Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
На 11 септември (среда),со почеток од 19:19 часот во Културно информативен центар – Скопје, Салон Империјал 2 ќе се одржи промоција на книгата „Тајни“ од Јордан Коцевски. Промотор на книгата е Душко Крстевски. Со напегнатата атмосфера, динамичните дијалози и неочекуваните пресврти, „Тајни“ е трилер што ќе ви ги скине нервите и ќе ве заведе во светот полн со скриени опасности и интригантни мистерии.Приказна за вистинското, несебично ...
Република Македонија ова лето ја зафатија големи пожари а еден од најголемите беше на Плакенска Планина во демирхисарско, со кој локалните мештани од околните села заедно со надлежните институции, не можеа да се справат со денови. На социјалните мрежи кружеа и видеа на кои се снимени огнени балони во воздухот над самата планина во касните вечерни часови, кои наведуваа дека планината се пали намерно и со причина. Сега во јавноста излезе и ...
На почетокот од советничкиот мандат, до нас како претставници на Левица, пристигнуваа разни поплаки од разочарни жители на општина Ѓорче Петров. Нивната разочараност произлегуваше од долгите процеси што ги воделе со општинските административци, безразлика под чие раководство била Општината во даден период. Деновиве сме сведоци на асфалтирање на ул. 51 во населбата Стопански Двор – нешто за што грчевито се боревме и залагавме цели две години. ...
Ова е трим стазата во Кисела Вода која се протега од Тутунски Комбинат па се до Жито Лукс изградена во минатото. Сегашноста е сосема поинаква, на одредени места жителите ќе мора да облечат рибарски чизми за да се движат по патеката. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски во својата предизборна кампања вети трим патека за пешаци и велосипеди во должина од неколку километри која ќе се протега од населба Пржино до населба Драчево и назад до Тутунски ...
Почитувани сограѓани, доколку се одлучите за партија шах на огромната табла во паркот 11 Октомври бараки која ја промовираше “нашиот” градоначалник Орце Ѓорѓиевски , би ве советувале, да си земете сопствена табла, а притоа да не заборавите да облечете гумени чизми. Оваа табла шах, градоначалникот помпезно ја најави на 25 октомври 2023 година, но до денес не е завршена, дури и не се приметува од обраснатата трева и дрва. Драги сограѓани, ова ...
Куманово е град кој инфраструктурно и комунално од ден на ден има повеќе проблеми. Активистите на Левица заедно со жителите на Куманово започнаа систематизирано да ги анализираат комуналните проблеми во градот и да изнаоѓаат решенија кои ќе бидат нотирани во предизборна програма за наредни локални избори. Во наредни месеци Левица ќе ги посети сите населени места во општина Куманово и ќе ги сублимира сите предлози на граѓаните за изнаоѓање на ...
Фирмата која ја изврши катастрофалната реконструкција на улица Славка Динкова финансирана од град Скопје во населба Драчево сега ја реконструира улицата Христо Татарчев. Иако оваа фирма е тужена од Општина Кисела Вода (според исказот на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски), истата повторно добива тендер кој го финансира Министерството за транспорт и врски и Светска Банка. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски повторно не можеше да се воздржи, па ...
Пред повеќе од четири години ЈП ПОЦ и Општина Центар ја започнаа својата можеби најуспешна ПР кампања досега наречена „И отпадот има вредност!“ со што пуштени во употреба беа повратни вендинг машини за рециклирање на пластични шишиња и лименки, односно т.н „Пластикомати“, која наводно имаше за цел да ја трансформира општина Центар во еколошки модерна Општина и да го олесни буџетот на граѓаните. Главниот проблем со оваа кампања е тоа што не е ...
Вашингтон бил премногу бавен со трошењето на одобрените средства поради загриженоста дека неговите сопствени резерви на оружје се при крај. Киев може да изгуби речиси 6 милијарди долари од претходно одобрената американска воена помош, освен ако Вашингтон не најде начин да ги повлече или на друг начин да ги обезбеди парите пред крајот на септември, објави Ројтерс во четвртокот цитирајќи извори од Белата Куќа. Средствата за кои станува збор ...
Поранешниот американски претседател го нарече милијардерот претприемач „паметен човек“ затоа што ја поддржа неговата кандидатура за Белата куќа. Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека доколку победи на изборите во ноември, ќе формира комисија за „владина ефикасност“ предводена од милијардерот претприемач Илон Маск. Трамп ги претстави своите планови за време на говорот во Економскиот клуб во Њујорк во четвртокот. ...
Вашингтон бил премногу бавен со трошењето на одобрените средства поради загриженоста дека неговите сопствени резерви на оружје се при крај. Киев може да изгуби речиси 6 милијарди долари од претходно одобрената американска воена помош, освен ако Вашингтон не најде начин да ги повлече или на друг начин да ги обезбеди парите пред крајот на септември, објави Ројтерс во четвртокот цитирајќи извори од Белата Куќа. Средствата за кои станува збор ...
Репортерот Ричард Медхрст беше задржан во притвор речиси 24 часа според законот за антитероризам на Обединетото Кралство. Меѓународната федерација на новинари (IFJ) и Националната унија на новинари на Велика Британија (NUJ) го осудија неодамнешното апсење во ОК на новинарот Ричард Медхрст. Во заедничкото писмо упатено до шефот за антитероризам на Њу Скотланд Јард, Мет Јукс, од вторникот, синдикатите велат дека се „шокирани“ и „загрижени“ ...
Средствата пресушија како резултат на доцнењето на помошта од САД, објасни украинската пратеничка Роксолана Пидласа. Украинската војска останала без пари за целосно да ги плати војниците од фронтот овој месец, предупреди висок пратеник. Говорејќи на украинската телевизија во петокот, Роксолана Пидласа, која претседава со парламентарната буџетска комисија, сигнализираше дека војниците на Киев ќе добијат значително помала плата во септември, ...
„Путин треба да престане да зборува за нашите избори и точка. Тој не треба да фаворизира никого на овој или оној начин“, вели официјалниот претставник од Белета Куќа. Белата куќа отворено му порача на рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот да „престане“ да зборува за претстојните претседателски избори во САД, неколку часа откако тој рече дека ја поддржува потпретседателката Камала Харис. „Путин треба да престане да зборува за нашите ...
Синот на американскиот претседател, наводно, сака да го прескокне потенцијално штетното федерално судење. Адвокатите на синот на американскиот претседател Џо Бајден, Хантер, изјавија пред федералниот суд дека тој е подготвен да се изјасни за виновен по обвиненијата за затајување данок, елиминирајќи ја потребата од судење. Хантер Бајден во декември минатата година беше обвинет за девет обвиненија за затајување данок, додека трошел милиони „на ...
Најверојатно е убиен Хвалдимир, славната белуга, тврдат две норвешки организации за заштита на животните. Китот белуга, за кој западните медиуми некогаш тврдеа дека е руски шпион, најверојатно бил застрелан, тврдат две групи за заштита на животните, откако телото на животното било пронајдено во Норвешка минатиот викенд. OneWhale и NOAH во четвртокот објавија дека поднеле жалба до норвешката полиција, барајќи од нив да покренат кривична ...
Наместо насмеани лица на воспитачките во градинките, во Струга дечињата ги пречекаа затворени врати – министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар. Причината зошто овие дечиња не се згрижени во градинка е недоволен број на стручен кадар – најголемиот проблем кој никако да се реши. Иако Министерот Фатмир Лимани најави дека посветено ќе работат за намалување на листите за чекање за упис во градинките, бидејќи секое дете е важно, ...
Дмитриј Кулеба, наводно, бил спасен од САД од заминување од позицијата претходно оваа година, но оваа недела поднесе оставка поради големата реконструкција на кабинетот на владата во Киев. Украинскиот лидер Владимир Зеленски го обвини министерот за надворешни работи Дмитриј Кулеба дека не обезбедил повеќе оружје од западните спонзори кога ја објаснувал одлуката за отстранување на дипломатот од неговата позиција. Кулеба ја поднесе својата ...
Претседателот Си Џинпинг ги објави плановите како дел од напорите за зајакнување на врските со континентот. Лидерите и делегациите од повеќе од 50 африкански земји се во Пекинг на тродневен самит, кој кинеското Министерство за надворешни работи го најави како најголемиот дипломатски настан на кој земјата била домаќин во последните години. Кинескиот претседател Си Џинпинг ја искористи оваа прилика да ги објави плановите за заеднички проекти од ...
Канадскиот премиер Џастин Трудо претрпе сериозен политички удар вчера, откако неговиот главен сојузник од левицата објави дека го раскинува политичкиот договор за поддршка на владата на малцинството на либералите. Премиерот не мора веднаш да распише нови избори, но ќе мора да најде нов поддржувач во парламентот за да преживее евентуален предлог за недоверба. Во видео објавено на социјалните мрежи, лидерот на Новата демократска партија (НДП), ...
Колумна на Методи Алексов, Секретар на Секторот Политичка Економија на ПП Левица. По неколкугодишното зголемување на цените на мало во Македонија, кој пик се случи во четвртиот квартал на 2022 година со, скоро 20% стапка на инфлација, во 2024 година истата е на „прифатливи“ 3,4% за првиот квартал и 3,7% за вториот квартал. Високата повеќегодишна инфлација го стопи и онака бедниот стандард на граѓаните. Вината и неспособноста на претходната ...
Рускиот претседател на конференција во Владивосток изјави дека го поддржува изборот на Џо Бајден за негов наследник. Москва ќе ја поддржи американската потпретседателка Камала Харис на претстојните претседателски избори во ноември, изјави во четвртокот рускиот претседател Владимир Путин говорејќи на Источниот економски форум во Владивосток. Путин на присутните им кажа дека се восхитува на „заразната смеа“ на кандидатката на Демократската ...
Соопштение на Политичката Партија Левица: Ниту со весела математика не можат да се сокријат фрапантните бројќи достапни на ДЗС, за намалувањето на бројот на учениците и зголемувањето на бројот на образовни (најчесто партиски) кадри во државните институции Аналитичкиот тим на Левица направи компаративна анализа, за соодносот на наставен кадар, споредено со бројот на учиници во периодот помеѓу 2000 и 2023 година. Па така: Од 2000 година до сега ...
Белата куќа одговори на инцидентот во средното училиште Апалачи Хај со повик за контрола на оружјето. Четири лица загинаа, а уште најмалку девет се повредени во масовно пукање во средното училиште Апалачи во градчето Виндер, во американската држава Џорџија. Виндер е заедница со помалку од 20.000 жители североисточно од Атланта. Во школото „Apalachee High“ има нешто помалку од 2.000 деца. Полицијата одговори на повикот за пукање околу 10:30 ...
Соопштение на Политичката Партија Левица во врска со интерпелацијата за Африм Гаши: Политичарите од елитата се над законите, а оние од партиите на албанското малцинство и над Уставот! Ова е заробен систем без трага на владеење на правото. Покрај прекршувањето на највисокиот правен акт, Деловникот на Собранието и низата други настани со политички и кривични импликации – мнозинството ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ со ДУИ го издигнаа спикерот Гаши над ...
Став за вчерашната интерпелација на членот на Президиумот на Политичката Партија Левица, Александар Симонов. 1. Актуелната власт не е подготвена да ги повика на политичка одговорност и да разреши сопствени функционери, иако многукратно е потврдено злоупотребата на функцијата и нејзините привилегии; 2. Драмата на Максо и ЗНАМ за учество во некоја борба против великоалбанскиот национализам во владините институции заврши. Смешните изјави за ...
Воениот блок предводен од САД сè уште негира дека убиле невини луѓе во Либија, но семејствата на жртвите не се откажуваат од правдата. Од Мустафа Фетури, либиски академик, наградуван новинар и аналитичар. Овој август се навршуваат 13 години од најкрвавиот месец за либиските цивили во воздушната кампања на НАТО против легитимната либиска влада на покојниот Моамер Гадафи. На 20 октомври 2011 година самиот Гадафи беше убиен. Сепак, досега ниту ...
Вклучувањето на ракетите „ЈАССМ“ во новиот пакет оружје за Украина, најверојатно, би можело да биде официјализирано оваа есен. САД се „на чекор“ до одобрување на испорака на крстосувачки ракети со долг дострел во Украина и покрај постојаното предупредување од Москва, објави Ројтерс во вторникот, цитирајќи официјални претставници кои сакаа да останат анонимни. Оружјето за кое станува збор – Заеднички проектили воздух-земја (ЈАССМ) – може да се ...
Рускиот претседател Владимир Путин денеска на средба со српскиот вицепремиер Александар Вулин на маргините на Источниот економски форум во Владивосток изјави дека го очекува српскиот претседател Александар Вучиќ на форумот на БРИКС во Казан. Вулин му ги пренел поздравите на претседателот Вучиќ на Путин со желба да остане силен и здрав, пренесува руска новинска агенција. Путин упати поздрав и до Вучиќ и изрази надеж дека наесен ќе дојде во ...
Преку 200 професионалци, припадници на Армијата, од специјалната полиција, од ЈП „Национални шуми“, пожарникари од повеќе градови цел ден се на терен во Мариово да го стават под контрола и да го изгаснат големиот пожар кој е активен четврти ден. Горат нискостеблести растенија, но има зафатено и борови. Прилепскиот општински Кризен штаб ги координира акциите. Жителите на мариовското село Бонче поминаа неизвесна ноќ. Во опасност им беа имотите, ...