Dogs“, отворен-свет играта од 2012 година. Кога „Sleeping Dogs“ беше објавена пред повеќе од една деценија, доби критички признанија, со интензивна приказна, мајсторски борбени механики и ѕвезден актерски состав. Долги години, фановите на оваа единствена игра се надеваа на продолжение, но тоа никогаш не се оствари. Сега, конечно, имаме потврда ...
Бројот на вработени во BioWare е премал. Според нов извештај на Jason Schreier од Bloomberg, компанијата сега има помалку од 100 вработени, откако пред две години имала повеќе од 200 луѓе. Извештајот вели дека бројни вработени кои биле “привремено” преместени на нови тимови, биле информирани дека тие преместувања ќе бидат трајни. Веќе не се работници на BioWare кои помагаат во различни области. Извештајот на Schreier исто така ја потврдува ...
Techland неодамна се појави на социјалните мрежи за да ја прослави 10-годишнината на франшизата Dying Light. Првата игра беше објавена во 2015 година, носејќи динамично и интензивно искуство со зомби-акција, брзо станувајќи една од најдобрите игри во жанрот. Во 2022 година, Techland ја претстави Dying Light 2: Stay Human, игра со „live-service“ модел која и денес останува популарна. Како дел од прославата, тимот на Techland објави видео полно со ...
Додека Marvel Rivals станува сè посилена, нејзиниот главен конкурент – Overwatch – се бори да опстане. Откако беше објавен од NetEase во декември, Marvel Rivals ја освои гејминг сцената, привлекувајќи десетици милиони играчи и доминирајќи на социјалните мрежи и стриминг платформите ширум светот. Overwatch 2 се бори да остане релевантен. Од загриженоста за бројот на играчи до недостатокот на значајни ажурирања, херојскиот шутер кој некогаш ...
Главниот сценарист на Fallout: New Vegas и Horizon Zero Dawn, Џон Гонзалез, објави дека се враќа во Obsidian по 14 години. Оваа најава дојде преку неговиот LinkedIn профил, каде што брзо ги негираше шпекулациите за Fallout: New Vegas 2, велејќи едноставно: „Не, не е Fallout: New Vegas 2.“ За што точно работи Гонзалез останува да се види, а тоа може да зависи од успехот на следните две игри на студиото, Avowed и The Outer Worlds 2. Доколку ...
Во голема вест која беше објавена од Variety во вторник навечер – среда наутро во Јапонија, Sony Corp. направи неочекувани промени во својата организациска структура. Хидеаки Нишино, кој беше назначен за ко-извршен директор и го водеше платформскиот сектор во 2024 година, сега ќе дејствува како единствен претседател и извршен директор на Sony Interactive Entertainment (SIE). Хермен Хулст, кој минатата година беше именуван за ко-извршен директор ...
PlayStation сака да имате PlayStation Network (PSN) акаунт кога ги играте нивните игри на PC. И подготвен е да им даде бесплатни награди на играчите за тоа. Во објава на PlayStation Blog, компанијата најави нови поттикнувачки награди за играчите на PC кои исто така имаат PSN сметка. Игри како Marvel’s Spider-Man 2, God of War Ragnarök, Horizon Zero Dawn Remastered и The Last of Us Part 2 Remastered ќе им дадат дополнителна содржина во играта на ...
Планираниот DLC за Age of Empires 3: Definitive Edition е откажан, објави развојното студио World’s Edge. Во порака објавена на официјалната веб-страница на играта, тимот изјави дека оваа одлука „не беше донесена лесно“ и дека најавата за DLC-то била направена „предвремено“. Додека ги разгледувавме содржините за минатогодишниот настан, сакавме да осигуриме дека играчите на Age III: DE ќе се чувствуваат како дел од прославата на франшизата, ...
Според доверливи инсајдери, следната сезона на Fortnite Festival ќе ја стави Сабрина Карпентер во центарот на вниманието. Според Shpeshal Nick (преку ShiinaBR), следната сезона на Fortnite Festival наводно ќе се фокусира на пејачката зад некои од најпопуларните хитови на 2024 година – Сабрина Карпентер. Ако пејачката на „Espresso“ навистина стане икона на Fortnite Festival Season 8, тогаш играчите можат да очекуваат нови козметички додатоци и ...
Креативниот директор на Helldivers 2 и студиото Arrowhead Games објави дека ќе земе голем одмор од целото студио и целата индустрија во која што има работено повеќе од 11 години. Овој одмор доаѓа по огромниот едногодишен успех на мега хитот Helldivers 2. Креативниот директор на Helldivers 2, Јохан Пилестедт, објави на X дека зема одмор. Пилестедт објасни дека додека играчите уживаат во Helldivers 2, тој работел на играта уште од 2016 година, а ...
Повќе од 50 вработени од студиото Phoenix Labs се отпуштени, а студиото и нивната игра Dauntless најверојатно ќе бидат затворени. Во разговори со поранешни вработени во студиото Phoenix Labs, се дознава дека околу 50 лица денеска биле прогласени за технолошки вишок. Неколку од тие вработени веруваат дека играта Dauntless сега е “мртва” и дека студиото Phoenix Labs најверојатно ќе биде затворено, иако матичната компанија Forte сè уште не дала ...
Официјално е откриена насловната на WWE 2K25. Како што се очекуваше од првичниот тизер на почетокот на месецов, познатиот и легендарниот борец Роман Рејнс ќе ја краси насловната на стандардното издание на играта. The Undertaker ќе биде претставен на Deadman Edition, додека целата екипа од Bloodline ќе биде вклучена во Bloodline Edition на играта. Ова е втор пат Роман Рејнс да биде претставен на основната насловна на играта, а првпат како ...
Викендов во Македонија, во прекрасните простории на „Бејс 42“ се одржа најпознатиот маратон во правење на игри „Глобал Гејм Џем Скопје 2025“ организирано од Асоцијација на македонската индустрија за видеоигри (Macedonian Games Industry) или скратено МГИ.мк. Оваа година беше јублејното петнаесетото издание на ГГЏ во Македонија, односно сега познато веќе како „Глобал Гејм Џем Скопје“. Глобал Гејм Џем е всушност маратон во правење игри, каде што во ...
Ubisoft ќе го затвори своето студио во Англија, сместено во Лемингтон, при што од работа ќе бидат отпуштени 185 вработени во рамките на компанијата. Тимот во Лемингтон, кој брои околу 50 луѓе, ќе биде целосно отпуштен од работа, додека бројот во другите канцеларии на Ubisoft во Дизелдорф (поранешно Blue Byte), Стокхолм и Њукасл, ќе биде намален. Односно само одреден број на вработени ќе бидат отпуштени. „Како дел од нашите тековни напори за ...
Даниел Ериксон, извршниот комерцијален директор на студиото Thought Pennies, неодамна изјави дека вработените биле отпуштени од работа и дека нивната идна игра била откажана, пренесува медиумот PC Gamer. „Во последните три години во Thought Pennies изградивме нешто неверојатно.Никогаш не пропуштивме ниту еден милестон, нашата повратна информација беше одлична, нашите партнерства силни. Од двајца луѓе и PowerPoint, стигнавме до тим од скоро 60 ...
Падот од 17% е еден од најзначајните падови на вредноста на акциите на EA досега, откако беше објавен финансискиот извештај за третиот квартал од 2025 година. Разочарувачките продажни резултати на Dragon Age: The Veilguard се главната причина, со компанијата која извести дека играта продала само 1,5 милиони копии, наспроти предвидените над 3 милиони. За споредба, Inquisition продаде 12 милиони копии, додека Anthem, друга игра на Bioware која ...
Денес офицјално беше најавено, нова игра од мега познатиот серијал Ninja Gaiden е во изработка! Нинџите се враќаат во акција! Од развивачите Team Ninja и PlatinumGames, Ninja Gaiden 4 беше најавена за време на Xbox Developer Direct. Најавата за играта ги потврдува гласините дека „легендарно јапонско ИП“ ќе добие своја игра најавена за време на годишниот настан, пренесува медиумот Инсајде Гејминг. „До сите ‘Мастер Нинџи’ ширум светот, по повеќе ...
Во неодамнешен извештај беше откриено дека Sony откажале уште две PlayStation лајв сервис игри, една во Bend Studio, а другата во Bluepoint Games. Дополнително, по објавувањето на извештајот, беше истакнато дека една од откажаните игри, која ја развиваше Bluepoint, била игра со лајв сервис елементи сместена во универзумот на God of War, пренесува медиумот Инсајдер Гејминг. Дополнително денес добивме информации дека играта која што е со кодно име ...
Денот конечно пристигна, бидејќи Nintendo официјално го најави излегувањето на Nintendo Switch 2, најлошо чуваната тајна во историјата на видео игрите! Во кратко двоиминутно видео на интернет, Nintendo потврди целосен дизајн на новата конзола. Потврдувајќи го изгледот кој се појавуваше во последните месеци. Конзолата ќе биде црна и ќе има повеќе округол изглед, ново дизајнирана поддршка со поширок агол, нов изглед на док-станицата, магнетни ...
2025 ќе биде една од најголемите години за гејминг индустријата, што реално ја чекаме веќе со години. Rockstar Games се подготвува да ја издаде GTA 6 оваа есен. Nintendo наскоро ќе го претстават Switch 2, со новата конзола што се очекува да биде лансирана заедно со Metroid Prime 4: Beyond. PlayStation ќе ги издаде Death Stranding 2: On the Beach и Ghost of Yotei во следните 12 месеци, додека Xbox ги има Avowed, Doom: The Dark Ages, Fable и South ...
Официјално сме влезени во една од најинтересните години, годината којашто одбележува една четвртина од овој век. Година којашто е преполна со огромен број на игри коишто се очекуваат со нетрпение, и година во каде што според многумина се тврди дека ќе е многу значајна за гејминг индустријата. Многумина би кажале дека годините се само бројка, па затоа овде решивме да направиме една рекапитулација, да видиме кои игри оваа година го слават својот ...
Студиото Hi-Rez официјално потврди дека Smite 2 ќе премине од алфа верзија која што се плаќа во отворена бета верзија која ќе биде целосно бесплатна од следната недела – 14 јануари. Во септември 2024 година, клиентите кои платија добија пристап до Smite 2 АЛФА верзија, но почнувајќи од следниот вторник, ќе можете да ја преземете и да играте Smite 2 без да потрошите ниту денар. Првиот наслов на Smite дебитираше пред 11 години во далечната во 2014 ...
Двата огромни хитови на Sony PlayStation Studios, се игрите Horizon Zero Dawn и Helldivers 2, кои што официјално добиваат филмски адаптации, пренесува медиумот IGN. Филмот за Helldivers 2 беше објавен за време на прес-конференцијата на компанијата Sony на CES 2025. Станува збор за соработка помеѓу Sony Productions и Sony Pictures. Други детали засега не се откриени. Говорник на сцената на CES беше Асад Кизилбаш, директорот на PlayStation ...
Историјата на видеоигрите не е само приказна за една индустрија — станува збор за хроника на една револуција која целосно ја промени сегашноста па и иднината што следи. Целосно ја промени забавата, начинот на кој ја користиме технологијата и ја разбираме културата, пишува новинската агенција Мета. Од најраните денови на едноставни, пикселизирани игри како „Понг“ (Pong), до хиперреалистичните отворени светови на „The Witcher 3“ и „Cyberpunk ...
Глобал Гејм Џем е започнато како идеја на Сузан Голд во соработка со Горм Лај, Иан Шрајбер и Фоад Хосмуд. ГГЏ е за првпат направено во 2008 година, како проект на Меѓународната асоцијација на девелопери на игри (IGDA) што всушност се креирало преку инспирација од сите џемови што постоеле до тогаш. Од 2013, настанот се управува од страна на Global Game Jam, Inc., непрофитабилна организација. инспирирана од многуте претходни гејм џемови. Првиот ...
Понзатиот српски јутубер Константин Ненадов, или познат на сцената и меѓу гејмерите како креаторот на каналот „Escape Game Show“ оваа година беше еден од главните стримери на најголемата гејминг манифестација во Македонија – A1 Game Fest 2024. На настанот оваа година повторно дечките од Intetic и KAMAi Media беа присутни со својата генијална „ескејп рум“ која што е целосно инспирирана од нивната игра. Може да се каже дека имаат напревено две ...
Amazon Prime Video објави дека анимираната антологиска серија „Secret Level“ е обновена за втора сезона на платформата. Најавата беше проследена со откритието дека „Secret Level“ го имаше најголемото деби за нова анимирана серија на сервисот. Првата сезона се состоеше од 15 епизоди и опфати игри како Sifu, Dungeons & Dragons, Unreal Tournament, Pac-Man и други. Исто така, постои епизода посветена на веќе непостоечкиот херој-шутер Concord. ...
11 Bit Studios објави дека ја откажала играта позната како Project 8 и дека ќе има отпуштања во студиото поради тоа. Во соопштението објавено оваа недела, 11 Bit Studios соопшти дека 37 луѓе работеле на играта до моментот на одлуката за нејзино прекинување. Што се однесува до причините за откажувањето, претседателот на студиото Пржемислав Марзал наведе неколку објаснувања. „Со Project 8, доживеавме и напредок и потешкотии“, изјави тој. „За време ...