На 23.07.2026 околу 03:30 часот во ОВР Кочани било пријавено дека на регионалниот пат Грдовци-Зрновци, 24-годишник од с.Градец, виничко, управувајќи патничко возило „опел“ со винички регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.С.(28) од с.Јакимово, виничко, додека со телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Д.А.(28) од с.Истибања, виничко, ...

На 23.07.2026 во 13:50 часот на Градски плоштад во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци во соработка со полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода маж (32) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава од 50-годишна кумановка дека ја измамил за сума од 9 000 евра. Според пријавеното, тој и ветил дека ќе и посредува за добивање на странски пасош за 400 евра, а потоа и барал повеќе парични средства и за кратко време ...

Mинистерот за одбрана, Владо Мисајловски, заедно со командантот на 1. пешадиска бригада, бригаден генерал Дејан Чиплаковски, денеска ги посетија припадниците на артилерискиот баталјон во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп и извршија увид на градежните активности, кои во моментов се реализираат во касарната. Мисајловски порача дека Министерството заедно со Генералштабот континуирано работат на подобрување на инфраструктурата во касарните и ...

Министерот за правда Јетон Шасивари оствари работна средба со директорот на Агенцијата за примена на јазикот Гранит Османи, посветена на унапредување на институционалната соработка и доследната примена на Законот за употреба на јазиците. Беше нагласено дека целосното спроведување на Законот претставува законска обврска и суштински елемент на владеењето на правото, правната сигурност и еднаквиот пристап на граѓаните до институциите. Министерот ...

За време на викендот времето ќе биде стабилно. Нови врнежи од дожд проследени со локална нестабилност ќе има во понеделник, а од вторник повторно ќе биде стабилно со пораст на температурите. Прогноза за 26.07.2026 Минимална температура: 7°C до 16°C Максимална температура: 29°C до 35°C Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Прогноза за 27.07.2026 Минимална температура: 9°C до 17°C ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: СДС и Венко Филипче повторно ја злоупотребуваат кризата за ширење паника. СДС продолжува со истата политика да шири паника кај граѓаните, дезинформации и конструкции. СДС исто како со пожарите минатата година, денес ликува на водата. СДС и Филипче собираат политички поени врз грбот на граѓаните во Гостивар. СДС и Филипче немаат одговрност, не нудат решенија туку креираат став и вознемиренозт кај граѓаните. СДС и ...

Денеска (23.07.2026) во 16:21 часот, на автопатот Скопје–Тетово, кај клучка Кондово, полициските службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на МВР лишија од слобода возач-почетник, кој управувал патничко возило „Фолксваген Артеон“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 211 километри на час, што е повеќе од двојно над максимално дозволената брзина за возач-почетник на ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Скандалот со водата во Гостивар покажа уште еднаш како СДС, ДУИ и Таравари постапуваат кога одговорноста треба да ја понесат нивните функционери. Наместо веднаш да побараат утврдување на одговорност и брза реакција од локалните институции, тие избраа да молчат и да го оправдуваат неодговорното однесување на градоначалникот Валбон Лимани. За нив, поважно е да ги заштитат своите партиски кадри отколку да дадат одговори ...

Соопштение на СДСМ: Случајот со масовното труење во Гостивар не е изолиран инцидент, туку најдраматичен доказ за целосниот системски распад на здравството и институциите под власта на Мицкоски и неговата Организирана криминална група. По Гостивар, небезбедна за пиење е и водата од градскиот водовод во Валандово, во Крушево а на виделина излезе уште еден загрижувачки скандал со водата и во Болницата за белодробни заболувања во Лешок каде се ...

Соопштение на СДСМ: Поради загадената вода во Гостивар, Агенцијата за храна и ветеринарство веќе изрече 30 казни и 12 забрани за работа. Засилените контроли продолжуваат, а дел од угостителските објекти, продавниците и производителите веќе се соочуваат со ограничувања и затворања. Ниту еден од овие луѓе не е виновен. Тие се жртви на туѓа грешка. Жртви на организираната криминална група ВМРО, на нивните нестручни кадри и на потполната негрижа ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Со јасна цел, создавање професионален, ефикасен и модерен јавен сектор кој ќе биде вистински сервис на граѓаните, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите две години презеде конкретни и суштински чекори за реформа на јавната администрација, Усвојувањето на Законот за административни службеници, Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници кои ...

Американскиот претседател Доналд Трамп во американската држава Џорџија изјави дека „Иран не е подготвен да склучи договор, но дека ќе биде многу наскоро“. Трамп им рече на своите поддржувачи во градот Мариета дека војната со Иран е „измама“ и дека Иран всушност сака да склучи договор иако постојано има нови барања, објавува „CBS News“. „Но, јас велам дека тие не се подготвени да склучат договор. Бидејќи секој пат кога ќе склучат договор, тие ...

Шумскиот пожар што вчера го зафати подрачјето во близина на сливот Аркашон во францускиот департман Жиронд се прошири на околу 2.000 хектари, а речиси 12.000 луѓе се евакуирани како мерка на претпазливост, објави префектурата. Утрово, властите наредија евакуација на уште околу 7.000 луѓе, а мерката се однесува на шест кампови и една станбена област северно од Кап Фере, популарна туристичка дестинација во текот на летната сезона, објави ...

Украина побара итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации на 27 јули поради руските напади врз слободната пловидба во Црното Море, изјави украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха. „Русија ја држи глобалната безбедност на храната како заложник. Само во последните неколку дена, Русија нападна најмалку три цивилни товарни бродови. Десетици членови на екипажот се убиени или повредени“, рече Сибиха, пренесува ...

Изјавите на високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, за Русија како егзистенцијална закана за Европа се резултат на разочарувањето на Брисел од одлуката на Вашингтон да го одложи доделувањето на 400 милиони долари воена помош за Украина, оцени кипарскиот новинар и политички коментатор Алекс Христофору. Христофору, зборувајќи на својот Јутјуб канал, изјави дека Калас, откако станало ...

Стејт департментот денес ги предупреди граѓаните на Соединетите Американски Држави ширум светот за зголемените безбедносни ризици поради растечките тензии на Блискиот Исток, оценувајќи дека ситуацијата останува сложена и дека постои можност за непредвидена ескалација. На Американците кои моментално се наоѓаат во регионот им е советувано да бидат претпазливи и подготвени за можни прекини во патувањето, вклучително и откажувања на летови и ...

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го предупреди својот американски колега Марко Рубио за време на состанокот во главниот град на Филипините, Манила, за „неприфатливото продолжување на испраќањето оружје во Украина“, соопшти руското Министерство за надворешни работи во четврток. Прва средба од септември Оваа прва средба меѓу двајцата дипломати од септември 2025 година се одржа на маргините на состанокот на Асоцијацијата на ...

Здравствениот систем во државата е доведен до колапс, а власта предводена од Христијан Мицкоски не ја исполнува основната функција на државата, да го заштити здравјето на граѓаните, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција. „Ова што се случи во Гостивар не е само еден изолиран случај, станува збор за системски знаци на неефикасност и нефункционирање. Едноставно, здравствениот систем се распаѓа во држава под ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на изјавите на опозицијата дека нема резултати во земјоделството и што покажуваат бројките, изјави: „Видете, јас ги слушам од опозицијата најчесто, посебно од коалицијата СДСМ, Демократска унија за интеграција и Левица. Овие претходниве беа во Влада 7 години, ќе ве потсетам како да заборавивме каква катаклизма се ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ ...

Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 15 l/m²). Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 50 km/h). Во Скопје, променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни. Во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница според член 133 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 30-годишник со нож се заканувал на двајца сопружници во чија фирма работел, барајќи да му ги исплатат последните неисплатени дневници. На 21 јули попладне, кога мажот и жената со нивниот ...

Дваесетгодишник од Гевгелија е осомничен за кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против него, бидејќи на 22 јули со кршење се обидел да ограби куќа во Скопје. Тој се прекачил преку оградата и влегол во дворот на куќата во раните утрински часови. Пронашол дрвени скали и ги потпрел на ѕидот, па преку нив се качил до ...

Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе Обвинителен предлог со кој побара и определување мерка притвор за едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, како и кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. При вршење семејно насилство, ноќта меѓу 18 и 19 јули, обвинетиот телесно ја повредил неговата ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање дали граѓаните ќе добијат обештетување од невремето во Скопје, рече: „Што се однесува до обештетувањето на граѓаните кои претрпеа штета од невремето кое што се случи, само можам да кажам дека општините и институциите под општините формираат комисии. Граѓаните кои имаат штета треба да ја пријават таа штета во комисиите. Тие ќе направат проценка и потоа во ...

Изјава на премиерот Христијан Мицкоски од Кавадарци: Повторно сме во Кавадарци. Минатиот пат кога бев тука пред десетина дена почнувавме проект, сега пуштаме во употреба проект. Овој спортско-рекреативен центар мислам дека има регионално значење и е добар, да не речам, одличен. Од целосно запуштен објект, којшто сведочеше на едно лошо време, денеска гледаме како добива смисла и добива содржина и многу сум среќен што можам да видам како нашите ...

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од североисточен правец, поизразен долж Повардарието и во источните делови. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температури по региони: Скопје: 13°C / 32°C Маврово: 10°C / 24°C Битола: 14°C / 27°C Охрид: 13°C / 30°C Штип: 13°C / 33°C Берово: 9°C / 34°C Крива Паланка: 9°C / 28°C Куманово: 8°C / 27°C Сончево ...

Прес конференција на Емил Спасовски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Во изминатите две години Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презеде конкретни чекори за реформа на јавната администрација, со цел да создаде професионален, ефикасен и модерен јавен сектор кој ќе работи во интерес на граѓаните. Еден од најважните резултати е усвојувањето на трите системски закони, како што е Законот за административни службеници, Законот за вработените во јавниот сектор ...

Прес конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ СДС, ДУИ и Таравари повторно покажаа дека имаат двојни аршини. Кога нивниот градоначалник на Гостивар, Валбон Лимани, вели дека не чувствува никаква одговорност за скандалот со водата, тие не кажуваат ниту еден збор. Истите тие кои секојдневно зборуваат за одговорност и бараат оставки, денес молчат и го штитат својот кандидат. Очигледно, за СДС, ДУИ и Таравари принципите важат ...

Соопштение на СДСМ: Граѓаните веќе со страв го очекуваат секое најавување на „нови мерки“ од страна на Мицкоски. Секоја најава на Мицксоски за намалување на цените завршува со ново поскапување. Најновиот пример се горивата. Мицкоски најави намалување на акцизите и се пофали со наводни мерки за поевтини горива, а веднаш потоа цените повторно значително се зголемија. Секоја мерка на Мицкоски за намалување на цените предизвикува нов ценовен ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
0.51
52%
1018
weather icon

Белград

23ᴼ / 22ᴼ
7.8
45%
1015
weather icon

Загреб

22ᴼ / 16ᴼ
1.03
62%
1014
weather icon

Софија

19ᴼ / 15ᴼ
1.03
41%
1019
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
2.57
47%
1018
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
1.03
75%
1016
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
6.17
56%
1014
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
60%
1015
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.54
38%
1015
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 20ᴼ
1.54
61%
1019
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
0.491
48%
1016
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
5.66
57%
1015
Currency

61.53

Currency

53.1364

Currency

71.9634

Currency

37.6482

Currency

38.3228

Currency

65.492

Currency

7.88626

Currency

0.63317

Currency

0.33382

Currency

0.52479

Currency

1.11095

Currency

0.55713

Рутениум

53852.50

Паладиум

41731.67

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Сребро

2080.30

Злато

140678.81

Алуминиум

3.25

Иридиум

252383.36

Калај

56.34

Родиум

282926.57

Бакар

13.28

Платина

56103.05