Зоврива атмосферата во пресрет на утрешното големо дерби меѓу Брегалница и Шкендија Арачиново, кое ќе се одигра на Градскиот стадион во Штип, директна дерби пресметка која ќе го одлучи новиот шампион во Втората македонска фудбалска лига и со тоа ќе се одлучи патникот кој ќе има билет за директен влез во Прва лига. Верните „Фаланга“ и „Ултра банда“ подготвени да даваат силна поддршка за Брегалница, од нивните грла ќе ечи поддршка за „сините“, ...

Делегирани судиите за утрешните натпревари од 28. коло на Втората македонска фудбалска лига. Дербито на колото ќе се игра во Штип, каде ќе се решава кој ќе биде шампион – Брегалница против Шкендија Арачиново, а за правдата ќе биде задолжен Александар Грујоски, а негови помошници ќе бидат Зоран Јанкуловски и Давор Цветаноски. Четврт судија на мечот ќе биде Дарко Стојчевски. Делегат на овој натпревар ќе биде Васко Бошески, а пак за контролор е ...

Брегалница во денешното второлигашко дерби ќе го пречека тимот на Шкендија Арачиново, во пресметката на двете водечки екипи на табелата која би можела да го реши патникот во елитното друштво. Штипјани во пресрет на овој суперзначаен натпревар испратија апел до своите навивачи, на спортски начин да ги бодрат фудбалерите на Брегалница, без провокации кон гостите од Арачиново. „ФК Брегалница Штип упатува искрен апел до сите присутни на ...

Денеска од 16 часот се играат сите осум средби од 28.коло во ВМФЛ. Сите погледи ќе бидат свртени кон Штип каде се игра дербито меѓу Брегалница и Шкендија Арачиново. И тоа како ќе биде “жешко“ во Штип, се очекува голема посета на трибините а фановите на Брегалница очекуваат победа. Нема дилеми дека овој меч е најважниот за “сините“ кои во случај на триумф и три бода и тоа како милиметри ќе бидат блиску до враќање во елитата. Од друга страна ...

Брегалница и Шкендија Арачиново одиграа меч со два гола и многу тензија, имаше прекин од повеќе од 10 минути во текот на вториот дел. Шкендија имаше водство со гол на Шаркоски во првото полувреме, а Брегалница изедначи од пенал кој крена многу реакции во гостинскиот табор. Поради пеналот имаше голем прекин, кој беше надополнет со големо судиско продолжение. Скопје со 1-0 славеше кај Тетекс. Тие имаат ист број на бодови со Брегалница, но полош ...