Законот предвидува и можност за скенирање и на апликации кои имаат шифрирана заштита. Предложениот закон на ЕУ познат како „Chat Control“, кој би вовел задолжително скенирање на приватни пораки за откривање на материјал за сексуална злоупотреба на деца (CSAM), се соочува со растечки отпор меѓу земјите-членки. Сепак, значителен број земји сè уште стојат зад иницијативата. Што предвидува предлогот? Законот би барал од сите услуги за пораки, ...

Meta почна да им исплаќа отштета на корисниците на Facebook како дел од спогодбата од 725 милиони долари. Корисниците на Facebook во Соединетите Американски Држави почнаа да добиваат исплати како дел од спогодбата од 725 милиони долари што произлезе од озлогласениот прекршок на податоци. Спогодбата беше постигната во 2022 година по тужбите поврзани со скандалот во кој компанијата Cambridge Analytica неовластено пристапила до податоците на ...

Кинескиот AI гигант троши многу помалку пари за обука за вештачка интелигенција отколку неговите американски конкуренти. Кинеската компанија DeepSeek изјави дека потрошила само 294.000 долари за обука на својот модел на вештачка интелигенција R1, што е далеку помалку од она што го потрошиле конкурентските американски компании. Во труд објавен во списанието Nature, компанијата изјави дека обуката на моделот R1 чинела нешто помалку од 300.000 ...

Најновиот и најнапреден носач на авиони во Кина, „Фуџијан“, успешно лансираше три различни типа авиони користејќи го својот нов електромагнетен катапулт. Кинеските државни медиуми објавија снимки од лансирањето, нарекувајќи го голем технолошки пробив и пресвртница во модернизацијата на морнарицата, објави Си-ен-ен. Снимките објавени од државниот радиодифузер CCTV го прикажуваат ловецот од петта генерација „невидливиот“ J-35, повеќенаменскиот ...

Пристигна важно соопштение од Apple во врска со iOS 26 софтверот. Apple конечно го призна тоа на што корисниците на iPhone се навикнаа по секое поголемо ажурирање на оперативниот систем: инсталирањето на најновиот софтвер за iOS 26 привремено ќе влијае на животниот век на батеријата. Сепак, компанијата ја смирува ситуацијата и вели дека ова е нормална појава што не треба да ги загрижува корисниците. Причината за побрзото празнење лежи во фактот ...

Новите извештаи сугерираат дека Samsung ќе користи сопствен чипсет за Galaxy S26 Ultra. Samsung започна со масовно производство на својот најнов чипсет, Exynos 2600, во септември 2025 година. Чипот, кој е првиот на Samsung изграден врз основа на 2nm GAA (Gate-All-Around) производствен процес, се очекува да биде срцето на претстојната серија Galaxy S26, вклучувајќи го и Galaxy S26 Ultra. Според извештајот на Daishin Securities, целта на Samsung ...

Папата Лав го отфрли предлогот за креирање на неговиот аватар со помош на вештачка интелигенција, предупредувајќи дека таквата технологија може сериозно да го загрози идентитетот на една личност. „Ако има некој што не треба да биде претставен од аватар, би рекол дека папата е на врвот на листата“, рече поглаварот на Римокатоличката црква, според Политико. Тој откри дека некој го замолил за дозвола да создаде „вештачки папа“ што ќе му овозможи да ...

НАСА денес претстави 10 нови кандидати за астронаути, избрани од 8.000 пријавени, кои ќе се приклучат на нејзините редови во клучен момент додека агенцијата се подготвува да се врати на Месечината и првата човечка мисија на Марс, објави Си-ен-ен. Новата класа се состои од шест жени и четири мажи, а вршителот на должноста администратор на НАСА, Шон Дафи, ги нарече „најдобрите и најпаметните во Америка“. „И ќе ни требаат најдобрите и најпаметните ...

OpenAI воведе серија нови правила за корисниците на четботови под 18 години, кои вклучуваат ограничување на разговорите за сексуални теми и самоповредување. Компанијата нагласува дека „безбедноста е поважна од приватноста и слободата за тинејџерите“ и дека малолетните корисници треба дополнително да бидат заштитени, рече Сем Алтман. Алтман истакна дека OpenAI ќе развие долгорочен систем за разликување помеѓу корисници над и под 18 години, со ...

Google додаде уште еден аргумент зошто смета дека блокаторите на реклами на YouTube се лоша работа. Google продолжува со борбата против употребата на блокатори на реклами на својата YouTube платформа, а сега откри нов аргумент со кој сака да објасни зошто ваквите алатки се штетни за екосистемот. Досега, главната причина беше јасна – рекламите се главен извор на приходи за YouTube и креаторите на содржини, а блокаторите директно ги намалуваат тие ...

Кинескиот регулатор им нареди на домашните технолошки компании да престанат да купуваат чипови за вештачка интелигенција од Nvidia. Кинеските власти донесоа одлука што би можела значително да го промени пазарот на вештачка интелигенција: на домашните технолошки гиганти им е забрането да купуваат чипови за вештачка интелигенција од американската компанија Nvidia. Како што објави TechCrunch, кинеската Администрација за сајбер простор (CAC) издаде ...

Meta ненамерно откри детали за своите нови паметни очила пред официјалната презентација на конференцијата Meta Connect. Промотивното видео, кое подоцна беше отстрането од YouTube, ги прикажуваше моделите Meta Ray-Ban Display, нудејќи прв поглед на идните функции. Новите очила имплементираат Heads-up дисплеј (HUD), преку кој информациите се прикажуваат директно во видното поле на корисникот, на очилата. BREAKING: Meta's HUD glasses with sEMG ...

Microsoft најави промена што ќе влијае на голем број корисници. Microsoft официјално објави дека поддршката за Office 2016 и Office 2019 ќе заврши на 14 октомври 2025 година. Ова значи дека овие популарни пакети, кои сè уште ги користат голем број корисници ширум светот, повеќе нема да добиваат безбедносни закрпи, техничка поддршка или какви било ажурирања. Оваа одлука важи и за придружните апликации како што се Visio и Project во верзии од 2016 ...

Microsoft работи на најновите промени во оперативниот систем Windows 11, кои моментално се во фаза на тестирање. Microsoft продолжува да воведува подобрувања на Windows 11, а најновата тест верзија носи промени што ќе им го олеснат на корисниците работењето и интеракцијата со оперативниот систем. Прво, таскбарот во режим на автоматско криење станува посигурна, па анимациите се пофлуидни, а проблемите со кликачкиот простор веднаш над таскбарот, ...

Предпродажбата на серијата iPhone 17 во Кина започна одлично, според новите извештаи. Apple повторно предизвика возбуда во Кина овој септември, со преднарачки за новата серија iPhone 17 кои рушат рекорди, додека аналитичарите забележуваат дека интересот е поголем од минатата година кога беше претставена серијата iPhone 16. Според податоците од најголемата кинеска платформа за онлајн продажба JD.com, бројот на резервации за iPhone 17 (без моделот ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денес телефонски разговараше со својот кинески колега Кси Џинпинг за да разговара за прашањето на кинеската мрежа TikTok. Според АП, повикот меѓу Трамп и Кси бил направен во обид да се склучи договор што ќе ѝ овозможи на популарната социјална мрежа TikTok да продолжи да работи во Соединетите Држави. Повикот би можел да даде индиции за можна средба меѓу двајцата лидери за постигнување конечен договор за ...

Поголем број корисници ќе можат да применат напредна и персонализирана вештачка интелигенција во секојдневниот живот. Samsung Electronics официјално го најави лансирањето на One UI 8, нова верзија на корисничкиот интерфејс што носи напредни мултимодални можности за вештачка интелигенција, подобрено корисничко искуство и проактивни персонализирани предлози. One UI 8 прво ќе пристигне на серијата Galaxy S25 почнувајќи од оваа недела, како и на ...

Популарната услуга поправи досаден баг што го спречуваше достапноста на Stories содржината. Извршниот директор на Instagram, Адам Мосери, објави на својот официјален профил дека популарната услуга поправила досаден баг што го намалувал досегот на Stories објавите од корисниците. Багот особено се активираше кога корисниците објавувале повеќе Stories во еден ден. Една од многуте работи што луѓето ги прават на Instagram е споделувањето содржина од ...

Конечно добивме датум на објавување за новиот Football Manager. Откако објавувањето на новата игра од оваа серија беше откажано минатата година, FM26 доаѓа на PC, PlayStation, Xbox и Xbox Game Pass на 4 ноември. FM26 Mobile ќе биде достапен истиот ден за претплатниците на Netflix на iOS и Android уреди, а FM26 Touch ќе биде објавен на 4 декември за Nintendo Switch. Sports Interactive имаше многу проблеми со развојот на FM25, и во одреден момент ...

Sony го претстави својот нов телефон Xperia, чиј заден дел многу наликува на дизајнот на уредите на Google. Sony официјално го претстави новиот паметен телефон Xperia 10 VII, а она што веднаш привлече внимание беше дизајнот на задната страна што наликува на серијата Google Pixel. Највпечатлива карактеристика е хоризонталната лента на камерата, концепт што Google го популаризираше со моделот Pixel 6. Новиот уред Xperia има 6,1-инчен OLED екран со ...

Целта е да се создадат летала за масовно користење што можат да ги задоволат идните потреби на бојното поле. На саемот за оружје DSEI во Лондон беше претставена соработката помеѓу два одбранбени гиганти – Lockheed Martin и BAE Systems. Нивните елитни истражувачки единици, Skunk Works и FalconWorks, ги здружија силите за да развијат сосема ново беспилотно летало. Two global innovators. One powerful partnership. We’re excited to be working with ...

Шведската организација за музички права претстави лиценца што им овозможува на компаниите за вештачка интелигенција легално да користат песни заштитени со авторски права за обука на своите модели. Сепак, ова е овозможено со забелешката дека текстописците и композиторите мора да бидат платени, соопшти Шведското здружение за авторски права (STIM). Лиценцата, развиена од STIM, која претставува повеќе од 100.000 текстописци, композитори и музички ...

Во свет каде што границата помеѓу професионалната и аматерската опрема станува сè потенка, Huawei Pura 80 Ultra не само што поставува нови стандарди, туку и ги поместува. Овој телефон не е само уште еден чекор напред, туку и револуционерен технолошки пробив. Huawei Pura 80 Ultra, со самото свое име, нагласува чиста, бескомпромисна посветеност на фотографијата. Она што некогаш беше резервирано за студија и професионални фотографи, сега е достапно ...

Кинеска компанија се најде на удар поради користење препознатливи карактери за промоција на својата услуга за вештачка интелигенција. Кпмпаниите „The Walt Disney Company“, „NBCUniversal“ и „Warner Bros. Discovery“ поднесоа заедничка тужба против кинеската фирма за вештачка интелигенција „MiniMax“, обвинувајќи ја за масовно кршење на авторските права на содржината од нивните филмски студија. Компаниите ја поднесоа тужбата во Окружниот суд на ...

Nothing официјално ги претстави своите најнови врвни TWS слушалки, Ear (3). Слушалките доаѓаат со подобрен дизајн кој користи алуминиум во куќиштето, подобрен квалитет на звук, продолжен век на траење на батеријата и нова функција Super Mic. Nothing Ear (3) е првата во линијата што користи метални компоненти покрај транспарентните елементи на дизајнот. Футролата за полнење добива нова функција Super Mic, што во суштина е систем со двоен микрофон ...

Кинескиот државен безжичен оператор China Unicom изгради огромен центар за податоци напојуван од домашни чипови за вештачка интелигенција. Објектот вреден 390 милиони долари се наоѓа во Сининг, главниот град на западната кинеска покраина Ќингхај, а центарот ќе има компјутерски капацитет од 20.000 петафлопи кога ќе биде завршен, објави „Ројтерс“. Досега се изградени 3.579 петафлопи со користење на речиси 23.000 домашни чипови за вештачка ...

Руски сателитски систем ќе нуди широкопојасен пристап до интернет во сите делови од светот. Русија наскоро ќе има свој сателитски систем сличен на американскиот Starlink, изјави генералниот директор на Роскосмос, Дмитриј Баканов. За време на гостувањето во емисијата „Соловиев во живо“, Баканов објави дека наскоро ќе бидат достапни руски терминали, кои ќе обезбедат слична услуга како Starlink – широкопојасен пристап до интернет во сите делови од ...

Овие закрпи претходно беа применети на поновите верзии на оперативниот систем iOS. Apple објави безбедносни ажурирања за постари iPhone и iPad уреди откако беше откриена опасна ранливост од zero-day која веќе е искористена во насочени напади. Недостатокот, означен како CVE-2025-43300, беше пронајден во системот Image I/O и им овозможува на злонамерните слики да предизвикаат отпишување на податоци од меморијата, што може да доведе до оштетување ...

Израел го распореди првиот ефикасен и борбено тестиран систем за ласерско пресретнување во светот, изјави поранешниот израелски премиер Нафтали Бенет. „Компанијата Рафаел Индустрис денес официјално го објави лансирањето на овој систем. Тој веќе собори десетици ракети, беспилотни летала, па дури и минофрлачи“, соопшти Бенет на Икс. „Ова најавува длабока промена во воената историја: Оружје со брзина на светлината. Во моментот кога ќе видиме ...

Google, како и голем број услуги на компанијата, има проблеми со своето функционирање. Google is reportedly down for thousands of users. Are you one of them? #Google #GoogleDown https://t.co/bJu3QMSbJs — Status Is Down (@statusisdown) September 18, 2025 Според веб-страницата DownDetector, како и бројот на пријави од корисници ширум светот, Google, Gmail и други услуги се соочуваат со проблеми. Breaking News The internet goes down as Google ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
55%
1018
weather icon

Белград

15ᴼ / 13ᴼ
9.26
69%
1018
weather icon

Загреб

16ᴼ / 12ᴼ
4.12
66%
1021
weather icon

Софија

15ᴼ / 13ᴼ
1.54
51%
1018
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.53
57%
1017
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
0.89
66%
1021
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
2.57
71%
1018
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
0.0
50%
1017
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
88%
1018
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
3.09
69%
1017
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 10ᴼ
9.26
85%
1017
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
4.12
77%
1018
Currency

61.6038

Currency

53.109

Currency

69.9353

Currency

34.7637

Currency

37.8005

Currency

66.4259

Currency

7.46382

Currency

0.6608

Currency

0.34499

Currency

0.52573

Currency

1.26453

Currency

0.59844