На дваесет и седум локации низ главните улици во Велес ќе бидат поставени дигитално паметни паноа за рекламирање и информирање на граѓаните, соопштија од локалната самоуправа. Седум од паноата ќе бидат поставени на земја а останатите 20 на канделабри. -Ги следиме светските трендови. Модернизирањето на градот продолжува во сите аспекти а токму деталите се оние кои го прават впечатокот комплетен. За таа цел во наредниот период низ главните улици ...

Бојмацалиев информираше дека со министерот Нешиќ разговарале во насока на тоа во Босна и Херцеговина може македонските граѓани да патуваат со лични карти со старото име, почитувајќи ја Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на Министри на Босна и Херцеговина за условите за патување на државјаните на двете земји, потпишана во 2018 година. Во оваа прилика Бојмацалиев го истакна значењето на градење мостови со ...

Министерството за економија нема да ја продолжи мерката за гарантирани цени која завршува на крајот на месецов, туку, како што најави ресорниот министер Крешник Бектеши, ќе го чека носењето на законот за забрана на нефер трговски практики со кој, според него, ќе се стави ред во нелојалната конкуренција во трговијата и ќе доведе до намалување на цените на прехранбените производи. -Очекуваме ова законско решение, кое е целосно усогласено со ...

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски очекува во иднина производството на пасоши дневно да се зголеми на 3.300. Вкупниот број на лични документи којшто е потребно да се заменат, Тошковски проценува дека е некаде од прилика околу два милиона и посочува дека очекува да се дојде до бројка од околу 75.000 месечно што е максималниот капацитет. -Сега да не се правиме ние дека сме не знам што, но, сето она време кое што можам да го ...

Триесет и четири годишниот А.Е од Скопје, вчера, во 21:15 часот на улица „Димко Најдов“ во Велес, бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од СВР Велес поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. – Околу 21.10 часот на автопатот А1, полициски службеници дале знак за запирање на возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, но тој продолжил со движење и откако се исклучил на регионалниот пат ...

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а во североисточните делови засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени Целзиусови. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и во текот на наредните денови времето ќе биде променливо облачно ...

Светиот рамноапостолен Кирил, учител словенски (до примањето на монашка схима – Константин), и неговиот постар брат Методиј, се родени во Македонија, во градот Солун. Светиот Кирил стекна одлично образование, од 14 годишна возраст воспитувајќи се заедно со синот на императорот. Тој рано прими презвитерски чин. Во Константинопол беше библиотекар на соборната црква и учител по философија. Светиот Кирил со успех водеше спорови со еретиците ...

Изминатото деноноќие се евидентирани девет пожари на отворено во државава. Пожарникарите сите ги изгаснале, истовремено гаснејќи и други пожари во населените места, информираат од Центарот за управување со кризи. Центарот за управување со кризи информира дека во последните 24 часа имало вкупно 1 924 повици на бројот за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 44,75 отсто, а 55,25 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле ...

Лицата со попреченост денеска во Јуроп Хаус Велес, заедно со амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на Европската Унија и со други амбасадори од земјите-членки на ЕУ се дружеа и уживаа на церемонијата на донирање којашто беше завршен настан на „Добротворниот базар“ што го организираше „Dobredojde Macedonia Welcome Centre“ во декември месец, претходната година. Амбасадорот Гир пред присутната рече дека му претставува особена среќа што духот ...

Изградија куќи во населбата Речани за да избегаат од деградираната животна средина во Велес но наидоа на нов загадувач. Најмалку илјада жители во над 200 куќи изградени по донесениот Детален урбанистички план пред две децении, се соочуваат со загадување од инсталацијата на асфалтната база на ЈП „Македонија пат“. Дел од жителите за сериозноста на проблемот, напишаа во анкетата на Генералниот повик на проектот „Гласот на граѓаните“, објавена на ...

Во 21-от век граѓаните имаат право на поквалитетен живот во локалните заедници. Институциите, на локално и национално ниво, потребно е да создадат подобри услови за живот согласно Генерални и Детални урбанитички планови и друга планска документација. Но, реалноста не е таква, пишуваа граѓаните на Генералниот повик на „Дума.мк“. Од анализата и нивните одговори во градовите животот тече, а ништо не се менува. Оваа констатација се однесува на ...

Во Македонија со години во пораст e бројот на млади адолесценти, а се спушта животната возраст кога се посега по првиот џоинт: се регистрираат случаи дури и деца на 11 – годишна возраст кои пушат марихуана. Како што можеме да забележиме по парковите на поголем број градови има многу млади луѓе, па и деца, собрани во групи, кои имаат покрај себе повеќе шишиња пиво, вино како и „кока кола“, кои држат в раце и запалени цигари. Самите на своја рака ...

И покрај растечкото влијание во регионот, Кина најверојатно нема да ја замени ЕУ, политички или економски, ниту пак, НАТО како воено-безбедносен партнер на Балканот. Пекинг ја игра долгата игра и нема да влезе во отворена конфронтација за регионот, но затоа ќе продолжи да ги користи финансиските и економските лостови за да го зголемува своето влијание. Во анализата на Европскиот парламент за влијанието на Кина на шесте земји од Западен Балкан ...

И денешното утро за родителите на учениците на наставна програма на македонски јазик во ООУ „Тодор Јанев“ започна со блокада на сообраќајот од двете страни на населба Чашка. Родителите поддржани од жители на населбата протестираат против, според нив, обидот на министерството за образование во училиштето да направи раздор помеѓу учениците, наставниците, родителите и жителите на општината со отварање на албанска паралелка во прво оддение во која ...

Во просториите на Хабитат Македонија, вчера, е потпишан меморандум за соработка помеѓу Хабитат и Општина Чашка со цел да се означи почекоток на проектот со кој е предвидено да се реновираат два објекти за социјално загрозени семејства од општината. Овие два објекти се донација од Хабитат Македонија заедно со фондацијата „Saint-Gobain Initiatives“. -Saint-Gobain како светски лидер во производството на лесни и одржливи градежни материјали, со оваа ...

Една од мајките, за разлика од другите револтирани родители, опширно објаснува зошто овие теми во 21 век не трeба да бидат табу: „Видете, во некои држави, девојчињата се срамат да си купат влошки. Менструацијата е табу-тема, замислете! Се чудите, претпоставувам. Си викате, добро е, ние сме понапредни. Ама како што вие размислувате за мастурбацијата и за хомосексуалноста, ним, исто така, им се чини темата за менструацијата, нешто срамно, а нам ...

Со положување цвеќе на спомен-обележјето во Ротимље, близу Мостар, Босна и Херцеговина, денеска беше одбележана 20-годишнината од трагичната смрт на поранешниот претседател Борис Трајковски, членовите на делегацијата и екипажот на авионот. Како што информира владината прес-служба, на спомен-обележјето кај Ротимље, каде што се случи несреќата, цвеќе положија претставници од владината делегација составена од министерката за култура Бисера ...

Велешанецот Атанас Крлевски денешната инспирација за повеќе фотографии ја пронашол во делот на населбата помеѓу граѓаните позната како „Узус“. Според него од фотографски агол посебно внимание привлекувале двете исти висококатници. -Фотографиите на колажот се фотографии од населбата „Узус“, наречена така по средното стручно општинско училиште „Коле Неделковски“ кое на почетокот било училиште за ученици за стопанството, скратено „УЗУС“. Населбата ...

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалува за 1,00, а на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 0,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе биде 84,50 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 82,50, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 78,00 денари за литар. За 1,50 денари се намалува цената и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), и еден литар ќе ...

Општина Велес соопшти дека е направен првиот чекор за изградба на катна гаража во градот. Со избрадба на катна гаража значително ќе се зголеми капациетот на паркинг просот во градот. -Изготвено е идејно решение на постоечка маркица во деталниот урбанистички план во близина на автобуската станица. Ваквата инвестиција подразбира вложување на големи хинансиски средства за кои Општина Велес ќе се заложи да ги обезбеди до поддршка на државната власт, ...

Делегација на велешкиот извидничкиот одред „Димитар Влахов“, во саботата, на 24 февруари, положи свежо цвеќе на гробот на Панко Брашнаров во Мирогој во Загреб. Тони Јошевски, Владимир Ивановски и м-р Ангелче Гушев велат дека оваа посета во Загреб е доказ за тоа колку извидничкиот одред се грижи за историјата на својот Велес и големите личности кои се родени и твореле во нашиот град. Посетата во Мирогој била дел од програмските активности на ...

Педесет годишниот Р.А од Велес, вчера, во 17:00 часот, на улица „Хаџи Косте“ бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од СВР Велес постапувајќи по претходна пријава од неговата шест години повозрасна сопруга со која неколку години не живееле заедно. Според пријавеното во дворот од нејзиниот дом, велешанецот агресивно се однесувал и фрлал дрвени предмети кон неа. Од СВР Велес додаваат дека Р.А бил задржан во полициска станица, ...

Девет апарати за игри на среќа, како и 405 делови за одржување, се запленети откако увозник се обидел истите да ги прошверцува помеѓу пријавена стока за увозно царинење во царинската испостава Гевгелија. Апаратите заедно со деловите за одржување се откриени при детална контрола којашто е извршена од страна на Мобилен тим на Секторот за контрола и истраги. Против фирмата увозник на опрема за казина и автомат клубови се поднесени соодветни пријави ...

На малата сцена во Велешки Театар, вечерва, со почеток во 20:00 часот, ќе се одигра претставата „Добри луѓе“ во режија на Тамара Стојаноска а во продукција на независниот театар „Златен Елец“. Претставата е дуодрама работена според текст на Данкан Мекмилан, авторски материјали и инспирација од The Relation Work Project (1976-80) на Марина Абрамовиќ и Улај. -„Добри луѓе“ ги испитува емоционалните последици од справувањето со огромната климатска ...

Понеделнички шест нови афоризми за читателите на Дума.мк од велешкиот афористичар Никола Бошков Коки. Прочитајте ги, насмевнете се и изберете го вашиот омилен денешен афоризам. Уживајте! -Жените честопати не знаат што бараат, ама…си ги остваруваат желбите. -Во голема заблуда сте ако помисливте дека политичарите држејќи се за рака, се поздравуваат: тие само си го пипаат пулсот. -Ниту клептоманките не се во состојба на некои луѓе нешто да им ...

Вкупно сеумдесет и еден возачи, на територија на општина Велес, вчера, биле санкционирани за не почитување на сообраќајните правила и прописи во акциска контрола. Сектор за сообраќајни работи при Оддел за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообрачај од 14:00 до 20:00 часот ја спроведувале акциската контрола. -При контролата санкционирани се 71 возач, од кои 22 за возење без возачка дозвола, шест ...

Во последното деноноќие регистрирани се девет пожари на отворено во државава. Пожарникарите сите ги изгаснале, истовремено гаснејќи и други пожари во населените места, информираат утрово од Центарот за управување со кризи. Од ЦУК апелираат да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се пријавува на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, како и другите итни случаи особено кога граѓаните имаат ...

Грчките земјоделци од северниот и северозападниот дел на Грција, денеска, на неколку часа ќе ги затворат граничните премини Евзони (Богородица) и Ники (Меџитлија) кон Македонија. На Евзони ќе се одржи земјоделски собир што ќе започне околу 13-13.30 по грчко, односно 12-12.30 часот по македонско време и во периодот додека трае протестот се очекува да биде блокиран сообраќајот на граничниот премин на неколку часа. Граничниот премин Ники, според ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло, претежно во западните делови со слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9 степени, а максималната ќе достигне и до 17 степени. До среда времето ќе биде променливо облачно и релативно топло со умерен до краткотрајно засилен ветер од јужен правец. Во ноќта кон четврток ќе ...

Житието на овој светител е чудесно и прекрасно. Што сѐ не претрпе за да ги исполни Господовите заповеди. Во својата осумнаесетта година се оддалечи во планината наречена Ковчежна во Кападокија и таму поживеа дваесет и пет години во пост, молитва и бденија и во борби со многу искушенија. Кога дојде да го искушува една жена, а тој виде дека има опасност да падне во грев со неа, скокна бос во оган и стоеше внатре додека болката не му навре солзи на ...

Прибежиште

24 минути - МРТ

Самец

38 минути - МРТ

Робокап

38 минути - МРТ
weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
0.51
46%
1013
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
1.26
59%
1013
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
3.6
52%
1016
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
1.03
55%
1014
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
0.67
50%
1014
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 16ᴼ
2.06
70%
1016
weather icon

Атина

22ᴼ / 19ᴼ
2.06
62%
1013
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
0.51
49%
1012
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
0.51
56%
1012
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
49%
1014
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 21ᴼ
3.13
60%
1014
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
5.14
55%
1014
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52