Со жолт картон во рацете, стотици граѓани на денешниот протест пред цементарница Усје предупредија дека доколку не се дислоцира фабриката, не се постави 24 часовен мониторинг и нема институционална реакција, ќе ги радикализираат блокадите. Ги блокираат улиците, бидејќи долги години како што велат им е блокиран воздухот. Не им веруваат на мерните станици кои ги има фабриката Усје бидејќи ниту еден загадувач нема самиот за себе да каже дека ...

Стотици граѓани предводени од иницијативата „Стоп за Усје“ попладнево повторно ја блокираа крстосницата пред фабриката ТИТАН Усје во знак на протест за како што велат загадувањето што оваа фабрика му го прави на Скопје. Со пораки „Жолт картон за Усје и МЖСПП“ „Ваши тајни деловни за наши бели гробови“ „Скопје во одбрана на живот“ беа дел од пораки што граѓаните ги носеа на протестот. Во обраќањата пак, неколку од граѓаните посочија дека ...