Сончево и многу топло со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Вредноста на ултравиолетово зрачење (УВ) ќе биде 8. Минималната температура ќе се движи во интервал од 13 до 20°C, а максималната од 31 до 39°C. Информација од утрово: Минимална ...

Бројни улици беа поплавени, водата навлегуваше во куќите и носеше автомобили. За време на викендот кал падна на автопатот кај Грац, силниот ветер собори дрвја на патот. Невремето ги уништи и избирачките места за изборите за Европскиот парламент. Таков беше случајот со избирачките места во јужната провинција Штаерска, поточно во селото Дојчфејстриц со околу 4.000 жители северно од Грац. Австрискиот метеоролошки институт прогнозира нови врнежи од ...

Со победата над Александар Зверев (6:3, 2:6, 5:7, 6:1, 6:3) во Париз, тој ја освои третата Грен слем титула по успехот на УС Опен и Вимблдон. Тоа го направи на возраст од 21 година и 35 дена, со што стана четвртиот најмлад човек што го направил тоа. Тој ги надмина играчите како Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер кои не му се ни блиску по овој параметар, но остана зад три големи тениски легенди. На третото место на таа листа се Рафаел Надал (21 година ...

Германскиот канцелар Олаф Шолц, како и Макрон, исто така имаше тешка ноќ бидејќи неговите социјалдемократи го постигнаа својот најлош резултат досега, поразени од конзервативниот естаблишмент и екстремно десничарската Алтернатива за Германија (AfD). Италијанската премиерка Џорџија Мелони ја зацврсти својата позиција откако нејзината конзервативна партија Браќа на Италија освои најмногу гласови. Свртувањето надесно на Европскиот парламент може да ...

„Одлучив преку гласање да ви го вратам изборот на нашата парламентарна иднина. Затоа, го распуштам Националното собрание“, рече тој во обраќањето до нацијата од Елисејската палата. Ќе се гласа во два круга на 30 јуни и 7 јули, додаде тој. Првите проекции на резултатите од гласањето за Европскиот парламент вечерва покажуваат дека екстремно десничарската партија Национален митинг на Марин Ле Пен добила најмногу гласови во Франција со 31,5 отсто. ...

Топлиот бран кој ќе започне да добива на интензитет и тоа уште од утре па за време на викендот, во текот на следната седмица ќе стане дури и екстремно топол, што значи дека очекуваме екстремно високи температури на воздухот кој насекаде низ Македонија ќе надминуваат 30 степени, на повеќе места температурите ќе се искачуваат до околу 35 степени, додека во централните и во југоисточните предели температурите локално ќе надминуваат дури и 40 ...

Во текот на изминатите 12 месеци, просечната глобална температура беше за 1,63 °C повисока од прединдустриските нивоа. Научниците велат дека тоа го загрозува животот на планетата. Климатските промени се почесто ги покажуваат своите заби. Мај беше 12-ти последователен месец во кој Земјата забележа рекордни температури, а летово се очекуваат повеќе топлотни бранови. Според Службата за климатски промени Коперник на ЕУ, минатиот месец вкупните ...

Пукната челична сајла од жичницата од Тетово до Попова Шапка може да биде опасна по луѓето, алармираа лани граѓаните, а речиси една година потоа, проблемот не е надминат. Лани во август МИА информираше дека постои опасност оштетената сајла да се искине и да предизвика проблеми доколку падне на патот. Состојбата е иста и сега, сајлите се надвиснати и се забележителни кога се минува со возило под нив. – Уште малку фали до судниот ден кога сајлата ...

Секоја година Европа извезува милиони тони отпад во земјите во развој, а не целиот е легален. Ќесата за ѓубре што ќе ја фрлите во корпа, па дури и вашиот стар телефон, може да заврши на другата страна на светот. Секоја година, Европа извезува милиони тони отпад во земјите во развој, со потенцијални негативни влијанија врз локалната средина. Во овој многу профитабилен бизнис, се проценува дека една третина од пратките се нелегални, а криминалните ...

Неколку лица се водат како исчезнати во поплавите што го погодија југот на Германија, а меѓу нив е и 22-годишен пожарникар во градот Офинген во сојузната покраина Баден-Виртемберг, кој е осомничен дека се давел. Досега, како што беше најавено вчера, најмалку пет лица загинаа во поплавите, а германската метеоролошка служба (DWD) објави дека денеска и утре се очекуваат нови врнежи и невреме во Баварија, додека пообилни врнежи најверојатно ќе го ...

Според Конвенцијата на ОН за борба против опустинувањето, до 40 отсто од земјиштето на планетата е деградирано, што директно влијае на половина од светското население. Бројот и времетраењето на сушите се зголемија за 29 отсто од 2000 година – без итни мерки, сушите може да зафатат над три четвртини од светското население до 2050 година. Реставрацијата на земјиштето е клучен столб на Декадата на ОН за обнова на екосистемот (2021-2030), собирен ...

Се на се, таа го прослави овој ден како што треба, насмеана и расположена. Розовата боја доминираше, како меѓу балоните, така и меѓу цвеќињата кои ја красеа роденденската маса. Таа самата беше облечена во розов џемпер со големи сиви ѕвезди. Таа беше воздржана кога требаше да објави фотографии од оваа прослава, но и тие малку покажаа дека сè помина како што таа замисли. До неа беше нејзиниот партнер Том Каулиц, како и нејзините деца. Таа ги ...

Околу 33 лица починале во текот на викендот во северната држава Утар Прадеш поради жештините. „Во државата Одиша, околу 20 лица починаа од топлотен удар“, изјави официјален претставник за новинската агенција АНИ. Многу од овие смртни случаи беа пријавени на 1 јуни кога Индија гласаше во последната фаза од гласањето за општите избори. Резултатите од изборите ќе бидат објавени на 4 јуни. На секои пет години, општите избори се одржуваат во Индија ...

На 11.06.2024 (вторник) во Културно информативен центар – Скопје со почеток во 20 часот ќе биде отворена изложбата и доделување на наградите во склоп 62-рите „Денови на македонска фотографија.“ На конкурсот беа пријавени речиси 50 автори со над 270 фотографии од која стручното жири ги избра наградените во неколку категории. ДМФ претставува резиме на македонското фотографско творештво во тековната година и е најстара фотографска манифестација во ...

Македонците во денешната држава Албанија се 65 проценти и немаат никава застапеност во власта (слични се обидите и во Македонија) Нова Македонија: Претставниците на македонскиот народ во Република Албанија продолжуваат со своите активности за унапредување на малцинските права во согласност со меѓународното право за човекови и малцински права, како и европската пракса и регулатива. Во овој правец беше и последната иницијатива на Васил Стерјовски, ...

Лидерот на Сириза, Стефанос Каселакис му порача на премиерот Кирјакос Мицотакис дека наместо да го инструментализира Договорот од Преспа и да вели дека е тоа штетен договор, „нека оди кај ВМРО, сестринска партија во Европската народна партија, и нека договорат корисен договор“ и со ова директно се подсмева со Заев и неговото опкружување дека неможат да најдат по недоветни и по неинтелегентни “овци за стрижење” Претседателот на опозициска СИРИЗА ...

ЦУК ја пренесува информацијата од фирмата “Рапид Билд ДОО” дека заради безбедност, движењето на граѓаните во близина на гасоводната делница Скопје – Гостивар ќе биде регулирано и тоа во сигурносен појас од 100 метри од двете страни на цевката, заради пневматско испитување на цврстината и непропусност на магистралниот гасовод Делница Скопје – Тетово – Гостивар, во три последователни временски интервали од 30 мај до 22 јуни 2024 година: Во ...

Меѓу блескавите златни предмети од пиринејскиот бронзен период, неколку кородирани предмети можеби се најскапоцени од сите. Една нараквица и ‘рѓосана шуплива полутопка, украсени со злато, не се потполно златни, туку во нив има и железо! Но, не железо од нашата планета, туку парчиња од метеорити кои паднале од небото. Откритието, предводено од сега пензионираниот шеф на конзервација во Националниот археолошки музеј на Шпанија, Салвадор ...

Законската регулатива не создава услови, а активностите на надлежните институции не обезбедуваат ефикасно управување и стопанисување со државниот недвижен имот – станбен и деловен имот, соопшти денеска Државниот завод за ревизија (ДЗР), којшто изврши ревизија на успешност на тема „Управување со државниот имот“ со цел да се даде одговор на прашањето „Дали надлежните институции управуваат и стопанисуваат со државниот недвижен имот – деловни и ...

Пукнатината се отвори во близина на Сунднуксгигар, на полуостровот Рејкјанес. Исландската метеоролошка служба соопшти дека должината на коритото со лава е 2,5 километри и продолжува да се зголемува. Официјалните лица претходно известија за „силен земјотрес“, предупредувајќи дека магмата се приближува до Гриндавик. Струјата беше прекината во главно напуштениот град Гриндавик за да се заштити далноводот, соопшти исландскиот јавен радиодифузер ...

Една од причините може да биде тоа што возилата се потивки – особено во градовите, тие се помалку звучни поради околната бучава, објаснува научниот тим во Journal of Epidemiology & Community Health. Возачите на електрични или хибридни автомобили треба да обрнат повеќе внимание на пешаците бидејќи тие може да не ги слушнат и да излезат на патот, велат научниците. Мора да се направат и напори за да се ублажи зголемениот ризик. Можните ...

Научните податоци во последните години покажуваат дека недостатокот на витамин Д е поврзан со болести не само на мускулно-скелетниот систем, туку и со нарушувања на имунолошкиот систем, психата и дигестивниот систем. Иако доказите за причинско-последична врска се контроверзни, се препорачува одржување на нормално ниво на витамин Д. Упатствата за суплементи варираат од земја до земја, но помал акцент се става на добивањето витамин Д од ...

Северна Кореја пушти 90 балони со пропагандни летоци и ѓубре над две погранични провинции на југот , што ги натера властите да ги предупредат жителите да останат внатре и да не ги допираат белите балони и пластичните кеси закачени на нив, бидејќи содржат „валкан отпад и ѓубре“. пишува Би-Би-Си. Северна и Јужна Кореја користат балони во нивните пропагандни кампањи уште од Корејската војна во 1950-тите. Неодамнешниот инцидент се случи неколку дена ...

Државниот завод за статистика објави дека во 2023 година е намален бројот на дипломирани студенти во однос на 2022 година. Според податоците на Заводот за статистика добиени од пристигнатите извештаи, во 2023 година дипломирале 7 422 студенти на додипломски студии на високите стручни школи и на факултетите што е намалување за 0,81 проценти во споредба со 2022 година. Од вкупниот број дипломирани студенти, 6 043, односно 81,4 проценти се редовни ...

Порано наречен „Линдберг Филд“, меѓународниот аеродром во Сан Диего има само една писта долга 2.8 километри, што го прави најпрометниот аеродром со една писта во САД. Рекордни 25,2 милиони патници го користеа аеродромот во 2019, и додека бројките значително се намалија за време на пандемијата, тие се вратија на 24,06 милиони патници во 2022. Пристапот за слетување овде е познат по тоа колку авоните се приближуваат до облакодерите во центарот на ...

Во раните утрински часови, на 3 и 4 јуни 2024 година, Меркур, Марс, Јупитер, Сатурн, Нептун и Уран ќе се појават во една рамна линија во порамнување познато како „парада на планетите“. Во ова порамнување само Венера ќе биде отсутна. Порамнувањето на пет или шест планети е познато како големо порамнување, но порамнувањата на пет планети се значително почести од порамнувањето на шест. Овие порамнувања не ги претставуваат планетите кои се наредени ...

Според пиротехничарот Ѓорги Стеафнов од Битола, се очекува бројката да достигне до 3.000. „До крајот на неделата се очекува теренот да биде исчистен од заостанато оружје од Балканските војни“, рече Стефанов. Во саботата, во Могила била подигната артилериска граната од 155 милиметри тешка 60 килограми. Денес пиротехничар од Струмица кој доаѓал за Битола да помогне во расчистувањето на старото оружје во Касарната, во близина на Росоман, по ...

„Депонија горела во општина Центар кај месноста Автополигон под Кале. Ниска вегетација горела кај селото Горно Оризари во општина Битола. Додека пак, сено горело во регионот на село Пеширово, општина Свети Николе“, појаснуваат од ЦУК, додавајќи дека сите пожари се изгаснати. „Таа била на 50 метри зад фирмата Гулф БС, крај стариот пат Градско кон Неготино. Повикувачот ја пронашол во негова нива. По вчерашната координација на ЦУК со субјектите од ...

Туризмот е потенцијален извор на приходи за нашата земја. Доколку се формира Министерство за туризам, со компетентни луѓе кои ќе се зафатат со решавање на проблемите во секторот, можеме да го искористиме овој потенцијал. Но, важно е да се управува соодветно, да се инвестира во маркетинг и да се поддржуваат локалните заедници. Со формирање на Министерство за туризам, може да се подобри координацијата меѓу различните сектори, да се развиваат нови ...

За ова можете да искористите решение кое сами ќе го направите од само три состојки кои веќе ги имате во вашата кујна. Еве што ви треба: 1 лажица сув квасец 1 лажица сода бикарбона 1 литар топла вода Постапка: Измешајте ги сите состојки. Оставете да отстои два часа. Разредете со 10 литри вода и наводнете ги растенијата. Квасецот содржи витамин Б, минерали и други состојки. Со додавање на квасец во почвата, концентрацијата на азот и фосфор се ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
5.66
36%
1018
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
3.6
48%
1021
weather icon

Загреб

11ᴼ / 9ᴼ
5.14
32%
1021
weather icon

Софија

5ᴼ / 2ᴼ
5.66
61%
1019
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
7.52
46%
1018
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 10ᴼ
2.57
37%
1021
weather icon

Атина

10ᴼ / 7ᴼ
6.17
68%
1014
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
7.2
30%
1015
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
7.72
22%
1017
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
6.26
53%
1017
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 6ᴼ
6.69
33%
1020
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 1ᴼ
8.75
87%
1017
Currency

61.535

Currency

56.1293

Currency

72.0919

Currency

33.5855

Currency

39.3938

Currency

65.6861

Currency

7.71011

Currency

0.65017

Currency

0.38348

Currency

0.52457

Currency

1.47703

Currency

0.65431

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15050.00

Рутениум

20190.67

Калај

36.22

Сребро

951.36

Злато

97653.48

Бакар

8.82

Паладиум

29032.12

Платина

28870.48

Родиум

175221.57

Цинк

2.65