Индекси на прометот во секторот Трговија, 2024 година

Според дефинитивните податоци на Државниот завод за статистика, прометот во трговијата на мало, во 2024 година, номинално и реално бележи раст во групите/класите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун, Трговија на мало со непрехранбени производи, освен горива и Трговија на мало, освен горива.

Индикаторите за прометот во трговијата го мерат прометот во трговијата на големо и во трговијата на мало, и тоа во форма на номинални и реални (ценовно прилагодени ) индекси, а не во апсолутни износи. Поради тоа, индикаторите служат исклучиво за следење на динамиката (развојот), а не за оценка на нивото на прометот.

Податоците што се објавуваат се дефинитивни податоци пресметани врз база на 2021 година (базна година) и во споредба со истиот месец од претходната година. Пресметаните индекси се прилагодени (сезонски и календарски).

Можеби ќе ве интересира...

Една година Magenta Moments: најдобрата дигитална програма за подароци, поволности и попусти за корисниците

BiznisPRO

Можно е деновиве да има исплата на парите од Мој ДДВ

BiznisPRO

ДЗС потпиша Меморандум за соработка со Американскиот колеџ

BiznisPRO