Германија денеска го регистрираше највисокиот температурен максимум во својата историја, откако во екот на силниот топлотен бран беа измерени 41,3 степени Целзиусови. Екстремните горештини зафатија голем дел од земјата, предизвикувајќи сериозни проблеми во секојдневното функционирање, особено во сообраќајот, јавниот превоз и енергетскиот систем. Надлежните служби апелираат граѓаните да избегнуваат движење на отворено во најтоплиот дел од ...

Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) соопшти дека поднел претставка до Меѓународната организација на трудот (МОТ), откако, како што наведува, биле исцрпени сите механизми за мирно решавање на спорот околу Колективниот договор за култура. Од СКРМ велат дека претставката е поднесена поради постапката пред Уставниот суд за укинување на Колективниот договор, оценувајќи дека синдикатите биле ставени пред свршен чин. Според ...

Министерството за култура и туризам ги отфрли како неточни и тенденциозни наводите изнесени во соопштението на Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ), оценувајќи дека тврдењата оти повеќе од една година не се воделе преговори со синдикатите не одговараат на фактите. – Најпрво, неточно е тврдењето дека Министерството повеќе од една година не седнало на преговарачка маса со претставниците на синдикатите. Потсетуваме дека пред ...

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес оцени дека одлуката на организаторите на „Челенџ купот“ во романскиот град Клуж-Напока да им забранат на руските гимнастичари да настапуваат под националното знаме е „скандалозна и произволна“. „Ова е скандалозен случај“, изјави Песков за ТАСС, коментирајќи ја одлуката на организаторите. Тој истакна дека односите на Руската гимнастичка федерација со Светската гимнастичка федерација се целосно ...

Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам (ДИГУ) ќе спроведе присилно административно отстранување на бесправен објект во старото градско јадро на Охрид, откако при вонреден инспекциски надзор било утврдено дека не е постапено по претходно донесеното решение за негово уривање. -По информации добиени од јавноста, денеска државен инспектор од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, излезе на терен и направи вонреден ...

Збирката „Во куќата“ од Николина Андова Шопова е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2026 година што ја доделуваат Струшките вечери на поезијата за најдобра поетска збирка меѓу две фестивалски изданија. Според образложението на жири-комисијата, станува збор за мала поетска книшка компонирана во два поетски циклуса и своевидна епилошка песна. Вонредно талентиран поетски испис на сериозен и зрел автор. – Првиот циклус во колибата ја ...

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование. Пратениците од опозицијата реагираат дека законското решение е направено без дебата и стручно мислење и дека со него нема да се решат проблемите, туку ќе се продлабочат. Пратениците од власта уверуваат дека нема да има отпуштања на наставници и нема да се намали квалитетот на наставата. Според Сања Лукаревска од СДСМ, со реформата ќе се ...

Два активни и еден изгаснат пожар се регистрирани на територија на државава до 14 часот, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни се пожарите во населбата Свети Недела во општина Штип и во селото Матејче во општина Липково каде гори ниска вегетација. Според ЦУК, изгаснат е пожарот на депонијата во селото Банско во општина Струмица. Два активни и еден изгаснат пожар се регистрирани на територија на државава до 14 часот, соопшти ...

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 26 јуни 2026 изнесува 175,72 евра за мегават час, на МЕМО 117,96 евра за мегават час Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 26 јуни 2026 просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 175,72 евра/mwh, додека на MEMO цената е 117,96 евра/mwh. Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power ...

Собранието денеска во рамки на 108. седница ги донесе законите за судска служба и за јавнообвинителска служба. Пратениците од опозицијата не дадоа поддршка бидејќи според нив двете законски решенија не се реформски и со нив само декларативно се следат целите од Реформската агенда. Пратениците од владеачкото мнозинство, пак посочија дека законските решенија, се донесени низ демократска процедура и во нив се инкорпорирани и двете крупни барања ...

Од 1 јули до 31 август се воведува забрана за движење во шумите и шумските подрачја. Движењето ќе биде дозволено единствено со писмено одобрение издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови, соодветно за подрачјето со кое управуваат. – Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја известува јавноста дека согласно насоките од Владата како и барањата од корисниците на шумите – ЈП „Национални ...

Руските окупациски власти прогласија вонредна состојба на украинскиот полуостров Крим откако беа принудени целосно да ги суспендираат туристичките активности, да ги затворат детските летни кампови и да воведат целосна забрана за продажба на гориво на цивили поради систематските украински напади. Одлуката за воведување вонредна состојба ја потврди Сергеј Аксјонов, прорускиот лидер на Крим назначен од Москва, кој изјави дека мерката ќе го ...

Собраниската Комисија за финанасирање и буџет со која претседаваше пратеничката Сања Лукаревска, ја заврши амандманската расправа во второ читање за предлог законот за игрите на среќа и за забавните игри. Пред членовите на комисијата за финанасирање и буџет беа образложени 51 амандман за измена и дополнување на законот, како и измени од номотехнички карактер, со што се овозможи предложениот закон за игрите на среќа и за забавните игри да ја ...

Македонскиот ракометен шампион Вардар на денешното извлекување на групите ги доби ривалите за новата сезона во најквалитетното натпреварување, а противници им се: француски Нант, германски Мелсунген и полската екипа Висла. Овие четири екипи се во групата Б. Оваа сезона во Лигата на шампионите настапуваат 24 екипи кои се поделени во шест групи со по четири екипи. А група: Веспрем, Берлин, Порто, Партизан. Б група: Нант, Мелсунген, Висла, ...

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа ја доби противничката во првото коло од главниот турнир на гренд слем турнирот Вимблдон. Ѓорческа која е прва македонска тенисерка што ќе игра во сингл конкуренција на завршница на гренд слем турнир, ќе игра против Американката Анисимова. Анисимова е шеста на ВТА листата и тенисерка која минатата сезона играше во финалето на Вимблдон. Тоа само потврдува дека Ѓорческа доби исклучително тешка противничка во ...

Министрите за здравство Азир Алиу и за култура и туризам Зоран Љутков денеска не открија дали ќе останат на актуелните функции во пресрет на најавената реконструкција на Владата, посочувајќи дека разговорите меѓу коалициските партнери сè уште траат. Министерот за здравство Азир Алиу изјави дека неговиот политички ангажман не зависи од функцијата што ја извршува и дека одлуката кој ќе раководи со министерствата е институционално, а не лично ...

Под влијание на топла воздушна маса од југ до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 39°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови, соопштија од УХМР. Времето денеска е сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има ...

Движењето ЗНАМ соопшти дека разговорите со коалицискиот партнер ВМРО-ДПМНЕ за владината реконструкција сѐ уште траат и дека нема конечен договор за ниту едно од отворените прашања, додека разврска се очекува кон средината на следната недела. На денешната прес-конференција, портпаролот на партијата Никола Мемов, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека на лидерско ниво биле одржани неколку средби и дека преговарачките тимови работат во ...

Несоодветни сместувачки услови во дел од затворите, предизвици во обезбедувањето навремена и достапна здравствена заштита, недоволна кадровска екипираност на институциите, недостиг на специјализирани обуки за дел од персоналот, како и материјално-технички недостатоци кои директно влијаат врз квалитетот на третманот и условите во кои престојуваат лицата лишени од слобода, се констатира во извештајот на Национален превентивен механизам (НПМ) ...

Во Венецуела продолжува френетичното пребарување во урнатините на срушените згради за да се обидат да се спасат евентуални преживеани, два дена по разорниот двоен земјотрес во кој загинаа најмалку 235 лица, според најновите официјални бројки. „За жал, примивме приближно 235 пациенти кои пристигнаа без витални знаци или починаа по пристигнувањето во нашите здравствени установи“, изјави министерот за здравство Карлос Алварадо за државната ...

Членовите на Синдикатот и вработените во Градскиот трговски центар (ГТЦ) денеска одржаа мирен протест пред управната зграда, незадоволни што, како што велат, не е извршено усогласување на нивните плати со зголемената минимална плата. Според Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), протестот бил организиран поради, како што наведуваат, игнорантскиот однос на работодавачот, кој не ги прифатил барањата за зголемување на платите и покрај ...

Музичко-сценски перформанс во кој ќе бидат вклучени над 120 македонски уметници ќе биде организиран по повод одбележувањето на 35 години независност на Македонија. Тој, како што е предидено, треба да се одржи на отворено во 14-15 градови во Македонија, а низ уметничка перспектива ќе бидат прикажани сите моменти кои не направиле горди, среќни, кои не обединуваат или, како што велат организаторите, се она што било важно во изминатите 35 години ...

Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта меѓу четвртокот и петокот руската противвоздушна одбрана соборила вкупно 660 украински беспилотни летала, што претставува еден од најголемите напади со дронови од почетокот на војната. Според министерството, дроновите биле пресретнати во повеќе од десет региони, меѓу кои Московската област, анектираниот Крим, како и над Црното и Азовското Море. Smoke was rising from the Azot ...

Холандија со убедлива победа од 3-1 над Тунис го завери првото место во групата, додека Јапонија и Шведска ремизираа 1-1 во последното коло од групната фаза на Светското првенство. „Лалињата“ уште во воведните минути го решија прашањето на победникот. Во третата минута Шири несреќно ја затресе сопствената мрежа, а само четири минути подоцна Броби ја удвои предноста на Холандија за експресни 2-0. Тунис успеа да се врати во игра на стартот од ...

Лидерката на венецуелската опозиција, Марија Корина Мачадо, преку објава на социјалната мрежа Икс изрази сочувство и поддршка до граѓаните погодени од разорните земјотреси. „Моето срце, мојата бескрајна прегратка и моите молитви се со секое венецуелско семејство во овие моменти на неизвесност и болка“, напиша Мачадо. Привремената претседателка Делси Родригез потврди дека спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по преживеани, а ...

Меѓународната поморска организација (ММО) при Обединетите нации ја суспендираше планираната евакуација на повеќе од 11.000 морнари заглавени во Ормутскиот теснец, откако товарен брод беше нападнат додека пловел низ оваа стратешки важна поморска рута, објави Би-Би-Си. Британската агенција за поморска безбедност UKMTO соопшти дека бродот бил погоден од „непознат проектил“ на околу 7,5 наутички милји југоисточно од оманското пристаниште Дахит. ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има мали услови за локална ...

Воздушните снимки направени од хеликоптер рано утринава го откриваат обемот на разурнувањето во крајбрежните градови Маикетија и Ла Гваира во северна Венецуела, откако регионот вчера беше погоден од два силни земјотреси со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени. Aerial footage filmed from a helicopter early Thursday morning shows the scale of damage caused to the Northern Venezuelan coastal cities of Maiquetía and La Guaira, following yesterday’s ...

Спасувачките екипи продолжуваат со интензивната потрага по преживеани под урнатините, откако два силни земјотреси ја погодија Венецуела во близина на главниот град Каракас, предизвикувајќи огромни разурнувања. Според последните информации, најмалку 235 лица загинале, повеќе од 4.300 се повредени, а илјадници сè уште се водат како исчезнати. Меѓународната помош пристигнува од повеќе земји. Американската војска испраќа бродови и транспортни ...

Бројот на жртви од силните земјотреси во Венецуела повторно се зголеми. Претседателот на Националното собрание на Венецуела, Хорхе Родригез, изјави дека бројот сега е 188, 24 повеќе од претходно објавената бројка. Тој, исто така, потврди дека 1.520 лица се повредени, а околу 200 се под урнатините. Во Венецуела расте стравот дека овие бројки се премногу ниски, особено затоа што речиси 40.000 луѓе се пријавени како исчезнати. Една од најтешко ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.93
49%
1020
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
1.11
69%
1019
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
0.83
63%
1020
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
0.2
78%
1021
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
0.65
63%
1019
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
0.66
90%
1021
weather icon

Атина

28ᴼ / 27ᴼ
2.24
41%
1014
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.75
57%
1017
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
3.73
54%
1019
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 22ᴼ
0.89
63%
1020
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 25ᴼ
1.79
49%
1020
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
3.2
100%
1017
Currency

61.6417

Currency

54.1365

Currency

71.4605

Currency

37.2964

Currency

38.2416

Currency

67.0584

Currency

7.97756

Currency

0.72176

Currency

0.33588

Currency

0.52583

Currency

1.16429

Currency

0.57326

Цинк

0.00

Сребро

1907.42

Алуминиум

3.17

Калај

50.34

Иридиум

233896.68

Рутениум

49029.89

Кобалт

56.29

Платина

52341.42

Злато

131629.35

Бакар

12.34

Паладиум

38420.14

Родиум

249168.29