Германската индустрија продолжува да ги реструктуира своите синџири на снабдување, настојувајќи да го намали ризикот од прекини како оние во изминатите неколку години. Речиси три петини од домашните компании, 58 отсто од нив, во истражувањето на Ifo изјавиле дека минатата година ги прошириле синџирите на снабдување и пронашле нови добавувачи, според Економскиот институт Ifo. Во електронската индустрија тој удел достигна 80 проценти, а третина од ...

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја информира јавноста дека денеска се реализирани исплатите на директните плаќања од програмата за финансиска поддршка во земјоделството 2024 година за обележани женски грла говеда, обележани грла овци и обележани грла кози. Корисници на директните плаќања за обележани женски грла говеда се земјоделските стопанства кои имаат пријавено женски грла кои имаат наполнето 12 месеци ...

Во Германија, сопствениците на малите и средни компании сè повеќе немаат кому да му го доверат управувањето со компанијата, во моментов речиси една третина од сопствениците имаат најмалку 60 години и бараат наследник, пишува d pa. Уделот на претприемачи кои бараат некој кој ќе го преземе нивниот бизнис скокнал од 35 на 41 отсто во последните шест години, покажува новото истражување на германската државна развојна банка KfV. Во исто време, се ...

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгијева изјави дека очекува намалување на каматните стапки во втората половина на 2024 година. Георгиева ова го соопшти денеска на Светскиот самит на влади во Дубаи. Очекувам дека каматните стапки од средината на годината ќе тргнат по истиот пат како и инфлацијата, која опаѓа изминатава година, рече Георгиева. Според Георгиева, ММФ е убеден дека светската економија ќе доживее ...

Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2023 година се издадени 293 одобренија за градење, што е за 4.6 % помалку во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6 401 489 илјади денари, што е за 9.9 % помалку во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 133 (45.4 %) се наменети за ...

НУКЛЕАРНАТА енергија има големо враќање низ целиот свет, изјави во понеделникот шефот на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) Фатих Бирол, издвојувајќи ги Франција, Азија, Северна Америка и Блискиот Исток. Ова се однесува на Франција, Азија, Северна Америка, Блискиот Исток и други земји, изјави Бирол за ДПА пред министерскиот состанок на ИЕА закажан за вторник. „По руската инвазија на Украина, многу земји ја сфатија важноста на нуклеарната ...

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во декември 2023 година изнесува 55 875, од кои 38.6 % се домашни туристи, а 61.4 % се странски туристи. Бројот на ноќевањата во декември 2023 година изнесува 111 668, од кои 41.6 % се од домашните туристи, а 58.4 % од странските туристи. Во периодот јануари – декември 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 20.6 %, и ...

Технолошките компании укинаа 34.000 работни места оваа година бидејќи ја реорганизираа својата работна сила за да инвестираат во нови области како што е генеративната вештачка интелигенција. „Мајкрософт“, „Снеп“, „Ибеј“ и „Пејпал“ елиминираа стотици, па дури и илјадници позиции од почетокот на јануари, според веб-страницата „Лејофс“, која го следи падот во индустријата. 138 технолошки компании се приклучија на трендот на отпуштања оваа година. ...

Европските берзански индекси денеска се нерамномерни, додека на пазарите истовремено е забележан раст на цената на златото и пад на цената на нафтата. Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:15 часот порасна на 16.983,20 поени, францускиот CAC 40 на 7.673,49 поени, додека лондонски FTSE 100 падна на 7.575,50 поени, а московски MOEX на 3.231 поени. Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones падна на 38.671,69 поени пред ...

Курсната листа на Народната банка на Република Северна Македонија се формира и објавува согласно Одлуката за начинот на формирање и објавување на курсевите на Народната банка на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/14, 102/14, 14/15 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 83/22) Курсна листа на Народната банка на Република Северна Македонија формирана на 09.02.2024 која се применува од ...

Претставниците на синдикатот рекоа дека по 2025 година, околу 1.000 работници ќе останат во фабриката во Сарлуис, на кои ќе им биде понудена преквалификација. Ford ќе го укине популарниот модел Focus следната година и последователно ќе отпушти 3.500 работници во фабриката во Сарлуис, која беше отворена во 1970 година. Прво слушнавме дека Ford ќе го прекине популарниот компактен Focus 2025 година во средината на 2022 година. Исто така, тогаш беше ...

Додека оваа година ја очекуваме само серијата iPhone 16 од Apple, следната година компанијата би можела да претстави поевтин модел на своите телефони. Моќен хардвер Apple неколку пати се предомисли за телефоните од серијата SE. Ова се најевтините модели на iPhone кои носат одреден компромис бидејќи, иако телефоните доаѓаат со моќен хардвер, во споредба со поскапите модели, имаат постар дизајн, мал екран, полоши камери итн. Иако извесен период се ...

Обединетите Арапски Емирати во неделата потпишаа договор за лансирање на летечка такси услуга до 2026 година. Дубаи на тој начин ќе стане првиот град во светот кој ќе започне комерцијална електрично такси услуга за целиот град. Новинската агенција Емирати (WAM) објави на платформата X дека воздушното такси Joby Aviation S4 е дизајнирано да прими пилот и четворица патници и има нула емисија на издувни гасови. Таксито, со максимален опсег на летот ...

ММФ е уверен во издржливоста на глобалната економија и покрај неизвесностите. Генералната директорка на Меѓународниот монетарен фонд Кристалина Георгиева денеска изјави дека е уверена во добрите економски перспективи и издржливоста на глобалната економија и покрај неизвесностите предизвикани од војните и сложените геополитички ситуации. Говорејќи на самитот на светската влада во Дубаи, Георгиева рече дека ММФ во понеделник ќе ја објави својата ...

Основачот на Амазон, Џеф Безос, продаде околу 12 милиони акции на компанијата за облак за околу 2 милијарди долари. Компанијата соопшти во барањето во петокот, набргу откако го претстави планот за продажба на своите акции во текот на следната година. Продажбата е извршена во среда и четврток, според последниот годишен извештај на компанијата. Минатата недела Амазон објави дека Безос ќе продаде до 50 милиони акции во компанијата. Планот за ...

ЕЦБ најверојатно ќе ги намали каматните стапки оваа година. Европската централна банка најверојатно ќе ги намали каматните стапки во 2024 година, откако темпото на раст на цените ќе се забави на два отсто до следната година, изјави гувернерот на Банката на Франција, Франсоа Виерој де Гајо. „Веројатно ќе ги намалиме стапките оваа година бидејќи правиме напредок во борбата против инфлацијата“, рече Виерој во петокот на телевизијата LCI, додавајќи ...

Во Германија има повеќе од 5.000 шиша-барови, пишува списанието Fenix Пушењето наргиле беше модерно во Германија со години, а во германските градови се отвораа се повеќе шиша-барови. Но, сега се менува односот на јавноста кон шиша баровите. Најновите прописи за пакување, кои стапија на сила во средината на 2022 година, приближно ја удвоија цената на тутунот за наргиле со катастрофални последици за тутунската индустрија. Наместо да купуваат ...

Со новата методологија за усогласување на пензиите конечно е обезбедено системско решение за постојан раст на пензиите, два пати годишно. Во месец март оваа година се очекува повторно да се зголемат пензиите, а за колкав процент ќе биде зголемувањето ќе дознаеме откако ќе излезат официјалните податоци од Државниот завод за статистика. Заменик министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во емисијата на Слободен печат побара ...

Viber Plus, како што ќе се нарекува функцијата, ќе нуди читање гласовни пораки, невидлив режим, без реклами… Viber најави воведување месечна претплата, но не за сите корисници, туку за оние кои сакаат пристап до дополнителни услуги. Viber Plus, како што ќе се нарекува функцијата, ќе нуди читање гласовни пораки, невидлив режим, без реклами, различни стилови на икони, пристап до персонализирана поддршка и неограничени налепници. Viber истакнува ...

Кинеската компанија MG направи тестови на батерии, и објави резултати кои се фасцинантни. Возилата од оваа марка имаат батерии со 0% деградација, според најновите тестови. Во последниот тест спроведен во текот на декември во Шпанија, беше извршена строга SOH (Здравствена состојба) анализа на ZS EV по првите 35.000 километри интензивно возење и откако батеријата беше подложена на сите видови на полнење: ултра брзо, брзо и бавно. Резултатот, ...

Британскиот премиер Риши Сунак платил 508.000 фунти (околу 595.000 евра) данок во последната финансиска година, покажа извештајот на неговите сметководители. Ова е втор пат Сунак да објавува детали за своите даночни обврски откако стана премиер во 2022 година. Податоците покажуваат дека Сунак од платата како пратеник, министер за финансии и премиер во периодот од април 2022 до март 2023 година заработил околу 129.000 евра, а од инвестиции околу ...

Британскиот банкарски гигант Баркли денеска објави дека повеќе нема директно да финансира нови проекти поврзани со експлоатација на нафта и гас. Тој најави и дека ќе го ограничи кредитирањето на компаниите кои планираат да го прошират производството на фосилни горива. Според извештајот на еколошката група „Rainforest Action Network“, Баркли беше најголемиот финансиер на секторот за фосилни горива во Европа меѓу 2016 и 2021 година, особено во ...

Американската влада инвестира пет милијарди долари во развој на компјутерски чипови. Администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави, Џозеф Бајден, се подготвува да инвестира пет милијарди долари во јавно-приватен конзорциум за поддршка на истражување и развој на „напредни компјутерски чипови“. Националниот центар за технологија за полупроводници треба да помогне во финансирањето на дизајнот и прототипот на нови видови чипови ...

Извештајот за најбогатите градови во светот за 2023 година, публикација создадена од консултантската компанија за миграција за инвестиции Henley & Partners, содржи клучни наоди за најбогатите градови во светот и нивната висока нето вредност на населението. Секој град вклучен во прегледот вклучува свој број на поединци со висока нето вредност (HNWIs), дефинирани дека имаат најмалку 1 милион американски долари во ликвидни средства. Вклучени се ...

На светско ниво, какаото го собори ценовниот рекорд од 5.874 долари за тон, што е резултат на сушите на плантажите во Западна Африка. Оваа сума, евидентирана на суровинскиот пазар во Њујорк, е речиси двојно поголема од почетокот на минатата година, објави Би-Би-Си. Какаото поскапе поради лошата жетва предизвикана од многу ретки врнежи, пред се во земјите кои се два најголеми светски производители – Гана и Брегот на Слоновата Коска. „Трговците ...

Годишната стапка на инфлација во Унгарија падна на 3,8 отсто во јануари од 5,5 отсто во декември, објави денеска Централниот завод за статистика на Унгарија KSH. Инфлацијата во Унгарија сега е најниска од март 2021 година. Цените на храната се зголемија за 3,6 отсто на годишно ниво, забавувајќи се од декемвриските 4,8 отсто, исто како и цените на алкохолните пијалоци и тутунот, зголемувајќи се за 8,1 отсто во јануари наспроти 10,3 отсто во ...

Германскиот моден синџир Питер Хан ги затвора повеќето од своите продавници четири месеци откако поднесе барање за стечај. Според локалните медиуми, компанијата се откажала од повеќето продавници и ќе продолжи да работи само со седиштето во Винтербах и две продажни локации. Се затвораат вкупно 17 продавници и експозитури, од кои три се во Швајцарија. Питер Хан, компанија за онлајн нарачки, според германските медиуми, генерира само 4 отсто од ...

Менаџерскиот тим на Рудник САСА донесе одлука за ново зголемување на платите на сите вработени, кое почнува да важи од јануарските плати. Во изминатите две години ова е четврто зголемување на платите во САСА. Со претходните три покачувања, направени во 2022 и 2023 година, платите во САСА беа зголемени за над 25%. Со оваа одлука, САСА успеа да го надмине влијанието на растот на цените и животните трошоци врз благосостојбата на своите вработени, ...

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска учествуваше на Конференцијата во Брисел посветена на независноста на централните банки, на која учество зема и директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева. „Постои јасна врска помеѓу макроекономската стабилност и независноста на централните банки, како кај развиените, така и кај економиите во развој, што е докажано и преку емпириските истражувања. Само ...

Доцнење на летот може да се случи поради голем број проблеми, како што се лошо време, недостаток на работници и слично. Меѓутоа, доколку се најдете во таква ситуација, советот е да преземете неколку важни чекори. Во случај на откажување на лет, како што е наведено на веб-локацијата на авиокомпанија, на располагање ја имате следната опција, со која се воспоставуваат заеднички правила за компензација и помош на патниците во случај на одбиено ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
76%
1013
weather icon

Белград

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
81%
1010
weather icon

Загреб

14ᴼ / 10ᴼ
2.57
68%
1010
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
81%
1013
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
1.05
82%
1011
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
1.52
81%
1012
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
0.89
61%
1011
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
87%
1012
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
88%
1012
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 10ᴼ
2.06
81%
1011
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 12ᴼ
1.82
78%
1008
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
1.54
59%
1013
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1046.13

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

173614.03

Цинк

2.52