Грција се подготвува да продаде 30 отсто од Меѓународниот аеродром во Атина. Грчките власти почнаа со подготовки за продажба на 30 отсто од акциите на меѓународниот аеродром во Атина преку иницијална јавна понуда (IPO) и одделни зделки со акционерите на Авиа Алијанса и семејството Копелузос, соопшти денеска Меѓународниот аеродром во Атина (АИА). . Се очекува листата на понудувачи да биде објавена во февруари на Атинската берза. Грчката држава ...

Инфлацијата во Германија се зголеми за 5,9 отсто на годишно ниво во 2023 година, објави денеска германската федерална статистичка служба Дестатис. „Годинашниот раст на инфлацијата е помал од историскиот максимум од 6,9 отсто во 2022 година, но сепак е висок, а цените на храната особено се зголемија во текот на изминатата година“, рече претседателката на Дестатис, Рут Бренд. Годишната стапка на инфлација во Германија се искачи на 3,7 отсто во ...

Германскиот производител на пијалоци, еден од најголемите производители на алкохолни пијалоци во Европа, мора да поднесе барање за стечај. Тоа е тежок удар за традиционалната дестилерија Алтенбург (Тирингија), пренесува МДР. Меѓу другото, производителот, најпознат по своите алкохолни пијалоци, мораше да поднесе барање за стечај на 20 декември во окружниот суд во Гера. Според стечајниот адвокат Ролф Ромбах, целокупната економска ситуација и ...

Wizz Air, најбрзо растечката и еколошки најодржлива авиокомпанија во Европа на глобално ниво, објави дека нејзините просечни емисии на јаглерод за 2023 година изнесувале 51,5 грама по патник/км, што е за 6,8% пониско отколку во 2022 година. Ова го претставува најнискиот просечен годишен резултат на јаглерод на авиокомпанијата забележан во една календарска година, поткрепувајќи го нејзиното лидерство во намалувањето на интензитетот на CO2 меѓу ...

Супермаркетите во Холандија ќе загубат повеќе од 1,5 милијарди евра годишна заработка поради забраната за продажба на тутун која стапува на сила од 1 јули. Ова го објави холандската мултинационална корпорација за банкарски и финансиски услуги со седиште во Амстердам (ИНГ). Истражувачите тврдат дека 35 отсто од продажбата на тутун ќе оди во тутунари и помали продавници. Бензинските пумпи и продавниците во странство во близина на границата, исто ...

Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2023 година се издадени 318 одобренија за градење, што е за 10.2 % помалку во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 11 726 317 илјади денари, што е за 31.2 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 171 (53.8 %) е наменето за ...

Пет земји-членки на Европската унија, Бугарија, Полска, Унгарија, Романија и Словачка побараа воведување царини за украинските житарки. Овие земји испратија заедничко писмо до Европската комисија (ЕК) во кое бараат воведување царини за украинските житарки поради нелојална конкуренција, соопшти денеска Министерството за земјоделство на Унгарија. Земјоделците во петте земји „претрпеа значителна штета“ откако Европската унија ги суспендираше ...

Германскиот министер за финансии Кристијан Линднер денеска се појави пред илјадници земјоделци кои протестираат против зголемувањето на даноците и им порача дека нема пари за идни субвенции. „Не можам повеќе да ви ветувам државна помош од федералниот буџет“, им рече Линднер на насобраните од бината пред Бранденбуршката порта. Сепак, рече дека можат заеднички да се борат за земјоделците да уживаат поголема слобода и почит. Протестите избија по ...

Шест модели на чешми за пиво Krups и SEB продадени во периодот од април 2022 година до октомври 2023 година треба да бидат повлечени од употреба поради опасност од експлозија, објави денеска сајтот за заштита на потрошувачи Рапел Консо. Неуспехот на некои компоненти на матичната плоча во дозерите за пиво може да доведе до експлозија на пивски буриња и повреди на корисниците на диспензерот, пишува весникот Фигаро. Сите информации за видовите ...

Со цел да се олесни модерната комуникација и присуството на глобалниот пазар, Подравка го претстави новото корпоративно лого на Групацијата Подравка, кое за првпат ќе биде одвоено од производното лого на брендот Подравка. Подравка го претстави својот нов визуелен идентитет и за прв пат го одвои корпоративното лого на Групацијата Подравка од производното лого на брендот Подравка. Како модерна, мултинационална компанија, Групацијата Подравка, во ...

Германските медиуми пишуваат за високите цени во Хрватска, претставувајќи ги другите земји како поповолна опција за одмор, пишува N1 Загреб. РТЛ, германски медиумски канал, спроведе истражување и најде алтернативи за популарните туристички дестинации, вклучително и Хрватска. Според нивното мислење, Малта е попрофитабилна дестинација во споредба со Мајорка. „Балеарските острови постојано се на врвот на најпопуларните туристички дестинации. Не е ...

Европската централна банка (ЕЦБ) би можела да им пркоси на пазарните очекувања и да го одложи првичното намалување на каматните стапки во текот на 2024 година, изјави Роберт Холцман, член на Управниот совет на таа институција. Запрашан за оние кои бараат прво намалување на каматната стапка веќе во април, гувернерот на централната банка на Австрија за CNBC изјави: Се плашам дека тие луѓе, заминувајќи од Давос, ќе бидат длабоко разочарани. – Не ...

Apple нуди попусти на голем број од своите производи во Кина, вклучувајќи го и најновиот и поевтин iPhone, бидејќи се соочува со зголемена конкуренција и растечки стравови од недостаток на побарувачка за својот водечки паметен телефон. Помеѓу 18 и 21 јануари, Apple нуди попуст од 500 кинески јуани (70 долари) на својата палета на iPhone 15, вклучувајќи го и најскапиот iPhone 15 Pro Max. Достапни се и попусти на одредени модели на Mac и iPad. ...

Вештачката интелигенција ќе влијае на речиси 40 отсто од работните места ширум светот, заменувајќи некои и дополнувајќи други, па затоа е потребна внимателно избалансирана политика за да се искористи нејзиниот потенцијал, изјави директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева. Таа на блогот на ММФ напиша дека сме на работ на технолошка револуција која би можела да ја зголеми продуктивноста, да го поттикне глобалниот раст ...

Денеска во 15 часот, Биткоинот падна за 0,54 отсто на 39.004,20 евра во последните 24 часа на најголемата светска берза за криптовалути Binance. Вкупниот обем на тргување со биткоин во последните 24 часа изнесува 18,14 милијарди евра, што е помалку од минатонеделните вредности. Индексот на страв и алчност за Биткоин денес изнесува 52 во категоријата „неутрални“, што покажува дека ентузијазмот на инвеститорите е намален од минатонеделните многу ...

Во 2023 година, според прелиминарните проценки, германската економија падна за 0,3 отсто на годишно ниво, откако порасна за 1,8 отсто во 2022 година. Ова го соопшти германската федерална статистичка служба Дестатис. „Целиот економски развој во Германија заглави во 2023 година, во средина која сè уште е оптоварена со кризата“, рече претседателката на Дестатис, Рут Бранд на прес-конференција. Според нејзиното мислење, главните причини за ...

Целта на законот е поттикнување на донирањето заради остварување , унапредување, промоција и поддршка на активностите од поширок јавен интерес. Сите заинтересирани и засегнати страни во наредниот период имаат можност да го разгедаат законот и да дадат свои коментари, предлози или сугестии. Законското решение што се предлага би придонело за: • Охрабрување на работата на граѓанските организации преку дополнителен метод за финансирање и исполнување ...

Уште една од вкупно осум компании кај кои Управата за јавни приходи (УЈП) спроведува присилна наплата на данок на солидарност, треба да ги подмири обврските од главниот долг и преостануваат за исплата уште шест милиони денари. -Компанијата е од дејноста трговија со дрва, градежен материјал и санитарна опрема, ги платила каматата и еднократната такса за присилна наплата и има почнато со плаќање на главниот долг, а останува да плати уште 6.226.962 ...

Петте најбогати луѓе во светот го удвоија своето богатство од 2020 година, додека 60 отсто од вкупното население, речиси пет милијарди луѓе, станаа уште повеќе осиромашени. Во последниот извештај на хуманитарната организација Оксфам се наведува дека јазот меѓу богатите и сиромашните веројатно ќе се зголеми, покажува тој. Исто така, се предупредува дека ако продолжат овие трендови, сиромаштијата во светот нема да биде искоренета уште 229 години. ...

Фирми од кумановско-липковскиот крај се обиделе преку лажни фактури и со поврат на ДДВ до УЈП да испумпаат пари од државниот буџет во вредност од 160 милиони денари или околу 2.6 милиони евра. Измамата не им поминала и државниот буџет не е оштетен со оглед дека ДДВ-то не било исплатено и наместо тоа фирмите добиле засилени контроли од УЈП. Веднаш по контролите и по влегувањето на инспекторите во компаниите така и се менувала нивната ...

Модната куќа Wormland прогласи банкрот, ова е посебен шок за граѓаните на Минхен затоа што по банкротот на Halhuber и Signa, Alter Akademie и Karstadt и Galeria Kaufhof, ова е следниот проблем со кој треба да се соочи градот. Theo Vormland GmbH објави дека машката модна компанија поднесе барање за стечај. – Вормланд ќе биде тесно поддржан од тим предводен од искусен специјалист за реструктуирање – велат тие. Филијалата во Минхен на Мариенплац ...

Според Законот УЈП средствата треба да ги исплати во рок од 60 дена од завршувањето на тромесечието, па така рокот за исплата е кон крајот на овој месец или почетокот на февруари кога се очекува да пристигнат парите од Мој ДДВ на сметките на граѓаните кои скенираат фискални, за месеците октомври, ноември и декември минатата година. Од јануари лани година се зголеми прагот на враќање на дел ДДВ-то изразено во фискалните сметки, од 1.800 денари за ...

Азиските берзи денеска се тргуваат внимателно бидејќи нема вести кои би можеле да ги туркаат пазарите во една или друга насока, додека доларот благо падна во однос на кошничката валути. MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските акции, беше речиси непроменет од петокот околу 7 часот наутро, откако минатата недела падна за 0,8 отсто. Утрово на токиската берза индексот Никеи порасна за речиси 1 отсто, додека цените на акциите во ...

НА ДЕВИЗНИТЕ ПАЗАРИ вредноста на доларот во однос на кошничката валути остана речиси непроменета минатата недела, а осцилациите на доларот најмногу зависеа од шпекулациите за тоа кога американската централна банка ќе почне да ги намалува каматните стапки. Индексот на доларот, кој ја следи вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, остана речиси непроменет на неделно ниво, на 102,44 поени. Истовремено, доларот ослабе за 0,1 отсто ...

Трговската размена меѓу Кина и Русија се зголемила за 26,3 отсто во 2023 година и изнесувала рекордни 240,11 милијарди долари, покажуваат податоците на Генералната царинска управа на Кина. Кина на северниот сосед му испорача стока во вредност од 110,97 милијарди долари, што претставува зголемување од 46,9 отсто во споредба со истиот период во 2022 година. Извозот од Русија во Кина се зголеми за 12,7 отсто и достигна 129,13 милијарди долари. Во ...

Во 1999 година, мултимилијардерот Ворен Бафет даде совети како да се стане богат, и се смета дека тој се применува и денес. Ако сакате да бидете богати како Ворен Бафет, не чекајте да започнете, ова го кажа Бафет пред 22 години на годишното собрание на акционерите на конгломератот на Беркшир Хатавеј на прашањето како да стекнете богатство од 30 милијарди долари, што беше проценето во негово време. Тој тогаш имаше 68 години, а во меѓувреме ...

Следува уште еден продолжен викенд за православните верници, со оглед дека петок 19 јануари Водици е неработен ден. Министерството за друд и социјално ја објави програмата на неработни денови за 2024 година: Согласно со Законот за празниците во 2024 година неработни денови се: За сите граѓани на РСМ • 06 мај (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, • 10 април (среда), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан ...

Лидл е еден од најпопуларните трговски центри во регионот, кој нуди облека и обувки покрај храна. Но, кога луѓето купуваат облека, немаат каде да се пресоблечат, па „напамет“ ги носат дома маиците, панталоните и јакните и ги враќаат ако не им се допаѓаат. Тие создаваат дополнителна работа за себе и за трговците. И тогаш Lidl размислуваше да додаде штандови за пробување облека, исто како што ги има во сите „обични“ продавници за облека. ...

Индексот на доларот, кој ја следи вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, остана непроменет на неделно ниво, на 102,44 поени. Истовремено, доларот ослабе за 0,1 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото достигна 1,0950 долари. Курсот на доларот порасна во однос на јапонската валута, за 0,2 отсто, на 144,90 јени. Во средината на неделата доларот зајакна во однос на кошничката валути, откако беше објавено дека ...

Ер Србија (Ер Србија) објави дека во 2023 година превезла 4,19 милиони патници во редовен и чартер сообраќај, што, како што е наведено, е трет најдобар резултат во 97-годишната историја на националната авиокомпанија. Компанијата соопшти дека во текот на 2023 година извршиле повеќе од 45.000 летови од аеродромите во Белград, Ниш и Краљева, што, како што се додава, е за 44 отсто повеќе од 2022 година. Во соопштението се наведува дека во текот на ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
1.03
30%
1009
weather icon

Белград

27ᴼ / 24ᴼ
2.57
41%
1010
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
3.09
38%
1009
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
29%
1011
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
2.33
33%
1010
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 23ᴼ
0.89
44%
1011
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
4.47
53%
1010
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
4.12
44%
1010
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
2.57
41%
1009
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 26ᴼ
2.57
39%
1011
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
0.89
43%
1009
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
52%
1012
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1046.13

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

173614.03

Цинк

2.52