Партијата Левица остро се спротивстави на новиот Предлог-закон за енергетика, оценувајќи дека истиот не обезбедува заштита на потрошувачите, го загрозува јавниот интерес и продолжува со либерализација на енергетскиот сектор на штета на националната безбедност. Од вкупно 11 амандмани што пратениците на Левица ги поднесоа на предлог-законот, само четири беа прифатени. Неприфатените амандмани, како што наведуваат од партијата, биле клучни и се ...
Собранието попладнево го донесе Законот за енергетика кој се смета за еден од поважните закони со кој се врши усогласување на македонското законодавство со европската регулатива во областа на енергетиката. За Законот гласаа 62 пратеника. Една од најзначајните придобивки е создавање на либерален, транспарентен и конкурентен пазар за електрична енергија. Ова, според надлежните, ќе го зголеми изборот и квалитетот на услугите за потрошувачите, а ...
Со 62 гласа „за“ денеска во Собранието беше изгласан новиот Закон за енергетика со кој се врши усогласување на македонското законодавство со европската регулатива во областа на енергетиката. Новиот Закон за енергетика, како што велат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, е компатибилен со Реформската агенда за Западен Балкан и европските директиви. Законот, според министерството, предвидува значајно зголемување на ...
„Законот нуди стабилна, транспарентна и предвидлива рамка за домашни и странски инвеститори. Ги јакне капацитетите на регулаторот и операторите, создава услови за поголема интеграција со регионалните и европските енергетски мрежи и овозможува нови инвестиции во соларни, ветерни и други обновливи извори, топлификација, гасификација, складишта и дигитализирана мрежна инфраструктура“, велат од министерството Со 62 гласа „за“ денеска во Собранието ...
Денес, во Собранието беше изгласан новиот Закон за енергетика – системски, сеопфатен и реформски закон кој ги поставува темелите на новата енергетска политика на земјата. Со ова, Македонија конечно добива јасна, модерна и европски усогласена законска рамка за развој на енергетиката. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на завршното обраќање пред пратениците нагласи: „Законот што денес го донесовме ...
Добивај вести на Viber Претставник на владеачкото мнозинство во последната фаза пред усвојувањето на Предлог-законот за енергетика, кој се подготвува две години, уфрлил амандман во собраниската процедура, според кој се бара бришење на точка од членот 47, со што за членови на Регулаторната комисија за енергетика ќе можат да бидат избрани експерти кои директно би дошле на оваа позиција од компаниите од енергетскиот сектор. Според документот до ...
Скопје, 13 мај 2025 Од вкупно поднесените 11 амандмани по Предлог-законот за енергетика од страна на пратениците од Левица, само четири беа прифатени. Амандманите коишто беа поднесени, главно се однесуваа на: • Заштита на енергетските капацитети како стратешка државна цел и обврзување на Владата за преземање контрола врз енергетскиот пазар, демонополизација на пазарот на енергија спречување на олигополска злоупотреба; • Зголемување на ...