Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго стана најсмртоносната во историјата на земјата, со 2.325 починати и 4.945 потврдени случаи. Бројот на жртвите го надмина билансот од големата епидемија во периодот 2018-2020 година, а вирусот продолжува брзо да се шири. Само во последните 24 часа се регистрирани 101 нова инфекција и 33 смртни случаи, додека Светската здравствена организација предупредува на „исклучително темпо“ на ширење. ...
Македонската Армија е фактор на стабилност, безбедност и доверба, порача претседателката и врховна командантка Гордана Сиљановска-Давкова на свеченоста по повод Денот на Армијата во Охрид. Таа истакна дека Армијата денес е високо организирана и професионална формација, со оперативна кредибилност и висока интероперабилност со сојузничките сили, а во обраќањето се осврна и на нејзиниот историски развој од баталјонот „Мирче Ацев“ во 1943 година ...
Пожарот во Туденце синоќа ја загрозил и околината на блискиот манастир, додека во Чаниште се одвивала вистинска драма со огнената стихија. Сериозната ситуација на теренот ја потврди директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, кој очекува пожарот во Чаниште денеска да биде ставен под целосна контрола, иако, како што вели, во еден момент и самиот се сомневал дека тоа ќе биде возможно. Во моментов, активни се шест пожари низ Македонија Мислам дека ...
Претседателот на Тајван, Лаи Цинг-те, најави финансиски пакет вреден 7,4 милијарди долари (235,7 милијарди тајвански долари), според кој секој граѓанин ќе добие директна парична исплата од 314 долари. Одлуката уследи откако силниот замав во технолошкиот сектор го зголеми годишниот раст на бруто-домашниот производ (БДП) на Тајван на рекордни 11,05 отсто, што претставува највисока стапка на раст на островот во последните 40 години. Посебно ...
Хрватската писателка Ведрана Рудан почина на 76-годишна возраст, а српскиот претседател Александар Вучиќ се прости од неа. На својата официјална страница на социјалната мрежа „X“, Александар Вучиќ се прости со зборовите: - Веста за смртта на Ведрана Рудан ја примив со тага. Нејзините зборови не тропаа пред да влезат, директно одеа до суштината. Таа знаеше како да нè насмее кога не ни се смее и да каже она што другите би сакале да го ...
Во тек се подготовките за заминување на дипломатот Крум Ефремов за амбасадор во Софија, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција. – Кога зборуваме за постапката за именување на амбасадори и генерални конзули, таа во одредена фаза е класифицирана и не смеам да коментирам за имиња. Кога се работи за амбасадорот во Софија, веќе постапката е во фаза да таа ...
Веста за експлозивната направа во Бардовци предизвика нова политичка пресметка меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Владејачката партија реагира на изјавите на генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, обвинувајќи ја опозицијата дека изнесува неточни тврдења и шпекулации за инцидентот. Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека Министерството за внатрешни работи веќе го објавило случајот во полицискиот билтен. „Прво, МВР има информирано за ...
Поголемо домашно производство на електрична енергија и пониски трошоци за граѓаните и компаниите најави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ангелинка Петкова. Таа на денешната прес-конференција истакна дека Владата работи на обезбедување стабилно снабдување со струја, а во однос на цената посочи дека реалното зголемување е значително пониско од тврдењата што ги изнесува опозицијата. „Ќе почнеме со цената на електричната енергија. И покрај тврдењата ...
За време на посетата, таа најави планови за помош при обновата на најмалку 10 училишта во еден од најсиромашните региони во Колумбија, кој претрпе големи штети од земјотресот што се случи минатата недела. „Најмногу ме загрижува тоа што училиштата можеби нема да бидат обновени откако ќе помине оваа вонредна состојба. Секој ден што децата го пропуштаат на училиште е ден во кој се лишени од својата иднина“, рече таа. Во придружба на Шакира ...
Ормушкиот Проток ќе остане затворен сè додека Соединетите Американски Држави не ги исполнат сите услови од привремениот договор потпишан со Иран во јуни, изјави главниот ирански преговарач Мохамад Бакер Калибаф, во обраќањето пренесено од државните медиуми. Калибаф пред иранскиот парламент прецизираше дека барањата на Техеран опфаќаат целосно укинување на американската блокада врз иранските пристаништа, укинување на сите санкции поврзани со ...
Промената на положбата на Северниот јазол во астрологијата се поврзува со промена на правецот, важни животни лекции и ситуации кои нè туркаат кон искуства што можеби самите не би ги избрале. Од 18 август 2026 година, Северниот јазол влегува во Водолија, додека Јужниот Месечев јазол се поместува во Лав, со што започнува нов циклус кој ќе трае приближно во следните 18 месеци. Новата енергија што пристигнува со оваа промена особено ги нагласува ...
Унгарија презема итни и несекојдневни мерки поради историски нискиот водостој на Дунав, кој сериозно го загрозува работењето на нуклеарната централа Пакш, една од клучните точки на енергетскиот систем на земјата. Во близина на централата веќе се спроведува операција со која треба да се зголеми нивото на реката кај системот за довод на вода за ладење. Дел од мерките вклучуваат контролирано потопување на две баржи долги околу 80 метри, кои ...
Главниот оперативен директор на ФИФА, Кевин Ламур, беше отпуштен откако јавно го критикуваше планот на претседателот Џани Инфантино да го продаде Светското првенство на приватни инвеститори. Ламур, кој помина помалку од две години на функцијата, беше информиран за неговото заминување заедно со другите вработени во чадор организацијата на светскиот фудбал преку е-пошта. ФИФА потврди дека неговиот работен однос завршил на 17 август 2026 ...
Судењето на раперот Тупак Шакур започна во Лас Вегас три децении по неговото убиство. Главниот обвинет ги негира обвинувањата на обвинителите. На првиот ден од судењето за убиството на раперот Тупак Шакур, обвинителите го претставија поранешниот водач на бандата, Двејн „Кифи Д“ Дејвис, како човек кој сакал одмазда пред да го осмисли планот за негова ликвидација. Обвинителите и сведоците ги вратија поротниците во Лас Вегас три децении назад, ...
Московскиот регион беше цел на масовен напад со беспилотни летала, при што се повредени три лица, меѓу кои и 10-годишно девојче. Дронот се урнал врз приватна куќа во округот Раменскоје, а девојчето се здобило со повреда од шрапнел на раката и е пренесено во болница. Во нападот се повредени и жена во округот Богородски и 27-годишен маж во Коломна, откако биле погодени од остатоци од беспилотни летала. Сите повредени се под медицински надзор. ...
Убиен е 20-годишниот француски државјанин Мигел Мендес во Ксамил, а албанската полиција веќе го уапси осомничениот за крвавиот напад. Младиот Французин бил пронајден без знаци на живот во раните утрински часови на лежалка на плажа, а според првичните информации, бил избоден со нож. Како осомничен за убиството е посочен 29-годишниот Сократ Вата од Хас, кој по инцидентот побегнал од местото на настанот. По него веднаш беше организирана ...
Дваесетгодишен француски државјанин е пронајден без знаци на живот во раните утрински часови, на лежалка на плажа во Ксамил. „Телото на жртвата, Мигел Мендес, на возраст од околу 20 години, е пронајдено утрово во 5:15 часот. Постојат основи на сомнение дека бил избоден со нож, од страна на Сократ Вата, на возраст од 29 години, од северниот албански град Хас, кој веднаш по инцидентот избегал, стои во полициското соопштение. Полициските ...
Пожарот кој од Велес се прошири кон Зелениково се уште е активен, но благодарение на брзата интервенција на велешките пожарникари значително е намален интензитетот и се заштитени две загрозени села. Во исто време, значително е намален и пожарот во Македонски Брод, додека активен пожар има и во селото Рамни Габер во општина Студеничани, но тој засега не претставува опасност за населените места, информираше директорот на Дирекцијата за заштита ...
Британската пејачка Рита Ора покажа како ужива на луксузна јахта, нејзините фотографии во бикини ги воодушевија следбениците и уште еднаш привлекоа големо внимание во јавноста. 35 годишната Рита сподели серија фотографии од своите летни патувања, а нејзините објави повторно привлекоа големо внимание на социјалните мрежи. Пејачката дел од летото го помина на различни европски дестинации, при што особено се издвои нејзиниот одмор на Ибица, ...
Најмалку 30 деца, главно од Велика Британија, можеби се зачнати со користење погрешни донори на сперма или јајце-клетки во постапки за вонтелесно оплодување (IVF) во Северен Кипар, покажа истражувањето на Би-би-си (BBC). Истражувањето на Би-би-си претходно годинава откри седум вакви случаи. Родителите ги избирале анонимните донори врз основа на нивната медицинска историја, изглед, карактер, образование и хобија, но подоцна се сомневале дека ...
Почина хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан. Имаше 76 години. Родена е во Опатија на 29 октомври 1949 година. Позната е по својот остар, провокативен и често контроверзен стил. Во своите текстови и јавни настапи со години без задршка ги коментираше политиката, општеството, медиумите, бракот, семејството и положбата на жените, поради што редовно предизвикуваше силни реакции во јавноста. Автор е на низа романи и збирки колумни, а ...
Полицијата во Прилеп привела 47-годишен прилепчанец, откако при претрес во неговиот дом била пронајдена поголема количина марихуана и опрема за нејзино мерење и одгледување. Како што соопшти МВР, на 18 август во 1 часот по полноќ, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода И.Ѓ. (47). Претресот бил извршен со судска наредба од Основниот суд во Прилеп. Во домот биле пронајдени 85 стебла марихуана, две дигитални ваги, две ќеси со ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на денешната прес-конференција најави дека утре во официјална посета на Македонија ќе престојува заменик-претседателот и министер за надворешни работи на Република Чешка, Петр Мацинка, со кого ќе разговара за продлабочување на билатералните односи, европската перспектива, економската соработка и актуелните регионални и меѓународни прашања. Муцунски посочи дека Мацинка ќе ...
Челзи бара 100 милиони фунти за португалскиот крилен напаѓач Педро Нето, според неколку извори, вклучувајќи ги Би-Би-Си, Дејли Меил и новинарот Бен Џејкобс. 26-годишникот веќе ги договорил личните услови со Ал-Хилал, а саудискиот клуб започнал разговори со Лондончани, но сè уште не дал официјална понуда. Манчестер Сити исто така е сериозно заинтересиран за него. Според Дејли Меил, Лондончани ја базирале оваа неочекувано висока цена на ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на денешната прес конференција порача дека историјата, идентитетот, јазикот и културата остануваат цврстите црвени линии на Македонија во сите меѓународни преговори. Тој потенцираше дека е неправедно процесот на евроинтеграции постојано да се блокира со прашања поврзани со националниот идентитет, нагласувајќи дека овие позиции јасно им се соопштуваат на сите меѓународни ...
Една од најочекуваните трансфер саги ова лето, онаа на Родри од Манчестер Сити во Барселона. Играчот од средниот ред, кој пристигна вчера во каталонската престолнина, ги започна медицинските тестови утрово во осум часот по локално време во медицинскиот центар на клубот „Суит Еспортива Жоан Гампер“. Играчот од средниот ред беше пречекан од група навивачи на влезот во базата на Барселона. Се очекува успешно да ги помине медицинските тестови до ...
Општината Кумберг, во близина на Грац во австриската сојузна покраина Штаерска, е во шок по убиството на осумгодишно девојче, кое се случи вчера вечерта. Веста за злосторството се прошири денес низ градот, кој има помалку од 4.000 жители, а локалното население е во неверица поради трагедијата, пишува Heute. Полицијата добила пријава за инцидентот во семејна куќа на главниот пат синоќа околу 22:45 часот. На местото на настанот пристигнале ...
Руската државна новинска агенција ТАСС го цитираше Собјанин, кој изјави дека 620 беспилотни летала полетале кон Москва и московскиот регион во периодот меѓу понеделникот навечер и 5 часот наутро во вторник по локално време, како и дека 180 летала биле уништени во регионот на главниот град. – Службите за итни случаи работат на местата каде што паднале остатоците – изјави градоначалникот на Москва. Пред овие воздушни напади, најголемиот напад ...
Во јули во земјава се регистрирани 11 нови случаи на ХИВ/СИДА, од кои девет се мажи и две се жени. Станува збор за лица на возраст од 20 до 49 години, покажуваат податоците од најновиот билтен за движењето на акутните заразни заболувања. Според податоците, од 1987 до 2026 година во Северна Македонија се евидентирани вкупно 765 лица со ХИВ/СИДА. Од нив, 141 лице починало, 508 лица живеат со ХИВ/СИДА, додека 116 лица се водат како изгубени за ...
„Службеници на Полициската управа - Оддел за безбедност во Подгорица, во продолжение на активностите насочени кон контрола на живеалиштето и работата на странски државјани во Црна Гора, спроведоа акција во која неколку државјани на Република Турција беа пронајдени во стан во Подгорица. Во таа прилика беа пронајдени компјутерска и друга дигитална опрема и уреди, додека, по наредба на надлежниот државен обвинител во Основното државно ...