-Во прекрасна атмосфера на античкиот локалитет Хераклеја во Битола, со концерт на култната македонска група “Леб и сол“, започна 17 издание на Бит Фест, кое го отвори градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.Вечерва со незаборавен концерт на групата „Леб и сол“ на античкиот локалитет Хераклеја Линкестис, свечено беше отворено 17. издание на Битолското културно лето „БИТ Фест“.Пред многубројната публика, легендарната македонска група го означи ...

Тони Наумовски, актер од Битола кој веќе 2 децении живее и работи во САД, ја освои наградата за најдобар машки актер на престижниот „Инди филм фестивал авордс“ (Indie Film Festival Awards) во Њујорк. Наумовски е награден за улогата во филмот „Лена и Владимир“, научнофантастичен трилер режиран од Игор Алексов. Филмот веќе привлече внимание на неколку меѓународни фестивали, освојувајќи повеќе признанија.По добивањето на наградата, Наумовски се ...

Шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер од Битола утре ќе ги дознае своите седум противници во групната фаза на Лигата на шампионите. Ждрепката е закажана за утре, пето, 27 јуни во 15 часот во седиштето на ЕФХ во Виена, а Еурофарм Пелистер ќе биде достојно репрезентиран на ЕХФ гала свеченоста. Шешири пред ждрепката во Лигата на шампионите: Шешир 1: Фуксе Берлин, Барса, ПСЖ, Алборг, Висла Плоцк, Веспрем. Шешир 2: Магдебург, Нант, ГОГ Гудме, ...

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес оствари средба со делегација од меѓупарламентарната група за пријателство Туркије – Македонија. Делегацијата ја придружуваа: амбасадорот на Република Туркије во Македонија Н.Е.Фатих Улусој, Бејџан Иљас – претседател на Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентот на Република Туркије и Ајдован Адемоски – Почесен конзул на Р. Турција во Битола. На ...

На античкиот локалитет Хераклеја Линкестис, вечерва со Концерт на групата „Леб и сол“, започнува 17 издание на Битолското културно лето „БИТ ФЕСТ“. Со концертот во Битола, легендарната група, ја започнува својата турнеја за одбележување на 50 години на музичката сцена. Влезници по цена од 400 денари, можат да се набават во Офицерски дом и Хераклеја од 10:00 до 20.30 часот. Официјалната програма на БИТ ФЕСТ ќе трае од 26 јуни до 31 август, но ...

Како модерно заболување, поради начинот на живот дегенративни промени кај луѓето, недоволна физичка активност, доаѓа до појава на спондилоза и спондилозна реакција како проблеми со вратот. Спондилоза како заболување не бира години и возраст кај човекот, а се појавува како хронична спондилоза или секвеционална спондилоза. Хроничната спондилоза за жал не може да се излекува, таа е присутна кај луѓе, да речеме народски – цел живот, меѓутоа има ...

Денес, четврток, 26 јуни, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 37 степени. Утре, пњток, 27 јуни, во Битола, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне и во вечерните часови наместа ќе има појава на ...

Фудбалскиот клуб Пелистер од Битола после реорганизацијата на организацијата на клубот денес на прес-конференција го претстави новиот координатор на школата на Пелистер, Марјан Секуловски, кој зборуваше за неговите водувања за школата од Битола која е позната и пошироко и од која излегле голем број на првотимци и репрезентативци. Во своето обраќање Секуловски истакна дека школата треба да биде фабрика за фудбалери, која ќе го сервисира ...

Градоначалникот Тони Коњановски денес оствари средба со претседателката Ана Ристевска и Потпретседателката Моника Марковска, како претставници од Совет за женско претприемништво. На средбата беа презентирани активностите кои Советот ги реализираше во изминатиот период, со кои активно се афирмира женското претприемништво во градот и околината. Се дискутираше за значењето на Советот во подигнување на свеста за едукација и доедукација во делот на ...

Селективната коронарна ангиографија е моќна дијагностичка алатка која ни овозможува навремено откривање на стеснувањето на крвните садови на срцето, односно коронарните артерии. Методата е брза, безбедна и релативно безболна и се изведува на буден пациент , најчесто преку артериите на раката под локална анестезија. Кога се изведува? Предоперативната коронарографија е неопходен чекор за секој пациент кој планира операција на срце. Истата се ...

Во Битола во саботата мирисаше на бензин, гуми и возбуда. Car Show 2025 донесе стотици автомобили, музика, публика и енергија каква што само љубителите на брзината ја препознаваат. Но зад еден од најпосетените штандови на настанот – оној на КС Групација – стоеше нешто повеќе од добра организација и забава.Тимот на КС Групација не дојде само со банери и игри. Дојдоа со цел. Нивниот штанд беше едно од ретките места каде што луѓето не доаѓаа само ...

Полициски службеници од СВР Битола, денеска реализираа превентивна активност на повеќе локации во Битола под мотото „Градиме пријателство-создаваме безбедност“, тематски посветена на превенцијата од имотни деликти, со посебен акцент на превенција од џебни кражби и провални кражби. Активноста беше реализирана преку непосредни средби со граѓани, особено оние од повозрасните категории, на коишто им беше укажувано и појаснето како да се заштитат од ...

На 23.06.2025 во 12.00 часот во СВР Битола, Н.М. од Битола пријавил дека во неговиот занаетчиски дуќан во Битола, 21 годишник од Битола со закана и употреба на сила одзел пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 24.06.2025 во 04.00 часот во с.Слепче, демирхисарско, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Демир Хисар лишиле од слобода 67 годишник од с.Слепче. При претрес во неговиот дом ...

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, ја посети новата детска градинка, сместена во објектот на поранешниот Дом за доенчиња и мали деца, која се очекува да започне со работа во септември оваа година.Објектот е целосно реконструиран со средства обезбедени од Министерството за социјална политика, демографија и млади и Општина Битола. Во моментот, се врши негово опремување со соодветен мебел и опрема – креветчиња, плакари, масички, ...

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер од Битола оваа ракометна сезона по трет пар по ред ќе игра во Лигата на шампионите, а битолчани ќе можат да гледаат елитен ракомет, одлучи Европската ракометна федерација која ги објави екипите што наредната сезона ќе бидат дел од најелитното европско клупско натпреварување. Покрај нашиот првак, вајлд-карти за ЛШ добија и екипите на Келце, ПИК Сегед, Нант, Колстад и ГОГ Гудме. Oвие екипи им се приклучуваат ...

Guinot VAR е најновото „skin tech“ чудо кое го донесовме во “Боди М“ третман што ја менува цврстината и сјајот на кожата за само 30 минути. Ова не е уште еден facial апарат. Ова е Visible Age Reverse – нежен, неинвазивен и клинички прецизен третман кој користи напредна микростимулација и активен серум за регенерација на кожата. Резултатот? Помалку линии, повеќе цврстина, видливо посвеж изглед… уште по првиот третман. Пак ќе се погледнеш во ...

Во најава е првото издание на Мултимедијалниот саемски фестивал на книгата „Критична маса“ кој ќе се одржи неделава од 25 до 28 Јуни 2025 на платото на Офицерски дом – ЈОУ КИЦ Битола кој воедно е и организатор на манифестацијата. Фестивалот “Критична маса ” е конципиран како четири дневен празник на книгата, винил плочите и стриповите. Позициониран во велелепниот Офицерски дом во Битола ќе ги вгости најдобрите и најголеми издавачки куќи од ...

Се одржа 24. издание на фестивалот „Празник на музиката или „Солстис“ ,традиционална музичка маниефестација во организација на Француската алијанса од Битола, со поддршка од Општина Битола и претставува вовед во 17. издание на Бит фест 2025.Настанот е дел од светската мрежа на овој франкофонски фестивал познат и како Fête de la musique, односно Празник на музиката и официјален почеток на летото. На овој ден во преку 180 земји во светот каде ...

Вториот блок на РЕК „Битола“ е вклучен во електродистрибутивната мрежа на Македонија. Блокот беше надвор од мрежата од 18 јуни поради пожар во близина на ормарот за електронско управување. -По неколкудневните напори за санација на ормарот за електро управување на Блок 2 кој беше опожарен на 18.6.25 денеска по соодветните стручни операции за вклучување во мрежата, Блок 2 е синхронизиран со електродистрибутивна мрежа во 18:18, потврдија од РЕК ...

Општина Новаци донира опрема и кабинет за практична настава кој е опремен со современа опрема која содржи терапевтски маси, рачни динамометри и други уреди кои ќе им обезбедат на учениците практично искуство на професионално ниво. Градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски на доделувањето на донацијата рече:-Силно верувам дека една од највисоките форми на одговорност што ги носи јавната функција е грижата за идните генерации – ...

Крај на учебна година и период кога деветоодделенците завршуваат основно образование и се насочуваат понатаму кое средно училиште ќе го изберат. Матурантите избираат факултет и со тоа и избор на професија. Изборот на професија е едно од најважните одлуки во животот. Ако изборот се направи непромислено, личноста може да пати цел живот. Родителите имаат големо влијание врз изборот на кариерата на нивното дете, но влијаат и врз процесот на ...

Возачите на автомобили и лицата кои се возат со нив, знаат колку е нервозно да се биде во автомобил кој нема исправен клима уред. Токму затоа за да излезе во престер на сите битолчани, специјализираниот сервис за одржување и поправка на авто клими, “Плинмонт“, набави нови машини, за што велат: -За да им излеземе во престер на нашите муштерии од Битола и од околните градови, и да не се задржуваат по горештините во сервисот подолго работиме со ...

Вкусете го “Дубаи колач“ во слаткарниците “ГТ“ на Широк Сокак “ кој се наоѓаат на Широк Сокак кај Камен Мост и наспроти “Веро“ и испробајте ги новите вкусови на слатки и сладолед. Ова лето тие се тука за вас и ве изненадуваат со атрактивниот “Дубаи колач“. Ве покануваат од слаткарница “ГТ“, да ги посетите за летната сезона со големиот избор на нови вкусови на сладолед и десерти и направете ги вашите омилени комбинации од десерти и кафе. ...

“Вистинска парада на гордоста” по трет па се одржа вечерва низ Широк Сокак во Битола, почнувајќи од плоштадот “Магнолија“, каде во 20 часот се собраа битолчани.Пред битолчани на “Магнолија“ се обрати Игор Петковски, кој рече:-Браќа и сестри, ова е “Вистинска парада на гордоста” која по четврт пат се организира во Битола, а со која може да се зачуваат традиционалните вредности, дом, семејство, брак, деца, мајка и татко… Сакаме да го оствариме ...

Универзитетскиот професор и новинар-публицист Марјан Танушевски ја промовира авторската книга „Битолски хорологион II“ која претставува континуитет на истоименото дело објавено во 2021 година, и двете изданија на МНД- Битола.На промотивниот настан што се одржа во БАС-Битола, проф. д-р Марјан Танушевски потсети дека двете изданија на книгата се мотивирани од сончевиот часовник, ремек дело изработено од мермер во 157 (CLVII) година, Хорологион, ...

Денес, 21 јуни, 20205 година, започна летото на северната полутопка на Земјата, официјално утрово во 4:42 часот, додека зимата започна на јужната полутопка во исто време. За жителите на Северната хемисфера, летото започнува во моментот кога северниот дел од оската на Земјата е најблиску до Сонцето. На тој ден, висината на Сонцето напладне е најголема во текот на годината. Во исто време, започнува зимата за жителите на јужната полутопка. На ...

Со д-р Васил Чипуровски информираме за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи, кои ги поседува. Низ овие разговори добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање. За истите постои голема заинтересираност. Овој пат Д-р Васил Чипуровски зборува за примена на ехото во дијагностицирање на камчиња во жолчно ќесе, за што вели: -Жолчното ќесе служи за ...

Денес, сабота, 21 јуни, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и малку посвежо со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 28 степени. Утре, недела, 22 јуни, во Битола, времето ќе биде сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола ...

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер од Битола и голманот Филип Ивиќ постигнаа спогодбен договор за прекин на соработката, една година пред истекот на договорот. Хрватскиот голман минатото лето пристигна во Битола од Шамбери, настапуваше во Лигата на шампионите и го освои трофејот од шампионатот на Македонија. Од клубот му се заблагодарија на Филип Ивиќ за професионалниот пристап и за придонесот во успешната сезона, посакувајќи му голем успех ...

Рок групата “Паркети“ од Битола издаде нова песна насловена “Љубичица“, која е психоделичен рокенрол. -Спотот е сниман во Мариовскиот крај, а песната е во стилот на нашите почетоци певлива е и лесно влегува во уши, порачуваат од “Паркети“. Ви претставуваме сам0 дел од стиховите, за ја разбудиме желбата да ја слушнете песната и погледате видео-спотот. Љубичица Ти беше моја љубичица Ти беше моја љубичица На асфалтот љубичица На небото љубичица ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
68%
1016
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
5.66
69%
1015
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
2.06
73%
1020
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
72%
1017
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.2
63%
1015
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
1.03
94%
1019
weather icon

Атина

30ᴼ / 26ᴼ
1.54
37%
1012
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
78%
1015
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
73%
1015
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
5.14
59%
1015
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
5.81
83%
1017
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
5.66
53%
1014
Currency

61.535

Currency

52.5676

Currency

72.2077

Currency

34.3826

Currency

38.3919

Currency

65.5592

Currency

7.33901

Currency

0.6731

Currency

0.36421

Currency

0.52505

Currency

1.32441

Currency

0.61418

Алуминиум

2.57

Иридиум

142424.33

Кобалт

42.99

Никел

14804.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.76

Сребро

1175.03

Злато

106811.16

Бакар

10.16

Паладиум

34915.71

Платина

44327.15

Родиум

174417.80

Цинк

2.69