Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи синоќа изрекла 60 казни за возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол во акциска контрола низ земјава, спроведена синоќа во периодот од 22:00 часот до 04:00 часот утринава. -При акциската контрола кај 60 возачи било утврдено присуство на алкохол. 55 возачи биле санкционирани согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, додека за пет возачи се ...
Луѓе останаа заробени под урнатините откако силниот земјотрес со магнитуда од 7,4 степени ја погоди Колумбија. Во градот Кали се урнаа најмалку 20 згради, потврди градоначалникот Алехандро Едер. Градските власти побараа помош од спасувачките тимови од Богота и Меделин за извлекување на луѓето од урнатините. Земјотресот предизвика повредени и значителна материјална штета во областите долж пацифичкиот брег, како и во градот Переира. Силното ...
Силен земјотрес со магнитуда од 7,4 степени го погоди западниот дел на Колумбија, а потресот силно се почувствува и во Богота, Меделин и други делови од земјата. Првите информации говорат за повредени лица и сериозна материјална штета. Американскиот геолошки завод (USGS) го регистрира земјотресот во 7:34 часот по локално време. Епицентарот се наоѓаше во близина на Сан Хосе дел Палмар, во департманот Чоко, на длабочина од околу 107 километри. ...
Ерлинг Халанд доживеа необична ситуација за време на одморот, кога до јахтата на која престојува се приближи брод полн со туристи кои сакаа да го поздрават и да го фотографираат. Норвешкиот фудбалер не се повлече ниту, пак, го игнорираше вниманието што го привлече. Напротив, целата ситуација ја прифати со насмевка и хумор. Халанд забележа дека туристичките бродови минуваат во непосредна близина на местото каде што престојува. „Организираат ...
Речиси 30 години по убиството на хип-хоп легендата Тупак Шакур, денеска во Лас Вегас почнува судењето на Дуане „Кефи Д“ Дејвис, кој е обвинет за неговото убиство. Изборот на поротата започнува денеска, а судењето се очекува да трае околу еден месец. Доколку биде прогласен за виновен, на 63-годишниот Дејвис му се заканува доживотен затвор. Обвинителството својот случај во голема мера го темели на зборовите на самиот Дејвис – од неговата ...
Британецот Оли Лондон поминал низ дури 32 естетски операции во обид целосно да го промени својот изглед, а за трансформациите потрошил околу 600.000 евра. Сега се обидува да се врати кон својот претходен изглед и повторно да живее како маж. Приказната на Лондон започнала во 2013 година, кога се преселил во Јужна Кореја каде што работел како наставник по англиски јазик. Таму станал фасциниран од корејската поп-култура и од изгледот на К-поп ...
Истражувачки новинари идентификувале околу 150 воени локации низ Белорусија кои потенцијално би можеле да бидат искористени за распоредување руски сили и повторно отворање на северниот правец кон Украина. Станува збор за воени бази, аеродроми, магацини за муниција и гориво, полигони и објекти за постојано распоредување воени единици. Локациите се идентификувани преку анализа на сателитски снимки и други јавно достапни податоци, а посебно ...
Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар. Се побрза талогот на СДС да поднесе кривична пријава за лица кои, како раководители на институции итно преземаа мерки и активности за решавање на проблемот и во рекорден временски рок ги санираат последиците. Токму поради брзата ...
Ако надвор е 39 степени, клима уредите да бидат на околу 25, за да може да се прилагоди организмот ако излезете надвор на отворено, препорача доктор Давид Здравески, раководител на Одделот за здравствена промоција и следење на болести при Институтот за јавно здравје, во изјава за медиумите говорејќи за јавно – здравствените препораки за заштита од топлото време. – Меѓу општите јавно-здравствени препораки што треба секој да ги почитува, ...
Уште еден случај на затруено дете е евидентиран во Куманово. Вчера во 14:28 часот во СВР Куманово лекар од Општа болница Куманово пријавил дека кај нив било донесено двегодишно дете кое било затруено со лекови. Од кумановската полиција информираат дека преземаат мерки за расчистување на случајот. Од Општа болница Куманово потврдуваат дека детето вчера било примено на Одделението за педијатрија, каде му била укажана медицинска помош, по што ...
Алијансата за Албанците реагира на владиниот спот објавен по повод 35-годишнината од независноста на државата, оценувајќи дека во него Албанците се недоволно застапени, а албанскиот јазик целосно отсуствува. Од партијата велат дека е неприфатливо официјален материјал, финансиран и од даноците на албанските граѓани, да биде претставен преку, како што наведуваат, едноетнички наратив. „Албанците биле нераскинлив дел од најважните политички и ...
Регионална средба на превозниците од регионов ќе се одржи утре во Скопје за изнаоѓање решение за проблемот со којшто се соочуваат превозниците од Западен Балкан во однос на престојот во Шенген зоната. Ваква средба првпат се одржува во земјава, а на неа е најавено учество на раководствата на превозниците од Македонија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина. – Проблемот се уште не е решен. Средбата се одржува за да ја утврдиме агендата на ...
Првото издание на „Џез-вечери“, нова програма во рамките на фестивалот „Охридско лето“, ќе се одржи од 13 до 16 август, во организација на Радио „Џез ФМ“ и на НУ „Охридско лето“. Програмата ќе се реализира во прекрасниот амбиент на црквата „Света Софија“ и на сцената Долни Сарај, а предвидени се шест концерти со настапи на музичари од САД, Германија, Грција, Гана, Холандија, Велика Британија и од Македонија. Меѓу изведувачите се: Крсте ...
Земјоделците од Струмичко и денеска повторно излегоа на протест поради незадоволството од откупната цена на црвената пиперка „ајварка“. Производителите бараат повисока откупна цена, со образложение дека актуелните услови не ги покриваат трошоците за производство и вложувањата во текот на сезоната. View this post on Instagram A post shared by Strumica Denes (@strumicadenes) На протестот земјоделците истакнаа транспаренти со пораки до ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,81% во однос на одлуката од 4.8.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 6,186%, кај дизелот ...
Дебаклот од Шкендија, како и клучните порази на домашен терен против КуПС и против Рига во европската одисеја, му пресудија на тренерот Кристијан Фабијани. Раководството на Вардар донесе одлука за разделба со Аргентинецот откако постигна спогодбен раскин на договорот. „ФК Вардар АД Скопје и шефот на стручниот штаб Кристијан Фабијани постигнаа спогодбен договор за раскин на договорот, кој стапува во сила веднаш“, соопштија од редовите на ...
Ниту еден од првите албански заменици-премиери во актуелната Влада не претседавал со седница на Владата од јуни 2024 година до денес, тврди Демократската унија за интеграција (ДУИ) во соопштение до медиумите. Според ДУИ, Изет Меџити, Беким Сали и Арбен Фетаи досега немале претседавано со ниту една владина седница. „Вкупно: нула“, наведуваат од партијата. Од ДУИ оценуваат дека ова, според нив, покажува каква е реалната политичка тежина на ...
Многу топло време со температури до 40 степени се најавуваат во следните два дена. Високи ќе бидат и утринските температури кои ќе се движат од 12 до 23 степени. Од четврток се најавува нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Повремено процесите ќе бидат во форма на невреме, а тремпературите ќе опаднат за неколку степени. Многу топло време со температури до 40 степени се најавуваат во следните два дена. Високи ќе ...
СДСМ денеска соопшти дека поднел кривична пријава против министерот за здравство Сашко Клековски, директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска, директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Кирил Лазов и директорот на Центарот за јавно здравје – Тетово, Шпенди Амети, во врска со случајот со загадената вода во Гостивар. На прес-конференција, членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, рече дека партијата ...
Жртвата на бранителите не е само дел од минатото, таа е трајно потсетување дека мирот, слободата и безбедноста имаат своја цена, наведува премиерот Христијан Мицкоски во објавата на Фејсбук по повод 25 годишнината од загинувањето на македонските бранители кај Љуботенски Бачила. – Денес одбележуваме 25 години од трагичниот настан кај Љуботенски Бачила, ден кога Македонија се сеќава на осумте македонски бранители кои ги положија своите животи ...
Во судар на четири автомобили и еден камион, на магистралата во близина на каменоломите, повредени се четири лица од кои три деца. Од СВР Тетово информираат дека во моментов трае увид и се утврдуваат околностите под кои се случила и материјалната штета. Портпаролот Фатмир Реџепи, потврди дека сообраќајката била пријавена утрово околу 7:40 часот во близина на каменоломот „Прогрес 98“. – По незгодата три малолетни лица и една жена кои биле во ...
Најмалку 13 лица загинала, а 39 се повредени во украински напад со дронови врз рускиот град Нижнекамск во Татарстан, објави градоначалникот Радмир Бељаев. Според руските медиуми, меѓу загинатите има и дете. Ukrainian drones struck a series of targets across Russia and occupied territory overnight. Drones set fire to the Galaktika shopping center in Makiivka, a former Epicentr seized by Russian forces in 2014. They also struck the oil ...
За нас 10 август не е само датум, тоа е ден кога Македонија молчи од почит и кога се поклонува пред своите херои, ден кога со гордост и благодарност се сеќава на своите македонски бранители. Нивниот пример нека биде наш патоказ, а нивната храброст инспирација за секоја нова, сегашна и идна генерација. Нивната љубов нека остане вечен пламен што сите ќе не обединува. Денес повеќе од кога било, наша обврска е да ја чуваме вистината за нивното ...
На СДС сега им смета и македонското сонце и уметничката инсталација, каде знамето од повеќекрако сонце се претопува во македонското знаме со осум краци. Талогот на општеството од СДС, партијата којашто два пати го менуваше знамето, еднаш името, еднаш банкнотите, Уставот, е последна која може да говори за понижување на државата. Партијата чии лидери ја бришат историјата за станови во Дубаи, фирми во Бугарија, јахти во Грција, нема ...
Додека Европската Унија работи на воспоставување единствен систем за критичните минерални ресурси, Македонија веќе има наоѓалишта чие истражување трае со децении. Европската иницијатива за создавање Центар за критични минерали беше позитивно оценета од Асоцијацијата на европски геолошки заводи – EuroGeoSurveys. Европските геолози сметаат дека е потребен усогласен систем кој ќе овозможи подобро следење на ресурсите, резервите, наоѓалиштата и ...
Изгаснат е пожарот што избувна во саботата на градската депонија во Крива Паланка, информира командирот на територијалната противпожарна единица од Крива Паланка, Иле Коцевски. Според Коцевски, пожарот бил локализиран вчера, во текот на претпладневните часови, додека на негово целосно гасење се работело до доцна синоќа. – Нашите екипи речиси 30 часа активно работеа на целосно гасење на пожарот, со оглед на тоа што станува збор за комунален ...
Русија ја отфрла можноста за замрзнување на војната во Украина доколку претходно не се отстранат, како што ги нарекува Москва, „основните причини“ за конфликтот. Тоа го изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Михаил Галузин. „Како што повеќепати кажа рускиот претседател Владимир Путин, никакво замрзнување не е можно без отстранување на основните причини за оваа криза“, изјави Галузин за руската државна агенција ТАСС. ...
Денеска се навршуваат 25 години од загинувањето на осумтемина припадници на резервниот состав на Армијата кај месноста Љуботенски бачила. На 10 август 2001 година со воено товарно возило на патот кон месноста Љуботенски Бачила при активирање на мина животот го загубија осум припадници на резервниот состав на Армијата: Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и ...
Украинските сили во текот на ноќта извршија нови напади врз цели во Русија и на окупираните територии на Украина. Според информациите од теренот, била нападната рафинерија за нафта во Татарстан, додека во Симферопол на Крим биле регистрирани прекини во снабдувањето со електрична енергија, а во окупираната Доњецка област избиле пожари. Информациите ги објавија повеќе телеграм-канали кои ги следат воените случувања, а ги пренесува „Киев ...
Млад мигрант од субсахарска Африка загинал во петокот при обид со параглајдер да влезе во шпанскиот град Сеута. Тој паднал во морето, а неговото тело било извлечено од припадници на Цивилната гарда. Информацијата за агенцијата ЕФЕ ја потврдиле извори од Цивилната гарда, а ја пренесува „Ел Мундо“. 🇪🇸🇲🇦 Migrant from Morocco Dies Attempting Paraglider Crossing Into Ceuta A Moroccan man tried to reach the Spanish enclave of Ceuta by ...