Регионалниот ЦУК Велес информира дека во 10:10 часот шумарските работници на ЈП „Национални шуми“ – Подружница „Бабуна“ од Велес известиле дека пожарот над село Мелница е изгаснат. Врнежите од дожд го изгаснале пожарот. На локацијата на која гореше пожарот ,месност „Ливаѓе“, имало уште мал дел од опожарени трупци кој чадат. Дождот што и во моментов врне, се очекува целосно да го изгасне пожарот. Пожарот се запалил вчера, околу 15:40 часот, на ...

Пожарот се запалил вчера, околу 15:40 часот кај месноста „Ливаѓе“, над село Мелница. Според информации на Регионалниот ЦУК Велес пожарот го пријавиле работници на ЈП „Национални шуми“ – подружница „Бабуна“ од Велес. Станува збор за пожар кој е на непристапен терен. Оган има и утринава. Од Центар за управување на кризи најавија можност во текот на денешниот ден да се побара и подршка од воздух за да се локализира и изгасне пожарот. Исто така, ЦУК ...

Кошаркарите од велешкиот клуб „Борец Баскет“, во недела, на 25 февруари ќе одиграат хуманитарен натпревар против „МЗТ Скопје УБ“, преку кој ќе се вклучат во акцијата за собирање на средства за успешно лекување и рехабилитација на младиот Леонид Индов. -Да помогнеме кога е најпотребно, ова е нашата порака до сите љубители на кошарката. Натпреварот против „МЗТ Скопје УБ“ ќе го одиграме и сите собрани средства од влезниците кои чинат 100 денари ...

Учениците од ООУ „Кирил и Методиј“ беа дел од едукативна работилница за превенциј од болести на зависност организирана од страна на велешки Црвен крст во соработка со Отсекот за превенција при Сектор за внатрешни работи Велес. -Целта на едукацијата беше учениците да се запознаат со штетните ефекти кои ги има употребата на цигари, алкохол и дрога. Преку проактивен пристап да се укаже на лошите страни кај овие појави и да се влије кај младите да ...

Велешкиот афористичар Атанас Крлевски по повод месец февруари или месецот на љубота, овој петок исправи десет Издумани Крлевизми за читателите на Дума.мк. Секој Крлевизам е на тема љубов, ваше е да ги прочитате, да се насмевнете и најбитно да ширите љубов секаде околу Вас. Уживајте: -Никогаш сум немал резервна љубов. Секоја моја љубов е безрезервна. -Љубовта со пари не се купува, но ова е време на безготовинско плаќање. -Денес љубовта е чудо. ...

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, на својата Фејсбук страница, упати повик до македонската дијаспора дека освен патниот лист, има можност и да ги искористи и базните станици во дипломатско-конзуларните претставништва на Северна Македонија. -Проектот за поднесување барања за издавање на патни исправи преку дипломатско-конзуларните преставништва е отпочнат 01.10.2021 година и до 09.02.2024 година вкупно 47.726 ...

На 15 годишнината од завршување на велешкиот Хидросистем „Лисиче“, од којшто велешани пијат здрава и квалитетна вода, започна реализацијата и на проектираната втора фаза којашто треба да обезбедува вода и за наводнување на 3.500 хектари плодна земја како во Општина Чашка така и во Општина Велес. Станува збор за реализација на првиот од вкупно четирите проекти за наводнување на коишто во последните неколку години посветивме особено внимание како ...

Во последното деноноќие регистрирани се 28 пожари на отворено во државата, од кои еден сè уште е активен, информираат утрово од Центарот за управување со кризи. Регионалниот ЦУК Скопје известува дека вчера во 14:15 часот, на Единствениот број за итни случаи 112 била добиена пријава за пожар помеѓу селата Зелениково и Градовци во општина Зелениково, каде горела ниска шума и ниска вегетација. БППЗ на Град Скопје не можела да интервенира заради ...

Рокот за собирање потписи за кандидати за претседател и за кандидати за пратеници започнува денеска и ќе трае до 8 март, согласно роковниците на Државната изборна комисија (ДИК). Кога подносител на листа на кандидат за претседател е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 10.000 потписи од запишаните избирачи во Избирачкиот список, додека кога подносител на листа на кандидат за претседател се пратеници, потребно е да се соберат ...

Овој голем светител беше епископ во Магнезија и во својата сто и тринаесетта година пострада за Христа. Кога настана страшното гонење на христијаните во времето на царот Септимиј Север, старецот Харалампиј не се криеше од гонителите, туку слободно и јавно ја проповедаше Христовата вера. Сите маки ги претрпе како во туѓо тело. А кога уште жив му ја дереа кожата, незлобливиот светител им рече на царските војници: „Ви благодарам, браќа, зашто ми го ...

Најниска температура од – 1 степен утрово е измерена на Попова Шапка. Следат Скопје-Петровец, Крива Паланка, Лазарополе и Берово со нула степени, 1 Битола, Охрид, 2 Маврови Анови, Крушево, 3 Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Прилеп, Кавадарци, Претор, 4 Тетово, Дебар, 6 Демир Капија, Виница, Велес, 7 Дојран, Гевгелија и 9 степени во Штип. Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и релативно топло. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ...

Воведениот ДДВ од 10% на сончогледот се уште претставува проблем за земјоделците како и за велешки „Кристал 1923“, единствениот македонски производител на масло за јадење од сончоглед, ова денеска го изјави извршниот директор на компанијата Горанчо Лазов. Според него, овој проблем треба под итно да се реши и Владата да донесе нова одлука бидејќи ги оптоварува земјоделците и додава дека нивниот предлог е ДДВ да се зголеми на увоз на суровото ...

Со оваа соработка што денеска и официјално ја објавуваме, Кожувчанка станува горд поддржувач на Кошаркарската Федерација на Северна Македонија во наредниот период. Кожувчанка со новото партнерство обезбедува значајна поддршка за КФСМ за да поттикне нови успеси и значајни заеднички победи на сите македонски национални тимови под капата на кошаркарската федерација. -Веруваме дека македонската кошарка има потенцијал, сила и моќ во себе за да ...

Сектор за внатрешни работи Велес соопшти дека во текот на вчерашниот ден во ОВР Кавадарци биле пријавени два физички напади и упатувања на закани кон сопруга од страна на мажот. Првиот случај бил пријавен два часа и 15 минути по полноќ, кога полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишеле од слобода 31 годишниот Л.В од Росоман кој во семејниот дом упатил закани кон неговата три години помлада сопруга. Тој бил задржан во полициска станица и ...

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 224 возачи. -Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 136 возила ја ...

Во последното деноноќие имало 31 пожар на отворено во државава, соопшти утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК). Согласно известувањата од регионалните центри за пријавени и изгаснати пожари на отворено, вчера биле регистрирани 12 пожари во Скопје, два во Тетово, по четири во Битола и во Штип, по еден во Струмица и во Велес и шест пожари во Куманово. ЦУК апелира да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност која кон крајот на денот ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени. Според прогнозата на УХМР, во следните денови ќе се задржи релативно топло време со умерен, а во петок и за време на викендот, наместа засилен ветер од јужен правец. Повремени врнежи од дожд ќе има ...

Житието на овој маченик јасно покажува дека Бог ја отфрла надменоста и со слава го овенчува смирението и братољубието. Во Антиохија живееја двајца блиски пријатели, учениот свештеник Саприкиј и простиот граѓанин Никифор. Нивното пријателство некако се одметна во страшна меѓусебна омраза. Богобојазливиот Никифор повеќепати се обидуваше да се помири со свештеникот, но овој никако не го сакаше тоа. Кога настана гонење на христијаните, свештеникот ...

Триесет и седум младинци од Велес преку три обуки се обучија за изработка и документирање на мали проекти кои ќе придонесуваат за доброто на заедницата. Од Велешки Црвен крст соопштија дека овие обуки се во рамки на програмата насловена „Црвен крст во акција промоција на хумани вредности“ за 2024 година. -Новите волонтери веќе се поделени во шест групи и во наредната недела започнуваат со изработка на шест мали проекти. Тие ќе бидат помогнати од ...

Триесет ученици од велешките средни училишта, денеска, во медијатеката на велешката библиотека „Гоце Делчев“ беа дел од едукативна работилница по повод 21 февруари Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. Професорката по македонски јазик Магдалена Сарагиновска на присутните ученици на почетокот на настанот преку презентација им ги повтори најзначајните моменти за нашиот мајчин македонски јазик, а средношколците се приклучуваа во дискусијата и ...

Полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Кавадарци го лишеле од слобода четириесет и девет годишниот Ќ.М по претходна пријава од неговата десет години помлада сопруга. -Според пријавеното Ќ.М ја заменил бравата од влезната врата во семејниот дом и не и дозволувал да влезе, пишува во дневниот билтен на СВР Велес. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде ...

Четириесет и девет годишна велешанка подолг временски период добивала закани од својот педесет и седум годишен маж Ш.Н преку телефон. Во Полициска станица пријавила дека еден месец не живееле заедно. -Тој бил повикан во полициска станица, известен бил јавен обвинител, привремено му бил одземен пиштол кој го поседувал со дозвола и дозволата за оружје и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР ...

Нова помош ќе биде наменета за „Македонски железници – транспорт“ од страна на Владата. Со најновата одлука на Министерството за транспорт и врски, на акционерското друштво за железнички транспорт ќе му се префрлат 2,5 милиони евра за исплата на плати и враќање на долгови. Според информациите, станува збор за вонредна помош, надвор од редовното субвенционирање на патничкиот транспорт. Оваа одлука е донесена на седница пред повеќе од една недела ...

Од синоќа од 23 часот нормализирано е влегувањето во Грција преку преминот Евзони, кој од 18 часот беше блокиран од грчките земјоделци, а тамошните погранични служби пропуштаа патнички и товарни возила на секој половина час по десет минути. Веста дека е нормализиран влезот кај јужниот сосед преку преминот Богородица-Евзони за МИА ја потврди началникот на Регионалниот центар за гранични работи Југ при МВР, Славчо Богев. И на другите граничните ...

Минималните трошоци на едно семејство во февруари се зголемени за 313 денари во однос на јануари, покажуваат податоците на синдикалната потрошувачка кошничка. Според денеска објавените податоци, вредноста на синдикалната минимална кошница во февруари изнесува 57.476 денари и во однос на јануари кога изнесувала 57.163 денари е зголемена за 313 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати, минималните трошоци во февруари изнесуваат 72.851 денари и се ...

Драгоценоста на маченичкиот подвиг зависи од величината на богатството што ќе го напушти христијанинот примајќи страдање наместо тоа богатство, како и од величината на страдањето што ќе го поднесе заради Христа. Свети Теодор, римски војвода, во војската на царот Ликиниј и градоначалник на градот Хераклеја, ја презре својата младост и убавина и војводскиот чин и царската милост и наместо тоа на себе прими страшни маки заради Христа. Беше биен, ...

Центарот за управување со кризи информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1 966 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 32,21%, а 66,79% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. -Кон Полиција биле упатени 60,32%, кон Итната медицинска помош 32,79%, а кон пожарникарите 4,05% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Збирот повици што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици во ЦУК, ...

Двајца велешани вчера, во 16:30 часот на улица „Хаџи Косте“ во Велес биле приведени од страна на полициски службеници од СВР Велес. Дваесет и четири годишниот Е.Х и четириесет и две годишниот И.У од Велес го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка. -Според пријавеното, во пресметката, на страна на Е.Х. се приклучил и Е.Х.(59) од Велес, кој бил повикан во полициска станица на службен разговор. Притоа, со повреди се здобила К.Ч.(25) од ...

Секое трето девојче на 15 години во Македонија изјавува дека е осамено, а секое второ на истата возраст чуствува дека во изминатата година, поточно 12 месеци се чуствувала толку тажно и безнадежно, речиси секој ден во текот на две или повеќе недели, што прекинала да ги прави вообичаените активности. Поточно, споредено со просекот од 28% од 15-годишните девојчиња кои известуваат чувства на осаменост, во земјава таа бројка е 31%. Овие податоци ...

Највисокиот маж на светот, Султан Косен од Турција, повторно се сретна со својата „спротивност“ – најниската жена на светот, Индијката Џиоти Амге. Средбата се случи во американската сојузна држава Калифорнија. Турчинот, инаку, има 251 сантиметар, а Амге е висока 62,8 цм. Тие претходно се сретнаа и во Каиро, Египет, во 2018 година, на покана на тамошното Министерство за култура и туризам, при што ги посетија и пирамидите во Гиза. По шест години ...

Прибежиште

40 минути - МРТ

Самец

54 минути - МРТ

Робокап

54 минути - МРТ
weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
0.51
46%
1013
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
2.06
59%
1013
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
3.6
52%
1016
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
0.51
55%
1014
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
0.67
50%
1014
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
0.51
72%
1016
weather icon

Атина

22ᴼ / 19ᴼ
2.57
61%
1013
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
0.51
49%
1012
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
53%
1012
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
50%
1013
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
3.13
59%
1014
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 16ᴼ
5.14
55%
1014
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52