Фудбалерот на Бенфика, Џанлука Престијани, негираше дека употребил расни навреди кон Винисиус Жуниор за време на натпреварот со Реал Мадрид синоќа во Лисабон. Реал победи со 1:0 во првиот натпревар од плејофот на Лигата на шампионите со голот на Винисиус. – Сакам да разјаснам дека никогаш не сум употребил расни навреди кон Винисиус. Тој, за жал, погрешно го протолкува она што мислеше дека го слушнал. Никогаш не сум бил расист кон никого и ...

Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Орелиен Чуамени, се осврна на скандалот со Винисиус Жуниор по победата од 1:0 над Бенфика синоќа во првиот натпревар од плејофот за Лигата на шампионите. – Сите знаат дека на крајот на краиштата, никогаш нема да ги знаеме деталите. Ние во Реал Мадрид сите го поддржуваме Вини. Тој ни кажа што се случило, а човекот од Бенфика рече дека не е вистина. На почетокот сакавме да го напуштиме теренот. Сите ...

Престијани со дресот ја покри устата и кажа нешто од кое збесна Винисиус. Според Бразилецот, аргентинскиот фудбалер го нарекол „мајмун“, но верзијата на играчот на Бенфика е поинаква. „Сакам да појаснам дека во ниту еден момент директно не го навредив фудбалерот на Реал Мадрид Винисиус Жуниор, кој за жал го нагласи она што мислел дека го слушнал од мене. Јас никогаш не сум бил расист кон никој и жалам за заканите кои ги добив од играчите на ...