Израелскиот претседател, Исак Херцог, му го довери мандатот за формирање нова влада на Гади Ајзенкот, главниот противник на премиерот Бенјамин Нетанјаху. Одлуката доаѓа по изборите одржани минатиот месец, кои резултираа со политичка пат-позиција, бидејќи коалицијата на Нетанјаху не успеа да обезбеди мнозинство во Кнесетот, пренесуваат „Гардијан“ и „Индекс“. „Исак Херцог го извести Гади Ајзенкот, лидер на партијата Јашар, за својата намера да ...
Гади Ајзенкот, лидер на центристичката партија „Јашар“, вети ново раководство кое ќе го извлече Израел од длабока криза, откако претседателот Исак Херцог денеска официјално му додели мандат за формирање нова влада. Поранешниот началник на Генералштабот смета дека земјата се наоѓа во еден од најопасните моменти во својата историја; тој изјави дека има намера да ги претставува сите сегменти на општеството и да работи на тоа да го врати Израел ...
Новиот состав на израелскиот парламент (Кнесет) денеска се состанува на својата конститутивна седница, околу две недели по изборите одржани на 27 октомври и пред формирањето на новата израелска влада, јавува ДПА. На оваа прва седница на Кнесетот, 120-те пратеници во овој 26-ти состав ќе положат заклетва. Иако десничарската конзервативна партија „Ликуд“ на премиерот Бенјамин Нетанјаху излезе како најсилна политичка сила на парламентарните ...
Новиот израелски парламент, Кнесетот, денеска ќе ја одржи својата конститутивна седница – околу две недели по изборите од 27 октомври и пред формирањето на новата влада, за што мандатот го доби Гади Ајзенкот, лидер на центристичката партија „Јашар“. Иако десничарската партија „Ликуд“ на премиерот Бенјамин Нетанјаху останува најголема во парламентот со 27 од вкупно 120 пратенички места, претседателот Исак Херцог му го довери мандатот за ...
Поранешниот советник на Бенјамин Нетанјаху, Нир Хефец, денеска изјави дека израелскиот премиер чувствува голема загриженост за можноста лидерот на партијата Јешар Гади Ајзенкот да го замени на функцијата премиер, објави „Џерусалем пост“. „Паниката е еден од клучните фактори што влијаат врз неговото донесување одлуки. Речиси можам да ги затворам очите и повторно да ја почувствувам таа атмосфера на паника“, рече Хефец. Зборувајќи за ...

