Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Најавите на американскиот претседател Доналд Трамп за можен „голем и сеопфатен договор“ со Русија, кој покрај завршувањето на војната во Украина би опфатил и нови безбедносни рамки за цела Европа, предизвикаа остри реакции и бран загриженост меѓу европските сојузници, пишува „Еуроњуз“. Официјален Брисел, Варшава и Киев порачаа дека за иднината и безбедноста на европскиот континент не може да се одлучува без директно учество и согласност на ...
Словачкиот премиер Роберт Фицо упати остри предупредувања до Европската Унија, најавувајќи нова тужба пред Судот на правдата доколку Брисел донесе одлука за целосна обустава на увозот на руска нафта. Фицо исто така ги обвини одделните европски лидери за обиди за уцена преку ускратување на европските фондови поради одбивањето на Братислава да ја финансира Украина, потсетувајќи дека Словачка ја има на располагање можноста за вето при гласањето ...
Според соопштението на Министерството за внатрешна безбедност на САД (DHS), тој им рекол на полицајците дека слушнал гласови кои му наредувале да дојде во Вашингтон и да го убие американскиот претседател Доналд Трамп. Инцидентот се случил во четврток вечерта, на 5 ноември, кога агенти на тајната служба, додека биле во патрола, забележале маж во автомобил паркиран на авенијата Конституција, во близина на комплексот на Белата куќа. Откако му ...
Избирачките места се затворени на парламентарните избори во Нов Зеланд, а прелиминарните резултати покажуваат тесна трка меѓу двете најголеми политички партии, Лабуристичката партија и Националната партија, кои имаат речиси еднакви шанси да ја формираат следната влада, а конечниот исход во голема мера зависи од помалите партии и коалициските разговори. Избирачките места се затворија во 19 часот по локално време, а со преброени 35 проценти од ...
Функционерот рече дека Иран е „оптимист“ дека рускиот претседател Владимир Путин конечно ќе ги испорача системите што Иран ги бара со години, објави британскиот Телеграф. Според функционерот, врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, вчера го испратил својот шеф за безбедност, Мохсен Резаи, во Кремљ со лично писмо, во кое главното барање било испорака на С-400, руски ракетен систем земја-воздух со долг дострел. Двете страни разговарале и за ...
Косовската полиција уапсила жена, државјанка на Македонија, која е осомничена за провалa и кражба во стан на улица „Мухарем Фејза“ во Приштина. Сопственичката на станот, која во моментот била во странство, на 30 октомври пријавила дека нејзиниот стан бил демолиран, а личните предмети украдени. Според пријавата, делото се случило во периодот од 23 до 26 октомври 2026 година. Осомничената македонска државјанка била уапсена и по одлука на ...
Секоја земја од Европската Унија треба да му се јави на претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави актуелната претседателка на Бугарија, Илијана Јотова, како дел од нејзината изборна кампања. „Сите треба да му се јават на претседателот Путин. Ние сме дел од Европската Унија и имаме наши сојузнички обврски. Ќе биде многу подобро ако тие дипломатски канали за комуникација со Русија се отворат во име на целата ЕУ“, рече Јотова. Таа, исто ...
Илијана Јотова и Кирил Валчев освоиле меѓу 57,1 и 58,1 отсто од гласовите во вториот круг од претседателските избори во Бугарија, покажуваат податоците од излезните анкети на социолошките агенции „Мјара“ и „Алфа Рисрч“. Според податоците на „Мјара“, при обработени 90 отсто од податоците, Јотова и Валчев добиле 58,1 отсто од гласовите, додека нивните противкандидати Андреј Ѓуров и Георги Кандев освоиле 38,6 отсто. Опцијата „Не поддржувам ...
Илијана Јотова ќе биде новата претседателката на Бугарија. Таа во вториот круг на претседателските избори во земјата има убедливо водство пред нејзиниот противкандидат Андре Ѓуров, покажуваат податоците на бугарската Централна изборна комисија (ЦИК). Потпретседател на земјата ќе биде Кирил Валчев. Според обработени 99,95 отсто од податоците од изборните единици во Бугарија до 7:30 часот утрово, двоецот Илијана Јотова и Кирил Валчев освоил ...
Поранешниот претседател на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека не се плаши од апсење бидејќи, како што рече, не потпишал ништо во врска со пари и дека против него не може да се најдат докази поврзани со финансиски трансакции. Вучиќ синоќа гостуваше на телевизија „Пинк“, каде што порача дека, според неговите зборови, ништо не може да се најде против него. – Јас не потпишувам ниту правам нешто во врска со парите и ништо не може да се најде ...
Српскиот бизнисмен Давор Мацура (43), сопственик на пропаднатата „Алта банка“, е уапсен во текот на изминатата ноќ, по одлуката на Народната банка на Србија да ѝ ја одземе дозволата за работа на банката и да отвори стечајна постапка. Апсењето следува по повеќе од 30 часа непрекинат полициски претрес во просториите на банката, при што биле проверувани документацијата и деловното работење. Мацура поседува повеќе од 15 компании, а неговата ...
Според наредбата на Јавното обвинителство за организиран криминал во соработка со полициските службеници на УКП, СБПОК и Одделот за сузбивање на организиран финансиски криминал, денес се лишени од слобода три лица, имено одговорното лице на „Алта банка“ а.д. Белград, Давор Мацура, директор на Одделот за благајна и управување со готовина на „Алта банка“ а.д. ГМ и соработник за благајничко работење на „Алта банка“ а.д. И.П. На 31 октомври и 1 ...
Рускиот милијардер Константин Иванович Струков, кој е на меѓународните листи со санкции, бил запрен на аеродромот во Тиват додека се обидувал да ја напушти Црна Гора и да отпатува за Белград, дознава подгоричкиот „Вијести“ од неколку независни извори. Според тие информации, надлежните органи покренале постапка за донесување одлука за забрана за влез во Црна Гора. Откако неговиот лет за Белград бил одложен, Струков дал изјава пред ...
Страшна трагедија ја потресе јавноста во Косово откако во селото Демирај во близина на Гнилане беа пронајдени телата на 27-годишен маж и неговото 3-месечно бебе, а 65-годишен маж е уапсен под сомнение за извршено тешко убиство. Според информациите од надлежните органи, полицијата на 1 ноември во 8:47 часот добила пријава дека во семејна куќа во селото Демирај се пронајдени две безживотни тела. На местото на настанот веднаш излегле полициски ...
Во поновата историја на Србија, никој од српските претседатели што го скратил сопствениот мандат и излегол на вонредни избори не ги преживеал изборите - обидот за зацврстување на власта преку предвремено гласање се претвори во фатална стапица за четири лидери, претседтаели на Србија по распадот на СФРЈ. Постои паралела помеѓу Милошевиќ, Коштуница, Тадиќ и Вучиќ: заеднички им е обидот да ја зајакнат власта со скратување на своите мандати и ...
Сите кандидати на „Студентски список - Студентите победуваат“ потпишаа изјава со која гарантираат дека не се поврзани со владејачките партии, дека нема да ја злоупотребуваат својата позиција и дека ќе се залагаат за исполнување на студентските барања и цели од Социјалниот договор и Програмскиот минимум. Поточно, тие се обврзаа дека, доколку се утврди дека прекршиле некоја од дадените гаранции или не ги исполнуваат преземените должности, ќе се ...
Притвор до 30 дена е одреден за сопственикот на Алта банка, Давор Мацура, и уште двајца вработени – директорот на Одделот за благајна и управување со готовина и соработникот за благајничко работење на Алта банка, објави Н1. Судијата за претходна постапка на Високиот суд во Белград – Специјално одделение за организиран криминал денес донесе решение според кое на обвинетите Д.М., Г.М. и И.П. им се одредува притвор, којшто според одлуката може ...
Возачите од Македонија кои патуваат во Хрватска, како и сите што патуваат низ оваа земја со автомобил мора да го знаат ново правило во сообраќајот. Од 1 ноември во оваа земја е задолжително користење дневни светла или соборени фарови при возење преку ден. Посебни правила има и за мотоциклистите и за велосипедистите. Непочитувањето на правилото се казнува со 30 евра. Правилото важи за сите моторни возила, додека мотоциклистите и возачите на ...
Претседателката на Собранието на Србија и вршителка на должноста претседател на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека со казнувањето на ТВ Информер и ТВ Прва е укината слободата на информирањето, со што, според нејзините зборови, официјално започнала диктатурата на Студентската листа. „Покажаа како се однесуваат кон медиумите што не им се приклучија, или пак тоа не го направија доволно брзо. РЕМ ја укина институцијата покажувајќи сервилност“, ...
Александар Вулин, претседател на Социјалистичкото движење и шеф на Надзорниот одбор на „Србијагас“, вчера се јави од Москва за да ги негира обвинувањата дека избегал од Србија. „По цела ноќ злоупотреба на новата влада, еве ме сепак во Москва. Ова беше ноќ на лаги, ова беше ноќ на насилство, ова беше ноќ во која велеа дека носам милиони евра и десетици килограми злато во еден мал ранец.“ Ова беше ноќта кога покажаа колку се бескрупулозни. Ова ...
Личните прашања за составот на идната Влада на Србија создадоа длабок јаз меѓу Студентите во блокада - Студентско движење (СП) кои две години ги предводеа протестите и демонстрациите во Србија и нивните политички претставниците - пратеници на Студентска листа (СЛ) во идниот српски парламент. Само 11 дена откако победија на вонредните парламентарни избори во Србија, постои поделба меѓу оние кои веруваат дека новата Влада на Србија треба да ја ...
Албанскиот премиер Еди Рама, говорејќи во четвртокот во Брисел за студентските протести во Тирана, кои траат веќе 22 дена, изјави дека демонстрантите одбиваат дијалог и бараат негова оставка, но не изнесуваат јасно дефинирани барања. „Протестирањето не е лесно. Зошто протестирате? ‘Не сакаме да разговараме со тебе; треба да си заминеш’. Извинете, но вие не ми ја дадовте оваа работа. Ајде да разговараме; подготвен сум да ве ислушам. Нема ...
Во Србија се уапсени осум полицајци поради сомнение дека се поврзани со смртта на Далибор Драгијевиќ во полициската станица во Бор. Тој бил брат на Дејан Драгијевиќ, еден од двајцата обвинети за убиството на двегодишната Данка Илиќ, пренесува „Нова.рс“. Според неофицијални информации, Вишото јавно обвинителство во Ниш би можело да наложи дополнителни апсења. Уапсените се припадници на Одделението за специјални акции при Управата на ...
Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека ситуацијата во Албанија не може да се спореди со настаните во Србија, каде што масовното студентско движење доведе до политички промени. Во исто време, албанската полиција почна да применува нови закони против демонстрантите, а за само неколку дена 83 лица кои учествуваа во антивладините протести во Тирана беа казнети. Рама повтори на социјалните мрежи дека е подготвен да разговара со сите што веруваат ...
Вистинска безбедносна тревога денеска се случила во воздушниот простор на Србија, откако српската војска итно испратила два борбени авиона за пресретнување на патнички авион на компанијата „Виз ер“, кој летал од Брисел кон Софија. Причина за интервенцијата била дојава дека во патничкиот авион наводно се наоѓа експлозивна направа. При итното ангажирање на воената авијација бил пробиен звучниот ѕид, што предизвикало силни звуци слични на ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата прави максимални напори за да се најде соодветен купец за Алта банка Битола, истакнувајќи дека банката се наоѓа во одлична состојба и дека штедачите не треба да стравуваат за своите пари. Мицкоски упати критики до опозициската СДСМ, обвинувајќи ја дека се радува на црните сценарија и дека посакува граѓаните да не бидат обештетени, правејќи паралела со поранешните банкарски кризи со ТАТ и ...
На нотарот, кој е опфатен во случајот на предлог на ОЈО ГОКК, одредени му се мерки на претпазливост, односно одземен му е пасошот Во истрагата е опфатено уште едно лице, кое во моментов е недостапно за органите на прогонот. Од Обвинителството претходно соопштија дека овој осомничен извесен период се наоѓа во странство Два затворски и еден куќен притвор им одреди Основниот кривичен суд Скопје на тројца од осомничените од кумановската група ...
Премиерот Христијан Мицкоски очекува следната година Македонија да добие уште подобар извештај од Европската комисија, бидејќи, како што вели, дел од реформите што ги спроведува Владата не се опфатени со годинашното оценување. Во однос на уставните измени, порача дека владината позиција останува непроменета. Според Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас потврдил дека земјата постигнала значителен напредок во споредба со минатата година. ...
Жител на Скопје, на возраст од 68 години, завршил во болница со тешки повреди откако го удрил возач со комбе на улицата „Дижонска“ во Чаир, соопшти МВР. „На 05.11.2026 во 15:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул„Дижонска“ во Скопје, Б.Л.(36) од Скопје управувајќи товарно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки удрил во пешакот Л.М.(68) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 68-годишниот пешак, констатирани во ...
Денеска, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, под раководство на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Н.Н.(60) од Гостивар за сторено кривично дело „трговија со луѓе“, по член 418-а, став 1 од Кривичниот законик. Во ...