Скопје
29ᴼ /
29ᴼ
За својот роденден Lamborghini се почести со новиот Fenomeno Roadster. Како и затворената верзија базиран е на плаг-ин хибридниот Revuelto и дел е од високоексклузивната колекција автомобили во ограничени изданија – планирани се само 15 примероци. Го задвижува 6,5 литарски V12 кој заедно со трите електромотори испалува 1.080 коњи кои ќе го лансираат до сто на час за 2,4 секунди и максимални 340 километри на час. Батеријата му е поголема во ...
Јубилејното издание стана најбрз сериски автомобил со погон на предните тркала на легендарниот Нурбургринг – Нордшлајфе Патеката во должина од неполни 21 километар е мегдан каде се докажуваат сите модели на сите производители. Секое врвно остварување на овој асфалт е престиж и мерка за успешност. VW Golf беше оснивач и суверен на компактните автомобили, а сега, со јубилејното издание посветено на 50 годишнината на постоењето на моделот го ...
Bugatti полека ја затвора ерата на W16 моторите со последните примероци на Mistral кои како што доликува се уметнички дела на тркала. Изведбата Fly Bug е настаната по посебна желба на еден колекционер од Америка со инспирација од светот на природата, конкретно со вилинското коњче. Дизајнерскиот тим на Bugatti со вешта преобразба на боите и материјалите ја има пренесено неговата безвременска елеганција во духот на марката на начин кој ...
Во очекување на својот прв електричен модел Ferrari поработи малку и на Purosangue – подготви верзија наменета за оние кои бараат врвно задоволство во возењето. Наречена е Handling Speciale што укажува каде лежат промените – новото подесување на ослонувањето обезбедува подобар контакт меѓу тркалата и патот и го намалува нишањето на каросеријата. Како резултат на тоа се одржува попрецизно водење низ свиоците за што придонесува и побрзиот ...
На 7 мај 1963 година родена e компанијата која стана една од водечките во светот на перформансите и престижот Шеесет и три години трае успешното патешествие на „разбеснетиот бик“ од Сант’Агата Болоњезе. По тој повод компанијата не само што го одбележува својот роденден, туку, заедно со светска заедница на сопственици, дилери, гости и ентузијасти, го прославува во Lamborghini Arena. Во текот на викендот на 9 и 10 мај, патеката Имола ќе биде ...
ЈП Паркинзи на Општина Центар воведува унапреден модел на паркирање со повластени услови за жителите и нова хуманитарна зона ЈП Паркинзи на Oпштина Центар воведува нов модел на организација и користење на јавните паркиралишта, насочен кон поголема достапност на паркинг просторот за жителите, подобра ефикасност во управувањето и унапредување на квалитетот на услугите. Со измените во новите подзаконски акти на ЈП ПОЦ, жителите на Општина Центар ...
Еден од најубавите модели на Alfa Romeo наполни 60 години. Настана како резултат на желбите да се направи автомобил кој ќе ги разбуричка емоциите, наменет за парадирање под апенинското сонце. Замислен како наследник на Giulia Spider која го освои американскиот пазар ја имаше механиката од неа – мотор поставен напред, погон на задните тркала, петстепен менувач, независно предно ослонување и четири диск сопирачки. Дизајнот беше на Pininfarina ...
Започна продажбата на духовниот наследник на моделите на Alpina, Bovensiepen Zagato. Ќе може да се набави по цена од 370 илјади евра за кои се добива механика од BMW навиена на 611 коњски сили и облечена во преубава италијанска каросерија во поголем дел направена од јагленородни влакна. Идејата за негово настанување дојде од синовите на основачот на германската тјунерска куќа кои после нејзината продажба на BMW едноставно не можеа да се ...
Наскоро возилата на BMW ќе може да ја менуваат бојата на каросеријата без да се влезе во фарбара! Што би било кога автомобилите би биле камелеони и би можеле да ја менуваат бојата според моменталната желба на сопственикот? На тоа прашање одговор даваат баварците кои веќе подолго работат на оваа можност. Технологијата што BMW ја нарекува E Ink (електронско мастило) за прв пат беше претставена на саемот СЕЅ во Лас Вегас 2022 година на студијата ...
Во салонот на Volkswagen во Скопје, се одржа македонската премиера на новиот T-Roc и го одбележа новото поглавје на успешната приказна! Иако беше првенец во понудата на компактни кросовери на Volkswagen, T-Roc стана еден од најпродаваните модели во својата класа, каде конкуренцијата е страотна. По осум години и повеќе од два милиони продадени примероци стратезите од Волфсбург одлучија да направат нова интерпретација на успешната формула. Сега ...
Со желба да го редефинира светот на ексклузивноста Rolls-Royce го претстави првиот производ од својата Coachbuild колекција. Наречен е Project Nightingale и воведува драматично нов дизајнерски израз на возилата на марката. Поставен на електрична платформа овој отворен двосед ги спојува иднината со наследството. Голем колку Phantom има таканаречена торпедо силуета со долг преден дел на кој доминира новата најширока маска досега. Чистите линии ...
И ова што го гледате навистина е Brabus, наменет за авантуристите кои екстраваганцијата не ги плаши. Основата е Mercedes Actros, има 530 коњски сили но максималната брзина му е само 90 километри на час. Заради тежината од 22,5 тони 12,8 литарскиот мотор не може да постигне повеќе. Затоа пак располага со сиот луксуз што може да се смести на камионска шасија долга 12 метри. Специјалната конструкција на растегнување овозможува да се добијат ...
Jeep Compass E-Hybrid пристигна во Македонија Штотуку претставениот кај нас Јеер Compass е поставен на новата средна платформа на Stellantis што значи дека ја дели основата со Peugeot 3008/5008, Opel Grandland и Citroen C5 Aircross. Тоа му овозможи за 16 сантиметри поголемо меѓуоскино растојание па Compass сега е подолг, поширок и со подолго меѓуоскино растојание. Ова резултира со 55 mm повеќе простор за нозете и зголемување на капацитетот ...
Инвестирањето во луѓето е најсилниот двигател на успехот! Како лидер во автомобилската индустрија кој секогаш се стреми кон врвни стандарди, Porsche Македонија го потврди своето партнерство со бизнис заедницата преку поддршка на престижниот настан „Работодавач на годината“, кој се одржа во хотелот „Лимак“. Со присуство на водечките компании, лидери и професионалци од земјава, Porsche Македонија преку своето покровителство ја истакна важноста ...
Изборот за „Најпосакуван автомобил во Македонија“ ги додели наградите на лауератите Националниот избор „Златно тркало“ по седми пат ја одржа својата свечена манифестација во камерна и свечена атмосфера. Дека е вистински национален избор потврдуваат и правилата со кои се доделуваат наградите. Организаторите, Avto Plus, CARclub, Cars by Vik, RPM.mk и БизнисИнфо беа медиуми преку кои се претставуваа, а читателите имаа можност да гласаат за ...
Доколку патот ве однесе во Чешка најдете време и посетете го музејот на Škoda во Млада Болеслава. Музејот на Škoda не е којзнае колку голем, има површина од 1.800 квадрати метри на кои се собрани 130 години историја на марката. Најстариот експонат е велосипедот Slavia од 1899-та година а поставата сега е дополнета со нова изложба на триесетина концепти и прототипи, поголем дел досега невидени во јавноста. Меѓу најинтересните експонати се ...
Две годишната успешна работа на Делфино Мобилити Груп е прославена со премиерата на новиот Starray со приклучен хибрид Кинеските брендови со фасцинантна брзина се развиваат. Тоа се должи на водечката технологија што ја имаат во областа на електричните и електрифицираните погони, се по атрактивниот дизајн, разумната цена, стратегијата за освојување на пазарите и добро прилагодениот производствена програма. Делфино Мобилити Груп започна со ...
Паркирањето во Општина Центар за време на Велигденските празници ќе биде без наплата за сите граѓани. На 10.04. (петок), 12.04. (недела) и 13.04.2026 година (понеделник) граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар. Исклучок од ова се затворените паркиралишта со автоматска наплата „Дилајла”, „Трготекстил” и „Палома Бјанка” каде што наплатата ќе се одвива согласно редовниот ...
Стремејќи се за порационално работење производителите неретко нудат исти возила под ознаките на различни марки. Оваа пракса е најчеста во рамките на иста групација но има случаи кога меѓусебни конкуренти се договараат еден за друг да произведуваат разни модели кои ги немаат во гамата, посебно од комерцијалната програма. На пример комби возилата на Stellantis можат да се купат со амблемите на Peugeot, Citroen, Opel, Vauxhall, Fiat, Ram, Toyota ...
Порше Клуб Македонија заедно со АМСМ и МВР промовираа нов стандард за групно безбедно возење Денеска присуствувавме на уникатен настан за целиот балкански регион каде за прв пат клуб на автомобилски ентузијасти, во соработка со АМСМ и МВР организираа едукативен настан кој поставува нови стандарди за безбедност и култура во организирани автомобилски настани и правила на возење во група. Порше Клуб Македонија е веќе добро познат и етаблиран во ...
Freelander се врати, овој пат како марка со британски дизајн, кинески технологии и глобални амбиции. Ја покренаа заеднички Jaguar Land Rover и Chery кој ќе биде задолжен за производството на возила. Првото веќе е покажано и носи ознаката Concept 97 со што се асоцира на годината во која дебитираше оригиналниот Freelander. Неговиот дизајн дело на Гери Мекговерн комбинира повеќе познати елементи од светот на Land Rover. Робусните пропорции и ...
Клубот Bowlers постои од 1849 и е заедница која акцентира високи морални и социјални вредности кај членовите. За прв пат на нашите простори е направена номинација на членовите на Bowler Hat Car Club, дами и господа кои се посветени на традицијата, автомобилите и убавото живеење. Bowler Hat Car Club е друштво посветени на уживањето во префинетите патувања, избраното друштво и трајните традиции на вистинските дами и џентлмени. Членовите се ...
Неодамна обновената Opel Astra е целосно германски производ. Таа е дизајнирана, развиена и произведена во Руселсхајм, домот на Opel. Деведесет години старата традиција на „Молњата од Руселсхајм“ во сегментот „Ц“ контиунирано се подобрува. Со последното ажурирање Astra изгледа помодерно, поостро и поуникатно. Тоа се должи на неколку суптилни, но значајни зафати на надворешниот дизајн и низа подобрувања кои се чувствуваат во нејзиното ...
Volvo го претвори EX30 во електрично комерцијално возило со две седишта EX30 можеби е најмалиот теренец во линијата на Volvo, но тоа не го спречи брендот да го претвори во функционално возило. Со отстранување на задната клупа добиени се 1.000 литри простор за товар. За да го направи навистина употреблив, Volvo додаде преграда за да го одвои товарниот простор и додаде поцврсти внатрешни панели. Задните врати се отвораат пошироко, има ...
BYD со гордост објавува дека британскиот актер Даниел Крег прифати да биде дел од новата кампања за нејзиниот премиум бренд Denza. Првиот премиум бренд во светот посветен исклучиво на возила со нова енергија за одржлива мобилност Denza е подготвен во Европа да пронајде нови клиенти привлечени од единствена мешавина од најсовремени иновации и елеганција во дизајнот. Како совршен партнер за овој процес, Даниел Крег ќе го позајми својот имиџ во ...
Секоја година, во текот на неделата што му претходи на Велигден, пустината Моаб во Јута се трансформира во мека на Јеер и љубителите на теренското возење. Почнувајќи од денес, таму ќе се одржи 60-тото годишно Велигденско Џип Сафари, кое ќе трае една недела, со бројни активности за клиентите. Традиционално, брендот ќе претстави неколку концепт возила. Концептот Јеер Wrangler Anvil 715 покажува како би можел да изгледа еден Wrangler насочен кон ...
Според РКЕ од полниќ бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува иста. Од ноќеска на полноќ ЕУРОСУПЕР 95 ќе се точи за 2, 5 денари поевтино, а СУРОСУПЕР 98 поевтинува за три денари по литар. Лоша вест за „дизелашите“. Цената останува иста 95,5 денари по литар. Од утре ова ќе бидат цените во малопродажбата. ЕУРОСУПЕР 95 84,00 ден/лит; ЕУРОСУПЕР 98 85,50 ден/лит; ЕУРОДИЗЕЛ 95,50 ден/лит. Според РКЕ од полниќ бензините поевтинуваат, ...
Аутомакедонија АД Скопје станува официјален увозник и дистрибутер на NOOS – премиум електричен скутер Најстарата македонска компанија за увоз на возила додаде уште едно име во своето портфолио. Овој пат тоа е електричен скутер, дизајниран и произведен од ECOSHIFT, иновативната бизнис единица на Петрос Петропулос Група, во најсовремени производствени капацитети, со што се поставува нов стандард за урбана мобилност во Македонија. NOOS е 100% ...
Барате модерен кросовер со разумна цена? Гранд Ауто има понуда за мерак. Љубителите на модерните кросовери сега имаат одлична причина за радост. Достапна во продажниот салон на Гранд Ауто, новата Ford Kuga доаѓа со атрактивна понуда која комбинира врвни перформанси, напредна технологија и елегантен дизајн, сè тоа по цена од само 27.900 евра. Со импресивни 184 коњски сили и автоматски менувач, Ford Kuga со Titanium ниво на опрема и 1.5 ...
Интермецо Music Bar беше место каде требаше да се биде… Porsche Center Скопје и Порше Македонија официјално го претставија новиот модел на Porsche Macan. Настанот ги обедини врвниот германски инженеринг и софистицираната градска забава, означувајќи нова ера за овој популарен SUV. Новиот Macan поставува нови стандарди во својата класа со својот прогресивен дизајн и импресивна динамика, беше главната ѕвезда на вечерта. Присутните гости имаа ...