Кинескиот член на Stellantis планира инвестиција од 200 милиони долари во нова фабрика во Шпанија Според Leapmotor Шпанија е најдобрата локација за производство на електричен модел. Се шпекулира дека тоа ќе биде кросоверот В10, кој своето европско деби го имаше во септември на саемот во Париз. Првично за производство беа разгледувани опциите внатре во групацијата Stellantis, во постоечките фабрики во Германија и Словачка, како и Полска, каде ...

Вчера, шефот на марките Seat и Cupra, Вејн Грифитс, се повлече од местото главен извршен директор на негово барање. Маркус Хаупт, шеф за производство и логистика на Seat, привремено ќе го замени Грифитс додека не се најде постојано решение. VW рече дека, под водство на Грифитс, Cupra е основана како независна марка во групацијата VW и неодамна стана една од најбрзо растечките автомобилски марки во Европа. Продажбата на Seat се зголеми за 7,5 ...

MG ја прошири европската понуда со уште еден нов модел. Означен како S5 EV, овој кросовер ја дели платформата со MG4 и ќе ја замени електричната верзија на ZS кој во својата втора генерација претставена минатото лето е достапен само како хибрид. Има слични димензии но значително е поатрактивен од него. Внатрешноста е пространа и современо обликувана, со дигитален инструмент-кластер интегриран во командната табла, голем централен екран и ...

Далеку надминувајќи ги сфаќањата кои ние ги имаме за возилата од марката Smart, најновиот нивни модел означен како #5 конечно е лансиран и во Европа. За него од компанијата ќе кажат дека како најпросторен и технолошки напреден досега ќе го редефинира својот сегмент. Нема да му биде лесно бидејќи со својата должина од 4,7 метри треба директно да ги напаѓа конкурентите како што е Mercedes GLC. Можеби во иднина во тоа ќе му помага понудата ...

По три години на пазарот најавени се ажурирани верзии кои пристигнуваат во летните месеци Ажурирањата на електричните модели не се драматични и се однесуваат на опременоста и поефективно пренесување на моќноста. Новите именувања и за двата модели, „600“ и „900“, ја означуваат силата. Првиот располага со 612 КС, додека вториот може да се пофали со 918 КС. За двата има изведби со двоен мотор и пренос на силата на двете оски. Во редефираните ...

Најпродаваниот модел во Б-сегментот на БЕВ во и Европа сега може да се пофали со зголемен опсег до 433 километри во комбиниран циклус според WLTP за верзијата опремена со мотор од 156 КС (115 kW), што претставува подобрување од 23 км. За да обезбеди целосен мир и спокој за своите клиенти, сега E-208 сe опремува со Trip Planner. Во комбинација со поврзаниот навигациски систем (достапен како опција), оваа функција ги планира патеките на возење, ...

За да ја покаже цврстината на конструкцијата на својот најнов американски модел Passport, Honda изведе луд експеримент – закачи три возила едно за друго заедно тешки повеќе од шест тони и ги подигна триесетина метри во воздух. Тоа треба да докаже дека овој кросовер во својата нова генерација свртува повеќе кон вистинските теренци. Малку е поголем од CR-V и чини високи 45 илјади долари што е најмногу во понудата на марката ако не ги сметаме ...

Во фабриката во Берлин работниците на Mercedes-Benz имаат нови колеги -хуманоидни роботи На производствените ленти во индустријата нема многу време за муабетење помеѓу колегите. Со воведувањето на хуманоидни роботи Mercedes-Benz ќе воведе апсолутна тишина во комуникацијата помеѓу работниците. Со децении, фабриките за автомобили се потпираа на огромни индустриски роботи за да помогнат во изработувањето на возила. Сега се одвива фазата на ...

Новоформираната британска компанија Longbow реши да ги предизвика Tesla и Lucid со нивните формули за успех. Ова не е случајно бидејќи нејзините двајца основачи се поранешни инженери кои имаат работено таму. Најавените два спортски автомобили наречени Speedster и Roadster треба да се одликуваат со мала тежина, супериорни перформанси и пристојна цена. Во фокусот сепак најмногу ќе биде перфектниот баланс на сите карактеристики за што ќе се ...

Jaguar испишува нова страница во богатата историја и подготвен е да се откаже од традиционалната клиентела Претставувајќи го концептот Type 00 на модната недела во Париз, Jaguar конечно се огласи на критиките кои го заплиснаа од сите страни. Репозиционирањето на секој бренд во поглед на привлекување на нови купувачи е деликатен процес кој ризикува отуѓување од корените а со тоа и губење на верната клиентела. Во поглед на тоа извршниот ...

Дизајнерскиот тим на Opel ја направи студијата Genève како демонстратор на стилски идеи и перчење на салонот во Женева Иновативните концептни возила кои инспирираат имаат долга традиција во Opel. Иако без план да влезе во сериско производство, студијата Genève сепак беше една од ѕвездите на салонот во Женева во 1975 година. Концептот за спортски двосед автомобил со ултра рамна силуета и со „скокачки“ фарови бргу ја освои јавноста. За разлика ...

За својот следен модел Холанѓаните нема да користат мотор од Audi Малосерискиот производител на автомобили со високи перформанси, по 25 години нема веќе да користи мотори од Господарот на прстените. Тоа е најшокантната вест во врска со најавениот P24 RS кој ќе биде многу лесен и би требало да го надмине актуелниот F22 Final Five со 492 КС. Следниот суперавтомобил ќе се префрли на друг добавувач на мотори. Интересно е што буквата „Р“ е првата ...

Производството потврдено во 1980 нумерирани примероци Пред три месеци го најави, а сега Renault го потврди производството на R 5 Turbo 3E, како што самите го нарекуваат, „првиот мал електричен суперавтомобил“. Иако дели многу од изгледот со веќе постоечкиот R5 E-Tech Electric, електричната ракета со 540 коњи и вртоглави 4.800 Nm вртежен момент во голема мерка се разликува од него и ќе нуди бројни опции за персонализација. R5 Turbo 3E ќе биде ...

За љубителите на Porsche викендот не можеше да започне поубаво Во петокот, на 14-ти март, во Скопје ексклузивно беше претставен целосно новиот, целосно електричен Porsche Macan. Во атмосфера на елеганција, иновации и наелектризирани перформанси, гостите од прва рака доживеаја што значи да се вози иднината. Вечерта не беше ништо помалку од спектакуларна. По пристигнувањето, гостите беа пречекани во луксузен амбиент, дизајниран да го одрази ...

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“- Скопје ги известува граѓаните и медиумите дека од 17 март ќе биде отворено новото депо на пајак-службата на претпријатието, на новата локација до улица и мост Беласица под Железничката станица. Новото депо ќе биде посветено на поддршка на процесот на управување со паркирање, одржување и чистење на јавните површини, како и за да обезбеди поголема ефикасност во ...

Како што кажува името, тоа е супер кабриолет со тврд покрив кој доаѓа како замена за 812 Superfast. На менито, 6,5 литрен V12 мотор со 830 КС без хибридна или турбо поддршка, 8 брзински автоматски менувач со двојна спојка, погон на задните тркала, управување со сите тркала и технологии тестирани од Scuderia во Светскиот шампионат во Формула 1. Специјално од Португалија Хозе Каетано E-AUTO Оптимизирана V12 механика Возбудливи перформанси Две ...

Флота возила сочинета од моделите на Ford и Hyundai ќе биде на располагање на Фудбалската федерација на Македонија Гранд Моторс, официјалниот увозник за Македонија на Ford, Hyundai, Chery и MG склучи договор за поддршка на ФФМ и нашите национални репрезентации. Гранд Ауто ќе обезбеди флота возила од Ford и Hyundai за потребите на федерацијата а тоа е во духот на марките што ги застапува. Токму Ford и Hyundai се неизоставен дел од фолклорот на ...

Пред 90 години Opel со моделот Olympia ги постави темелите на модерно производство на автомобили воведувајќи ја самоносечката каросерија. 1935 година започна со голема новост за автомобилскиот свет. Opel ја претстави „Type Olympia“ од 1,3 литри на саемот за автомобили во Берлин. Почна како кабриолет, а набрзо потоа се произведуваше и со затворен лимен покрив. Тоа беше првото масовно произведено возило во Германија со самоносечка целосно ...

После славни 18 години на пазарот, Nissan GT-R се сели во музеј Заблагодарувајќи им се на купувачите од компанијата известија дека престануваат со примање нарачки за овој модел. Не беа прецизни за вкупната бројка а бидејќи се произведува рачно не е познато уште колку време ќе им треба за испораките. Како и да е, ставен е крај на една ера започната во 1969-тата со првата генерација на Skyline чија спортска верзија ја имаше ознаката GT-R. ...

Дали настапува пресвртница кај електричните луксузни супер автомобили? Производителот на паметни телефони неодамна влезе во арената наречена електрични возила. Пред неполна година Xiaomi во продажба го пушти седанот SU7, конкурент на Tesla Model 3, и досега има испорачано повеќе од 135.000 примероци по цена од 29.000 евра во Кина. Компанијата пред некој месец објави дека има негов супер спортски дериват со 1.548 коњски сили и максимален ...

Порше Македонија го одржа ветувањето што го даде при неодамнешното отворање на Cupra Garage, а тоа беше дека во стапка ќе се следат новитетите од шпанската перформансна марка. Македонска премиера доживеа Terramar кој како концепт беше претставен од самите почетоци на Cupra. Во меѓувреме тој еволуираше во привлечен кросовер со моќна и претставителна појава. Наречен по поранешната тркачка патека во близината на Барселона има доста заедничко со ...

Деновиве во далечната 1972-ра Volkswagen Буба влезе во историјата Со производството на примерокот под реден број 15.007.034 стана најпродаван автомобил симнувајќи го Ford Model T од тронот на кој беше цели 45 години. Замислен како автомобил за широките народни маси пред втората светка војна за неа во Германија беше воведена државна штедна шема во која 330 илјади луѓе секој месец одвојуваа по некоја марка. Но не ги дочекаа своите автомобили – ...

Audi сака да се искачи на луксузната скала без да го загрози Bentley Луксузните возила како Grandsphere и Urbansphere Concepts би можеле да создадат сериски модели. Соочени со неможноста рамноправно да конкурираат на BMW и Mercedes кои продаваат значително повеќе возила, во Audi се подготвуваат да се свртат кон луксузниот сегмент. Според плановите стратегијата ќе биде да се зголеми престижот на марката за да се пласираат поскапи автомобили со ...

Извршниот директор на Aston Martin, Адријан Холмарк, има чуден, но по сé судејќи, делотворен план да го спаси брендот. Помалку работа, повеќе пари! Дали е тоа можно? Според навидум налудничавиот план за сочувување на профитабилноста, новиот извршен директор на Aston Martin, тврди дека тоа е можно. Искусниот менаџер во автомобилскиот бизнис оваа формула веќе ја има аплицирано во Bentley, што ја извади компанијата на хоризонтот на ...

Делфино Мобилити Груп го прошири своето работење со возилата Link&CO За неполна година од почетокот на работењето Делфино Мобилити Груп го прошири својот асортиман. Во ново отворениот изложбен салон во комплексот на Националната Арена Тоше Проески, нашата млада компанија отвори два репрезентативни изложбени салони наменети на брендовите што ги застапува. Она што е најинтересно е фактот што двата салони повеќе наликуваат на бутици отколку ...

Porsche 911 GT3 RS е еден од најбрзите автомобили, а со новите пневматици на Michelin ќе биде уште побрз. Новите пневматици ја имаат ознаката Pilot Sport S5 и се развиени специјално за Porsche 911 GT3 RS за возење на студено време и во дождливи услови. Двете компании кои работеа на нив уште од 2022 година заеднички наведуваат дека новите пневматици ветуваат подолг век на траење во редовен сообраќај и подобро однесување на тркачките патеки. ...

Тимот задолжен за Grandland направи необичен тест кој покажа подобри резултати од официјално декларираните. Верувајќи во технологијата што ја вградува во своите производи, тимот на главниот инженер Дирк Камински задолжен за Grandland, направи тест во реални услови на возење на моделот со приклучен хибрид. Тој испорачува системски 195 КС, а електро-моторот ја храни батерија од 17,9 kWh, доволна да овозможи 87 километри без емисии на издувни ...

Февруарскиот снег не е изненадување, но влијае на поскапувањето на горивата? Според методологијата на РКЕ, малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 0,33%. Од полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за еден ден/лит. Затоа до полноќ наполете горива бидејќи потоа ќе треба да ги плаќате следните цени: ЕУРОСУПЕР БС-95 ...

VW ID.Buzz во Скопје се сретна со својот далечен предок Проектот #BULLILOVEstories започна во 2022 година со план да се вози низ десетина земји членки на ЕУ со електричниот VW ID.Buzz. Две години подоцна творец на проектот, Кристијан Шлутер, со неговиот VW ID.Buzz пропатува низ 41 европска држава, помина повеќе од 118.000 километри и преспа во своето возило 180 ноќи. Тој ја посети нашата држава и благодарение на Порше Македонија остваривме ...

Генералниот застапник на брендовите Great Wall и Haval – Толту Моторс минатиот викенд организира тест возење на моделите од брендовите што ги претставува во Македонија. На љубителите на четири тркала им беше овозможено подобро да се запознаат со неколку кросовери и еден пикап кои се пример за современи возила, висок квалитет и долгогодишна гаранција. Добриот познаник на нашата јавност е кросоверот Haval Jolion кој беше застапен со четири ...

weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
69%
1014
weather icon

Белград

10ᴼ / 7ᴼ
4.12
55%
1004
weather icon

Загреб

7ᴼ / 4ᴼ
1.54
88%
1001
weather icon

Софија

2ᴼ / 0ᴼ
2.57
57%
1013
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
2.46
68%
1009
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 3ᴼ
2.06
93%
1002
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
1.34
68%
1019
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
3.09
76%
1014
weather icon

Подгорица

1ᴼ / 1ᴼ
2.06
100%
1012
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
4.12
58%
1007
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 1ᴼ
1.03
85%
1002
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 6ᴼ
10.8
45%
1018
Currency

61.5417

Currency

52.4576

Currency

70.5488

Currency

34.9897

Currency

38.2193

Currency

66.1

Currency

7.49779

Currency

0.66318

Currency

0.3344

Currency

0.5247

Currency

1.2212

Currency

0.58295

Кобалт

58.42

Сребро

2341.74

Злато

139402.20

Цинк

3.06

Платина

67777.39

Паладиум

52598.62

Бакар

11.50

Родиум

294983.10

Рутениум

38516.59

Иридиум

148950.36

Калај

41.80

Алуминиум

2.99