СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Карактеристично за летниот период се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Богородица за излез и на ГП Табановце за влез во државата, но исто како и на останатите гранични премини од македонска страна, сега засега нема поголеми задржувања за ...

Сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во Скопје, сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат приближно од 11 до 20 степени. Најсвежо ќе биде во источните и североисточните делови, додека потопло утро се очекува во Скопската Котлина и јужните предели. Во текот на денот температурите ќе достигнат од 31 до 38 степени. Највисоки вредности се ...

Соопштение на СДСМ: Гостивар. Крушево. Валандово. Булачани. Пласница. Лешок. Преглово. Маврово…. По седум градови со отровна вода, по Лепенец и Вардар, по Башино Село, сега и водата од изворите во Елшани и Велестово во Охрид не е за пиење. Изгледа дека во Македонија веќе нема чисто место. Мицкоски зборува за „нови бактерии“ во Гостивар. Клековски ветува дека до крајот на неделата ќе може да се пие водата. Секој си ја тера својата приказна. ...

Патнички брод со 238 лица се насука на реката Дунав во близина на романското место Салча поради екстремно нискиот водостој, пренесуваат AFP и романскиот портал Digi24. Бугарската гранична полиција евакуираше 186 патници од крузерот „Viking Ullur“, кој плови под швајцарско знаме, додека на бродот останаа 52 членови на екипажот. Снимките објавени од бугарската полиција ги прикажуваат патниците со спасувачки елеци, на кои спасувачите им помагаат ...

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Соединетите Американски Држави во моментов не му дозволуваат на Израел да ја гаѓа иранската енергетска инфраструктура поради стравувања од последици врз глобалната економија и пазарот на енергенси. „Многу сакаме да ги нападнеме иранските енергетски цели, но САД во овој момент не го одобруваат тоа“, рече Кац. Според него, Вашингтон стравува дека таквите напади би можеле да предизвикаат ...

На 28.07.2026 во 04:20 часот пред ноќен клуб на бул.„Железничка“ во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу пет лица на возраст од 18 и 19 години , сите од Охрид, од една страна и тројца кочанчани на возраст од 19 години, од друга страна. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. На 28.07.2026 во 04:20 часот пред ноќен клуб на бул.„Железничка“ во Охрид бил нарушен јавниот ...

Четиричлениот екипаж на вселенското летало „Орион“ ја завршува својата мисија околу Месечината и е закажано да слета во океанот покрај брегот на Сан Диего. Слетувањето е закажано за сабота во 2:07 часот по македонско време. Целиот процес на слетување, кој започнува со одвојување на Европскиот сервисен модул, трае околу 42 минути. Повторното влегување во атмосферата на Земјата и спуштањето во океанот се сметаат за најопасните делови од ...

Шеснаесетгодишниот Колт Греј е осуден на доживотен затвор за убиството на четири и ранувањето на уште девет лица во нападот во средното училиште „Апалачи“ во американската сојузна држава Џорџија во септември 2024 година, јави Хина. Греј, кој минатата недела ја призна вината по 55 точки од обвинението, беше осуден како полнолетно лице. Судијата Николас Прим оцени дека неговите злосторства покажуваат „трајна непоправливост“ и дека не покажува ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави доцна синоќа дека неговите средби со украинскиот претседател Володимир Зеленски и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поминале позитивно. Во одделни кратки објави на социјалната мрежа Truth Social, Трамп наведе дека со двајцата лидери разговарал за повеќе важни теми, но не откри детали. „Имавме многу добра средба! Разговаравме за многу важни теми“, напиша Трамп за состанокот со Нетанјаху. За ...

На главните патни правци во Хрватска во насока кон југ утрово е регистриран силно зголемен сообраќај. Најоптоварени се автопатот А1 Загреб–Сплит–Дубровник и приодите кон наплатните станици, тунелите и туристичките центри. Поголеми задржувања се забележуваат и на повеќе гранични премини, особено на излез од земјата и на премините кон Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Возачите треба да прават почести паузи, да не возат уморни и навремено ...

Бејли, едногодишна пудлица, беше извлечена од урнатините под кои преживеа 28 дена по катастрофалниот земјотрес што ја погоди Венецуела и сега се опоравува со ветеринарна нега. Миленичето го пронајдоа членови на спасувачката бригада за време на отстранувањето и проверката на урнатините, објавува „Диарио де Морелос“. Според спасувачите, животното страдало од тешка дехидратација и глад кога било ослободено. По спасувањето, Бејли е префрлено во ...

Градоначалникот на Москва објави дека руската престолнина била цел на напад од повеќе од 390 украински дронови, а гувернерот на регионот изјави дека во нападите биле оштетени и станбени згради. „Повеќе од 390 дронови се упатиле кон Московскиот регион“, но „повеќето од нив биле неутрализирани многу пред да стигнат до градот“, напиша Сергеј Собјанин на апликацијата Телеграм, прецизирајќи дека „81 непријателски дронови биле уништени на пристапот ...

Под влијание на топол бран следува период на сончево и многу топло време. Особено топло ќе биде за време на викендот и во текот на следната работна седмица кога дневната температура наместа ќе надмине 40 степени. Прогноза за 31.07.2026 Минимална температура: 11°C до 23°C Максимална температура: 32°C до 39°C Сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Прогноза за 01.08.2026 Минимална температура: 10°C до 22°C ...

На 28.07.2026 во 10:40 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода лице (38) од Република Турција затоа што при пасошка контрола и гранични проверки било констатирано дека во оперативната евиденција евидира со мерка „апси” по барање на Секторот за меѓународна полициска соработка – Одделение за потраги од СВР Скопје. Лицето било предадено на полициски службеници од ...

На 28.07.2026 околу 14:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од сервисна улица и регионален пат Скопје-Тетово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од лице (67) од с.Арнакија, општина Сарај и електричен тротинет, управуван од деветгодишно дете од с.Арнакија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Ургентен центар при комплекс ...

На 28.07.2026 во 20:40 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на пат на место викано „Голем мост“, атар на с.Костур, кривопаланечко, патничко возило „лада нива“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од 48-годишниот Г.А. од Крива Паланка, удрило во камен и се превртело на патот. Во несреќата со повреди се здобил возачот, констатирани во приватна болница во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Крива Паланка. На ...

На 28.07.2026 во 14:30 часот во СВР Скопје, 24-годишник и 20-годишник, двајцата од скопско, пријавиле дека биле измамени од лице за сума од 923.000 денари и 1.390.000 денари. Според пријавеното, лицето ги убедило да инвестираат пари во крипто валути. Парите ги уплаќале во менувачница, по што им биле праќани известувања по меил дека парите се уплатени. Откако решиле да ги подигнат парите и добивката, на 24-годишникот му било кажано дека не ...

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против српски државјанин осомничен за кривично дело – Избегнување на плаќање акциза од член 279-б став 2 вв став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, со намера да избегне целосно плаќање на акциза од значителна вредност од речиси 5 милиони денари на која бил обврзан со Закон за акцизите, се обидел да пренесе 5000 штеки цигари без акцизни маркички преку ...

Соопштение на Левица: Пратениците на владејачкото мнозинство по втор пат го одбија предлогот на Левица за измени на Законот за виното, со кои ќе се укинеше законската можност откупувачите на винско грозје да ја намалуваат однапред утврдената откупна цена до 8% доколку исплатата ја извршат целосно и во законскиот рок. Откако претходно ДПМНЕ одби предлогот воопшто да биде ставен на дневен ред како итна точка, сега повторно не обезбеди ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на Реформската агенда, изјави: „Да, па денеска имавме утрински состанок со луѓето од Брисел, од одделот за проширување. Разговаравме сега за оние реформи коишто се дел од Реформската агенда во грејс-периодот зад декември и оние коишто се во нормален колосек до декември, коишто истекуваат 2026 година. Ние сме ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на обвинувањата од страна на опозицијата дека Владата ништо не направила во врска со Гостивар, изјави: „Видете, тоа го поставува прашање или обвинувањата ги адресира човекот на којшто живи луѓе му гореа во модуларната болница во Тетово. Човекот којшто ќе остане забележан како рекордер по бројот на починати за време ...

Изјава на премиерот Христијан Мицкоски: „Добар ден и од мене. Во Делчево како што гледате се гради, како што се гради во суштина и на повеќе од 1.200 локации низ цела Македонија. Десетици проекти се реализираат овде во оваа општина и ја користам оваа прилика да му честитам на градоначалникот за навистина посветената работа којашто ја врши имајќи предвид со каков предизвици се соочува самата општина. Вие споменавте некој од нив како што е на ...

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го презентираше Годишниот извештај „Индикатори за степенот на слободата на медиумите и Индекс на безбедноста на новинарите 2025“, кој нуди сеопфатен преглед на медиумските слободи, професионалната независност и безбедноста на новинарите и медиумските работници во Северна Македонија. Извештајот покажува дека во 2025 година се забележани одредени позитивни поместувања, меѓу кои воспоставувањето ...

Соопштение на СДСМ: Клековски вели: до крајот на неделата водата во Гостивар ќе може да се пие. Мицкоски вели: по хиперхлорирањето се појавила нова бактерија и затоа сè уште не може да се користи за пиење. Кому да веруваме? Никому од нив. Како што рековме – повторно се кријат резултатите. Повторно нема документ што потврдува дека водата е технички исправна. Ја пуштија водата затоа што Мицкоски рече „од утре“ техничка вода во Гостивар. ...

Со свечена програма на новиот парк-плоштад во населеното место Марино, Општина Илинден го одбележа патрониот празник – „Илинден 2-ри Август“. Голем број граѓани присуствуваа на одбележувањето на Денот на Општината, кое годинава помина во празнична атмосфера, исполнета со музика, заедништво и достоинствено чествување на еден од најзначајните датуми во македонската историја. Пред присутните се обрати градоначалникот на Општина Илинден, ...

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 20.07.2026 до 24.07.2026 зема 195 примероци за физичко-хемиска и 195 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје. ...

Епидемиологот Драган Даниловски предупредува дека информацијата оти сите осум досега регистрирани случаи на Западнонилска треска во Македонија биле со тешка, невроинвазивна форма може да создаде погрешен впечаток дека вирусот кај сите заразени предизвикува тешка болест и дека станал поагресивен. Во објава на Фејсбук, Даниловски нагласува дека тоа не е точно, бидејќи во официјалната статистика најчесто влегуваат само најтешките случаи, додека ...

Прес конференција на Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ: Денес сакаме да зборуваме за суштината на усвоениот ребаланс на Буџетот за 2026 година. Овој Буџет не е документ на паника и не е отстапување од економската политика. Тој е навремено приспособување на Буџетот кон реалните економски движења и кон потребите на граѓаните, општините и стопанството. Вкупните приходи се зголемуваат за 4 милијарди и 575 милиони денари, или 1,2 проценти, ...

Соопштение на СДСМ: Евростат објави јасни бројки. Македонија има најнизок животен стандард и најслаба куповна моќ во Европа. Просечната потрошувачка кошница кај нас чини 50 евра (индекс 49,7), додека во Европската Унија чини 100 евра. Зад нас нема никој, пред нас се Турција, Босна и Херцеговина, Романија, Бугарија, Црна Гора и Србија. Додека Мицкоски од прес-конференција до прес-конференција зборува за „поголем раст од ЕУ“, за „прво место во ...

На Клиниката за инфективни болести се лекуваат седум лица со западнонилска треска, а еден пациент и натаму е во сериозна, односно критична здравствена состојба. Епидемиологот Драган Даниловски оценува дека официјално регистрираните осум случаи веројатно се само дел од реалниот број инфекции. Најголем дел од заразените немаат симптоми или имаат лесна клиничка слика и затоа не бараат лекарска помош. Најголем ризик од тешка форма имаат ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
65%
1025
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
60%
1027
weather icon

Софија

4ᴼ / 1ᴼ
0.0
82%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
62%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
60%
1021
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
71%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
57%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
8.75
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Алуминиум

3.07