Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Продажбата и сите промотивни активности откажани поради неможноста да ги задоволи побарувањата Заради огромниот интерес Suzuki мораше да запре со продажбата на новолансирана петвратна верзија на Jimny. До тоа дојде по само четири дена за кои јапонскиот производител прими неверојатни 50.000 нарачки, а фабриката во Индија каде се произведува може да испорача само 1.200 возила месечно. Тоа значи дека листата на чекање за овој интересен теренец е ...
Не постои човек што не го смета Rolls-Royce за божество помеѓу автомобилите Заслуги за создавањето на името кое е синоним за врвен квалитет имаат скоро сите модели од историјата на марката но најмногу Phantom. Тој воедно е и единствен во светот кој буквално цел еден век е дел од автомобилската сцена. Првата генерација се појави во 1925 година и како ултимативен луксузен автомобил достапен само на најбогатите од самиот почеток располагаше со ...
Новиот Opel Grandland ја имаше својата македонска премиера Грандиозен со својата појава, новиот кросовер на Opel гордо ги пречека присутните на својата промоција со сите свои новитети истакнувајќи ја новата 3Д генерација на Vizor маската со илуминирано лого и име на марката од задната страна давајќи му еден уникатен светлосен потпис во Edge Light технологија и Welcome home анимација која креира wow ефект што го издвојува од околината. „Гранд“ ...
Мото светот започна да се буди од зимската пауза. Triumph го лансира својот адут. Новитети на две тркала подготвени за пазарно лансирање има за сите. Triumph како и минатите години е еден од повредните и годинава ја стартуваше со обновениот Speed Triple 1200 RS. Овој брутален уличен тркач во новиот круг во трката за купувачите ќе настапува со дополнително заострен дизајн, помоќни перформанси и оптимизирано однесување на асфалтот. ...
Renault претстави ЕВ автомобил со цел да постави рекорди за автономија Во својата историја Renault има неколку рекордери, но сега не ја брка брзината, туку километрите поминати со едно полнење на струја. Со ретро-футуристички прототип Filante, французите претставија нова „лабораторија на тркала“, со која сакаат да ја зголемат автономијата на своите ЕВ благодарение на аеродинамиката и малата тежина. Целата прикаска започнува од историјата, а ...
Менувам бренд, класичен погон и воланот во мои раце. Накратко ова е заклучокот од студијата на угледната консултантска куќа Минатата година, глобалната продажба на EV и PHEV за прв пат надмина 17 милиони единици. Со ова растот на продажбата на електрични и приклучни хибриди на светско ниво бележи огромен пораст од 25,6% во однос на 2023-та година. Сепак, студијата што ја направи Deloitte, една од водечките советодавни и консултантски ...
Кратенката MIV се однесува на Mountain Intervention Vehicle изведено од моделот GV60 Genesis на светскиот економски форум во Давос претстави концепт на планинско возило за интервенции, замислено за акции за спасување во лоши временски услови. Како основа послужи компактниот кросовер GV60 кој за да се справи со најтешките терени место тркала има посебни гасеници. Опремено е со системи за комуникација и предупредување, а во прилагодената ...
Електрична реинтерпретација на Quattro Новиот концепт на Audi плени со својот чистокрвен теренски изглед. Направен е да ја демонстрира електричната ориентација на компанијата, но и да покаже дека легендарниот погон Quattro има светла иднина во електричните модели на „господарот на прстените“. Како што кажува името како основа послужи Q6 e-tron кој е поставен на новата РРЕ платформа, но направени се детални модификации за да се одговори на ...
Се менува пазарот, се менуваат и вкусовите на купувачите Најновата анкета на германскиот BASF кои бои на автомобилите се најпопуларни покажува тренд на помеките и единствени нијанси. Традиционалните црни, бели, сиви и сребрени тонови и понатаму добро се држат но нивното учество опаѓа. Расте популарноста на бледокафеавите беж бои чие пазарно учество е скоро удвоено, а продираат и неутралните како што се жолтата и зелената. Образложението на ...
Калифорниската компанија Aptera Motors гордо објави дека сериското производство на нивниот соларен автомобил ќе започне во блиска иднина. Точниот датум на комерцијализацијата Aptera го задржа за себе но тоа треба да се случи некаде vo во текот на идната година. Финалната верзија на електричното возило веќе е подготвена и во моментов се вршат неопходните тестирања. Новите технички детали кои се објавени наведуваат дека овој автомобил со две ...
И покрај изразениот ентузијазам, плановите на Chrysler никако да се поместат од мртва точка Добар ветер во грб донесе концептот Halcyon покажан лани ова време чиј одличен одговор на јавноста предизвика на неговата идеја да се развијат неколку модели. Сите требаше да бидат електрични, а првиот се очекуваше дури во 2028 година. Но откако стигна веста дека е донесена одлука да се продолжи со развојот на неговата сериска верзија се појавија ...
Идната генерација на Leon ќе биде конструирана на платформата за скалабилни системи SSP на групацијата Volkswagen Cupra потврди дека ќе продолжи со производство на верзии на Leon со погон на согорување во следната деценија, но исто така откри дека моделот на крајот ќе премине во серија само како ЕВ. Тоа значи дека тековните варијанти на Leon со погон на согорување ќе продолжат со производство. Оваа транзиција може да значи крај на верзијата ...
Со своите три нови кросовери Opel пружа широк избор за сите вкусови и потреби Неодмна Opel ја комплетира својата понуда на кросовери која е најмлада на пазарот. Со ова „молњата од Руселсхајм“ се наметнува како марка која се грижи за потребите на сите категории купувачи исполнувајќи ги нивните потреби за модерен дизајн, просторност и ергономија како и избор на погони. Триото Grandland, Frontera и Mokka го отсликуваат технолошката ...
Атрактивен дизајн, релаксирачка внатрешност, просторност, модуларност и три верзии на погон На првата средба со 5008 во салонот на Еуроимпекс се потврдија ветувањата што Peugeot ги даде при лансирањето на новата генерација на својот голем кросовер. Појавата на новиот Peugeot 5008 е магична. Тој е 15 сантиметри подолг од претходникот и се протегнува на вкупно 4,79 метри должина поставени на 2.890 мм меѓуоскино растојание. Платформата STLA ...
Во ова време на искрени желби за среќа и пред сé здравје, Lamborghini ја одбележа 20-годишнината од почетокот на својата соработка со италијанската полиција За овој период компанијата од Сант’Агата Болоњезе има испорачано шест возила опремени за итни случаи, пред сé за транспорт на органи за донирање. Полицијата објави дека со возилата на Lamborghini досега се обавени повеќе од двесте мисии и спасени многу животи. Освен тоа имаат учествувано ...
Глобалната визија на Toyota да обезбеди решенија за мобилност за секого и да не остави никого зад себе, важи и за палетата на комерцијални/бизнис возила. Ваквата филозофија најдобро се потврдува со соработката со Шпаркасе Лизинг која резултира со понуда прикладна за сите корисници на комерцијалните возила на Toyota во Македонија. Приказната на Toyota во производство на комерцијални возила датира од 60-тите години на минатиот век, кога го ...
Паркирањето во Општина Центар за време на новогодишните и божиќни празници ќе биде без наплата за сите граѓани. Согласно Одлуката на претпријатието, на 01.01.2025 година (среда) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат без наплата за сите граѓани. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 02.01.2025 година (четврток) со вообичаено работно време. За време на ...
Од 1975 година, Polo живее во својата шеста генерација, забележи повеќе од 20 милиони продадени примероци и беше четири пати по ред Светски шампион во рели Кога VW Beetle требаше да биде заменета во 70-тите, Volkswagen имаше неколку модели во ракавот: Passat излезе на пазарот во 1973 година, една година подоцна од Golf, додека Polo го имаше своето деби во 1975 година. Малиот автомобил претставен во март 1975 година беше базиран на Audi 50. Во ...
На крајот на годинава Junior пристигна кај нас, точно како што беше најавено Најмалиот член на семејството Alfa Romeo Junior, помал од Tonale, е нешто посебно. Иако ја користи истата платформа како Jeep Avenger и Fiat 600, Alfa Romeo Junior зазема далеку поспортски став и силно се разликува од останатите роднини од групацијата Stellantis. Импортерот, Аутомобиле СК, во својот изложбен салон ни ги презентираше изведбите Ibrida и Speciale кои ги ...
Она што е Golf за Volkswagen и Octavia за Škoda, Leon е за SЕАТ Компактниот Шпанец наполни 25 години и моментално се продава неговата четврта генерација. Од лансирањето во 1999 година, SЕАТ продаде повеќе од 2,5 милиони единици. Leon беше дизајниран, развиен и произведен во Барселона од самиот почеток. Првата генерација, дизајнирана од Џорџето Џуџаро, го сигнализираше враќањето на марката во важниот сегмент на компактни автомобили. Со него, ...
За сите пригоди Шестата генерација на Corsa одлично се снаоѓа во улогата објавено 25. август 2021 Времето во кое живееме исполнето е со предизвици. Ништо помали не се во автомобилската индустрија која се соочува со досега најголемиот предизвик, да се трансформира на електричен погон. Иако заговорувачите на струјата го одбројуваат преостанатото време на термичките мотори, во реалноста малку поинаку стојат работите. Тоа го докажуваат плејада ...
Дотеран за мерак Citroen го прати C3 Aircross на фарма за убавина каде 4,16 метри долгата каросерија доби низа освежувања. објавено 11. септември 2021 Таков пристигна на нашиот пазар неодамна, па овозможено ни е директно соочување. Преставникот на „Двојниот шеврон“ е опремен со 1,2 литрен PureTech мотор со 110 коњи солидно украсени во Shine ниво, а ние бевме љубопитни како ќе помине нашата дружба… Прв впечаток На прва С3 Aircross делува ...
Големо име, големи очекувања Новите времиња носат нови предизвици. Opel секогаш бил подготвен да ги прифати. Пред повеќе од три децении во гамата го внесе својот прв теренец Frontera, кој за тоа време беше модел што ги пробива границите. Истото го повторува со новиот наследник на големото име, но овај пат на рационален и суптилно емотивен начин. Новата Frontera е третиот кросовер на Opel. Таа им се придружува на Grandland и Mokka со ...
Во духот на новите, повисоки стандарди што се имплементираат на глобално ниво, KIA доби нов дом во Македонија. Новата локација останува на ул. Перо Наков, но сега на бр. 25, веднаш до салонот на Волво во Скопје. Две децениското успешно работење на нашиот импортер Премиум Барндс со Јужно Корејскиот принципал сега е крунисано со новиот продажно-сервисен центар кој е посочен како пример за сите што работат со KIA. Имено, тој е најголем по ...
Банкротот на Northvolt создава нервоза кај Porsche Оваа неочекувана ситуација сериозно им ги нарушува плановите за лансирање на електричниот 718. Моделот беше развиен и технички беше подготвен уште пред година ипол но од маркетиншки причини се чекаше на вистинскиот момент за негово лансирање кој сега дебело е доведен во прашање. Технологиите на кои ќе биде базиран водат потекло од тркачкиот концепт Mission R и веќе се појавија кај прототипот ...
Шестата генерација на Honda Prelude ќе го воведе новиот режим на погон S+ Shift Honda конечно потврди дека новиот Prelude ќе се појави во Европа во почетокот на 2026 година. Пред да се израдувате треба да знаете дека испод хаубата нема да го има распеаниот VTEC мотор, туку ќе го движи хибриден погон. Новиот Prelude се очекува да ја користи истата архитектура како Civic, CR-V и ZR-V, но со поостро дотерување на подвозјето за да се оправда ...
Брендот Opel со својот германски квалитет ги опслужува клиентите веќе 125 години! Тоа е навистина импресивна бројка. Низ годините брендот напредуваше од технолошки, дизајнерски, иновативен и економичен аспект креирајќи модели кои направија големи промени во автомобилската индустрија. Денес, под мотото “Forever forward since 1899” може да се пофали со целосно електрична гама! „За крајот на годината, подготвивме атрактивна понуда за возила кои ...
По повод одбележувањето на 18-тиот роденден, Јавното претпријатие за јавни паркиралишта Паркинзи на Општина Центар одржа крводарителска акција. Во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Црвен Крст на Република Северна Македонија, вработените во ПОЦ даруваа крв со ентузијазам, демонстрирајќи посветеност на општествено одговорни активности. Директорот на ЈП ПОЦ и останатите вработени ја покажаа својата солидарност и поддршка на оваа ...
Гранд Ауто како официјален импортер на автомобилскиот бренд CHERY со гордост објави дека познатата македонска музичарка Сара Мејс станува официјален бренд амбасадор на CHERY во Македонија. Објавата беше направена на ексклузивна прес-конференција што се одржа на патувачкиот салон на Гранд Ауто, лоциран во East Gate Mall, Скопје. Сара Мејс ќе го вози средниот автомобил во моменталната понуда, преубавиот Tiggo 7 PRO. Овој автомобил се ...
Папата Франсис доби нов „Папамобил“ и тоа е Mercedes-Benz G580 EQ Mercedes-Benz се грижи за мобилноста на Ватикан веќе 94, а во последните 45 години Папата ги користи реномираните „Папамобили“ базирани на Г-класата. Сега, за прв пат, Popemobile е целосно електричен. Клучевите на рачно изработениот официјален автомобил на Папата му ги предаде извршниот директор на компанијата Ола Калениус. Ова значи дека Папата ќе патува локално без емисии на ...