Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
text size Автомобил „Тесла модел 3“ удрил во цементен столб откако откажала камерата за возење наназад. Возач на пикап „Форд“ го изгребал возилото од столб за осветлување возејќи во рикверц. Екранот на задната камера на миниван на „Тојота“ прикажувал стари слики наместо да ја регистрира состјбата во живо. Ова се некои од отприлика 2.000 жалби што потрошувачите ги поднеле до американските регулатори за безбедност на автомобили, опишувајќи ...
text size Европските резерви на природен гас за греење и производство на електрична енергија се повторно во фокусот. Пред четири години, владите и енергетската индустрија во регионот потрошија рекордни суми за да ги надополнат сериозно исцрпените залихи, бидејќи намалувањето на снабдувањето предизвикано од руската инвазија на Украина предизвика пораст на цените. Сега, војната со Иран го отежнува создавањето доволно залихи пред зимата, кога ...
text size Европските берзи имаат доволно добитници од вештачката интелигенција за да го надоместат недостигот од технолошки акции. Европската верзија на трговијата поврзана со ВИ придонесе за изненадувачки силна година за индексот Stoxx 600. Тој успеа да го следи темпото на американскиот S&P 500, иако технолошкиот сектор учествува со само 9 отсто во европскиот индекс, наспроти 44 отсто во американскиот репер. Ова е уште поимпресивно ако ...
text size До Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) е доствено известување за концентрација со која „Проекс Интернационал Л.Л.Ц“ со седиште во Косово, има намера да стекнe контрола врз друштвото за трговија на мало „Тинекс маркет“. „Врз основа на писмо за намери и рамка за трансакцијата од 02.07.2026 година склучено помеѓу „Тинекс-МТ“ како продавач и „Проекс Интернационал“ како купувач, се согласиле за главните комерцијални услови и ...
text size Акциите на „Леново Груп“ (Lenovo Group Ltd) скокнаа откако кинескиот производител на компјутери објави зголемување од 43 проценти на кварталните приходи, надминувајќи ги проценките на аналитичарите со голема разлика и зајакнувајќи го оптимизмот околу побарувачката поттикната од вештачката интелигенција. Акцијата порасна за дури 22 проценти во Хонг Конг на уште еден рекорд, продолжувајќи го својот раст оваа година на повеќе од 280 ...
text size Златото се тргуваше околу нивото од 4.400 долари за унца, откако умерениот извештај за инфлацијата во САД го намали притисокот врз Федералните резерви (Фед) за зголемување на каматните стапки. Вредноста на благородниот метал падна за 0,7 отсто, откако претходно во текот на денот достигна највисоко ниво во последните десет недели. Ова следеше по растот од речиси 1 отсто во средата, кога податоците за инфлацијата покажаа дека ...
text size „Антропик“ (Anthropic PBC) преговара за купување на стартапот за вештачка интелигенција „Декарт“ (Decart AI) за околу шест милијарди долари, според лица запознаени со ова прашање. „Декарт“ развива таканаречени светски модели, чија цел е да го симулираат физичкиот свет, како и софтвер што може да ги намали трошоците за тренирање на ВИ така што им помага на чиповите да работат поефикасно. Последната технологија би можела да ѝ ...
text size Воената кампања на САД против Иран досега не успеа да го принуди режимот да капитулира. Администрацијата на Трамп повторно се обложува дека задушувачкиот економски притисок ќе ја заврши работата. Соочени со недостиг на потребна муниција и претпазливи околу продолжување на непопуларната војна, Трамп и неговите високи функционери се враќаат на познатото сценарио со режимот: потпирајќи се на постојано зголемување на економските санкции ...
text size Едно ведро утро над Мерсо во Франција, балон на топол воздух со патници што фотографираат лебди над редовите винова лоза, додека под нив велосипедисти и планинари се пробиваат низ лозјата на Рут де Гран Кру, обрабени со афион, со однапред подготвени кошници за пикник. Таквата глетка сè почесто ги придружува традиционалните посетители на винските визби во ова популарно винско место. Разновидноста на искуствата што денес им се ...
text size Од почетокот на годината среброто помина низ еден од најтурбулентните периоди во својата историја. По спектакуларниот пораст во текот на минатата година и на почетокот на оваа година, среброто денес е речиси половина пониско од јануарскиот рекорд. Како и со златото, голем дел од падот следуваше по ескалацијата на конфликтот меѓу САД и Иран, во време кога, барем според конвенционалната пазарна логика, скапоцените метали треба да ...
text size Во Народната банка (НБРМ) минатата година биле примени вкупно 210 поплаки од физичките лица, од кои 96,3 проценти или 191 поплака се со наводи за неправилности во работењето на деловните банки, една поплака се однесува на работењето на штедилница, а две поплаки за работењето на платежна институција. Од НБРМ информираат дека за првпат се јавува нова категорија на поплаки, вкупно 16, кои се однесуваат на повеќе банки или прашања ...
text size Европските берзи годинава ја побија традицијата за таканаречените „кучешки летни денови“ (од англиски: dog days of summer), како што се нарекува периодот кон крајот на јули и август, а кој вообичаено се карактеризира со помал обем на тргување, намалена пазарна активност и побавно движење на цените на берзите. Имено, главните берзански индекси во Европа уриваат рекорди, а слична е состојбата и на американскиот пазар, иако таму ...
text size Воената кампања на САД против Иран досега не успеа да го принуди режимот да капитулира. Администрацијата на Трамп повторно се обложува дека задушувачкиот економски притисок ќе ја заврши работата. Соочени со недостиг на потребна муниција и претпазливи околу продолжување на непопуларната војна, Трамп и неговите високи функционери се враќаат на познатото сценарио со режимот: потпирајќи се на постојано зголемување на економските ...
text size Европската централна банка (ЕЦБ) е наклонета кон одобрување на преземањето на германската „Комерцбанк“ (Commerzbank AG) од страна на италијанската групација „Уникредит“ (UniCredit SpA), јави „Ројтерс“, повикувајќи се на интерен документ презентиран минатиот месец до Надзорниот одбор на централната банка. „Уникредит“ моментално чека регулаторни одобренија за преземање на акции еднакви на околу 18 отсто од „Комерцбанк“, кои беа ...
text size Претседателот Доналд Трамп е тужен од две медиумски организации поради планот на „Трамп Медиа енд Технолоџи Груп“ (Trump Media and Technology Group Corp.) да продава побрз пристап до неговите објави на „Трут Сошл“ (Truth Social). „Интерсепт Медиа“ (Intercept Media), новинска организација, и непрофитната Фондација за слобода на печатот, побараа од суд во Њујорк во среда да го блокира планот, нарекувајќи го „необичен, коруптивен и ...
text size Спортското обложување сè повеќе е во конкуренција со традиционалното инвестирање привлекувајќи го вниманието на помладите Американци, при што повеќе од една четвртина од инвеститорите од генерацијата зед (Generation Z) велат дека го гледаат обложувањето на спорт како дел од нивната долгорочна финансиска стратегија, според анкета на платформата за лични финансии „Бетермент“ (Betterment). Околу 26 отсто од инвеститорите од ...
text size Иако САД и Јапонија покажаа ретко единство во настојувањата да го зајакнат јенот, суштинското несогласување меѓу Скот Бесент и Санае Такаичи околу Банката на Јапонија се заканува да ги поткопа нивните напори. Во изминатата година, американскиот министер за финансии сигнализираше дека смета дека заострувањето на монетарната политика е клучно за справување со слабоста на јапонската валута. Премиерката Такаичи, од друга страна, долго ...
text size Глобалните резерви на нафта ќе се намалуваат во текот на овој квартал со повеќе од двојно побрзо темпо од претходно проценетото, бидејќи конфликтот со Иран повторно ескалира, иако негативното влијание од високите цени врз побарувачката продолжува да се продлабочува, соопшти Меѓународната агенција за енергија (ИЕА). Според месечниот извештај на агенцијата, светскиот нафтен пазар се соочува со недостиг од 1,8 милиони барели дневно, ...
text size Ретко целосно затемнување на Сонцето во среда ќе помине над дел од Европа, привлекувајќи илјадници посетители кои ќе имаат можност да го набљудуваат феноменот при кој Месечината целосно го покрива Сонцето гледано од одредени делови на Земјата. Настанот го претвора денот во темнина слична на ноќ и предизвикува пад на локалната температура. Руралните населби во Шпанија и Исланд, каде што затемнувањето ќе биде највидливо, се ...
text size Шест од најголемите имиња во финансискиот свет помагаат на „Енвидија“ да ја намали загриженоста кај инвеститорите што со недели се зголемува поради растечките обврски на компанијата за поддршка на бумот во вештачката интелигенција (ВИ). Првите знаци на олеснување дојдоа откако извршниот директор на компанијата, Џенсен Хуанг, во понеделникот објави дека коалиција од големи инвестициски фирми, меѓу кои „Блекрок“ и „Голдман“ ...
text size Претседателот Доналд Трамп тврди дека САД имаат „целосна контрола врз Ормускиот Теснец“, додека Вашингтон и Техеран ги заострија своите ставови во преговорите за водниот пат, кои беа во ќорсокак. „Ние сме сопственици“, им рече Трамп на новинарите во заедничката база „Ендрус“ надвор од Вашингтон доцна во вторникот. „И во одреден момент, можеби ќе направат нешто, а потоа ќе бидат разнесени“. Неговите коментари дојдоа откако ...
text size „Иуте Македонија“ успешно ја реализираше својата прва корпоративна обврзница на домашниот пазар на капитал, обезбедувајќи го целиот износ од три милиони евра за рекордни четири дена. Од компанијата велат дека со тоа, јавната понуда е целосно затворена, а „исклучителниот интерес од инвеститорите претставува силна потврда за довербата во компанијата, нејзиниот стабилен бизнис модел и долгорочната стратегија за раст“. По добиеното ...
text size Русија почна да увезува бензин дури од Индија, бидејќи украинските напади врз нејзините рафинерии предизвикуваат сериозен недостиг на домашниот пазар. Ова е првпат Москва да увезува моторно гориво од оваа јужноазиска земја, покажуваат податоците на „Кплер“ (Kpler), а потребата бензинот да помине толку долг пат укажува на тоа колку сериозна станува кризата. Првата пратка била примена на 5 август, а можно е да пристигнат и други, ...
text size Европските пазари силно напредуваат оваа година, спротивно на мрачните прогнози дека војната во Иран ќе го втурне регионот во стагфлација. Индексот Stoxx Europe 600 порасна за околу 12 отсто во 2026 година, додека берзанските индекси во Германија, Италија и Франција достигнаа рекордни нивоа. Германските државни обврзници остваруваат подобри резултати од американските државни обврзници, додека еврото е блиску до највисокото ниво во ...
text size По децении освојување на кинеските купувачи со својот германски инженеринг, „Мерцедес“ (Mercedes-Benz Group AG) направи понизен чекор минатата есен со партнерството со синџирот за брза храна „Мекдоналдс“ (McDonald’s) за да го промовира својот најнов автомобил. Во кампањата „Вистински Мек-Бенц“ (So Mc-Benz), „Мерцедес“ дозволи фигурина од чизбургер да го заземе местото на традиционалната трикрака ѕвезда на целосно електричниот ...
text size Биткоинот, судејќи според сѐ, ќе влезе во претстојната есен со значително поинаква пазарна структура отколку во претходните циклуси. Иако последниот квартал историски често носеше силни скокови на највредната криптовалута, овој пат инвеститорите следат различни фактори. Монетата моментално е на приближно половина од вредноста на рекордното ниво од октомври минатата година, кога надмина 126.000 долари, но за разлика од претходните ...
text size Бројот на регистрирани патнички автомобили на крајот на минатата година изнесувал 615.382, што е за околу 35.000 автомобили повеќе отколку во 2024 година и двојно повеќе во однос на 2012 година, кога на македонските патишта имало нешто повеќе од 301.000 патнички автомобили, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Карактеристично за македонскиот возен парк во изминативе години е тоа што како што расте бројот на ...
text size Автомобилските производители се соочуваат со криза. Доналд Трамп дополнително им ги отежна условите со воведувањето царини, додека Кина ги погоди со забавување на побарувачката и појавата на нови конкуренти. До пред неколку години, Кина беше убедливо најважниот поединечен пазар за германските премиум производители. Денес, сепак, сè повеќе купувачи се префрлаат кон локалните производители на електрични возила, а дополнителен притисок ...
text size Акциите на „Он Холдинг АГ“ (On Holding AG) паднаа во вторник по разочарувачката продажба во вториот квартал. Швајцарскиот бренд, имено, воочи освежувањето на својата понуда се воздржа од снижувањето на цените на постарите модели на патики на исклучително промоциски насочениот американски пазар. Компанијата, поддржана со инвестиција и од поранешната тениска ѕвезда Роџер Федерер, во вторникот изјави дека нејзината нето продажба по ...
text size Колумбискиот извоз на кафе е во голема мера запрен откако катастрофалниот земјотрес ги прекина операциите во главното пристаниште на земјата и предизвика блокади на патиштата по клучните автопати, според раководителот на група извозници на кафе. Буенавентура, главното пристаниште за извоз на кафе во Колумбија, е ефективно недостапно поради неколку блокади на патиштата, особено околу тунелите по автопатот Кали-Буенавентура, клучен ...