Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Љубљана ја поткопа реакцијата на ЕУ на израелската поделба на палестинскиот Западен Брег, покажувајќи дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху има нов инсајдер во Брисел – популистичкиот премиер на Словенија, Јанез Јанша, пишува бриселскиот портал EUobserver. Одлуката на Нетанјаху да изгради населба во стратешкото подрачје Е1 на Западниот Брег, со што регионот би се поделил на два дела и би се загрозило решението по моделот на две држави, ...
Црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ се сретна во Братислава со словачкиот премиер Роберт Фицо, кој ја потврди целосната поддршка на Словачка за амбицијата на Црна Гора да стане следната членка на Европската Унија до 2028 година. Соговорниците разговараа и за зајакнување на економските односи, инвестициите и конкретните проекти меѓу двете земји. Милатовиќ и Фицо ги продолжија разговорите што започнаа во јуни во Тиват, за време на Самитот ...
Молотов коктел е фрлен пред хотел во Нов Белград денеска во раните утрински часови, објавија српските медиуми. Инцидентот се случил околу четири часот наутро, кога непознато лице фрлило запалива направа пред зградата. Полицијата пристигнала на местото на настанот, а во тек е истрага за да се утврдат сите околности на инцидентот. Во моментов нема официјални информации за евентуална штета, повредени или идентитетот на лицето кое го фрлило ...
Претстојниот викенд ќе се претвори во вистински тест за трпението за сите српски туристи кои планираат патување во Егејското Море или се враќаат од него. Големиот верски фестивал се приклучува на стандардниот бран туристи на самиот крај на август оваа година. Во Северна Македонија, на 28 август се слави празникот Успение на Пресвета Богородица, кој официјално е неработен ден. Затоа, се очекува локалните служби и граничните власти да работат ...
Словачката полиција спречи обид за палење на фабрика на украинскиот производител на дронови „Скајетон“, која се наоѓа на истокот од земјата. Полицијата вчера објави детали за операцијата со кодно име „Дрон“, според украинскиот портал Militarii. Претставник на „Скајетон“ изјави дека Русија редовно се обидува да напаѓа компании кои работат за Украина. „Русите систематски се обидуваат да ги таргетираат нашите производствени погони во Украина, ...
Грчкиот пазар на недвижности продолжува да привлекува странски купувачи, а интересот за куќи и станови за одмор годинава е особено изразен. Најголема побарувачка има за Халкидики, но интересот значително расте и за Атина, Солун и јужните предградија на Атика. Податоците од пребарувањата на платформата за недвижности „Спитогатос“ во вториот квартал од годинава покажуваат дека странските купувачи најмногу се интересираат за имоти во Халкидики. ...
Јужна и Средна Европа се под опсада на шестиот и најсилен топлотен бран оваа сезона, предизвикан од т.н. „топлотна купола“ — стабилен систем на висок воздушен притисок што го заробува и додатно го загрева воздухот над континентот. Според прогнозите на Severe Weather Europe, од четврток до сабота температурите во котлините и речните долини на Балканот, Северна Италија, Источна Хрватска, Србија и БиХ ќе се искачат до рекордни 42 до 43 °C. Она ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, му го честиташе Денот на независноста на Украина на украинскиот претседател Володимир Зеленски и порача дека Србија ќе продолжи да ѝ пружа хуманитарна помош на таа земја. Зеленски вечерва јавно му одговори, заблагодарувајќи ѝ се на Србија за помошта за Украина и за поддршката на нејзиниот територијален интегритет. Од нашата мрежа Родителите ќе можат да ги следат тинејџерите зад воланот во… 22 минути ...
Српската напредна странка, прогресивците, на Александар Вучиќ, во Врање и округот масовно фиктивно регистрираат граѓани од Северна Македонија на адреси низ целиот Пчињски округ, објави во вторникот пратеникот на Српски центар (СРЦЕ) од Врање, Слободан Петровиќ, пренесе регионалниот портал Врање Њуз. „Најголем број луѓе фиктивно се регистрираат во Врање, додека во Трговиште тоа веќе е направено. Одлуките за запишување во избирачкиот список им ...
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис има намера да ги стави прашањата за националната безбедност и надворешната политика во центарот на неговата претстојна изборна кампања, без оглед на развојот на односите со Турција. Ова го објавува грчкиот весник „Катимерини“, повикувајќи се на политички извори. Според информациите, Мицотакис се соочува со критики, вклучително и од претставници на владејачката партија Нова демократија, за неговата политика ...
Албанија бележи зголемување на бројот на посетители, кој за седум месеци забележал раст од 6,5 отсто, споредено со истиот период минатата година. Според податоците на државниот Институт за статистика (ИНСТАТ) во периодот јануари – јули, во Албанија влегле 7.014.168 странски државјани, или 6,5% повеќе отколку во истиот период минатата година. Најголем број странски посетители влегле во јули или 1.955.099 што е зголемување од 7,1% во споредба ...
Медиумската заедница во Босна и Херцеговина е потресена од веста за ненадејната смрт на Ивана Шимунџа, долгогодишна новинарка, уредничка и директорка на информативниот портал „Мондо БиХ“. Шимунџа почина во Бања Лука на само 45-годишна возраст, а веста за нејзиното ненадејно заминување предизвика голема тага меѓу нејзините колеги, пријатели и луѓето со кои соработувала во текот на кариерата. Од неа со емотивна порака се простија колегите од ...
Земјотрес во Албанија, почувствуван Љушња и Елбасан, според првичните сеизмолошки податоци, земјотресот бил со магнитуда од 3,7 степени според Рихтеровата скала и бил регистриран околу 15:56 часот. Епицентарот на земјотресот бил лоциран на само 1 километар северо-североисточно од Љушња и на околу 36 километри југозападно од Елбасан. Земјотресот бил на длабочина од околу 10 километри. Засега нема информации за материјална штета или повредени ...
Бугарските пациенти плаќаат едни од најниските регулирани цени за лекови во Европската Унија, покажува најновата анализа на Health Metrics, објавува ВЕСТИМАК.мк. Една од главните причини е силната конкуренција на фармацевтскиот пазар. Според анализата, кога за одреден лек ќе се појават шест или повеќе производители, неговата цена може да се намали за дури 60 проценти. Спротивно, повлекувањето на производ од пазарот во просек ја зголемува ...
Речиси четириесет нови пожари избувнаа низ цела Грција во рок од неколку часа, соопштија грчките пожарникари. Најголемиот пожар гори на островот Саламинa, во близина на главниот град Атина, според пожарникарите. Островот е дом на најголемата база на грчката морнарица. Базата не е под закана, соопштија пожарникарите на терен. Висок ризик од пожари, топлотен бран во тек Пожарот се проби низ клисура, а го гасат бројни противпожарни авиони и ...
Во општина Струмјани, во југозападна Бугарија, е прогласена вонредна состојба откако поројните дождови предизвикаа излевање на планинските реки Шашка и Злинска, поплавувајќи ги населбите и оштетувајќи ја инфраструктурата. Засега нема извештаи за смртни случаи или повредени, објавува порталот „Новините“. Поплавите го прекинаа снабдувањето со вода и електрична енергија во Струмјани и ја нарушија железничката линија низ областа, додека ...
Хрватска регистрираше пад на туризмот што е за 6,6 проценти помалку од минатата година, додека бројот на ноќевања се намали за 6,1 процент во однос на истиот месец минатата година на 13,5 милиони, според извештајот на Централниот завод за статистика (CSO) на земјата. Странците имаа повеќе забелешки за пад на услугите и условите за престој во Хрватска отколку минатите години што може негативно да се одрази и на идната сезона. Најчестите ...
Општината со булдожер ги сруши приватните чадори, лежалки и маси од плажата Каливија во Полигирос на Халкидики, објавува порталот Iefimerida.gr. Акцијата започна во 7 часот наутро, а целта беше да се ослободи плажата од предмети што беа поставени и со текот на времето станаа „трајни“, со што се спречува слободниот пристап до плажата за сите граѓани. Денешната акција во Каливија следеше само неколку дена по слична интервенција во Геракини, ...
Министерството за одбрана на Албанија информираше за состојбата со пожарите, објавувајќи дека до 14 часот се пријавени 11 пожари, од кои пет се активни, пет се под надзор и еден е изгаснат. -Во операциите за справување со ситуацијата ангажирани се над 100 оперативни сили, противпожарни возила припадници на вооружените сили, армиски хеликоптери и ” Се трактори”. Поголема ангажираност од воздух има кај планината Дајти, објави министерството. ...
Во три различни акции на три плажи, односно во Пефкохори и Флегра на првиот крак на Халкидики, како и во Каливес, меѓу првиот и вториот крак, вчера и денеска беа спроведени нови акции за отстранување на нелегално поставените чадори, лежалки и друга опрема за плажа, со цел „плажите да останат слободни и достапни за сите“, јави дописничката на МИА од Атина. Од општина Полигирос информираа дека од плажата во Каливес биле отстранети над 170 ...
Првиот случај на западнонилска треска е потврден во Албанија, при што вирусот е дијагностициран кај 72-годишен маж од Корча. Тој моментално се наоѓа во Регионалната болница во Корча, каде што прима соодветен третман. Според албанското Министерство за здравство, човекот бил каснат од комарец додека бил во својата градина, каде што поминувал многу време. Откако му се појавиле здравствени проблеми, отишол во болница, а тестирањето потврдило дека ...
Претседателот на Српската напредна партија, Милош Вучевиќ, денес изјави дека за две недели ќе се одржи седница на Главниот одбор на СНС на која ќе се утврди изборната листа за парламентарните избори, изразувајќи верување дека Александар Вучиќ ќе биде носител на листата и кандидат на партијата за премиер. Вучевиќ истакна дека СНС останала на своите политички позиции и на патот по кој Србија оди во последните 14 години , но дека впечатокот е ...
Само четири дена откако понуди половина милион евра за информација што ќе доведе до апсење на Радоје Звицер, Црна Гора ја повтори истата понуда за уште еден бегалец од кругот на кавачкиот клан. Министерството за внатрешни работи нуди 500.000 евра за информација што директно ќе доведе до пронаоѓање и апсење на 43 годишниот Љубо Миловиќ, поранешен црногорски полицаец по кого е распишана црвена потерница на Интерпол. Миловиќ се бара поради ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес ги отфрли тврдењата на претседателот на Демократската партија (ДС) Срѓан Миливојевиќ дека ќе ја напушти Србија ако ги изгуби изборите. За време на посетата на винаријата Цветковиќ во Стањево во близина на Александровац, Вучиќ рече дека нема причина да избега од земјата и ги пофали резултатите од неговата влада, јавуваат српските медиуми. „Велеа дека ќе избегам, дека ќе се сокријам. Зошто да бегам, ...
Проектот Сејф Сити покрај со Албанците успеа да не скара и со Србите. Се сеќавате кога ги воведоа камерите овдешните политичари Албанци тврдеа дека се поставени да ги казнуваат само Албанците. Море дури и на Уставен го дадоа законот. Ете српските туристи се жалат што на пат кон Грција шибале до даска, ги фатиле камерите а на враќање не ги пуштале да излезеат од Македонија додека не платат. Нормално.Требало за нив да има посебно ...
Јахта која вчера се запалила во близина на јужната страна од островот Чиово во Далмација потона во Трогирскиот канал, додека траел обидот за нејзино извлекување. Најважната информација е дека сите шест лица кои се наоѓале на јахтата навреме биле евакуирани, па во инцидентот нема повредени. Акцијата за справување со пожарот и последиците од потонувањето била координирана од Националниот центар за координација на пребарување и спасување на море ...
За жал, бидејќи во многу случаи имаме туристи кои доаѓаат од северните земји или од земји каде што не се соочиле со вакви температури, многу од нив не се соодветно подготвени, ниту во однос на облеката, ниту на обувките, за овие исклучително тешки и високи температури, вели во разговор со дописничката на МИА од Атина, директорот за комуникации на грчкиот Црвен крст Константинос Гаврилидис, додека членови на организацијата, на туристите на ...
Вараждинската полиција заврши со криминалистичката истрага за крвавиот инцидент што се случи минатата сабота околу 3 часот наутро во улицата „Иван Падовац“ во Вараждин. Истрагата утврди дека двајца младичи на возраст од 20 и 18 години вербално и физички нападнале четири малолетници (двајца на 16 и двајца на 17 години). За време на турканицата, 20-годишникот паднал на земја, по што еден од 17-годишните малолетници со намера тешко да го ...
Четириесет и тригодишен државјанин на Македонија бил уапсен во Србија под сомнение дека се обидел да поткупи сообраќајни полицајци, откако бил запрен поради сообраќајни прекршоци. Српското Министерство за внатрешни работи соопштило дека осомничениот, со иницијали З. А., бил лишен од слобода поради сомнение дека сторил кривично дело давање поткуп. Апсењето било извршено од припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија, Управата за ...
о продолжение на борбата против корупцијата и финансискиот криминал, припадници на Министерството за внатрешни работи, Управата за криминалистичка полиција, Службата за борба против корупција, по наредба на Специјалното одделение за борба против корупција на Вишото јавно обвинителство во Краљево, го уапсија државјанинот на Република Македонија З. А. (43), поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело поткуп. Како што се ...