
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



Кибер-нападите се данокот за брзиот глобален технолошки развој. Од друга страна, напредната технологија нуди поразновидни и поевтини услуги во финансискиот сектор. Со цел да се искористат предностите што ги носи финтек-секторот, потребно е да му се обрне поголемо внимание на развивањето соодветен систем и механизми за успешен одговор на кибернападите. Денеска, во Народната банка беше организирана работилница со новинарите на тема ...
Владата во услови на светска криза и нарушувања на пазарот на храна и енергенти донесе сет од 26 мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните и спречување ценовен шок. Цената на енергентите на нафта и нафтени деривати на светските берзи се менува на дневна основа, појаснуваат од таму, но со одлуките што Владата ги донесе во однос на скалестото намалување на акцизата и намалувањето на ДДВ, како што велат, се спречува ценовен шок. Додаваат ...
На ден 17.03.2022 година, четврток, во Амбасадата на С.Р. Германија во Скопје, г-дин Ото Граф, во функција на заменик-амбасадор и раководител на економскиот оддел, го прими на официјална средба претставникот на управата во Хајделберг Институтот за бизнис и менаџмент во Скопје, проф. д-р Синиша Наумоски. Имено, меѓу другото, на состанокот беше претставен новиот проект за германски додипломски и специјалистички студии по примерот на државните ...
Раководејќи се од стратегијата за креирање „куќа на брендови”, Винарската визба „Тиквеш“ воведува новo бренд име – „Луда Мара” за вината кои досега ја сочинуваа линијата „Special Selection“. Следејќи ги пазарните трендови кои сѐ почесто ја наметнуваат потребата за дополнително истакнување на врската помеѓу виното, специфичното поднебје и регионот од кој тоа потекнува, ВВ „Тиквеш“ ...
Македонската енергетска асоцијација (МЕА), на седницата одржана во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија, го избра проф. д-р Кочо Анѓушев, редовен професор на Машинскиот факултет, за нов претседател на МЕА. Енергетската асоцијација е постојано работно тело на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија за разгледување прашања од областа на енергетиката. МЕА со своето дејствување придонесува во создавањето услови ...
Во последниот викенд во март 2022-та година, ноќта во 2 часот меѓу 26-ти и 27-ми март почнува летното сметање на времето. Стрелките на часовникот треба да се поместат за еден час нанапред, односно времето во 2 часот, ќе се смета како да е 3 часот. До крајот на март денот ќе се зголеми и ќе се стемнува околу 18 часот, а со поместувањето на стрелки, ден ќе имаме се до 19 часот, а на почетокот на летото и до 20 часот. Преминувањето на времето од ...
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,31% во однос на одлуката од 16.03.2022 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 денари/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за ...
Во резервоарите може да дојде до кондензација на вода поради големите разлики во температурата на околината, како и поради развојот на микробиолошка контаминација Горивата пред две недели поскапеа, па цената падна, но тогашната хистерија која ја наравија медиумите поттикна многу граѓани ден претходно да се упатат кон бензинските пумпи. Многумина, особено во пресрет на поскапувањето, имаат навика горивото да го чуваат во канистри или други ...
Австралија издвои речиси 500 милиони долари (360 милиони долари) за финансирање на зголемување на производството на минерали од ретки земји, со цел да им овозможи на сојузниците да ги диверзифицираат залихите за да ја потиснат кинеската доминација во тој сегмент на глобалниот пазар. Австралискиот премиер Скот Морисон денеска презентираше план за финансирање низа проекти во Западна Австралија, велејќи дека земјата ќе стане енергетска поддршка за ...
Американскиот технолошки гигант Интел најави дека ќе изгради голем комплекс за производство на чипови во Германија. Најавено е дека ова е прва фаза од планираните инвестиции во Европа, кои во следните десет години треба да достигнат 88 милијарди долари. Првата фаза предвидува 33 милијарди евра инвестиции, вклучително и 17 милијарди евра за фабрики во Германија, кои треба да ја задоволат растечката побарувачка за чипови за компјутери, автомобили, ...
Европската унија, која го претстави својот четврти пакет антируски санкции, одлучи да не го забрани увозот на луксузни стоки произведени во Русија, како вотка и кавијар, објави Европската комисија. Дали забраната за луксузни стоки вклучува увоз од Русија, како кавијар или вотка? Не, фокусот на овој пакет санкции е на лишување на Русија од луксузните стоки на ЕУ – соопшти организацијата. ЕУ воведе ограничување на трговијата со производи од ...
КИНА тивко се дистанцира од руската економија погодена од санкциите, пишува CNN. Двете земји минатиот месец изјавија дека нивното пријателство „нема граници“. Тоа беше пред Русија да ја започне својата војна во Украина. Сега кога руската економија е погодена од санкции од целиот свет, има се повеќе докази дека подготвеноста и способноста на Кина да му помогне на северниот сосед може да бидат ограничени. Пекинг одби да го осуди ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша закон со кој ефективно се легализираше криптовалутен сектор во земјата. Одлуката е донесена откако Украина прими донации во криптовалути во вредност од десетици милиони долари од поединци и групи со надеж дека ќе им помогне на воените напори на земјата против Русија, пишува Verge. Нацрт-законот потпишан од Зелениот украински парламент беше одобрен минатиот месец и создава услови за лансирање на ...
Цената на нафтата денеска повторно паѓа. Вредноста на барел нафта на лондонскиот пазар утринава изнесува 100 долари, што е пад на цените во однос на вчера кога изнесуваше 102 долари. Во исто време, барелот на американскиот пазар се тргува за 97 долари и е под таканаречената магична граница од 100 долари. Цените се стабилни во однос на претходната недела. Да потсетиме, минатиот петок овие деривати се тргуваа по цена од 110 односно 107 долари, а ...
Од денеска стапува на сила мерката за намалувањето на ДДВ-то за основните прехранбени продукти од 5% на 0%. Со стапувањето на сила на оваа мерка сите маркети кои продаваат леб, брашно тип-400, млеко со масленост од 2,8%, од 3,2 и 3,5% масленост, бел шеќер, сончогледово масло, месо и други кланични производи за јадење, бел ориз и јајца, ќе се издаваат фискални сметки за овие производи со ДДВ од 0%. Истовремено со оваа мерка ќе се изврши надолен ...
„Реплек АД“ ги зајакна своите извозни позиции на пазарите во Европската унија, проширувајќи го портфолиото на производи кои се достапни во овие земји. Компанијата истовремено го продолжи и својот пробив во Африка и Азија, па покрај присуството на повеќе од десет азиски пазари, наскоро ќе биде присутна и на пазарот во Јордан. Зајакнувањето на извозните позиции е резултат на извозната стратегија, која преку диверзификација на извозот и ...
Собранието вечерва ги усвои измените и дополнувањата на Законот за пензиско и инвалидско осигурување со кои се обебзедува одржлив и континуиран раст на пензиите. Со измените на Законот, растот на пензиите ќе се усогласува по два односи, односно со порастот на трошоците за живот и растот на просечната плата. Усогласувањето ќе се спроведува на први март и први септември секоја година. Тоа значи дека веќе од овој септември околу 330.000 пензионери ...
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 6,00 денари/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.03.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 79,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 5,50 денари/литар, во однос на малопродажната цена ...
Сите маркети кои продаваат леб, брашно тип -400, млеко со масленост од 2%, 3,2% и 3,5 % масленост, бел шеќер, сончогледово масло, месо и други кланични производи за јадење, бел ориз и јајца ќе мора најдоцна до утре 17 март 2022 година да ги прилагодат фискалните апарати. Ова значи дека сите продажни објекти кои ги продаваат погореспоменатите производи при малопродажба, потребно е да издаваат фискална сметка со даночна стапка од 0%, односно со ...
Како дел од инвестицискиот план за проширување и реновирање на македонските аеродроми, почнувајќи од 28 март до 16 мај годинава, во период од 50 дена, „ТАВ Македонија“ ќе врши рехабилитација на пистата на Меѓународниот аеродром „Скопје“. Од компанијата информираат дека за оваа цел авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром „Скопје“ во текот на тој период ќе се одвива од 17 часот попладне до 9 часот наутро, ...
Норвешкиите власти им дозволија на Equinor и неговите партнери да го зголемат производството на гас во текот на летните месеци поради зголемената побарувачка во Европа, соопшти државната компанија за нафта и гас. Норвешкото Министерство за нафта и енергија издаде приспособени дозволи за зголемување на производството во полињата Трол, Осеберг и Хеидрун. „ Во разговорите со властите и нашите партнери, сега преземаме чекори за одржување на ...
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска ќе носи одлука за цените на нафтените деривати што ќе важат од полноќ. Од РКЕ информираат дека се исполнети предусловите за носење нова одлука за цената на горивата што ќе биде во сила од полноќ, јавува Сител. Со последните измени на Правилникот за одредување на малопродажните цени на нафтените деривати РКЕ може секој ден да носи одлуки за промена на цените на нафтените деривати ...
На 15 март 2022 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на којашто беа разгледани најновите движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика. На седницата на Комитетот беше заклучено дека последните случувања во Украина значително го менуваат глобалниот економски контекст и делуваат врз ...
Апликацијата Starlink, која им овозможува на луѓето пристап до сателитски интернет сервис, стана најсимнуваната апликација во Украина, покажуваат новите податоци. Дејли мејл објави дека апликацијата е преземена речиси 100.000 пати во Украина, а глобалните преземања се зголемени за повеќе од трипати во последните две недели. Потсетуваме, по руската инвазија на Украина, Илон Маск најави дека неговата компанија SpaceX ќе испрати помош во таа земја ...
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,50% во однос на одлуката од 14.03.2022 година. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 3,00 денари/литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 2,50 денари/литар. Малопродажните цени на бензините ...
Развиените европски економии веќе ги трпат сериозните последици од конфликтот во Украина кога станува збор за снабдувањето со основни прехранбени производи. Имајќи предвид дека некои луѓе од Украина имаат повеќе од половина од потребите за храна, проблемот е позначаен, а сликите од теренот деновиве зборуваат многу повеќе од зборови. Германските супермаркети известуваат за намалување на количината на сончогледово масло, поради страв дека војната ...
Цените на акциите вчера наутро паднаа на европските берзи, по завчерашниот раст, бидејќи преговорите меѓу Русија и Украина се уште не дадоа напредок, па продолжуваат нападите на руската армија врз украинските градови. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции падна за 1,3 отсто на 9,30, откако вчера порасна. Лондонски FTSE индекс утринава падна за 1,32 отсто, на 7.098 поени, додека франкфуртски DAX падна за 1,28 отсто, на 13.750 поени, а ...
Велика Британија објави дека ќе го забрани извозот на луксузни стоки во Русија и ќе воведе нова царина од 35 отсто за руски увоз во вредност од 900 милиони фунти, вклучувајќи вотка, метали, ѓубрива и други стоки. Овој потег следува по серијата економски санкции што ги објави британската влада за да го казни рускиот претседател Владимир Путин за инвазијата на Украина. Понатамошни санкции против богатите Руси треба да бидат објавени подоцна. ...
Во Буџетот за 2022 година, кој е усвоен во Собранието, предвидено е задолжување од 600 милиони евра. Од нив 545 милиони евра се за покривање на дефицитот, планиран во Буџетот и останатиот дел е за зголемување на депозитите што вообичаено се оставаат на крајот на годината за наредна година за резерви. Ова го истакна министерот за финансии Фатмир Бесими во гостување на 24 Анализа, потенцирајќи дека она што државата годинава ќе се задолжи се 600 ...
Народната банка веќе има засилена контрола врз работењето на менувачниците со цел, како што велат, да се спречи шпекулативно однесување на одредени менувачници. Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, во изјава за МИА, посочува дека во тек се засилени инспекциски контроли од страна на Народната банка по менувачниците, како и дека согласно регулативата, тие не смеат да ги чуваат девизите и да не вршат менувачко работење. Ваквото однесување може да ...