Во Македонија моментално ги реализираме најкрупните капитални проекти во изградба на патната и железничката инфраструктура на главните транспортни коридори 8 и 10. Имаме визија преку развој на инфраструктурата да придонесеме за регионален развој, за економска стабилизација и брз и сигурен транспорт кон Централна и Југоисточна Европа, истакна денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел дискусијата на Економскиот ...
Презентирајќи ги капиталните проекти, тој потенцираше дека во државава се работи на изградба на нови автопати на коридор 8, на граничните премини како и на модернизација на автопатскиот коридор 10. Николоски исто така истакна дека предизвик е развојот на железничката мрежа преку изградба на брзата пруга на коридор 10, која ќе има силно влијание врз меѓународниот транспорт. Зборуваше и за железничкото поврзување со Бугарија на коридор 8, на кој ...

