Британскиот банкарски гигант Баркли денеска објави дека повеќе нема директно да финансира нови проекти поврзани со експлоатација на нафта и гас. Тој најави и дека ќе го ограничи кредитирањето на компаниите кои планираат да го прошират производството на фосилни горива. Според извештајот на еколошката група „Rainforest Action Network“, Баркли беше најголемиот финансиер на секторот за фосилни горива во Европа меѓу 2016 и 2021 година, особено во ...

Американската влада инвестира пет милијарди долари во развој на компјутерски чипови. Администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави, Џозеф Бајден, се подготвува да инвестира пет милијарди долари во јавно-приватен конзорциум за поддршка на истражување и развој на „напредни компјутерски чипови“. Националниот центар за технологија за полупроводници треба да помогне во финансирањето на дизајнот и прототипот на нови видови чипови ...

Извештајот за најбогатите градови во светот за 2023 година, публикација создадена од консултантската компанија за миграција за инвестиции Henley & Partners, содржи клучни наоди за најбогатите градови во светот и нивната висока нето вредност на населението. Секој град вклучен во прегледот вклучува свој број на поединци со висока нето вредност (HNWIs), дефинирани дека имаат најмалку 1 милион американски долари во ликвидни средства. Вклучени се ...

На светско ниво, какаото го собори ценовниот рекорд од 5.874 долари за тон, што е резултат на сушите на плантажите во Западна Африка. Оваа сума, евидентирана на суровинскиот пазар во Њујорк, е речиси двојно поголема од почетокот на минатата година, објави Би-Би-Си. Какаото поскапе поради лошата жетва предизвикана од многу ретки врнежи, пред се во земјите кои се два најголеми светски производители – Гана и Брегот на Слоновата Коска. „Трговците ...

Годишната стапка на инфлација во Унгарија падна на 3,8 отсто во јануари од 5,5 отсто во декември, објави денеска Централниот завод за статистика на Унгарија KSH. Инфлацијата во Унгарија сега е најниска од март 2021 година. Цените на храната се зголемија за 3,6 отсто на годишно ниво, забавувајќи се од декемвриските 4,8 отсто, исто како и цените на алкохолните пијалоци и тутунот, зголемувајќи се за 8,1 отсто во јануари наспроти 10,3 отсто во ...

Германскиот моден синџир Питер Хан ги затвора повеќето од своите продавници четири месеци откако поднесе барање за стечај. Според локалните медиуми, компанијата се откажала од повеќето продавници и ќе продолжи да работи само со седиштето во Винтербах и две продажни локации. Се затвораат вкупно 17 продавници и експозитури, од кои три се во Швајцарија. Питер Хан, компанија за онлајн нарачки, според германските медиуми, генерира само 4 отсто од ...

Менаџерскиот тим на Рудник САСА донесе одлука за ново зголемување на платите на сите вработени, кое почнува да важи од јануарските плати. Во изминатите две години ова е четврто зголемување на платите во САСА. Со претходните три покачувања, направени во 2022 и 2023 година, платите во САСА беа зголемени за над 25%. Со оваа одлука, САСА успеа да го надмине влијанието на растот на цените и животните трошоци врз благосостојбата на своите вработени, ...

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска учествуваше на Конференцијата во Брисел посветена на независноста на централните банки, на која учество зема и директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева. „Постои јасна врска помеѓу макроекономската стабилност и независноста на централните банки, како кај развиените, така и кај економиите во развој, што е докажано и преку емпириските истражувања. Само ...

Доцнење на летот може да се случи поради голем број проблеми, како што се лошо време, недостаток на работници и слично. Меѓутоа, доколку се најдете во таква ситуација, советот е да преземете неколку важни чекори. Во случај на откажување на лет, како што е наведено на веб-локацијата на авиокомпанија, на располагање ја имате следната опција, со која се воспоставуваат заеднички правила за компензација и помош на патниците во случај на одбиено ...

На азиските берзи денеска прометот е помал од вообичаеното бидејќи многу пазари се затворени поради кинеската Нова година, додека вредноста на доларот во однос на кошничката валути е зголемена. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските акции, беше речиси непроменет околу 07:00 часот, додека на неделно ниво е во пораст од 0,7 отсто. Истовремено, на токиската берза индексот Никеи зајакна за 0,4 отсто, а благо пораснаа и цените на ...

Вредноста на новите кинески заеми во националната валута во јануари изнесуваше 4,92 трилиони јуани. Ова е рекордна вредност од почетокот на споредбените мерења на овие податоци во 2008 година, објави денеска Народната банка на Кина (PBoC). Овој резултат го надмина претходниот рекорд од 4,9 трилиони јуани од пред една година и ги надмина очекувањата на пазарот од 4,5 трилиони јуани. М2, широка мерка на паричната маса која ги покрива парите во ...

Профитот на Maersk потона за 87 отсто минатата година. Данскиот бродски гигант Maersk ја затвори 2023 година со голем пад на нето добивката. Заработи 3,8 милијарди долари, што е малку над прогнозите на индустријата, но значително под 29,2 милијарди долари што се очекуваше да ги достигне во 2022 година. Во исто време, компанијата укажува на предизвиците оваа година кои произлегуваат од неизвесната ситуација на Блискиот Исток. Како што објасни ...

Техничките уреди генерално траат колку што е законската гаранција од две години, по што се расипуваат. Купувањето нов производ обично е поисплатливо отколку поправка која често „држи вода само додека мајсторите не си заминат“. ЕУ одлучи да застане на патот на оваа практика. Европскиот парламент и Советот на ЕУ на крајот на минатата недела постигнаа политички договор за директива со која на потрошувачите ќе им се обезбеди т.н. право на поправка ...

Потрошувачките цени во Кина паднаа во јануари со најбрзо темпо во последните 15 години. Тоа ги нагласува предизвиците за креаторите на политиките кои се обидуваат да ја оживеат довербата на инвеститорите во втората по големина економија во светот. Индексот на потрошувачките цени во Кина падна за 0,8 отсто на годишно ниво во јануари, според официјалната статистика објавена во четвртокот, што претставува четврти месец по ред на пад на цените и ...

Според податоците достапни на јавноста. Државата ги дуплирала државните резерви во 2024 година, а во споредба со 2015-та година. Во 2015-та Македонија имала 2,225 милијарди евра, во 2016 – 2,6 милијарди евра. Рекордот на државните резерви Македонија го достигна во декември лани кога истите изнесуваа 4,5 милијарди евра, а во јануари се намалија на 4,3 милијарди евра, што е речиси двојно зголемување на државните резерви во рок од неполна деценија. ...

Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, на месечно ниво се пониски за 0.5 %, а на годишно ниво за 4.0 %. Во декември 2023, во споредба со ноември 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 4.6 %, во секторот Преработувачка индустрија за 0.3 % и во ...

Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски на месечно ниво за 0.9 %, а на годишно ниво за 5.1 %. Во декември 2023, во споредба со ноември 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 6.3 %, а во секторот Преработувачка ...

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализраше исплатата за дополнителните субвенции за предадено јаболко во откупен или преработувачки капацитет со што со финансиска поддршка се стекнаа 1955 земјоделски стопанства во вкупна вредност од 203.3 милиони денари. Корисници на оваа финансиска поддршка се земјоделските стопанства кои се корисници на мерката за оддржување на постоечки јаболкови насади и кои ...

ЕИБ Глобално, финансискиот огранок на Европската инвестициска банка (ЕИБ) за активности надвор од Европската Унија, инвестираше рекордни 1,2 милијарди евра низ Западен Балкан во 2023 година (365 милиони евра повеќе отколку во 2022 година). Инвестициите беа наменети за проекти за одржлива и енергетска транзиција што го поддржуваат пристапот на регионот во ЕУ, економските, климатските и напорите за поврзување. „Средствата поддржуваат проекти во ...

Цените на какаото се искачија на највисоко ниво на сите времиња оваа недела. Лошите временски услови негативно влијаат на приносите на земјоделските култури во Западна Африка, каде што се произведуваат три четвртини од светското производство. Фјучерсите на какаото поскапеа за повеќе од 1.000 долари, или речиси 40% од годината до денес, достигнувајќи го највисокото ниво на сите времиња во текот на денот од 5.874 долари за метрички тон во ...

Министерството за економија годинава ќе додели 3. 555 ваучери во вредност од по 18.000 денари за одмор во домашни туристички капацитети за работници чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето приходот од 50. 000 денари. Јавниот повик, како што информира ресорниот министер Крешник Бектеши, ќе биде објавен в понеделник на 12 февруари, а право на учество имаат сите физички лица кои се вработени и нивните месечни примања во ...

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – декември 2023 година, изнесува 512 368 615 илјади денари и бележи пораст од 0.2 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – декември 2023 година, изнесува 686 299 500 илјади денари, што е за 8.1 % помалку во споредба со истиот период ...

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.02/2024 за долгови доспеани до 31.10.2023 и неплатени до 31.01.2024 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е: повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и повисок од 300.000 денари за правните лица. Листата на должници се објавува ...

Финската авиокомпанија Finnair најави дека ќе почне да ги мери патниците со рачниот багаж со цел подобро да ја процени тежината на авионот пред полетувањето. Оваа одлука стапува на сила од понеделник, а „мерењата“ се вршат на патниците кои поаѓаат од Хелсинки. „Досега, повеќе од 500 волонтери на клиенти учествуваа во мерењето“, рече Каиса Тиканен, портпаролка на авиокомпанијата. Во соопштението на Finnair се вели дека авиокомпаниите ја ...

Според експертите, „неплатената работа може да се утврди само за последните три години“. Пекар од австрискиот град Форарлберг добил отштета од 27.000 евра од својот поранешен работодавец, пишуваат австриските медиуми. До таков заклучок дошла работната комора во Австрија откако мажот бил отпуштен, пишува магазинот „Феникс“. Пекар во таа фирма работел 28 години. Неговиот работодавец користел долгогодишно боледување како причина да го отпушти ...

Скопје, 8.02.2024г. – А1 Македонија ја збогатува својата онлајн понуда и за сите свои корисници во месецот кога се одбележува љубовта воведува атрактивни промоции за сите кои својата нарачка ќе ја направат само преку веб страната на А1 Македонија www.a1.mk. Со оваа најнова акција корисниците добиваат можност за неверојатен попуст за нов смарт телефон. Со новата промоција корисниците имаат можност за одлични попусти на одбрани телефони и да ...

Веројатно се избројани деновите на таканареченото „пензија на 63 години“. Се повеќе политичари и економисти во Германија се залагаат за укинување на предвременото пензионирање. Со оваа одлука се согласува и министерот за финансии, пишуваат германските медиуми. „Пензионирање на 63 години“ е контроверзна тема. Германската економија се бори да го најде секој работник, додека од друга страна, стотици илјади луѓе секоја година одат предвремена ...

Жените би требало да работат дополнителни 19 години за да се пензионираат со ист износ на пензија како и мажите. Ова се наведува во објавената анализа на Британскиот институт за пензиска политика (ППИ). Истражувањата покажуваат дека жените кои ќе се пензионираат на 67 години ќе имаат во просек заштедени 69.000 фунти, во споредба со 205.000 фунти, кои мажите треба да ги заштедат, објави Гардијан. Податоците, објавени од PPI, сугерираат дека ...

Потрошувачите во еврозоната очекуваат инфлација од 3,2 отсто во следните 12 месеци, тоа е заклучокот од декемвриското истражување на Европската централна банка (ЕЦБ) објавено вчера. Резултатот покажува дека инфлаторните очекувања на потрошувачите се најниски од февруари 2022 година и дека во ноември изнесувале 3,5 отсто. Граѓаните на еврозоната очекуваат инфлацијата да биде 2,5 отсто во следните три години, што е повисока отколку во ноември, ...

Во пресметката на трошоците за следниот одмор, доколку летувате во Грција, треба да го вклучите и поскапувањето на патарините. Во просек изнесува нешто повеќе од 7,5 отсто, што би значело дека на грчките патарини ќе треба да платите и до три евра повеќе во однос на претходната година. Надлежните најавуваат дека позабележителен скок на цените ќе има следната и следната година. Цената зависи, се разбира, од делот во кој патувате. Значи од Солун до ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
5.66
64%
1016
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
4.63
86%
1015
weather icon

Загреб

22ᴼ / 19ᴼ
1.03
70%
1015
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
7.72
57%
1014
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
3.06
33%
1011
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
0.51
91%
1017
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
3.13
33%
1009
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
73%
1013
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
2.57
73%
1014
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 26ᴼ
4.63
43%
1012
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
4.12
64%
1014
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
5.66
73%
1011
Currency

61.535

Currency

52.8878

Currency

70.8243

Currency

34.4868

Currency

38.3402

Currency

65.6433

Currency

7.40778

Currency

0.65395

Currency

0.35531

Currency

0.52466

Currency

1.28467

Currency

0.59997