Добивај вести на Viber Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, се извини пред јавноста и информира дека градот поставил друг билборд на влезот во Скопје, кој е сосема поразличен од претходниот. Тоа е така затоа што јас и мојот тим го слушаме гласот на граѓаните и ги решаваме нивните проблеми. Веќе нема заборавени маала и населби, работиме посветено и чесно во служба на граѓаните. Опозицијата очигледно нема ниедна сериозна тема па се ...

Срамниот билборд на влезот во Скопје со коњ со пет нозе, мост како вијадукт без крај и белградски храм, не е најголемиот проблем на главниот град. Тој е само највидливиот доказ за нивото на нестручност и аматеризам на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и ВМРО-ОКГ, се вели во соопштението од СДСМ. „Додека градоначалникот се оправдува со „печатни грешки“ и AI-генерирани слики, Скопје се соочува со многу посериозни проблеми кои директно го ...

По сѐ изгледа градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски и по трет пат ќе треба да го менува билбордот на влезот на Скопје. По скандалозниот направен со ВИ со коњ со пет нозе, лимен човек на него и непостоечка црква, најверојатно ќе следува ново дизајнерско решение заради притисокот на ДУИ кои реагираат на јазиците испишани на билбордот. Добредојдето е напишано на македонски и англиски, но не и на албански, што според ДУИ, е задолжително и „во ...

Цел викенд јавноста се забавуваше со новиот билборд поставен на влезот во Скопје, со кој на граѓаните што влегуваа во главниот град, Градот Скопје им посакува добредојде. Со билбордот се пофали самиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, по што следуваа лавина реакции во јавноста откако се увидоа многу суштински грешки при изработката на плакатот во обележјата што требаше да го претстават Скопје во „кратки црти“. Најгласни беа од Левица, од каде ...

По силното невреме што попладнево го зафати главниот град, сите надлежни служби и јавни претпријатија се целосно мобилизирани и веќе интервенираат на терен. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека Кризниот штаб е во постојана координација со сите релевантни институции за да се спречат поголеми штети и да се заштитат граѓаните. Екипите на Град Скопје делуваат синхронизирано со Центарот за управување со кризи (ЦУК), ...